Мохамед Салах денеска постигна гол за Ливерпул и му помогна на својот тим да обезбеди победа над Фулам, додека истовремено самиот си обезбеди место во елитно друштво во Премиер лигата. Египетскиот репрезентативец стана само петтиот играч во историјата на првенството, кој стигнал до комбинација од 250 голови од игра и асистенции во Премиер лигата. За Сахал ова беше 157 гол од игра, а на своето конто има и 93 асистенции, со што ја заокружи ...

Баерн Минхен не само што ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Ст. Паули, туку со убедливи 0:5 постави нов престижен рекорд во Бундеслигата. Баварците на полувреме имаа само гол предност и тоа со реализацијата на Мусила од 9. минута, но затоа го скршија целосно отпорот на Ст. Паули во продолжението. Горецка, Олисе, Џексон и Гереиро се запишаа во листата на стрелци по еднаш до крајот на дуелот, комплетирајќи ја убедливата победа и ...

Фудбалерите на Барселона имаа комотна предност од два гола во градското дерби со Еспањол, во завршницата се најдоа во ризик откако гостите намалија и се обидуваа да израмнат, но два доцни погодоци ги реши дилемите за тоа кој ќе ги освои бодовите. Феран Торес одлично ја искористи минутажата и претвори две асистенции на Јамал за брзи 2:0 за Барса до 25. минута, а тој резултат остана до 56. минута. Тогаш Лозано со убав удар ја начна мрежата на ...

Ливерпул не дозволи нов неуспех во Премиер лигата и со победа над Фулам (2:0) освои три важни бодови во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите. Триумфот го најави младиот Рио Енгумоа, кој во 36. минута на вистински начин се заблагодари за шансата да биде стартер и донесе водство за домаќините. Со овој погодок, Енгумоа стана најмладиот фудбалер кој реализирал во дресот на Ливерпул на „Енфилд“, соборувајќи го досегашниот рекорд на ...

Фудбалерите на Милан претрпеа убедлив пораз од Удинезе (3-0) во вечерашниот натпревар од 32. коло во Калчо лигата. Иако навивачите на „росонерите“ очекуваа соодведен одговор од нивните милениции по негативниот резултат против Наполи во дербито, се случи сосема спротивното и клубот од Милано доживеа вистински потоп на „Сан Сиро“. Гостите ги користеа шансите, постигнуваа голови во вистинско време и ги освоија трите бода. Се почна од автоголот ...

Шон Рајт-Филипс долго време настапуваше во Премиер лигата, а еден од клубовите за кој играше беше и Челси. Во тој период ги освои сите пехари со „сините“ во домашните натпреварувања, па дефинитивно му значи тимот од Лондон и има посебно место во неговото срце. Тој ги прати натпреварите на овој клуб и од свој агол имаше забелешки за засилувањето од Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо. -Мислам дека треба малку да го исконтролира егото. ...

Арсенал доживеа неочекуван пораз од Борнмут (2-1) на домашен терен и со тоа му даде идеална можност на Манчестер Сити да се врати во трката за титулата во Премиер лигата. „Топчиите“ се уште имаат се во свои раце, но дефинитивно има проблеми, слабости, притисок кој се чувствува и за кој веќе говорат резултатите во изминатиов период (порази од Манчестер Сити, Саутемптон). Менаџерот Микел Артета е свесен дека екипата не е на посакуваното ниво, ...

Реал Мадрид не го оправда статусот на фаворит во соочувањето со Џирона и освои само бод на вчерашното соочување во Ла Лига. На домаќините не им беше доволно и тоа што први го отворија резултатот преку Валверде, но потоа примија атрактивен гол од Лемар, удар по кој не се вратија (1-1). Ова значи дека лидерот Барселона потенцијлно по оваа рунда може да има девет бода повеќе од лутиот ривал, но тренерот Алваро Арбелоа не се предава и не прифаќа ...

Продолжија возбудувањата во Втората македонска лига, а разиграната Брегалница во овој момент е најсериозен кандидат за влез во елитната домашна фудбалска конкуренција. Клубот од Штип беше подобар од Големо Коњари со 6-1 или поточно дојде до шестиот триумф во низа и лидерска позиција на табелата. Капсаров, Михолов (2), Калпачки, Мемеди и Бојаџиев беа стрелци на погодоците за домаќините кои сега имаат две бода повеќе во однос на Охрид, Скопје и ...

Борусија Дортмунд имаше минимални шанси да го загрози Баерн Минхен во трката за пехарот во Бундеслигата, но по денешниот пораз од Баер Леверкузен се чини дека таа приказна комплетно е завршена и затворена. Имено „милионерите“ загубија на „Сигнал Идуна Парк“ со 1-0 и имаа девет бода помалку од лидерот кој допрва треба да го одигра мечот од оваа 29. рунда против Ст. Паули. На Дортмунд му пресуди капитенот на „фармацевтите“ Андрих кој во 42 ...

Составот на Вардар издвојува важна победа над Работнички од 1-0 во градското дерби во 27. коло во Првата македонска фудбалска лига. На двете екипи им беше потребен позитивен резултат поради различни причини, но „црвено-црните“ беа оние кои го освоија целиот плен и продолжуваат да бидат во пол позиција за пехарот во шампионатот. Како одлучувачки се покажа погодокот од слободен удар на зимското засилување Цветковиќ во првото полувреме. Во ...

Карлос Алкарас ќе биде противникот на Јаник Синер во утрешното големо финале на АТП Мастерсот од серијата 1000 во Монте Карло. Шпанецот не дозволи изненадување и го совлада домашниот фаворит Валентин Вашeро со 2-0 во сетови. Вашеро кој одигра одличен турнир се носеше одлично со фаворитот, но сепак Алкарас е ниво повисоко во овој момент и со 6-4 и 6-4 беше одлучен овој натпревар. Ова значи дека утре ќе имаме прва пресметка меѓу Алкарас и Синер ...

Пол Погба од оваа сезона е дел од францускиот прволигаш Монако, клуб кој се одлучи да му верува и да му даде нова шанса да се врати во елитниот фудбал по тешкиот период одбележан со повреди и казна, суспензија поради допинг. Меѓутоа Погба се мачи и вчера конечно запиша настап против Париз во Лига што му беше прв натпревар од почетокот на месец декември кога како резерва настапи против Брест. Има многу прашалници, дилеми кога е во прашање ...

Ливерпул треба да води уште значајни битки до крајот на сезонава, а главната цел е да се обезбеди место во Лигата на шампионите за следната кампања. За да се случи тоа „црвените“ треба да завршат во Топ 5 во Премиер лигата или пак да ја освојат ЛШ што во случајов би бил огромен резултат со оглед на сите проблеми низ целата години, но и фактот дека во четвртфиналето имаат сериозен минус во битката со ПСЖ без разлика на тоа што реваншот ќе го ...

Екипите на МЗТ Скопје и ТФТ забележаа тешки победи над Кожув, односно Тиквеш во првите натпревари во Топ 6 фазата во Суперлигата. Бранителот на титулата МЗТ Скопје го доби Кожув со 84:75. Гостите од Гевгелија ја добија првата четвртина со 27:20, а водеа и на полувреме и на крајот на третиот период. Меѓутоа завршните десет минути клубот од Аеродром ги доби со 25:15 и на тој начин се избори за славје над ривалот кој знае да им биде незгоден. ...

Составот на Борнмут направи изненадување и славеше над лидерот Арсенал со 2-1 во премиерниот натпревар од денешната програма во Премиер лигата. И денешниот меч покажа дека „топчиите“ минутаат низ тежок период, криза без разлика на тоа што во вторникот славеа над Спортинг Лисабон во ЛШ (со гол во 90 минута). „Топчиите“ го загубија финалето на Лига Купот од Манчестер Сити, потоа доживеаа шок од Саутемптон во ФА Купот, а дека нешто не ...

Вториот светски рекет, Јаник Синер дојде до билет за финалето на АТП Мастерсот од серијата 1000 во Монте Карло и тоа откако попладнево ја оправда улогата на фаворит против Александер Зверев. Зверев веќе му станува „пациент“ на Италијанецот и доказ за тоа е што Германецот го доживеа осмиот пораз во низа во меѓусебните пресметки. Make it EIGHT in a row 🦾 Sinner extends his extraordinary run vs Zverev to reach the Monte-Carlo ...

Женската тениска репрезентација на Македонија доживеа уште еден пораз во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот и тоа од селекцијата на Австрија. Ова беше соочување на две репрезентации кои во наредната година ќе играат во понизок ранг (Третата Европска зона од БЏК купот), битки за престиж, искуство кои им припаднаа на Австријките кои славеа со 2-0. Ана Митевска и Сара Митевска доживеаа порази од Клаудија Гаспаровиќ и Екатерина ...

Се одиграа 15 натпревари во НБА и сега останува само уште една „рунда“ да се комплетира регуларниот дел во најквалитетната кошаркарска лига на светот. Сите екипи се најдоа на терените и не беше воопшто лесно да се изберат најдобрите потези на денот. Овојпат честа да биде број еден ја има Амен Томпсон од редовите на Хјустон Рокетс и тоа благодарение на топ атракцијата во соочувањето со Минесота Тимбервулвс. Се одиграа 15 натпревари во НБА и ...

Тони Крос му оддаде огромно признание на Мануел Нојер во најновото издание на подкастот кој го води со својот брат Феликс, но сосема очекувано, легендарниот играч за врска направи мала анализа, но и најава за четвртфиналниот реванш меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во Лигата на шампиони. Крос беше дел од многу натпревари против својот поранешен клуб Баерн како една од главните ѕвезди на Реал, но за првпат после повеќе од десет години, Реал ќе ...

Успехот на Босна и Херцеговина во баражот против Италија беше поздравен од цел регион, но во период кога Един Џеко се рехабилитира од повредата во Србија, од прво лице се запозна со љубовта од соседите. Босанскиот дијамант си го повреди рамото и ќе биде во аут неколку недели, па во ситуација кога не му стои на располагање на Шалке 04, реши да мине квалитетно време во српската престолнина. Како голема фудбалска ѕвезда која е надалеку позната ...

Карл Хајнц Румениге во најавата за четвртфиналето во Лигата на шампиони им даде по 50 процени шанси на двата тима за пламан во следната фаза на најелитното натпреварување, но по 90 минути игра во Мадрид, неговиот Баерн има мала предност. Баварците победија со 1:2 на „Сантијаго Бернабеу“ и имаа посакуван резултат пред реваншот на „Алијанц арена“, но легендарниот Румениге предупредува дека ништо не е готово во ситуација кога играте против ...

По вчерашниот кикс на Реал Мадрид, Барселона може да направи гигантски чекор кон одбрана на титулата во Ла Лига, бидејќи со победа над Еспањол во градското дерби, каталонскиот великан ќе отиде на „плус девет“. Тоа ќе изгледа како навистина недостижна предност со оглед на формата на двата тима и континуитетот кој го прикажува Барселона, а иако за утре планирано е Ханси Флик да ротира и да одмори неколку играчи против Еспањол, главна вест на ...

После неколку месеци неизвесност и голем број шпекулации околу неговото име, Нико Шлотербек вчера стави потпис на нов договор со Борусија Дортмунд, па иако на прв поглед тоа е супер вест за „милионерите“, угледниот „Билд открива“ дека неговиот договор содржи и една „скриена клаузула“. Познатиот германски медиум се повика на свои извори и пренесува дека потписот на Шлотербек не е гаранција дека долго ќе остане на „Сигнал Идуна парк“, од ...

ЛеБрон Џејмс продолжува да пишува НБА историја на 41-годишна возраст, а рано утрово оствари нов импресивен потфат во најсилната лига во светот. „Кралот“ Џејмс го остави Лејкерс во игра за третото место на Западот со импресивно издание против Феникс, кое воедно му помогна на неговиот тим да запише убедлива победа. Лејкерси славеа со 101:73, а посебно расположен за поени и разигрување на согирачите беше токму Џејмс. ЛеБрон го заврши мечот со 28 ...

Во ексклузивното интервју кое го направи за босански „Вијести“, Стефан Ристовски опфати голем број теми и даде интересна изјава за врската која ја има со Бруно Фернандеш, но во долгиот разговор откри детали и за неговиот фамозен трансфер во Динамо Загреб во 2021-ва година. Неговиот кам-бек во Хрватска предизвика големо разочарување во Ријека поради минатото кое го имаше во овој клуб, но како член на Динамо, Ристовски дополнително се ...

Алехандро Гарначо дојде до ситуација од која немаше враќање назад на „Олд Трафорд“, па откако целосно ја расипа врската со Рубен Аморим, беше принуден да си замине минатото лето. Уште на стартот на месец јуни стана јасно дека Аргентинецот е еден од петмината прецртани на португалскиот стручњак, а во ситуација кога не добиваше доволно посакувана минутажа и на крајот на минатата сезона, беше јасно дека Алехандро ќе ја менува средината. Иако ...

Претпоследната рунда во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата донесе неверојатна ситуација во Америка, бидејќи дури 168 играчи одмараа или беа „повредени“. Голем број од ѕвездите добија поштеди во ситуација кога се чуваат сили за плејофот, па во таква ситуација, беше гледано доста поневозбудливо дерби меѓу Денвер и Оклахома. Дуелот на двата тима кои се кандидати за титулата беше одбележан од голем број отсуства, а меѓу нив беа и оние на ...

Мануел Нојер имаше голмански мастерклас на „Сантијаго Бернабеу“ на 40-годишна возраст, па иако во последно време беше доведена во прашање неговата форма, тој јасно стави до знаење дека се уште може да нуди сензационални перформанси и во петтата деценија од животот. Германскиот чувар на мрежата за многумина е човекот кој донесе вистинска револуција и кој и даде ново значење на голманската позиција, но за неговиот сонародник Тони Крос, тој е и ...

Орелијан Чуамени ќе биде играч кој навистина многу ќе му фали на Алваро Арбелоа на реваншот против Баерн Минхен во Лигата на шампиони, па затоа во подготовката за четвртфиналето на „Алијанц арена“, тренерот на Реал му даде шанса на играч кој треба да го пополни неговото место. Едуардо Камавинга е најприродна замена како фудбалер кој може да одговори во дефанзивен и офанзивен план, но во ситуација кога не е во посакивана форма, Французинот ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Алуминиум

3.46

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Злато

139690.59

Паладиум

42535.44

Калај

53.60

Сребро

2269.46

Кобалт

45.39

Платина

57324.78

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Бакар

13.10