Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Венко Филипче секој ден повторува како неговиот став и на неговата СДСМ е членство во ЕУ, за ова зборуваше и викендов во рамки на дебатата во Собранието, но тој како да не сфаќа или не сака да сфати дека слугувајќи му на Зоран Заев не може во ЕУ. Брисел не бара и не сака само реторика дека некој ја сака Европската Унија, туку бара конкретни дела. А Филипче и раководството на СДСМ, кое е само марионета на Заев, знаат само да зборуваат дека ќе ...
Завршена е потрагата по исчезнатото лице Горан Ременски, откако утринава е пронајден во месноста Тиса, во правец кон село Чалакли, соопштија надлежните служби. Ременски кој бил пријавен како исчезнат, е пронајден жив и во стабилна состојба, по што е предаден на семејството. Во акцијата за пронаоѓање учествувале екипи од ТППЕ Валандово, кои користеле дрон опремен со термална камера, со што значително била олеснета локацијата на лицето во тешко ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше на увид на реконструкцијата на Универзална сала во Скопје, каде беше прашан за негово мислење околу одлуката на Апелација за случајот „27 Април“. – Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, таму невини луѓе беа прогласени за терористи. Невини за терористи, но сепак направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат, рече Мицкоски. Премиерот со ...
Големите љубители на ќофтиња нема да можат да одолеат на фантастичниот вкус, а сливите им даваат посебен вкус. Состојки: 400 грама мешано мелено месо 1 парче леб 4 лажици лебни трошки 1 дл млеко 1 јајце 10 суви сливи 2 главици кромид и 2 чешниња лук 100 грама ориз 1 лажичка мелена пиперка, бибер и сол 6 дл говедска супа 40 грама пармезан сирење 2 дл сок од домати 5 лажици масло Подготовка: Потопете го лебот во млеко, исцедете го и издробете ...
Претседателот на Швајцарија, Ги Пармелан, изјави дека Швајцарија ја гледа Србија како најважен партнер на Западен Балкан и дека за време на неговата претстојна посета на Белград би сакал да разговара за конкретни начини за продлабочување на соработката во областите каде што двете страни гледаат потенцијал, особено во економијата, развојот на вештини, технологијата и отпорноста во променливото меѓународно опкружување. Во интервју за „Блиц“, ...
Дојави за бомби изутринава повторно биле испратени до неколку гимназии во Загреб, по што се спроведуваат нови евакуации на основни и средни училишта во западниот дел од градот. Дојавите за поставени бомби биле испратени и на адреси на медиуми. Хрватска минатата недела се соочи со серија лажни дојави за бомби, поради што наставата во многу училишта низ земјата беше прекината. Освен училишта, закани добиле и градинки, како и некои трговски ...
Премиерот Христијан Мицкоски при увидот на градежните активности на Универзална Сала одговараше на ноивинарски прашања. Тој даде свое видување за цените на дизелот и враќањето на ДДВ- то на 18%. -Не мислам дека е преуранета, напротив Македонија како држава веќе два месеци е пример за начинот како се справуваме со оваа енергетска криза. Ова е увезена криза поради геополитичките случувања. Ние сме една од ретките држави која што направи ваква ...
Рокот што Уставниот суд во Приштина му го одреди на Собранието за избор на претседател на државата истекува утре, и во моментов нема договор меѓу партиите за тоа прашање. Според одлуката на Уставниот суд, доколку претседателот на Косово не биде избран до 28 април, собранието автоматски ќе се распушти, а предвремени избори мора да се одржат во рок од 45 дена. Движењето „Самоопределување“ што има најмногу пратеници во Собранието, но не доволно ...
Осудениот за настаните од 27 април, Горан Ангелов-Ќосето, со низа остри обвинувања ја одбележа годишнината од упадот во Собранието, оценувајќи дека овој датум е „синоним за неправилно осудени, селективна правда и нееднаквост пред законите“. Во објава на социјалните мрежи, тој наведува дека 27 април за него претставува симбол на, како што пишува, „политички осуденици, корумпирани судии и велепредавство“, притоа обвинувајќи за политички ...
Демократската Република Конго ќе формира паравоена единица за обезбедување на своите рудници, што ќе биде финансирана од Соединетите Американски Држави и Обединетите Арапски Емирати, соопшти Генералната инспекција за рударство на земјата. Според соопштението, за реализација на плановите ќе бидат вложени сто милиони долари и до декември ќе бидат распоредени до три илјади вооружени регрути. Интенција е до 2028 година единицата да брои 20 илјади ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во Санкт Петербург на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Посетата ќе биде остварена по неуспешниот самит со САД во Исламабад. „Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изутринава пристигна во Санкт Петербург, Русија, за да се сретне и да разговара со рускиот претседател Владимир Путин“, објавија иранските државни медиуми. Американскиот претседател ...
Заменик-директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, преку објава на Фејсбук остро возврати на нападите и обвинувањата упатени кон него од страна на политичката партија Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев, обвинувајќи ги за ширење лаги, организирана хајка и поттикнување говор на омраза. Во својата јавна реакција, Михаилов посочува дека бил блокиран на профилите на Апасиев и на официјалната страница на Левица, поради што, како што ...
Настаните од Упадот во Собранието на Македонија на 27 април 2017 остануваат една од најдлабоките и најтемни политички рани во поновата историја на државата, со последици што и денес силно се чувствуваат во политичкиот живот и јавниот дискурс. Судскиот процес и пресуди пак се најцрното петно во македонската понова историја, вистински и неизбришлив резил за државата и правосудниот систем. На 27 април 2017 година, група демонстранти, кои станаа ...
Проектот GREGY ја позиционира Грција како клучен енергетски хаб меѓу Африка и Европа, носејќи економска стабилност и социо-економски придобивки од над 30 милијарди евра. Значењето на Египет – Грција (GREGY) проектот за електрична интерконекција за Грција и Европа, како и перспективата за позиционирање на Грција како важен енергетски хаб во Југоисточниот Медитеран, беше презентирано на Делфи економскиот форум од страна на г-дин John Karydas, ...
Трошоците за вооружување во светот минатата година достигнале 2.887 милијарди долари, што претставува реален раст од 2,9 отсто во однос на 2024 година, се наведува во извештајот на Стокхолмски меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ). Според извештајот, воените трошоци се намалиле во Соединетите Американски Држави, но пораснале за 14 отсто во Европа и за 8,1 отсто во Азија и Океанија. Трите најголеми потрошувачи – САД, Кина и ...
Прес-конференција денеска во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство ќе одржи Јане Ченто, на која, како што најави ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката за настаните од 27 април. – Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција која ќе се одржи на 27 април 2026 ...
Европската унија треба да научи да живее „сама“ и повеќе да не се потпира врз Соединетите Американски Држави, дури и по заминувањето на Доналд Трамп од власт, изјави поранешниот француски претседател Франсоа Оланд. Оланд се заложи за брза изградба на засилени европски одбранбени сили, фокусирани околу неколку земји кои се подготвени да го спроведат тоа. „Ќе мораме да живееме сами, Европа сама. За Германците и Британците е многу тешко да ...
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска ќе го посетат објектот на Универзалната сала, каде што официјално ќе биде најавено продолжувањето на активностите за нејзина реконструкција. Во рамки на посетата ќе биде презентиран и проектот за реконструкција на ова култно место за скопјани. Предвидена е и обиколка на градилиштето, а во 11:10 часот ќе следуваат изјави за медиумите. Заменик претседателот на ...
На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се реализира Ден за високи гости во рамки на вежбата „Блесок 26“. Најавено е присуство на претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Предвидено е и присуство на претставник од Командата на здружени сили на НАТО во Неапол. Во рамки на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Иран може да контактира со САД доколку сака да преговара за крај на војната. – Ако сакаат да преговараат, можат да дојдат кај нас или да ни се јават. Знаете, има телефон. Имаме многу добри и сигурни линии, рече Трамп. Тој посочи дека го откажал планираното патување на неговите специјални пратеници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, во Исламабад, каде што престојува ...
Вистинска драма се одвивала на пешачката патека кај Студенчишта, каде параглајдерист кој изведувал комерцијални летови со туристи, за малку ќе повредел мајка и дете кои мирно се движеле покрај езерото. Според видеото кое го објавуваме, параглајдеристот летал опасно ниско над пешачката зона, директно над луѓето кои се шетале. Во еден момент, тој за влакно ја промашува жената која била со своето дете, по што удира во столб за улично ...
Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит денеска го опиша нападот на гала вечерата во Вашингтон како обид за убиство на претседателот Доналд Трамп и високи претставници на неговата администрација. Левит на социјалната мрежа X објави дека вечерата во саботата „била киднапирана од изопачена луда личност која се обидела да го убие претседателот и да убие што е можно повеќе високи функционери од администрацијата на Трамп“. Левит, која исто така ...
Од вторник до крајот на седмицата следува период на променливо облачно време, со повремен локален дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, во вторник ќе има изолирана, а в среда на повеќе места појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. -Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање, информира УХМР. Во петок и во деновите од викендот се ...
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Петровец. Според информациите на ЕВН Македонија, од 09 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од комплексот Св. Јован во населбата Злокуќани во општина Карпош, а од 09 до 12:30 часот делови од улиците бр. 1 и бр. 4 во селото Ржаничино во општина Петровец. Поради зафати во електродистрибутивната мрежа утре без ...
Вооружениот напаѓач на гала вечерата во Вашингтон имал антихристијански ставови, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за Фокс њуз. Ако го прочитате неговиот манифест, тој ги мрази христијаните, тоа е сигурно, рече Трамп, без да даде никакви дополнителни детали за документот. Тој го опиша напаѓачот како „болен човек“. Членови на семејството дури и дале информации за антихристијанските ставови на безбедносните власти, рече Трамп. На ...
На 24.04.2026 во 21:50 часот во Градскиот трговски центар во Скопје, полициски службеници приведоа двајца малолетници од Скопје и Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека тие, заедно со уште двајца малолетници извршиле кражба на производи од маркет во склоп на ГТЦ, информира МВР. При претрес кај нив се пронајдени производите, а биле пронајдени и нож и електрошок. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни ...
Македонскиот ракомет остана без свој долгогодишен делегат – почина Љупчо Јаневски. -Во текот на својата кариера беше дел од ракометните терени најпрво како судија, а потоа и како делегат-контролор, оставајќи белег со својата посветеност и професионален однос. Ракометната федерација на Македонија изразува искрено сочувство до семејството и блиските. Нека почива во мир, објави РФМ. Јаневски починал по кратко боледување. Македонскиот ракомет ...
До 2026 година, Милано се трансформираше во една од најатрактивните дестинации за глобалниот капитал што се движи од Дубаи и други финансиски центри. Комбинацијата од даночни олеснувања, стабилност и луксузен начин на живот го лансираше градот во еден од најмоќните економски центри во Европа. Додека до неодамна светот гледаше кон Блискиот Исток, особено Дубаи, денес се случува забележлив пресврт – Милано станува новата глобална престолнина на ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие лишени од слобода се четири лица, а поднесени биле вкупно шест пријави за семејно насилство. Како што информираат од МВР, утринава во 04:50 часот во СВР Куманово 49- годишен маж од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга А.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Синоќа во 23:30 часот, 70-годишна жена од тетовско во полициска станица ...