Составот на Ренџерс се избори за важна победа над Фалкирк во шампионатот, победа со пресврт откако противникот водеше со 2-0. Гостите на крајот триумфираа со 6-3, а два од тие погодоци беа дело на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Миовски влезе и со два гола ја круниса неверојатната победа на Ренџерс (ВИДЕО) Миовски доби шанса на стартот на вториот дел и двапати реализираше во вистинско време со што потврди дека се враќа во ритам ...

Баерн Минхен забележа убедлива победа над Ст. Паули во Бундеслигата и направи огромен исчекор кон одбрана на титулата во домашниот шампионат. Со ова баварците на идеален начин ја заокружија тековнава седмица во која прво го добија Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а потоа „испукаа петарда“ против ривалот во германското првенство што е одлична најава за реваншот со „кралевите“ на „Алијанц Арена“. Инаку Хари Кејн беше единствената ѕвезда на ...

Јаник Синер издвојува победа над Карлос Алкарас во големото финалето на АТП Мастерсот во Монте Карло. Ова беше прво соочување во оваа календарска година на двајцата најдобри тенисери, меч кој имаше двоен влог, трофеј и прво место на листата. The fox masters Monte-Carlo 👑🦊@janniksin clinches his FOURTH successive Masters 1000 title AND regains the world No.1 ranking!@ROLEXMCMASTERS | #RolexMonteCarloMasters pic.twitter.com/7OTqOsIbnj — ATP ...

Роберто Де Ѕерби дебитираше со пораз на клупата на Тотенхем, тим кој денеска загуби од Сандерленд во Премиер лигата. „Петлите“ го дочекаа овој меч под цртата по триумфот на Вест Хем над Вулверхемптон, па се очекуваше нивна реакција, ама истата не дојде и загубија со 1-0. Клучниот момент се случи во 61 минута кога Мукуеле го матираше Кински. Њукасл долго време пак водеше на „Селхрст Парк“ против Кристал Палас, но на крајот остана со празни ...

Актуелниот италијански шампион Наполи не успеа да оствари победа на натпреварот со Парма кој ова попладне се одигра на „Енио Тардини“. Наполитанците бараа и посакуваа шеста победа во низа и доближување до Интер на само четири бода, меѓутоа мораа да се задоволат само со еден поен (1-1) што значи дека лидерот на табелата со триумф над Комо може да направи и клучен исчекор кон Скудетото Парма го шокираше фаворитот уште во првата минута кога ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија ја очекува настап на Медитеранските игри кои ќе се одржат во Словачка. Нашата селекција од утре па до петок ќе одигра шест натпревари и тоа во неколку различни термини. Првиот предизвик ни е утре против Црна Гора од 10:30 часот по што ќе следи краток одмор и соочување со Египет од 15 часот. Наредниот ден играме со Грција и Шпанија, на 15 април ќе одмараме по што 16 и 17 април одиме на мегдан со ...

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди има добар настап за Коњаспор во победата над Карагумрук во првата лига на Турција. Домаќините го одбранија својот терен и запишаа триумф од 3-0 во кој Барди забележа асистенција. Се играше 21 минута кога Енис од својата половина испрати долга топка до напаѓачот Блаж Крамер кој одлично се снајде и со одмерен удар донесе водство за својата екипа. Во преостанатиот дел Коњаспор реализираше уште двапати и ...

После неполни осум години, Габриеле Гравина реши да си поднесе оставка и да се повлече од најзначајната функција во италијанскиот фудбал, сето тоа како резултат на новото фијаско кое го доживеаја „аѕурите“. Италија претрпе пораз во бараж финалето во Зеница и трет пат во низа остана без пласман на Светско првенство, неуспех кој експресно донесе големи турбуленции на чизмата, но и оставки на три големи глави. Покрај Гравина, одговорност решија ...

Ренџерс е во трка за титулата во Шкотска и едноставно немаше право на грешка на денешниот меч со Фалкирк на кој успеа да оствари неверојатна победа од 6-3. Фаворитот губеше со 2-0 на ова гостување до 42 минута, но во самата завршница на првиот дел успеа да реализира и да се врати во игра за позитивен резултат. Нашиот Бојан Миовски влезе во игра по паузата, потег со кој дефинитивно погодин тренерот на Ренџерс затоа што напаѓачот постигна два ...

Тони Крос остави белег како играч на Реал Мадрид и испиша незаборавни моменти носејќи го белиот дрес, па иако поминаа речиси две години од неговиот последен настап за првиот тим, спомените се се уште многу свежи од неговите брилијантни партии. Германецот остана доста актуелен во јавноста по крајот на кариерата и стана дел од неколку фудбалски проекти, но како што пренесува „АС“, Реал Мадрид веќе го има испланирано неговото враќање во клубот. ...

Ламин Јамал секогаш е максимално мотвириран кога игра против Еспањол, но и еден од играчите кој е најрасположен за провокации за време на дербито, но и по крајот на истото. Јамал вчера почна да слави гол уште пред да ја смести топката во мрежа, па во период кога доби многу критики од фановите на Еспањол за таквиот потег, Ламин реши дополнително да ги разгори страстите на социјалните мрежи. Младинците на Барселона се оние кои најмногу се ...

Бруно Фернандеш е играч кој одби доста богати понуди од други клубови поради фактот што има недовршена работа во Манчестер Јунајтед, а додека е во исчекување на првиот голем трофеј на „Олд Трафорд“, Португалецот даде изјава со која го спореди својот пример со една друга европска ѕвезда. Фернандеш одби многу милиони од Саудиска Арабија за да остане во Јунајтед и во овој момент е главен играч во преродбата која ја има тимот под водство на Мајкл ...

Реал Мадрид влезе во непосакуван резултатски ритам и новиот кикс против Џирона направи Барселона да отиде на „плус девет“, разлика која изгледа недостижна на седум рунди до крајот во Ла Лига. Каталонскиот гигант изгледа непогрешливо на домашна сцена во овој момент и успеа да ги искористи сите последни киксови на Реал, па додека во Барселона веќе се размислува на титулата, во Мадрид се мисли за тоа како може да се спаси сезоната. Во ситуација ...

Унион Берлин вчера загуби од Хајденхајм со 3:1 и ја потврди резултатската криза, но овој пораз заврши со отказ за Штефан Баумгарт кој веќе некое време беше под сериозен притисок. Веста за неговото заминување не приситгна како големо изненадување во јавноста, меѓутоа топ тема во Германија стана веста за тоа кој ќе го наследи, бидејќи станува збор за историски и револуционерен потег од Унион Берлин. Германскиот прволигаш реши да и даде шанса на ...

Новак Ѓоковиќ поради мали физички проблеми го откажа настапот во Монте Карло и за првпат од 2011-та година не се натпреварува во кнежевството, а во пресрет на финалето кое денеска го играат Јаник Синер и Карлос Алкарас, Србинот проговори за својата замиса која ја има во период кога се уште е главен предизвикувач на двајцата најдобри во овој момент. Ноле последната грен слем титула ја освои на крајот на 2023-та година и не успева да стигне до ...

Карло Анчелоти вчера му даде јасен сигнал на Нејмар дека е на вистинскиот пат и дека може да се избори за место на мундијалот, а неколку часа подоцна, легендарниот бразилски фудбалер одговори со извонредна партија во домашниот шампионат. Во големото дерби во Бразил, Сантош победи на домашен терен против Атлетико Минеиро со 1:0, а играч на натпреварот беше токму Нејмар. Иако голот за победа го постигна Моисес во вториот дел, популарниот Неј ...

Градските дерби пресметки се посебно емотивни и тензични за играчите кои доаѓаат од младинските школи, па така добар дел од фудбалерите на Барселона со посебна сласт ја славеа новата дерби победа над Еспањол. Иако гостите се држеа до самата завршница, на крајот примија два гола и загубија со 4:1 на „Камп Ноу“, а во моменти кога Барселона ита кон титулата во Ла Лига, Еспањол е се поблиску до опасната зона. Барса го искористи овој триумф и за ...

Третиот пораз на последните четири натпревари во Серија А го ставаат топ четири финишот под знак прашалник за Милан, особено ако Макс Алегри не успеа да пронајде решенија во најскоро можно време за мини-кризата која веќе е актуелна. „Росонерите“ вчера се посрамотија на домашен терен и претрпеа убедлив пораз од Удинезе со резултат 0:3, а домашните навивачи не ја криеја фрустрацијата и незадоволството. Разочарувањето беше огромно и цел тим ...

Арсенал влезе во непосакувана криза во критичен дел од сезоната и тоа го потврди со трет пораз на последните четири натпревари, но овој во Премиер лигата доаѓа после тринеделна пауза во англиската елита. Долгата пауза се чинеше дека ќе ги мотивира „топчиите“ за да се вратат на победничките патеки, но наместо тоа, избраниците на Микел Артета повторија бледа партија како против Манчестер Сити и Саутемптон во Куповите, па претрпеа пораз од ...

Тајсон Фјури ја прекина 15-месечната пауза и одново се врати во рингот по таканаречено „пензионирање“, а тоа го направи со доминантна претстава против предизивкувачот Арсланбек Махмудов. Непосредно по вториот пораз од Усик на крајот на 2024-та година, популарниот „Џипси Кинг“ најави дека се повлекува од боксот по којзнае кој пат во кариерата, за на стартот на 2026-та година повторно да најави враќање, кое сега го зачини со победа. Пред речиси ...

Милан се посрамоти на домашен терен и претрпе тежок пораз од Удинезе со резултат 0:3, неуспех кој доаѓа во период во кој тимот на Макс Алегри не изгледа воопшто добро. „Росонерите“ со новиот пораз почнаа да го доведуваат во прашање и топ четири пласманот на крајот на сезоната, а Алегри ќе мора да се занимава и со дисциплината на Рафа Леоа кој вчера беше опоменат при резултат 0:0. Португалецот се обиде да исценира фаул и слободен удар за Милан ...

Иако станува збор за два ривали кои имаат целосно дијаметрални спротивни цели, дербито меѓу Барселона и Еспањол секогаш е доста тензично и носи голема жестина, но и голем број провокации на теренот и на трибините. Така мина и вчерашното градско дерби кое се одигра на „Камп Ноу“, а на кое Еспањол се држеше до самата завршница, пред целосно да потклекне со два примени гола. Барселона на крајот славеше со 4:1 и имаше добра увертира пред реваншот ...

Битигхајм на Мартин Томовски направи нов исчекор кон остварување на зацртаната цел, пласман во првата германска лига во натпреварувачката 2026/2027. Мартин и неговите соиграчи се изборија за славје над Дормаген од 36-34 (21-19) и остануваат на врвот на табелата со 45 бода, еден повеќе од второпласираниот Балинген и пет од Елбфлоренц. И овојпат Томовски беше меѓу најважните играчи, имаше значајни интервенции во клучните моменти, а на крајот ...

Разиграниот македонски интернационалец, Мартин Карапалевски беше вистински лидер во новата победа на Валјадолид во АСОБАЛ лигата. Карапалевски блесна и беше прв стрелец на екипата во триумфот над Морасо Кангас од 29:23 (15:9). Македонецот постигна шест гола од седум обиди, имаше и една асистенциja и заедно со голманот Мануел Бар (16 одбрани) одиграа клучна улога во дваесеттата победа во шампионатот. Кога е во прашање Шпанија, Барселона со ...

Реал Мадрид има негатива по првиот натпревар со Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но Тони Крос смета дека клубот во кој ја заврши кариерата има шанси да стигне до победа и пласман во следната фаза. Крос во кариерата настапуваше и за Баерн и за Реал, се уште внимателно ги следи случувањата на фудбалската сцена, а сега ги анализирал шансите на Реал да избори полуфинале. – Не бев изненаден од текот на првиот натпревар. – ...

Јувентус победи на незгодното гостување кај Аталанта (0:1) и освои три големи бодови во дуелот со директен ривал за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите. Домаќините ги притиснаа „бјанконерите“ од почетокот на средбата, не ги искористија своите шанси, а гол немаше до почетокот на второто полувреме. Џереми Бога имаше клучна улога откако во 48. минута ја искористи лошата интервенција на голманот и одбраната на Аталанта и постигна ...

Кошаркарите на Работнички остварија важна победа во плејаутот од македонската прва кошаркарска лига и со триумфот над Феникс 2010 (93:83), си ги зголемија шансите за опстанок во најквалитетното натпреварување на домашната сцена. Работнички диктираше темпо во првите три периоди, Феникс успеа да дојде на минус два во решавачката етапа од натпреварот, но домаќините го одбија нападот и го потврдија важниот триумф во плејаутот. Ефремовски со 30 ...

Рома вчера лесно ја совлада Пиза во рамките на Серија А, но загуби важен фудбалер за неколку следни натпревари во кои ќе решава за својот пласман во првенството. Капитенот Лоренцо Пелегрини заработил мускулна повреда на левата нога на вчерашната средба, па Рома потврди дека мора да направи принудна пауза. Иако клубот не потврди колку ќе отсуствува Пелегрини, медиумите најавуваат дека тој тип проблем бара пауза од најмалку четири недели. Тоа ...

Карло Анчелоти има слатки маки при изборот на фудбалери кои ќе ги повика во бразилската репрезентација, а богатиот фонд на квалитетни играчи ќе трепери во пресрет на одлуката за конечниот избор на Италијанецот пред СП 2026. Јасно е дека нема да има место за сите бразилски ѕвезди во мундијалскиот ростер, а посебно деликатна е ситуацијата е со Нејмар, кој посакува, но никако не може да добие некаква гаранција дека ќе биде дел од националниот ...

Милан доживеа тежок пораз од Удинезе на домашен терен, по што фудбалерите и тренерот Макс Алегри заработија свирежи од трибините на „Сан Сиро“. „Росонерите“ примија три гола од денешниот противник и не само што има само теоретски шанси да се бори за скудетото, туку сега го ризикува и пласманот во Топ 4 зоната. Алегри зборувал по натпреварот и го оправдал однесувањето на домашните фанови. – Ова се тешки моменти за екипата, загубивме на три од ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Злато

139690.59

Паладиум

42535.44

Платина

57324.78

Сребро

2269.46

Бакар

13.10

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Алуминиум

3.46

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59