Периодите на екстремна топлина стануваат сè почести, поинтензивни и подолготрајни, бидејќи климатските промени ја затоплуваат планетата, објави денес метеоролошката агенција на ОН. Таа потсети дека значајните промени започнале со жешкото лето во Европа во 1976 година. Делови од Европа го поминуваат својот петти топлотен бран ова лето, со суша, шумски пожари и рекордно високи температури. „Екстремните топлотни бранови стануваат сè почести, ...

Сириски суд денес го осуди поранешниот претседател Башар ал-Асад на смртна казна откако го прогласи за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на граѓанската војна. Братучедот на Асад, Атеф Наџиб, исто така, е осуден на смрт во истиот судски процес. Судот го смета за одговорен за репресијата во јужната покраина Дара, која му претходеше на востанието и последователната граѓанска војна. Наџиб ја слушна ...

Спасувачите во Колумбија извлекоа бебе од урнатините на станбена зграда што се урна по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,4 степени што го погоди западниот дел од земјата во понеделникот. Еден од спасувачите рече дека бил на околу еден и пол блок од зградата кога се урнала. Потоа еден човек извикал од купот бетон, велејќи дека е заробен со бебето. Неколку луѓе почнале да отстрануваат делови од урнатините со рацете за да стигнат до ...

„ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и работи во интерес на сите граѓани. За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветуваше дека ќе обезбеди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. Ветено, реализирано. И наместо 5000 денари Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача ...

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците од дипломатскиот спор веќе ги чувствуваат патниците. Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, ја оцени одлуката на Шпанија за воведување противмерки и сукцесивни проверки за патниците од Италија како „несфатлива и целосно неприфатлива“. Овој потег на Мадрид следуваше откако Рим од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова голема воена офанзива. Тој рече дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат „полуинтензивно“ и дека САД ја следат тешката економска состојба во Иран, кој се соочува со огромна инфлација и недостиг на пари. Трамп додаде дека американската поморска блокада дополнително ја влошила економската криза во ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, подготвува тајна мобилизација од големи размери и планира да распореди десетици илјади севернокорејски војници на руска територија, предупреди украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Зеленски рече дека Путин бара начини да го зголеми бројот на војници без официјално да прогласи мобилизација бидејќи, според него, сè уште не успеал да обезбеди победа во Украина. „Размислува како да го измами сопствениот ...

Според првичните информации и најавите од надлежните, денес се очекува одлука дали водата од гостиварскиот систем може повторно да се користи за технички потреби. Последните контроли по хиперхлорирањето на мрежата наводно покажале подобри резултати, но потребна е официјална потврда од здравствените институции. Дозволата за техничка употреба не би значела дека водата автоматски е безбедна за пиење, готвење или подготовка на храна. За тоа ќе ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај дизелот ...

АБЦ/Мондано тениски клуб е место каде љубовта кон тенисот се развива преку квалитетни тренинзи, посветена работа со играчите и услови што овозможуваат вистинско спортско уживање. Со своите одлични терени и професионален пристап, клубот одамна е препознаен како место каде се учи тенис, се гради спортски дух и се создаваат здрави навики. Но, АБЦ/Мондано не е само добар тениски клуб со одлична инфраструктура. Тој е и пример за тоа како ...

„Власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО на официјална државна прослава го згрешија македонското знаме. Наместо сонце со осум краци – поставија верзија со дванаесет. Наместо да им се извинат на граѓаните, наместо да кажат кој е одговорен, наместо да објаснат колку народни пари се потрошени за овој нациоален срам – прво пробаа да го претстават како ‘уметничка инсталација’“, велат од СДСМ. „Потоа повторно се вратија ...

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје ја претстави новата дигитална платформа „Пратеници.мк“, која им овозможува на граѓаните, новинарите, истражувачите и организациите на граѓанското општество полесен пристап до отворените податоци за работата на Собранието. „Интерактивниот панел ги претвора сложените и технички формати на собраниските отворени податоци во прегледни и лесно пребарливи информации. Корисниците можат да ги ...

Украински дронови рано утрово погодија две големи руски рафинерии за нафта – Сизрањ во Самарската област и Илски во Краснодарскиот крај. Во двата објекта избувнале пожари. Во рафинеријата во Сизрањ избувнал пожар од големи размери, откако локалните жители пријавиле десетина експлозии меѓу 3:50 и 4:30 часот. Над постројката се издигнал густ црн чад. Гувернерот на Самарската област, Вјачеслав Федоришчев, потврдил напад врз „едно од ...

Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, при што се повредени шест лица, а повеќе од 50.000 објекти останаа без електрична енергија. Кина во меѓувреме затвори пристаништа и го прекина траектниот сообраќај во пресрет на очекуваното пристигнување на тајфунот на нејзиниот источен брег. Пет постари лица се повредени на Окинава, од кои три паднале поради силниот ветер, додека уште едно лице е повредено во префектурата ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го отфрла најновиот мировен план за Газа, поддржан од САД, и бара целосно разоружување на Хамас пред какво било повлекување на израелските сили. „Израел го отфрла документот од 15 точки“, изјави Нетанјаху, додавајќи дека израелската армија нема да се повлече додека Хамас целосно не се разоружа. Нетанјаху истакна и дека додека тој е премиер, нема да биде воспоставена палестинска држава ...

Мнозинството руски медиуми во извештаите за посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија ја истакнуваат изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека со Зеленски не разговарал за воена соработка. Агенцијата ТАСС додава дека Вучиќ, сепак, ја оставил отворена можноста за таков дијалог по завршувањето на конфликтот. „Денес, во сегашните околности, не разговаравме за никаква воена соработка. Што ќе се случи по ...

Извлечени се телата на пилотот и копилотот чиј хеликоптер експлодирал и се урнал по судир со друг хеликоптер за време на мисија за гаснење шумски пожар во Грција, соопшти грчката противпожарна служба. Според државната телевизија ЕРТ, пилотот бил дански државјанин, а копилотот Грк. Со нивната смрт бројот на загинати во шумските пожари во Грција се искачи на пет, откако минатата недела тројца пожарникари загинаа на Крит и на Пелопонез. ЕРТ ...

Соопштение на СДСМ интегрален текст: Христијан Мицкоски денеска објави видео по повод 35 години независност на Македонија. И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ. Во видеото е Киро Глигоров. Во видеото се најголемите државни успеси на Македонија. Во видеото само недостасува влезот во НАТО, како и почетокот на преговорите со ЕУ. Сè што е позитивно и државотворно во тие 35 години, е дело на СДСМ. Ниту еден вистински ...

Институтот за јавно здравје објави препораки за заштита од топлото време за лицата над 65 години. dobivaj vesti na viber Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Зошто? Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. ...

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме, обвинија од СДСМ. „Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога ...

На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањето од СДСМ дека на вчерашниот концерт за 35 години независност било погрешено македонското знаме. „Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Најновите податоци на Евростат покажуваат дека Северна Македонија е меѓу земјите кои бележат најголемо подобрување на куповната моќ на граѓаните во Европа. Иако според номиналната минимална плата земјата се наоѓа во долниот дел од европската ранг-листа, сликата значително се менува кога ќе се земе предвид реалната куповна моќ на платите. Според пресметките врз основа на стандардот на куповна моќ (PPS), Македонија напредува од 24-то на 16-то ...

На комеморативен настан вчеравечер во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните поплави што ја погодија Општина Гази Баба. „Денес, со длабока почит, се поклонивме пред споменот на сите оние кои ги загубија своите животи во катастрофалните поплави што во 2016 година ја погодија Општина Гази Баба. Десет години подоцна, болката не е помала. Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали ...

СДСМ денеска повторно побара реакција од Обвинителството во врска со состојбата со водата во Гостивар, обвинувајќи ги надлежните институции и власта дека давале контрадикторни информации за нејзината исправност и безбедност. Од опозициската партија се повикуваат на изјави на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, според кои во водата биле утврдени „многу различни бактерии и вируси“, и прашуваат за уверувањата дека ...

Кај повеќе од 240 луѓе низ Европа годинава е потврдено дека се заразени со вирусот Западен Нил, според неделниот извештај што во петокот го објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). ЕЦДЦ наведува дека 139 случаи се регистрирани во Италија, а 61 во Грција. Другите случаи на зараза се регистрирани во Шпанија, каде што има 17, додека во Македонија забележана е бројката од 13 лица. Според последните информации со кои ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, објави видео по повод 35 години македонска независност. „Силно светнал ден! 35 години независност“, напиша тој на Фејсбук. Во видеото се прикажани некои од најзначајните моменти и личности во историјата на независна Македонија, а главен лик во видеото е Игор Џамбазов./Извор:Makfax Премиерот, Христијан Мицкоски, објави видео по повод 35 години македонска независност. „Силно светнал ден! 35 години независност“, ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија со загриженост констатира дека „се појавува пракса во која Владата систематски одбива да одговара на новинарски прашања и го ограничува пристапот до информации од јавен интерес. Истата се повтори и на вчерашниот настан на кој владиниот Пи-ар одговараше селективно на новинарски прашања“. „Обврска на Владата е да комуницира транспарентно со јавноста. Молкот не смее да биде ...

Најмалку седум лица се убиени, а неколку други се повредени во пукање во училиште во Тајланд, објавија локалните медиуми во петокот. Според весникот „Каосод“, повикувајќи се на локалните власти за управување со катастрофи, се верува дека меѓу загинатите се тројца наставници, тројца ученици и еден малолетник напаѓач. Мотивот за нападот сè уште не е познат. Се верува дека напаѓачот бил ученик во училиштето Пукањето се случило во петок наутро во ...

Во пресрет на Меѓународниот ден на мачките, кој се одбележува утре, 8 август, Туркије ги поканува странските туристи да ја откријат една од најавтентичните приказни на Истанбул, градот во кој мачките, покрај тоа што се миленици, се и негови вистински жители, соседи и популарен симбол на неговиот дух. Покрај светски познатите знаменитости, како што се Аја Софија, палатата Топкапи, кулата Галата и Босфорот, Истанбул има уште еден свој заштитен ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Цинк

3.76