Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
80% од граѓаните кај нас би одбиле за паричен надомест да потпишат петиција што е спротивна на нивните политички убедувања, што претставува еден од највисоките проценти во Европа. Истовремено, друга анализа констатира дека 98% од онлајн коментарите насочени кон политичарите содржат елементи на омраза. Ова само дел од наодите од двегодишното истражување на проектот ENCODE, презентирани во Скопје на настан организиран од Институтот за ...
Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче: Денес на 1 јуни официјално истекува рокот што премиерот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, а тоа е да се исполнат неисполнетите точки од реформската агенда. И се потврди уште една јасна и недвосмислена лага на Христијан Мицкоски – така дојде на власт со лаги, така и владе. Според официјалната листа на владата, според официјалната листа во рамките на реформската агенда, ...
Денес на маргините на Пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир која се одржува во Собранието, Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија оствари средба со д-р Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта. На средбата се изрази задоволство што Собранието е домаќин на овој меѓународен настан како и за можноста да се разговара за перспективите на идната соработка меѓу ...
Во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, нагласи дека одлуката на Владата за враќање на ДДВ-то за горивата на 18 проценти е уште еден доказ дека власта не води сметка за животниот стандард на граѓаните и дополнително ќе придонесе за нов бран поскапувања. Филипче посочи дека наместо мерки за заштита на граѓаните во услови на растечки цени и економска неизвесност, Владата не понуди никаква конкретна поддршка ...
Денеска во Собранието, се одржа 14. Пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир на тема „Унапредување на толеранцијата и мирот: стратешката улога на парламентите во обликувањето и донесувањето политики за иднината“. На настанот свои обраќања имаа, Африм Гаши, Претседател на македонското Собрание; Тимчо Муцунски, Министер за надворешни работи и трговија; Ахмед бин Мохамед Алџарван, претседател на Глобалниот совет за ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши оствари средба со претседателот на Парламентот на Обединетата Република Танзанија, Муса Азан Зунгу, кој учествува на Пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, која се одржува во Собранието, со наслов „Унапредување на толеранцијата и мирот: стратешката улога на парламентите во обликувањето и донесувањето политики за иднината. Изразувајќи ...
Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го лишија од слобода А.Џ.(35) од Скопје. Лицето се барало по телеграма од Основниот суд Скопје 1, за доиздржување казна затвор во траење од осум години и осум месеци, во врска со кривично дело “криумчарење на мигранти” по член 418-б од Кривичниот законик. По приведувањето, А.Џ. е предаден во ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги ...
На 30.05.2026 во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека во психијатриската болница во Демир Хисар, бил пронајден починат маж од с. Дедино, радовишко кој бил пациент во истата. Увид извршила увидна екипа од СВР Битола, а од страна на јавен обвинител наредена е обдукција врз телото на починатиот. На 30.05.2026 во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека во психијатриската болница во Демир Хисар, бил пронајден починат маж ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија говореше за новиот правилник и ценовник на Јавното претпријатие за паркинзи на Општина Центар, истакнувајќи дека целта е подобрување на условите за паркирање, поголем ред и фер пристап за сите жители. Герасимовски посочи дека Центар е најфреквентната општина во државата, со огромен број возила кои секојдневно доаѓаат и транзитираат ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на услугите дека, по повод верскиот празник Духовден, на ден 29.05.2026 година (петок), шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 07:30 до 15:30 часот. Со редовно работно време ќе се продолжи од 30.05.2026 година (сабота). Ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат побрз ...
На 31.05.2026. година во 02:15 часот, кај месноста „Осломешка раскрсница“ во близина на Кичево, лишено од слобода е лице(25) од Кичево кој агресивно се однесувал кон полициските службеници кои преземале службени дејствија а потоа и физички ги нападнал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 31.05.2026. година во 02:15 часот, кај месноста „Осломешка раскрсница“ во близина на Кичево, лишено од ...
Во рамки на теренската посета „Блиску до народот – доследни на зборот“, во организација на Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во Општина Кисела Вода се одржа средба со граѓаните во Домот на култура „Билјана Беличанец“, кој беше исполнет до последно место од жители што дојдоа да ги споделат своите идеи, предлози и проблеми. На средбата присуствуваа претставници на институциите, директори на јавните претпријатија, како и ...
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температури по региони: Запад: 10°C | 22°C Југозапад: 12°C | 26°C Централен дел: 11°C | ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Билатерални средби на претседателот Гаши во рамки на Меѓународниот парламент за толеранција и мир • 09:30 – 09:55 – Новоизбран генерален секретар на Интерпарламентарната унија (ИПУ), Анда Филип; • 12:00 – 12:25 – Претседателот на Претставничкиот дом на Република Малта, д-р Анџело Фаруџа; • 12:30 – 12:55 – Претседателот на Парламентот на Обединетата Република Танзанија, Муса Азан Зунгу; • 13:30 – 13:50 – Генералниот секретар на ПАБСЕК, Асаф ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словачка. Утре, 02 јуни 2026 година, вторник, во Братислава, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини. Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба, по што следи пленарен состанок на македонската и словачката делегација. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа имаше средба со учесниците на 14-тата пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир (IPTP), којашто ќе се одржи во Македонското Собрание, под покровителство на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Да се биде домаќин на овој еминентен меѓународен парламентарен форум е големо признание и чест за Собранието и државата. Темата на пленарната сесија „Унапредување на ...
Владата на вчерашната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. – Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од понеделник, први јуни, најавија од владината прес служба. – Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме ...
Власта да распише Референдум, граѓаните да одлучат за европската иднина на Македонија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потенцирајќи дека власта има обврска да им овозможи на граѓаните да се изјаснат за европската иднина на државата. „Власта има обврска да распише референдум, затоа што нема право да го запре европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе обезбедат подобра преговарачка позиција и никогаш не кажаа дека ќе го ...
Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска одговарајќи на новинарско прашање го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, истакнувајќи дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници и во ...
На 30.05.2026 во 15:15 часот во СВР Скопје А.К.(20) од Скопје пријави дека на 26.05.2026 во угостителски објект на подрачјето на Центар, каде претходно работел, поради недоразбирање околу исплата на дневници бил физички нападнат од сопственикот на објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 30.05.2026 во 15:15 часот во СВР Скопје А.К.(20) од Скопје пријави дека на 26.05.2026 во угостителски објект на подрачјето на Центар, ...
На 22 мај Дина настапува во Кино Шишка во Љубљана — еден од водечките центри за урбана култура во регионот, како дел од јубилејот на NightShifts Events Ljubljana, организација која работи на промоција и размена на македонско-словенечката култура Два дена подоцна, на 24 мај, е дел од програмата на SOWL Weekender во Подгорица, нов регионален фестивал за музика и природа во своето прво издание на кој ќе настапи и култниот ну-џез состав Kyoto ...
Индустриска зона со нови фабрики, реконструкција и изградба на улици и дополнителни капитални проекти се дел од инвестицискиот циклус вреден околу 1,2 милиони евра што моментално се реализира во Општина Новаци. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на општината, нагласувајќи дека проектите претставуваат значајна поддршка за локалниот развој и отворање нови работни ...
На 30.05.2026 во 10:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица кај Гробишта Ѓорче Петров во Скопје патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.П.(68) удрило во 75-годишната Д.Т. двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Т. констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 30.05.2026 во 10:45 часот во СВР Скопје е ...
На 31.05.2026 околу 04:25 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, М.М.(23) и Д.Ѓ.(27) двајцата од Скопје биле физички нападнати со тврди предмети од неколку непознати лица, а М.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 31.05.2026 околу 04:25 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, М.М.(23) и Д.Ѓ.(27) двајцата од ...
До крајот на работната седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој во вторник во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h. ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против шест лица на возрасат од 15 до 22 години, сите од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „злоупотреба на лични податоци“, „неовластено снимање“ и „самовластие“. Во период од февруари 2025, пријавените, дејствувајќи организирано како група, преку креирани профили на социјални мрежи користеле лажен профил преку кој се претставувале како 14-годишна малолетничка и ...
Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни. ...
Денеска сме тука на покана на претседателот на НСДП, Горан Мисовски, се одржува изборниот конгрес на партијата. Јас им честитам за целата досегашна работа и благодарам за коалициската поддршка која што ја дава долги години наназад. Тоа е доказ дека навистина споделуваме еднакви исти, би рекол вредносни политики. Коалицијата и соработката продолжува и понатаму, сега и во една нова форма во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме ...