Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
„Овој ребаланс ќе даде подобар квалитет на животот на граѓаните, на стопанството и на институциите и овој ребаланс ќе гарантира дека во наредните шест месеци до крајот на завршувањето на оваа година граѓаните ќе имаат повисоки плати, ќе имаат повисоки пензии, приватниот сектор ќе добие поддршка и секоја сфера на општеството ќе расте“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во обраќање на денешната собраниска седница. ...
Соопштение на СДСМ: Наместо минисерот за здравство, денеска Панче Тошковски – министерот за хиперхлорирање, најави техничка вода во Гостивар. Но, резултати и анализи за водата не се објавени, Тошковски се повикува на „потврда од експерти“. Техничката вода се користи за миење улици, наводнување паркови, противпожарни системи и за испирање тоалети. За туширање и лична хигиена тоа зависи исклучиво од микробиолошките наоди. Врз основа на тие ...
За повеќето деца, летото е време за одмор, море и безгрижни денови. За многу родители, пак, токму јули е месецот кога во мислите веќе започнува септември. Иако новата учебна година е оддалечена повеќе од еден месец, семејниот буџет почнува да се подготвува многу порано. Летувањето, сметките, секојдневните трошоци и истовремено размислувањето за учебници, ранци, облека и училишен прибор создаваат чувство дека есента финансиски пристигнува уште ...
Соопштение на Левица: Додека во Собранието се расправа за ребалансот на Буџетот, Владата потврди дека се задолжува кај М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и ЈП за државни патишта. Како причина за ова задолжување се наведува враќањето на долговите кон кинеската банка за автопатите, што претставува уште еден показател за сериозните проблеми со ликвидноста на државниот буџет. Владите во последните дваесет години, предводени од ДПМНЕ и СДСМ, не ...
На 26.07.2026 во Охрид полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода три лица на возраст од 30 и 32 години, сите од Прилеп. На 26.07.2026 во 01:20 часот во спортскиот центар „Биљанини извори“, за време на одржување на концерт, полициски службеници лишија од слобода лице затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Не не чудат лицемерието и двојните аршини на СДС, кои со настаните во Гостивар повторно излегоа на површина. СДС недела дена креира хаос во јавниот медиумски простор, со цел креирање заблуда кај граѓаните за надлежностите и вистинските одговорни лица за загадената вода во општина Гостивар. Водоводните системи и контролата на квалитет на водата за пиење е под надлежност на локалната власт и тоа СДС многу добро го ...
На 26.07.2026 во 23:00 часот на улица „Браќа Блажевски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишија од слобода 16-годишен малолетник од Гостивар. Тој управувал нерегистриран мопед без положен возачки испит и учествувал во сообраќајна незгода. Мопедот му бил одземен и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 26.07.2026 во 23:00 часот на улица ...
На 26.07.2026 во 17:40 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување во викенд-населбата Крстови 2. Полициски службеници излегле на местото и ги затекнале лице (36) и лице (67), двајцата од Гостивар, како го нарушуваат јавниот ред и мир, по што биле приведени во Полициското одделение Маврово. За време на интервенцијата, лицето ги омаловажувал полициските службеници. ...
Грчките царински службеници утрово штрајкуваат од 5 до 9 часот по македонско време, поради што има ограничувања на премините Евзони–Богородица, Ники–Меџитлија и Дојрани–Дојран. Патничките автомобили се пропуштаат во интервали од околу десет минути. Товарниот сообраќај е целосно запрен за време на штрајкот. Грчките цариници бараат подобри услови за работа и исплата на додатоци за прекувремена, сменска, празнична и викенд-работа. МВР информира ...
Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне на повеќе места се можни пороен дожд и грмежи. Локално процесите може да прераснат во краткотрајно невреме. Се најавуваат силен западен ветер со налети над 60 километри на час, електрични празнења и изолирана појава на град. Температурите ќе се движат од 24 до 35 степени. Во Скопје се очекува претежно облачно време со дожд, а во делови од котлината е можно локално ...
Во текот на изминатиот викенд (25/26.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1355 издадени платни налози, 412 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 38 лица, од кои шест за возење под дејство на алкохол, 14 за ...
На 26.07.2026 во 14:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Пелистер, 41-годишна битолчанка управувајќи четирицикл, изгубила контрола и се превртела. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила повредената, констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола. На 26.07.2026 во 14:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Пелистер, 41-годишна ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Цеца Малева Стоев. На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија. ...
Пензионираниот актер на Драмски театар Скопје, незаборавниот Цанде од „Солунски патрдии“ и еден од најпопуларните и најпрепознатливи македонски актери, почина на 75-годишна возраст. Од Драмски театар Скопје велат дека со заминувањето на Гоце Тодоровски, македонскиот театар, филм и телевизија загубија уметник чиј талент речиси половина век беше дел од колективната меморија на публиката. „Гоце Тодоровски не ја бараше наклонетоста на гледачите. ...
СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против маж (41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 и „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 од Кривичниот закон. На 25.07.2026 околу 22:00 часот и на 26.07.2026 околу 01:00 часот во Струмица, пријавениот подметнал пожари на трактор сопственост на Ж.Д.(70) од Струмица и патничко возило „киа“, ...
Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар. И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса. Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако заборавиле, контролата на квалитетот на водата ја прават ...
Прес конференција на Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните. Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и ...
Уште една тажна вест. Нѐ напушти Гоце Тодоровски – голем човек, голем актер и едно од најпрепознатливите лица на македонската театарска и филмска сцена, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. „Со неговите улоги растеа генерации. Нѐ смееше, нѐ трогнуваше и оставаше трага што никогаш нема да избледи. Неговото дело ќе продолжи да живее, затоа што вистинските великани никогаш не заминуваат – тие остануваат во срцата на народот и ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Во изминатите две години, откако Владата го стабилизира секторот земјоделство, приоритет станаа капиталните инвестиции, модернизацијата и изградбата на институција која функционира. Затекнати беа блокирани проекти како кредитот од германската KfW банка од 80 милиони евра кој стоеше нереализиран пет години, а кредитот од Светска банка за модернизација на земјоделството имаше реализација под 10%. Денес, изградбата на ...
Соопштение на СДСМ: Веќе четири дена, откако бела пена течеше од Лепенец во Вардар и го загадуваше Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веднаш пушти дрон. Најави дека „толеранција нема да има за никого“. Вети дека брзо ќе се открие кој го направил тоа. И? Што открија Орце и дронот по четири дена? Кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар? Молк. Истиот Орце што ни го подари билбордот изработен со вештачка интелигенција, со коњ на пет нозе, ...
Соопштение на Левица: Денес Собранието ќе одлучува за ребалансот на Буџетот за 2026 година. Левица ќе гласа против предложениот ребаланс, бидејќи амандманската расправа покажа дека Владата не само што нема намера да ја промени својата економска политика, туку одби речиси секој предлог што значеше поголема јавна корист, подобра заштита на граѓаните и поодговорно трошење на буџетските средства. Левица поднесе 47 амандмани со кои предложи дел од ...
Денеска (26.07.2026) од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај лице(23) од с.Брест, скопско. При претресот пронајдена е поголема количина кокаин. Осомничениот е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање на случајот ...
Поранешната портпаролка на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Јулија Мендел, упати низа сериозни обвинувања против својот поранешен шеф на социјалната мрежа Икс, тврдејќи дека тој успеал да измами милиони луѓе во Украина и низ целиот свет со прикривање, како што тврди, на неговото непознавање на државното управување и на неговата склоност кон авторитарно владеење. Мендел изјави дека за време на нејзината работа во кабинетот на ...
Екипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината, соопштија од општината. Според наведеното во соопштението, веднаш по невремето бил свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби биле упатени на терен и започнале со интервенции на најкритичните локации. Во текот на ноќта, додаваат од општината, беа расчистени повеќе ...
Екипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината. Веднаш по невремето беше свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби беа упатени на терен и започнаа со интервенции на најкритичните локации. Во текот на ноќта беа расчистени повеќе локации во Капиштец, Дебар Маало, населба Пролет и потегот кај Соборниот храм, а ...
Во текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот. Во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Се реализираат рачно и машинско метење и миење, а ...
Соопштение на СДСМ: Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе ги презентира најновите информации за состојбата на водата во Гостивар. Не министерот за здравство. Не министерот за животна средина. Не надлежните од Водовод. Туку министерот за полиција. Мицкоски вчера најави дека техничката вода во Гостивар од денеска е чиста. Знаеме дека Тошковски најави хиперхлорирање. Изгледа дека тоа е работа на полицијата. Не пет тони дрога, ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се обидува политички да профитира од скандалот со водата, кој кадри на нивната коалиција со ДУИ и Таравари, го создадоа. Во моментов, владините институции активно работат на справување со состојбата и преземаат мерки за нејзино целосно стабилизирање во Гостивар. Бројот на граѓани кои бараат медицинска помош континуирано се намалува, што укажува ...
Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени ноќеска ја погоди Австрија, со епицентар во областа Земеринг, а беше почувствуван и во делови од Словенија. Според австриската геолошка служба, потресот бил на длабочина од четири километри, а граѓаните пријавиле дека се почувствувал во источниот дел на Долна Австрија, Штаерска, како и во Виена. Во земјотресот е причинета помала материјална штета, а пожарникарите интервенирале поради одрони од карпи на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е сè пофрустриран од војната со Иран, која влегува во петтиот месец, а негови советници стравуваат дека конфликтот може да го обележи вториот мандат и негативно да влијае врз републиканците на претстојните избори за Конгресот, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со случувањата. Според весникот, Трамп сè помалку верува дека преговорите можат да донесат траен мир и сега смета дека ...