Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета на Франција во септември. Ватикан го објави распоредот денеска, кој вклучува посета на седиштето на УНЕСКО, состанок со француските бискупи во Лурд и меѓуверски собир во Мец, објави ABC News. Во посебна изјава, Ватикан потврди дека Папата ќе се сретне со неколку жртви на злоупотреба и истакна дека тие ќе учествуваат во ...
Американските разузнавачки служби проценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин во следните неколку години би можел да се обиде да ја тестира решителноста на НАТО со ограничен напад врз некоја од земјите членки, објавуваат Си-ен-ен и „Волстрит журнал“. Во проценките се разгледуваат повеќе можни сценарија – од кибернапади и хибридни операции до помал воен упад со кој Москва би се обидела да го тестира единството на Алијансата и ...
Бројот на загинати мигранти по масовниот обид за влез во шпанската енклава Сеута пред една недела се искачи на 96, од кои 82 на шпанската, а 14 на мароканската страна, објави шпанската телевизија РТВЕ, повикувајќи се на официјални податоци. Мароканското здружение за човекови права проценува дека вкупно 141 лице загинало ако се вклучи и обидот за влез во Мелиља, втората шпанска енклава во северна Африка. Директорот на Институтот за судска ...
Четири лица заразени со вирусот на Западен Нил починале во Грција, каде што до 29 јули биле потврдени вкупно 42 случаи. Според објавените информации, приближно половина од пациентите развиле потешки невролошки симптоми. Вирусот најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец. Граѓаните што престојуваат во Грција треба да применуваат заштита од комарци, особено во вечерните часови и во подрачја со стоечка вода. Четири лица заразени со ...
Пожарите се уште се активни во неколку области во Грција трет ден, а пожарот во јужниот дел на Ретимно на Крит им предизвикува најголеми проблеми на пожарникарите. Екипите на терен се обидуваат да го локализираат главниот пожарен фронт во областа Агија Параскеви, додека нов пожар е регистриран во Аркадија. Пожарот на Парос повторно се активирал. Според информациите од Координативниот центар, гаснењето на пожарот во Ретимно е отежнато од ...
Четири смртни случаи се регистрирани во Грција како резултат на Западнонилскиот вирус, објави Националната организација за јавно здравје на Грција (EODI), додавајќи дека станува збор за лица над 65 години. Како што е наведено, од почетокот на годината, завршувајќи на 29 јули, регистрирани се 42 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус, од кои 37 случаи имале енцефалитис или менингитис, а пет имале благи манифестации. Само во претходната ...
Македонскиот национален совет соопшти дека иницијативата за поставување на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад не носи никакви политички, територијални или меѓународни конотации, известува порталот 021 од Нови Сад. Оттаму додаваат дека иницијативата ја одразува желбата да се одбележат осум децении од организираното населување на Македонците во Војводина и да се оддаде признание за нивниот придонес кон развојот на Нови Сад, Војводина и ...
„Христијан Мицкоски повторно уверува дека Македонија е безбедна, дека има стратегија и дека не размислува за поскапување на струјата, туку за нејзино поевтинување или барем зголемување на евтината тарифа. Истото го слушавме и за горивата“, велат од СДСМ. „Секој пат кога Мицкоски најавуваше „мерки за стабилизација“ и „најниски цени“, горивото поскапе. Секој пат кога велеше „нема да има поскапување“, граѓаните плаќаа повеќе. Сега ја повторува ...
Триесет и тригодишен украински државјанин е уапсен во Германија под сомнение за шпионажа на баварска одбранбена компанија за странска разузнавачка служба. Германските власти денеска објавија дека е осомничен за фотографирање на објектите на компанијата како подготовка за можна саботажа, објавува The Kiev Independent. Канцеларијата на државниот обвинител во Минхен и баварската полиција соопштија дека постојат сериозни индикации дека човекот ...
На стотици илјади луѓе во југозападна Јапонија им беше наредено да се евакуираат, а повеќе од 500 летови беа откажани денес поради приближувањето на тајфунот Делфин, кој носи силни ветрови, обилни дождови и високи бранови. Властите наредија евакуација на речиси 260.000 жители во областите Кагошима и Окинава, додека Тојота ги прекина операциите во девет фабрики. Властите очекуваат тајфунот Делфин да ја задржи својата сила додека се приближува ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две извршни наредби во нов, но потесен обид да го ограничи правото на државјанство по раѓање, обновувајќи го своето оспорување на Уставот на САД откако Врховниот суд го отфрли неговиот претходен обид. Новите наредби во голема мера ги заоструваат постојните правила и ги намалуваат исклучоците. Ограничувањето на правото на државјанство по раѓање е врвен приоритет во репресијата на републиканскиот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски падна на шестото место по довербата на земјата во водечките личности, според анкета на Институтот Созис објавена по протестите предизвикани од разрешувањето на министерот за одбрана Михајло Федоров. Само 18 проценти од испитаниците рекле дека целосно му веруваат на Зеленски, додека други 24,5 проценти рекле дека му веруваат донекаде. 17 проценти изразиле мала доверба, а 37 проценти рекле дека воопшто ...
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти војната со Иран наскоро ќе заврши и призна дека американската војска има ограничени залихи од некои видови оружје. „Мислам дека наскоро ќе заврши. Не мислам дека можат да издржат уште долго“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, осврнувајќи се на Иран. Неговата изјава доаѓа по пет месеци војна во текот на кои американската војска потроши голем дел од своите залихи ...
Денеска се навршуваат десет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица. Во незапамтеното невреме и катастрофалната поплава беа евакуирани илјадници граѓани, а животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва помеѓу загинатите е двегодишно дете од село Стајковци. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Голем дел загинаа на скопската ...
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова. Министерот Шасивари ја истакна значајната улога на Република Словачка во процесот на европска интеграција на Северна Македонија, особено преку активностите на Словачката асоцијација за надворешна политика, која придонесува кон развојот на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија. Националната конвенција ...
Во рамките на денешниот настан за потпишување на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговараше на новинарско прашање ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Канада за лошо управување со шумите и најави можни мерки поради чадот од големите шумски пожари што се прошири и во делови од САД. „Да управуваа правилно со шумите, немаше да има толку големи пожари“, изјави Трамп, додавајќи дека наскоро ќе ја соопшти својата одлука за евентуални санкции кон Канада. Но, научниците не се согласуваат со неговата оценка. Тие посочуваат дека сè почестите и ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека земјата е подготвена за мировни преговори во кој било формат и дека соработката со партнерите продолжува. Зеленски го изјави ова синоќа, во своето вечерно обраќање, пишува „Украинска правда“. Во своето обраќање, Зеленски детално зборуваше за контактите со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп. „Секојдневно сме во контакт со претставниците на претседателот Трамп, што ...
Во третиот голем руски напад врз Киев и околината оваа недела, најмалку 15 лица се убиени, а 51 се повредени. Ракети и беспилотни летала предизвикаа пожари во станбени згради, магацини и индустриски погони низ целиот главен град и регионот во текот на ноќта, објавува „Киев Пост“. Државната служба за вонредни состојби (ССВ) и градоначалникот Виталиј Кличко објавија податоци според кои 14 лица загинале, а 27 се повредени во регионот на Киев. Во ...
Дрон е забележан во близина на украински авион на германскиот аеродром Лајпциг/Хале во текот на ноќта, потврди НАТО, откако летовите беа суспендирани поради безбедносен инцидент. Според безбедносни извори, дронот бил опремен со експлозиви и детонатор и се приближил многу блиску до украински товарен авион Антонов. Неколку авиони, вклучувајќи патнички авион, беа пренасочени откако беше забележан неидентификуван летачки објект и беше пронајден ...
Фудбалски натпревар во Тајланд заврши со трагедија откако гром удри на теренот, при што загина 24-годишниот фудбалер Сафван Авае, а уште 12 играчи се здобија со повреди и изгореници. Снимките од натпреварот го покажуваат моментот кога силен блесок го осветлува теренот додека двете екипи играат на силен дожд. По ударот на громот настанале пламен и чад, а играчите и гледачите во паника почнале да бегаат. Авае останал без свест по ударот. ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека САД ја интензивираат борбата против мексиканскиот нарко-картел Картел де Халиско Нуева Генерасион (CJNG), оценет како една од најголемите закани за меѓународната безбедност. Стејт департментот нуди награди во вкупен износ од над 100 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на водачите и нивните соработници. Покрај тоа, САД воведуваат визни ограничувања за 65 лица и ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да издвои дополнителни 242 милиони долари за борба против епидемијата на ебола во Африка, соопшти американскиот Стејт департмент. Средствата, кои треба да ги одобри Конгресот, ќе бидат наменети за итно сузбивање на епидемијата, зајакнување на подготвеноста на земјите во регионот и хуманитарна помош. Истовремено, најавени се и 350 милиони долари хуманитарна помош за Демократска ...
Дванаесетгодишно момче од Србија денес е извлечено во несвест од морето во близина на Ханиоти на Халкидики, Грција, по што е вратено во живот со реанимација, а потоа е хоспитализирано. Како што објави „Прототема“, на момчето му е укажана прва помош од спасувачи кои извршиле реанимација откако е извлечено од морето. Потоа со брза помош е префрлено во здравствениот центар во Касандрa, каде што лекарите ја стабилизирале неговата состојба a ...
За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6%. Зголемувањето во Северна Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период, велат од ДУИ. Според партијата, ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно. „Дизел од 99,5 денари значи поскап транспорт, поскапа ...
СДСМ обвини дека Владата неодговорно постапува со состојбата со водата за пиење во Гостивар, по објавата на министерот за здравство Сашо Клековски дека официјалните резултати од анализата на водата ќе бидат познати до 20 август. „Како тогаш можеше да се тврди дека водата е технички исправна, ако анализите сè уште не се готови?“, прашуваат од СДСМ, оценувајќи дека Владата се обидува политички да ја претстави состојбата. Од партијата ...
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека граѓаните на Општина Гостивар со години пиеле небезбедна вода додека СДСМ била на власт и дека тогашните институции не ги информирале граѓаните за резултатите од анализите. Од партијата тврдат дека, иако во повеќе наврати анализите на водата од гостиварскиот водовод покажале небезбедна вода за пиење и зголемено присуство на колиформни бактерии, тогашната власт, како и Венко Филипче и локалните коалициски партнери, не ...
Се што говори талогот од СДС е спротивно од вистината, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешното обвинување од страна на СДСМ дека наводно се создава терен за прифаќање на француски предлог. „Хистеријата во СДС е на завидно ниво. Талогот од СДС веќе не знае што повеќе да излаже. Ќе ве потсетам, лажеа со години дека ќе банкротираме во 2024 година, во 2025 година. Еве сега сме ...
„Владата на Мицкоски подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз“, потенцираше Андреј Жерновски, член на ИО и секретар за меѓународна соработка на СДСМ. Жерновски посочи дека последните пораки и настапи на Владата јасно покажуваат дека пропаднати се сите обиди да се прикрие вистината ...
Скопје, 5 јуни 2026 година – Добро организираната кујна може да го направи секојдневното готвење значително полесно. Без разлика дали станува збор за складирање свежи намирници, подготовка на брзи вечери во текот на работната недела или чистење по семеен оброк, современите домаќинства сè повеќе бараат апарати што ги поедноставуваат домашните обврски и се прилагодуваат на начинот на кој луѓето живеат. Затоа, практичноста, флексибилноста и ...