Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Алехандро Гарначо дојде до ситуација од која немаше враќање назад на „Олд Трафорд“, па откако целосно ја расипа врската со Рубен Аморим, беше принуден да си замине минатото лето. Уште на стартот на месец јуни стана јасно дека Аргентинецот е еден од петмината прецртани на португалскиот стручњак, а во ситуација кога не добиваше доволно посакувана минутажа и на крајот на минатата сезона, беше јасно дека Алехандро ќе ја менува средината. Иако ...
Претпоследната рунда во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата донесе неверојатна ситуација во Америка, бидејќи дури 168 играчи одмараа или беа „повредени“. Голем број од ѕвездите добија поштеди во ситуација кога се чуваат сили за плејофот, па во таква ситуација, беше гледано доста поневозбудливо дерби меѓу Денвер и Оклахома. Дуелот на двата тима кои се кандидати за титулата беше одбележан од голем број отсуства, а меѓу нив беа и оние на ...
Мануел Нојер имаше голмански мастерклас на „Сантијаго Бернабеу“ на 40-годишна возраст, па иако во последно време беше доведена во прашање неговата форма, тој јасно стави до знаење дека се уште може да нуди сензационални перформанси и во петтата деценија од животот. Германскиот чувар на мрежата за многумина е човекот кој донесе вистинска револуција и кој и даде ново значење на голманската позиција, но за неговиот сонародник Тони Крос, тој е и ...
Орелијан Чуамени ќе биде играч кој навистина многу ќе му фали на Алваро Арбелоа на реваншот против Баерн Минхен во Лигата на шампиони, па затоа во подготовката за четвртфиналето на „Алијанц арена“, тренерот на Реал му даде шанса на играч кој треба да го пополни неговото место. Едуардо Камавинга е најприродна замена како фудбалер кој може да одговори во дефанзивен и офанзивен план, но во ситуација кога не е во посакивана форма, Французинот ...
Претпоследната рунда во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата донесе неверојатна ситуација во Америка, бидејќи дури 168 играчи одмараа или беа „повредени“. Голем број од ѕвездите добија поштеди во ситуација кога се чуваат сили за плејофот, па во таква ситуација, беше гледано доста поневозбудливо дерби меѓу Денвер и Оклахома. Дуелот на двата тима кои се кандидати за титулата беше одбележан од голем број отсуства, а меѓу нив беа и оние на ...
Рома влезе во турбулентен период откако испадна од Лига Европа и тоа се надополни со неколку лоши резултати во Серија А, низа која направи тимот на ЏанПјеро Гасперини да испадне од зоната Лига на шампиони. Тимот кој долго беше во топ четири сега е на шестото место на табелата, но со вчерашната победа над Пиза со убедливи 3:0, „волчицата“ повторно се враќа во игра за најелитното натпреварување. Во изминатиот период, во јавноста се појавија и ...
Реал Мадрид не ја победи Џирона на домашен терен и подготовката за Баерн Минхен се претвори во ново фијаско за „кралевите“, но што е уште полошо, се чини дека тимот на Алваро Арбелоа и го отвори патот на Барселона кон нова титула во шпанскиот шампионат. Ремито со резултат 1:1 ги разлути навивачите на Реал Мадрид, но бесни беа и фудбалерите кои беа ужаснати од една одлука на Алберола Рохас во 87-та минута. Главниот судија не досуди пенал за ...
Најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата, Алан Ширер даде прогноза на натпреварите од 32. коло во најсилната фудбалска конкуренција на островот. Ширер веќе погоди дека Вест Хем ќе го совлада Вулверхемптон, а исто така типува дека Арсенал и Манчестер Сити со победи ќе ја продолжат трката за титулата, но и дека Де Ѕерби ќе дебитира со пораз на клупата на Тотенхем. Типови на Ширер: Арсенал-Борнмут 1 Брентфорд-Евертон 2 Барнли-Брајтон ...
Нејмар се врати во татковината и е дел од составот на Сантош каде ќе се обиде до квалитетни партии да го убеди Карло Анчелоти да го повика во националниот состав за Светското првенство. Засега Нејмар не направи доволно или се уште не го импресионирал Анчелоти да го врати во бразилската репрезентација, па засега останува неизвесно и дали тоа ќе се случи со тоа што офанзивецот се уште верува дека може таа зацртана цел да ја оствари. Во ...
Кошаркарите на Црвена Звезда ја оправдааа фаворитската улога и забележаа важен триумф над Асвел (106:93) во Евролигата, победа со која обезбедија најмалку плејин во најквалитетното натпреварување на стариот континент. Клубот од Белград подобри ги одигра парните четвртини и дојде до 21. сезонски триумф колку што имаат Панатинаикос и Монако пред последното коло кое е на програмата наредната седмица. Батлер и Нвора беа во елемент и заедно ...
Реал Мадрид направи уште еден кикс во шпанската Примиера и со тоа и остави простор на Барселона со триумф на утрешниот меч против Еспањол да има отворен пат до пехарот во шампионатот. Имено „кралевите“ оваа вечер не ја оправдаа улогата на фаворити против Џирона и освоија само бод на „Бернабеу“, Домаќините не беа на посакуваното ниво, па и голот што го постигнаа преку Валверде во 51 минута оди на сметка на голманот Газанига кој имаше очајна ...
Екипата на Рома го заборави тешкиот пораз од Интер (5-2) и тоа со сигурна победа над Пиза (3-0) со што најави дека докрај ќе се бори за местата кои водат во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2026/2027. Херој на клубот од Рим беше зимското засилување Мален кој испорача хет-трик на „Олимпико“. Холанѓанецот погоди двапати во првиот дел и тоа во 3 и 43 минута, а своето шоу го заокружи во 52 кога по третпат ја затресе мрежата на ...
Милан игра се потешко и полошо како што се ближи крајот на оваа сезона, но ќе мора да собере сили и да ги одработи на највисоко ниво завршните седум кола и да ја оствари зацртната цел-пласман во Лигата на шампионите. „Росонерите“ утре го пречекуваат Удинезе, а тренерот Масимилијан Алегри се надева на позитивен резултат, реакција на екипата по двата порази во последноте три средби во Серија А. -Резултатот влијае на проценката. Рамнотежата мора ...
Партизан е домаќин на Жалгирис во вечерашниот меч во Евролигата, а пред истиот клубот и навивачите се простига од легендарниот Душко Вујошевиќ. Вујошевиќ почина пред неколку дена, човек чие име со големи букви е запишано во историјата на клубот, човек кој е во срцата на сите фанови на Партизан и потврда за тоа се нивните реакции, емоции кои ги покажаа. По претставувањето на играчите, на големото платно беше прикажан краток филм за Вујошевиќ, ...
Борусија Дортмунд ќе остане без титула во оваа сезона, но ќе го задржи статусот на втор најдобар клуб во Германија по Баерн Минхен. „Милионерите“ ќе треба добро да се потрудат за да ги симнат „баварците“ од врвот, а еден од потезите за тоа е да се задржат најдобрите играчи. Токму таков е Нико Шлотербек кој конечно одлучи да стави крај на сагата и тоа со потпис на нов договор до 2031 година. Германецот во изминатиов период се поврзуваше со ...
Составот на Куманово оствари драматична победа над Гостивар од 75:73 во натпреварот од плеј-аутот во Суперлигата. Гостите на 14 секунди до крајот израмнија на 73:73 со поените на Димитриевски, но потоа домаќините возвратија и реализираа преку Ѓуроски за 75:73. Останаа уште десет секунди, гостите се организираа, но обидот на Столески пред звукот на сирената не беше прецизен и кумановци можеа да го прослават овој триумф. Луковиќ беше на нивото ...
Екипата на Интер се подготвува за тешкиот натпревар против Комо во Серија А, а во пресрет на истиот актуелниот лидер во шампионатот сподели една лоша вест за еден од најважните играчи во екипата. Се работи за капитенот Лаутаро Мартинез кој заработил мускулна повреда на левата нога и според информациите на италијанските медиуми ќе биде во аут најмалку две седмици. Ова е удар за Интер и самиот Мартинез кој минатата седмица се врати на терените ...
Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да направи изненадување и загуби од фаворизираната Германија со 35:27 во квалификациите за пласман на Европското првенство. Меѓутоа ако е за утеха од дуелот од Скопје има и еден позитивен момент за нашата селекција, признание за голманката Драгана Петковска. Имено Петковска има една од најатрактивните одбрани во петтото коло од квалификациите, поточно таа е на вицешампионското второ место ...
Македонскиот интернационалец, Георг Стојановски беше херој на Спартак Варна на денешниот натпревар против Добруджа во првата лига на Бугарија. Офанзивецот беше стрелец на единствениот, победничкиот гол за Спартак со кој овој клуб ја прекина серијата на лоши резултати во шампионатот. Имено тимот што го предводи Ѓоко Хаџиевски влезе во ова соочување со четири порази во низа од кои некои беа и тешки како против Ботев (5-0) и Славија Софија ...
Составот на ГРК Охрид забележа убедлив триумф над Тиквеш од 37:20 на средбата од петтото коло во плејофот во Суперлигата. Домаќините на располагање го имаа Косуке Јасухира, а интернационалецот од Јапонија веднаш покажа дека ќе биде супер засилување за „гладијаторите“. Поранешниот бек на Вардар постигна 6 погодоци, плус ги разигрување соиграчите и имаше голем придонес во ова славје од 17 разлика. По шест голови за побединикот дадоа уште ...
Босна и Херцеговина ја очекува настап на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, мундијал за кој ќе се загрева со меч со македонската фудбалска репрезентација. Имено тоа што се најавуваше сега доби и официјална потврда, Македонија ќе и гостува на БиХ на 29 мај во Сараево. Средбата ќе се одигра на стадионот “Асим Ферхатовиќ Хасе”. Точниот термин за почетокот на натпреварот ќе биде дополнително одреден. Ова ќе биде добар тест за ...
Се игра самата завршница од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата, па така рано утрово се одиграа шест натпревари на кои до победи стигнаа екипите на Хјустон Рокетс, Торонто Репторс, Лос Анџелес Лејкерс, Њујорк Никс, Индијана Пејсерс и Чикаго Булс. По одигрувањето на сите мечеви стандардно беа избрани најдобрите моменти и новата топ листа брои десет мајстории. Број еден е Адебајо со моќното забивање над Барнс, но на одбројувањето има ...
Футсал репрезентацијата на Македонија ја забележа и втората победа на првиот круг од квалификациите за пласман на Светското првенство, односно по Бугарија ја суредија и селекцијата на Турција на турнирот во Литванија. Составот предводен од селектотор Хисејини славеше со 6-3 и на тој начин обезеди место во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство. Нашите футсалци доминираа во првиот дел и истиот го решија со 4-1 со ...
Во периодот од 14 до 20 април во Струмица ќе се одржи развоен турнир на УЕФА на кој покрај репрезентацијата на Македонија до 16 години ќе настапат и селекциите на Северна Ирска, Узбекистан и Турција, Селекторот Иљами Исејни за овие три средби ќе смета на: ГОЛМАНИ: Димитар Петров (АП Брера), Илан Мемети (Лозана) ОДБРАНА: Матеја Масев (Графичар), Филип Ѓорѓиоски (Вардар), Адриан Велески (Вардар), Михајло Павлов (Црвена Звезда), Илија Аксентиев ...
Во првиот натпревар од елитниот квалификациски турнир за фудбалерки до 19 години што се одржува во Шкотска, репрезентацијата на Норвешка ја совлада Македонија со 3:0. Еден од фаворитите за освојување на првото место првиот погодок го постигна во осмата минута, а стрелец е Џули Стен. По три минути игра во второто полувреме, Ина Раум Андреасен зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Ана Малмин со голот постигнат во 58. минута. ...
Карлос Алкарас и Јаник Синер продолжуваат со позитивните резултати на АТП Мастерсот во Монте Карло каде со денешните победи обезбедија пласман во полуфиналето. Првиот светски рекет беше подобар од Александер Бублик со 2-0 во сетови. Бублик не е тенисер на кој му одговара оваа подлога, па немаше никаков одговор за Карлитос кој особено издоминира во втората „рунда“ (6-3, 6-0). Ова за Алкарас беше 300. триумф во кариерата, учинок до кој дојде во ...
Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да избори пласман во полуфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид. Ѓорческа во денешната четвртфинална битка доживеа пораз од Лиса Пигато од Италија со 2:0 во сетови. Соочувањето траеше околу час и половина, Лина имаше одлично отварање и поведе со 4-0 во првиот сет, но потоа доживеа огромен пад и дозволи Италијанката да ги земе наредните шест гејма и слави с 6-4. Во втората рунда ...
Медиумите често знаат да одбележат одредени јубилеји и да потсетат на важни моменти од фудбалската историја, а денеска вреди да се истакне еден натпревар и гол кој има посебно значење за фудбалот во нашата земја и регионот. Во 1991 година, тогашна Југославија првпат доби европски шампион откако Црвена Звезда славеше во финалето против Олимпик Марсеј во Бари, а во таа генерација на „црвено-белите“ важно место имаа Дарко Панчев и Илија ...
Голем скандал се активираше во Саудиска Арабија, откако фудбалерите на Ал Ахли јавно ги нападнаа судиите дека се обидуваат на секој начин да го одведат Ал Нарс до шампионската титула. Ал Ахли освои само еден бод на последниот натпревар и сега заостанува четири бодови зад големиот ривал, а Ајван Тони по средбата јавно потенцирал дека на неговиот тим не му биле досудени неколку пенали. – Најмалку два пенала беа јасни како ден, но тие сега го ...
Јувентус одамна донесе одлука да му понуди долгорочен договор на тренерот Лучијано Спалети, а се очекува денеска и официјално да биде соопштено дека тој добива договор за наредните две сезони. Покрај тоа што Спалети ќе добие посакувани финансиски услови, успеал да го убеди менаџментот да му го исполни условот и поврзан со своето влијание во преодниот рок. Платата на Спалети ќе биде меѓу 5 и 6 милиони евра по сезона, но не сакал да ја прифати ...