Мицкоски клечеше и молеше за власт, лажејќи го народот дека ќе го врати името, а сега поради него, Македонија е таа што е на колена. Предадени се нашите национални интереси, стратешката определба на земјата да биде рамноправен дел со обединетите народи на Европа, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот прес. „Го слушнавте сите Христијан Мицкоски. Подготвен бил да чека со децении за влез на Македонија во ЕУ. Да потроши ...

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини ,потпишаа Меморандум со кој се воспоставува рамка за дигитално поврзување и унапредување на електронската комуникација помеѓу институциите преку софтверската платформа. Меморандумот има за цел да обезбеди побрзо, побезбедно и поефикасно водење на управните ...

Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално потпишаа поединечен колективен договор кој обезбедува зголемување на платите за 7%, почнувајќи од месец март, со постепена реализација во наредните три години. Овој договор претставува значаен чекор кон подобрување на статусот и условите за работа на архивистите и административниот ...

На завршниот настан на проектот „Младите и менталното здравје“ во кој Општина Битола е партнер, а истиот се спроведуваше во соработка со битолските средни училишта и средношколските психолози, свое обраќање имаше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Тој го отвори настанот и ги поздрави младите кои беа учесници на овој завршен настан, што го организираше Здружението на граѓаните за унапредување на развојните процеси „Про локал“ Битола, ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 23.03 до 29.03.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 23.03.2026 до 27.03.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. ...

Во организација на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) се одржа консултативен настан на тема „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, со учество на градоначалници, претставници од општините, институциите и меѓународните партнери. Настанот го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој ги поздрави присутните и даде краток вовед за ...

Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец, јавува УХМР. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на ...

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и Претседателката на Синдикалната организација при јавните обвинителства Изабела Илиева денеска го потпишаа Колективниот договор за вработените во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Ова е првпат правата на вработените во јавнообвинителската служба да се гарантираат со поединечен колективен договор, кој меѓу ...

Основна цел на конкурсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги принципите на одржливост и избалансиран економски, социјален, еколошки, образовен и културен развој. Конкурсот ги има следните специфичи цели: – Да се добие урбанистичко-архитектоско и пејсажно решение кое е во контекст со околината ...

На 29.03.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од негов познаник . Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото возило „бмв“, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар. Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во ...

На 30.03.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле М.Ј.(16) од Скопје во стан на лицето Р.Ш.(19) во Гостивар. Таа претходно беше пријавена дека се оддалечила од домот во Скопје, а по пронаоѓањето е предадена на нејзината мајка, додека Р.Ш. е лишен од слобода за понатамошна постапка. На 30.03.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле М.Ј.(16) од Скопје во стан на лицето Р.Ш.(19) во ...

На 29.03.2026 во 15:15 часот во струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 23-годишник од струмичко, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:00 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 62-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 29.03.2026 во 15:15 часот во струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 23-годишник од струмичко, ...

На 30.03.2026 во 03:50 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на паркинг простор на ул.„7 Ноември“ во Гевгелија биле опожарени две паркирани возила, и тоа патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на Ќ.Ф. од с.Ѓавато и патничко возило „хјундаи“ со чешки национални ознаки, сопственост на М.К. од Чешка. Повредени лица нема, а екипа од Територијалната противпожарна единица Гевгелија го изгаснала ...

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денес престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија. Во рамки на посетата Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања. Потоа, премиерот ќе има свое обраќање на бизнис форумот во Будимпешта, насловен „Ден на деловна ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за „Ен-би-си Њуз“ дека Русија снимала американска воена база во Саудиска Арабија неколку дена пред Иран да ја нападне, ранувајќи американски војници и соборувајќи американски авиони, повикувајќи се на украинската разузнавачка служба. Зборувајќи во Катар, тој рече дека е „100 проценти“ сигурен дека Москва споделува такви информации со Иран за да помогне во таргетирањето на американските сили на ...

Иран се закани дека ќе ги таргетира домовите на американските и израелските воени и политички функционери во регионот, нарекувајќи го тоа одговор на она што го нарекува напади врз цивилни цели во Иран. Ебрахим Золфагари, портпарол на оперативната команда на Иран „Хатам ал-Анбија“, рече дека вооружените сили ќе ги таргетираат домовите на „американските и израелските команданти и политички функционери во регионот“. Тој рече дека нападите се ...

Лишен од слобода 27-годишен жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, следува пријава. На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска ...

На 29.03.2026 во 19:00 часот кај Здуњска крстосница, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода лице (26) од Гостивар. Тој е затекнат како управува патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки без возачка дозвола. КЗ на РСМ. Исто така, истиот ден во 21:50 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лице ...

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека девет болничари се убиени, а седум други се ранети во пет одделни напади врз здравствени служби во јужен Либан. Во изјавата на шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, не се прецизира сторителот. Тедрос рече дека во денешните напади биле погодени екипи на болничари кои работеле во пет либански села додека биле на должност на терен. – Во Зоутар ал-Шаркија, пет здравствени работници загинаа ...

Кога еден ирански функционер оваа недела изнесе список на барања за прекин на војната што ја започнаа САД и Израел, тој додаде ставка што претходно не беше на списокот на Техеран: признавање на суверенитетот на Иран над Ормутскиот теснец. Тесниот воден пат низ кој вообичаено поминува една петтина од светската нафта и течен природен гас (LNG) се појави како најмоќното оружје на Исламската Република. И сега се стреми да се претвори во извор на ...

Либански новинар кој работел за телевизиска мрежа во сопственост на Хезболах бил меѓу тројцата новинари убиени во израелски напад во Либан. Телевизијата „Ал Манар“, во сопственост на Хезболах, соопшти дека нејзиниот новинар Али Шуаиб бил убиен во израелски напад насочен кон возилото во кое се наоѓал. Израелската војска го обвини Шуаиб дека е „терорист“ кој дејствувал под „маската на новинар“ кој ги откривал локациите на израелските војници во ...

Високи претставници на регионалните сили планираат денеска да се сретнат во Пакистан за да разговараат за тоа како да се прекинат борбите на Блискиот Исток, додека околу 2.500 американски маринци пристигнаа во регионот, а бунтовниците Хути поддржани од Иран влегоа во едномесечната војна во Иран. Пакистан соопшти дека Саудиска Арабија, Турција и Египет ќе испратат високи дипломати во Исламабад на разговори. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ...

Од Јемен кон Израел вчера беше лансирана ракета, што е втор ваков напад од почетокот на војната во Иран пред еден месец, соопшти израелската војска доцна синоќа. Дрон бил забележан над јужниот израелски град Еилат, а крстосувачка ракета беше пресретната пред да стигне до израелска територија, пренесе ДПА повикувајќи се на Тајмс оф Израел. Во саботата наутро, јеменската милиција лансира ракета кон Израел за првпат од почетокот на војната со ...

Маж во своите 30-ти години е уапсен откако седум лица се здобиле со сериозни повреди кога автомобил удрил во пешаци во градот Дерби, Англија. Автомобилот, црн сузуки свифт удрил во повеќе луѓе во Фриар Гејт околу 21:30 часот синоќа, соопшти полицијата во Дербишир. На седум лица им била укажана помош на самото место, и биле пренесени во болница со низа сериозни повреди, кои не се опасни по живот, додаде полицијата. Маж во своите 30-ти години, ...

Циклонот Нарел предизвика хаос во делови од Австралија, обвиткувајќи цели населени места во густа прашина што го претвори небото во интензивна црвено-портокалова нијанса. Во некои региони видливоста била речиси нула, а воздухот толку тежок и густ што граѓаните имале чувство како да не можат нормално да дишат. Целата околина изгледала како сцена од филм, со небо што зрачи во необична, застрашувачка боја. Очевидци раскажуваат дека призорите ...

Пакистан е подготвен да биде домаќин на разговори меѓу САД и Иран во наредните денови, изјави синоќа пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар, како што објави германската новинска агенција дпа. „Пакистан ќе биде почестен да биде домаќин и да посредува во преговорите меѓу двете страни во наредните денови за сеопфатно и трајно решение на тековниот конфликт“, рече министерот, бидејќи војната меѓу САД и Израел со Иран влегува во ...

Слики од Реноар, Сезан и Матис вредни милиони евра се украдени во грабеж на музеј во близина на италијанскиот град Парма, соопшти полицијата. Четири маскирани мажи провалиле во вилата на Фондацијата Мањани Рока на 22 март и украле дела како што се „Les Poissons“ (Риба) од Пјер-Огист Реноар, „Мртва природа со цреши“ од Пол Сезан и „Одалиска на терасата“ од Анри Матис, објави Би-би-си. Според извештаите на италијанските медиуми, бандата влегла ...

Денес се одбележува 27-годишнината од почетокот на агресијата на НАТО врз Сојузна Република Југославија (СРЈ), во која, според неофицијални проценки, загинаа околу 2.500 цивили и околу 1.000 војници и полицајци за 11 недели. Во бомбардирањето, кое траеше 78 дена, државната инфраструктура, комерцијалните објекти, здравствените установи, медиумите, културните споменици и воените објекти беа сериозно оштетени. Годишнината од агресијата на НАТО ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.05
64%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.04
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.64
88%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
76%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.51
93%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
88%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
68%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
72%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.91
65%
1014
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
4.02
86%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
62%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
1.97
100%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33