Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Црногорската полиција во Никшиќ го уапсила 19-годишниот македонски државјанин А.Т., кој околу една година бил во бегство. Според објавените полициски информации, по него се трагало во врска со обид за убиство. Случајот се поврзува со напад врз лице за кое медиумите наведуваат дека е член на таканаречениот Шкаљарски клан. А:Т. бил лоциран и приведен врз основа на меѓународната полициска соработка. Според првичните информации, следува постапка ...
Вчера (27.07.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, полицијата спроведе акциска контрола на подрачјето на Кочани и Виница, насочена кон санкционирање на возачи на мотоцикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во контролата биле изречени вкупно 59 санкции, од кои една за возач на лесно електрично возило (тротинет), 34 за управување мотоцикл без заштитен шлем (кацига), една за истечена полиса за ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски од посетата на Општина Илинден: „Добар ден и од мене. Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште. Дел од проектите се завршуваат, дел се во процес на реализација, многу мал дел ќе отпочнат и очекувам да следната година ја заокружиме со овој процес на овие проекти од ...
Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење. Со камионот пријавен за транзит од Грција за ...
Соопштение на Левица: Во Собранието, по скратена постапка, е доставен Предлог на закон за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ со кој се предлага и основање на Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Но, наместо закон што ќе воспостави највисоки стандарди на транспарентност и отчетност за проект финансиран речиси целосно со јавни средства, пред пратениците се наоѓа текст што ...
На граничниот премин Бајаково–Батровци утрово биле регистрирани задржувања до пет часа на одредени правци. Големи колони има поради засилениот туристички сообраќај кон Јадранското Море. Задржувања од неколку часа биле пријавени и на Товарник–Шид и на помалите премини меѓу Хрватска и Србија. Гужви има и на наплатните станици, тунелите и јазлите на хрватските автопати. Хрватскиот авто-клуб ги повика возачите да ја следат состојбата во реално ...
Екипажот на „Артемис II“, враќајќи се дома по историското прелетување покрај Месечината што ги однесе подалеку од Земјата отколку што некогаш бил кој било човек, разговараше со уредничката за наука на Би-би-си, Ребека Морел, пишува Би-би-си. Астронаутите Кристина Кох и Џереми Хансен зборуваа за предизвиците на живеењето во затворени простори, клучните моменти од мисијата и спомените што ќе ги понесат со себе. Порака пред слетувањето Во ...
Светската здравствена организација (СЗО) повикува на зголемена будност по неколкуте случаи на западнонилска треска во јужна Европа . Регионалната канцеларија на СЗО за Европа во Копенхаген соопшти дека бројот на случаи на вирусот што се пренесува преку комарци се зголемил во последните недели, особено во Грција и Италија, бидејќи сезоната на болести штотуку започнува. Според СЗО, само минатата недела во Грција се потврдени 14 случаи. Со ова, ...
Романија соопшти дека нејзината воздушна одбрана соборила беспилотно летало што навлегло во романскиот воздушен простор во близина на границата со Украина. Тоа е втор ваков инцидент во два последователни дена. За првиот дрон романските истражители соопштиле дека бил од руско потекло. Потеклото и задачата на второто летало сè уште треба официјално да се утврдат. Инцидентите се случиле над ретко населено подрачје, но претставуваат сериозен ...
Најмалку 35 лица загинале во судар на два патнички автобуса во Сирија, според првичните информации што ги пренесоа медиумите. На местото интервенирале спасувачки и медицински екипи. Бројот на повредени и нивната здравствена состојба сè уште не се целосно потврдени. Надлежните служби ја обезбедиле локацијата и започнале истрага за причините. Бидејќи станува збор за развојна информација, бројот на жртвите може да биде дополнително ажуриран. Не ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, свика итен состанок на владата за денес поради шумските пожари кои се приближуваат кон Бордо на југозападот од земјата. Борбата против пожарот ќе биде дополнително комплицирана од новиот топлотен бран, а големи пожари се активни и во Шпанија, пишува Би-Би-Си. Градоначалникот на Бордо, Томас Казенав, изјави дека пожарот се наоѓа на само 15 километри од градот. Според него, евакуацијата на ...
Две лица се убиени, а најмалку пет се повредени во пукотница што се случи вчера вечер по локално време на популарниот фестивал на храна „Bite of Seattle“ во центарот на Сиетл. Меѓу повредените е и двегодишно дете, а полицијата потврди дека го истражува инцидентот со повеќе жртви и ги замоли граѓаните да ја избегнуваат областа, пишува BBC. Противпожарната служба на Сиетл потврди дека две лица починале на местото на настанот. Пет лица побарале ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека заедничките воени операции меѓу Израел и САД значително ја ослабнале нуклеарната програма на Иран и ја вратиле неколку години назад. Во интервју за „Фокс њуз“, тој тврди дека 20 водечки ирански нуклеарни научници биле ликвидирани во две операции. „Во двете операции што ги спроведовме со Соединетите Американски Држави, ликвидиравме 20 од нивните врвни нуклеарни научници“, рече Нетанјаху. ...
Патникот на летот на „Рајанер“ кој речиси излета од авионот откако се скрши прозорецот на надморска височина од шест илјади метри тврди дека компанијата му понудила само нов авионски билет како компензација. Љубиша Каровиќ, 61-годишник од Србија, ангажирал адвокат и бара компензација од ирската авиокомпанија, објавува The Telegraph. Инцидентот се случи пред две недели на утрински лет од Грција до Германија. Каровиќ спиел кога прозорецот до ...
Новиот британски премиер Енди Барнам го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски како прв странски функционер, нагласувајќи ја силната поддршка на Лондон за Украина, соопшти канцеларијата на Барнам. Двајцата лидери се сретнаа во поморската база, каде што беа информирани за програмата за обука предводена од Велика Британија и како таа помага во зајакнувањето на вооружените сили на Украина и какви резултати постигнува на бојното поле, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го отфрли противењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на можна продажба на борбени авиони „Ф-35“ на Турција. „Никој не ми кажува што треба да продадеме“, изјави Трамп пред новинарите на авионот „Ер Форс Уан“. Тој ја опиша Турција како „огромен сојузник“ за кој рече дека „направил многу добра работа“ по регионалните прашања, вклучително и ситуацијата во Сирија. Иако призна дека Анкара „не е голем ...
Можеби најголемиот шумски пожар во шпанската историја, кој ги зафати областите во близина на градовите Авила, Толедо и Мадрид, е предизвикан од неовластено користење на тешка механизација во шумска област во близина на Бургохондо, објави новинската агенција EFE, повикувајќи се на полициска истрага. Пожарот во покраината Авила избувна на 22 јули, а полицијата верува дека е предизвикан од искра создадена за време на работата на тешка ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските предели ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните температури ќе се движат од 30°C до 37°C. Најтопло ќе биде во југоисточниот дел, каде што температурата ќе достигне до 37°C. Во Скопскиот регион ...
Соопштение на СДСМ: Мицкоски денеска изјави дека за состојбите во Гостивар се консултираат со експерти и дека партиите не треба да шират хистерија. После толку дена пинг-понг, префрлање одговорност и признанија од министерот за здравство – сега одеднаш се потребни експерти? Во нормална држава експертите и институциите што ги има државата би биле прашани од првиот ден. Не Мицкоски да објаснува и да глуми експерт за вода. Не Орце со дрон да ја ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС и Венко Филипче со лаги не можат да ја сокријат одговорноста на нивните кадри во Гостивар. Конструкциите, лагите и манипулациите на Венко Филипче и СДС за состојбите во Гостивар не можат да ја сокријат вината и неспособноста на нивните кадри во Гостивар. СДС и Филипче покажаа елементарно непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса. Фактите се јасни. ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ две години испорачува конкретни резултати, инвестиции и развој за заштита на животната средина. Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира, гради и испорачува резултати, а капиталните проекти ја менуваат инфраструктурата и го подобруваат животот на граѓаните. Низ целата држава се градат нови водоводи, канализации, пречистителни станици и системи за заштита од поплави. Секоја реализирана ...
Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на извесувањево нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар. Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29. 04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, до ...
Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога, со што беа исполнети елементите на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првата истрага се опфатени татко и син, на возраст од 50 ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство врз сопствените мајки. Во првиот случај, осомничениот 34-годишник, на 25 јули во вечерните часови, барал пари од неговата мајка. Кога жената му кажала дека нема од каде да му даде, тој почнал агресивно да ја обвинува дека таа не успеала да ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
На 26/27.07.2026 во 13:20 часот во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода пет лица на возраст од 19 до 51 година, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 26/27.07.2026 во 13:20 часот во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од ...
На 25.07.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот с.Сопиште – с.Горно Соње, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(31) од с.Батинци, скопско и велосипед, управуван од лице(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е ...
На 27.07.2026 околу 01:35 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Солидарност“ во Штип, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувало лице (22) од Штип, паднал сопатникот лице(21) од Штип. Притоа, сопатникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за ...
Под влијание на поле со висок воздушен притисок, следува период на стабилно и топло време со мала локална облачност. Утре Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Прогноза за 29.07.2026 Минимална температура: 12°C до 21°C Максимална температура: 31°C до 39°C Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Прогноза за 30.07.2026 ...