Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија денеска од гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип. -Со особена гордост објавуваме дека нашиот амбасадор Даниел Христов освои бронзен медал на овој значаен успех е резултат на огромен труд, посветеност и љубов кон науката. Даниел достојно ја претстави нашата ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се соочи со остри критики откако ја спомена Турција заедно со Русија и Кина како извори на влијание од кои Европската Унија треба да се заштити. Изјавата беше дадена на одбележувањето на 80-годишнината од германското издание „Ди цајт“ во Хамбург. – Треба да успееме да го заокружиме европскиот континент, така што тој да не потпадне под руско, турско или кинеско влијание. Треба да ...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави пред генералниот секретар на НАТО Марк Руте дека Анкара вложува напори за обновување на преговорите меѓу Русија и Украина и оти очекува Алијансата да преземе поголема одговорност за трансатлантската безбедност, пренесе агенцијата Анадолија. За време на денешната средба во претседателската палата „Бештепе“ во Анкара, која се одржа зад затворени врати, двајцата соговорници направија сеопфатен ...

Парламентот на Велика Британија усвои закон со кој се забранува продажба на цигари и никотински производи на лица родени по 2008 година. Во Велика Британија, моментално е нелегално да се продаваат цигари, тутунски производи или електронски цигари на лица под 18 години. Но, минималната возрасна граница за купување цигари се зголемува секоја година. Со овој закон, Велика Британија доби една од најстрогите мерки против пушење во светот, а ...

Судот во Кишињев денеска го осуди молдавскиот тајкун Владимир Влад Плахотњук на 19 години затвор поради финансиски малверзации, банкарски измами, перење на пари и за злосторничко здружување. Обвинителството бараше затворска казна од 25 години за Плахотњук. Тој има право на жалба на денешната пресуда. Против Плахотњук се води и истрага за фалсификување на документи односно имал 18 лажни документи, што укажува дека користел различни идентитети. ...

Амбасадорите на земјите-членки на Европска Унија денеска го поддржаа формирањето на ад хок работна група, која ќе започне со работа на нацрт-договорот за пристапување за Црна Гора. -Кипарското претседателство вложи големи напори за да обезбеди формирање на работната група што е можно побрзо, особено имајќи ја предвид долгорочната техничка работа што треба да се заврши пред самиот почеток на изготвувањето на договорот за пристапување. Убедени ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека деблокирањето на заемот од 90 милијарди евра од Европската Унија за Киев претставува вистинскиот сигнал во сегашната ситуација. Тој во објава на социјалната мрежа „Икс“ нагласи дека стимул за Русија да ја запре војната што ја води во Украина може да се појави само доколку истовремено се засили поддршката за Киев и притисокот врз Москва биде доволно силен. Амбасадорите на државите членки ...

Во Виена се одржа значајна средба помеѓу делегација на Македонија и делегацијата на Австрија, во атмосфера на отворен и конструктивен дијалог. Разговорите беа фокусирани на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економијата, инвестициите и идните заеднички проекти, информира попладнево премиерот Христијан Мицкоски. -Ја потврдивме подготвеноста за продлабочување на партнерството и зајакнување на ...

Ако ЕУ смета дека е геополитичка неопходност проширувањето со Западен Балкан, основата е да направи конкретни чекори во тој правец, а не само реторички да повторува дека е геополитичка нужност. Геополитичката нужност може да биде присутна, но ако нема конкретни чекори тоа ќе бидат празни зборови, истакна во разговор со дописничката на МИА, заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, по неговото учество на ...

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. – Средбата на која присуствуваа и министрите за надворешни работи и за одбрана, Хакан Фидан и Јашар Ѓулер, како и главниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот, Акиф Чагатај Калач, се одржа зад затворени врати. Посетата на Руте на Анкара е пред планираниот самит на НАТО во Турција, што треба да се одржи на 7 и 8 ...

Македонија и Австрија имаат извонредни билатерални односи во сите сфери, но постои голем простор и потенцијал за интензивирање на економската соработка, оценија премиерот Христијан Мицкоски и австрискиот канцелар Кристијан Штокер на денешната средба во Виена. Како што истакнаа на прес-конференција, можност за јакнење на бизнис врските има во повеќе области, посебно во делот на инвестициите и туризмот. Мицкоски и Штокер информираа и за мерките ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се ...

Во рамки на работната посета на Виена, Австрија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудија Бауер. На средбата стана збор за актуелните состојби и приоритети поврзани со европската агенда на државата, при што министерот ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска во Виена остварил средба со сојузниот министер за земјоделство и шумарство, заштита на климата и животната средина, региони и управување со води, Норберт Тошниг, при што фокусот бил ставен на управување со води, заштита на природата и зелената транзиција. Министерот Хоџа, како што соопшти неговиот Кабинет, ги претставил приоритетните инвестиции во секторот води, а бил ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесувала 46.159 денари и во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,3 проценти, Рударство и вадење камен за 10,6 проценти и ...

Вкупното количество собран комунален отпад во државата во 2025 година изнесува 639.668 тони и во споредба со 2024 година бележи зголемување од 0,3 проценти. Државниот завод за статистика денеска соопшти дека зголемувањето се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад. Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 178.953 тони или 28 проценти од вкупното собрано ...

На ден 23.04.2026 година, поради уличен дефект на водоводна цевка Ф200мм. ќе се работи на улица „Димитрие Чуповски“ 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито). Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата „Димитрие Чуповски“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности. На ден 23.04.2026 година, поради уличен дефект на водоводна цевка Ф200мм. ќе се работи ...

„Има моменти кога Европа мора да избере: дали ќе реагира или ќе води. Денес сме токму во таков момент. Живееме во време на преиспитување. Време кога сигурноста не се подразбира, кога енергијата станува политика, заедно со економијата се прашање на опстанок. Во такви околности, зборовите имаат помала тежина од одлуките, а декларациите вредат онолку колку што сме подготвени да ги спроведеме“, истакна премиерот Христијан Мицкоски на ...

Земјите членки на Европската Унија се согласија да одобрат 90 милиони евра кредит за Украина и да воведат нови санкции кон Русија откога Унгарија го прекина своето повеќемесечно противење – изјавија неименувани дипломати од ЕУ за Германската новинска агенција (ДПА). Финансирањето е наменето за покривање на најитните економски и воени потреби на Украина. Земјите членки се согласија и за 20-тиот пакет-санкции за Русија, со цел да се изврши ...

Киев би се согласил на средба меѓу претседателот Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин на која било друга локација освен во Русија или Белорусија, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Според него, Украина е за организирање на таков состанок со цел да им се даде на преговорите „нов импулс“, пишува Европска правда. -Се обративме до Турција и некои други престолнини… Сепак, ако кој било друг главен град, ...

Владата ќе продолжи со спроведување политики што создаваат создаваат стабилна, предвидлива и транспарентна деловна средина, во која инвеститорите ќе можат долгорочно да планираат и да се развиваат. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред Британската бизнис асоцијација која денеска одбележуваше три години остоење и делување во земјава. Таа потенцира дека Обединетото Кралство е еден од најзначајните економски ...

Како Министерство за правда, работиме посветено и со засилен интензитет, а резултатите го потврдуваат тоа. Повеќе од половина од планираните активности за 2025 година се веќе реализирани, што претставува значителен напредок. Според податоците, од вкупно 116 планирани активности, 66 се целосно реализирани, а 50 се во тек, што укажува на зголемена динамика и засилен институционален ангажман во спроведувањето на реформите. Особено е важно што ...

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против О.Л.(49) од Делчево и Н.Л.(38) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 2 од КЗ, против Н.П.(27) од струмичко село за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 1 и „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 став 1 од КЗ. Кривична е поднесена и против ...

Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање на опозициски фронт, Зоран Заев и Зоран Башановиќ со директни насоки и упатства. Откако не добивме демант од страна на генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ за средбата која се одржала во Скопје, денес го откриваме и вториот важен играч во целата оваа игра, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа најави продолжување на примирјето со Иран за да му се даде повеќе време на Техеран за преговори додека продолжува блокадата на иранските пристаништа. Во објава на платформата „Тру соушал“, тој наведува дека одлучил да го „продолжи примирјето“ додека „Иран не претстави предлог за ставање крај на конфликтот“. Додава дека им наредил на вооружените сили да ја одржуваат блокадата. Трамп изјави дека ...

Автобус утрово се преврте на пат во близина на бугарско-турската граница во регионот Мало Трново, соопшти градоначалникот на Мало Трново, Илијан Јанчев за БТА. Има најмалку двајца загинати, рече Јанчев. Според него, автобусот застанал на патот поради недостиг на гориво, потоа се вратил назад и се превртел. Сите повредени се извадени од автобусот. Десетмина од нив се однесени во Центарот за итна медицинска помош во Мало Трново, а шестмина со ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска ја претстави новата национална воена стратегија, како одговор на Берлин на растечката закана од Москва. Бундесверот, германската војска, поминува низ програма за превооружување по руската инвазија врз Украина, додека земјата во јануари повторно воведе доброволен воен рок во обид да го зголеми бројот на војници, пренесе ДПА. Одбранбениот план на Писториус ја вклучува првата воена ...

Украина побара од Турција да биде домаќин на средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин – изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха. Украинскиот министер за надворешни работи изјави дека неговата земја е подготвена да разгледа кое било место, освен Белорусија или Русија, за средба со Путин за што Зеленски долго време се залагаше со цел да се забрза решавањето на повеќе од ...

Во многу обраќања пред граѓаните, Филипче пред половина година не штедеше убави зборови за истиoт тој Сашко Митовски по кој денеска фрла со дрвја и камења и го куди за соработка со Христијан Мицкоски, пишува Курир. Му држеше и чадор на настани, а во говоранциите саде епитети, суперлативи и ловорики. Арно ама, тогаш во СДС ја немаше паниката дека врхушката ќе мора да одговара за стореното (читај украденото) во периодот 2017-2024 г. Тоагаш беа ...

Народот на Крива Паланка треба да се праша преку референдум за рудникот за антимон. Градоначалникот Сашко Митовски, не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Граѓаните на Крива Паланка, а не експертите поврзани со ВМРО-ОКГ и бизнис интересите на Мицкоски, треба да одлучат дали сакаат рудник за антимон во нивниот крај. СДСМ не е против инвестиции, туку против рудник ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
68%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.19
89%
1013
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.65
75%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.51
91%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
87%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.45
70%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.91
63%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
85%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
61%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.97
90%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Цинк

0.00

Кобалт

45.39