Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Аеродромот Катанија во Сицилија ќе остане затворен до 2 часот наутро во петок поради вулканска активност на Етна, објави германската новинска агенција dpa. Затворањето на аеродромот беше повторно продолжено во среда, само неколку часа откако компанијата што го управува соопшти дека летовите ќе останат суспендирани до 16 часот во четврток. Не се исклучуваат дополнителни продолжувања. Прекинот се случи во средината на врвот на туристичката ...
Борово дрво падна врз туристи на плажата Балустрада во Цриквеница, Хрватска, јавува „Вечерњи лист“. Повредени се две деца и две возрасни лица. Според информациите од надлежните служби, ниту едно од повредените лица не е животно загрозено, а тие се пренесени во Клиничкиот болнички центар Риека. Уште неколку лица со полесни повреди биле згрижени на местото на настанот. Од Полицијата на Приморско-горанската жупанија потврдиле дека пријавата за ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека нема да им служи на големите сили, туку само на Србија бидејќи, како што нагласи, негова работа е да се грижи за земјата што ја претставува. „Јас нема да му служам на никој – ниту на Англија, ниту на Германија, ниту на Америка, ниту на Русија… Ѝ служам само на Србија. Научете го тоа веќе еднаш. Нема да бидам ничија марионета. Јас сум Србин и српски претседател, и запомнете го тоа еднаш ...
Реализацијата на инфраструктурните проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура, продолжува во општина Илинден. Денес се работи на асфалтирање на улица „5“ во населено место Кадино. Со градежните работи се асфалтира дел од улицата во должина од 310 метри. Асфалтирањето се врши поради оштетување на коловозот настанато при изведба на работи за изградба на примарна мрежа и приклучни краци на фекална канализација во вкупна должина од ...
Севастопол, пристанишен град на Кримскиот полуостров анектиран од Русија, повторно остана без електрична енергија по украинските напади со беспилотни летала, соопштија руските власти рано утрово. Михаил Развожаев, гувернерот на Севастопол поставен од Москва, изјави дека градот останал без електрична енергија по „масивниот“ украински напад, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Напади со дронови Тој рече дека руските сили го одбиваат ...
Двајца американски војници загинаа во среда откако хеликоптер „Апачи“ што припаѓаше на воената база Форт Худ се урна на поле во Тексас, предизвикувајќи пожар, соопштија официјални лица. Несреќа во округот Бел Несреќата се случи во округот Бел, околу 100 километри северно од главниот град на Тексас, Остин, изјави Клиф Колман, портпарол на шерифот. Окружниот мртовечник ги прогласи двајцата членови на екипажот за мртви, додаде Колман. Реакции на ...
Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година. Физички и правни лица со недвижен имот на територијата на Општина Центар, ќе бидат обештетени согласно донесениот Правилник, исклучиво за оштетени кровни конструкции и фасади на индивидуални и колективни објекти за домување. „Уште од ...
Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. „Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите. Ова е четврти случај ...
По повеќе од три децении најави и застои, железничкото поврзување на Македонија со Бугарија влегува во фаза во која проектот добива и конкретна финансиска конструкција и јасен план за реализација. Третата делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до бугарската граница, е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што треба да ја промени позицијата на земјата во регионалниот транспорт. Делницата е долга 22 километри, но нејзината изградба ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД имаат целосна контрола над стратешки важниот Ормутски теснец и дека ќе ја задржат. „САД имаат целосна контрола над Ормутскиот теснец. Мислам дека ќе ја задржиме“, напиша Трамп на „Truth Social“. Тој додаде дека американската поморска блокада ја нарекуваат „челичен ѕид“ и дека Иран не може ништо да направи против неа. Иран, од друга страна, тврди дека контролира поголем дел од пловниот пат ...
Летувањето во Грција се претворило во вистинска драма за едно српско семејство, кое тврди дека сопственик на вила ги исфрлил од сместувањето и им задржал 290 евра за преостанатите денови од престојот. Случајот анонимно беше објавен во Фејсбук-групата „Grčka Info“, каде авторката детално опиша што се случило, пишува „Телеграф.рс“. Според неа, сè започнало кога бебето на нивни пријатели, сместени во соседна вила во истиот двор, ненадејно се ...
Во белградската населба Звездара, ноќеска околу 3 часот одекнала силна експлозија, откако засега непознато лице фрлило експлозивна направа, дознава „Телеграф.рс“. Според првичните информации од теренот, најверојатно станува збор за рачна бомба М-75. Полицијата на местото на инцидентот разговарала со А.О. (24), жител на зградата пред која се случила експлозијата, кој и претходно бил евидентиран во полициските досиеја и бил осудуван. Тој во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја оствари својата прва официјална посета на Белград, соопшти кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Деталите за посетата не беа откриени, а вчера, најавувајќи го доаѓањето на украинскиот шеф на државата, Вучиќ им рече на новинарите дека имаат „неколку теми“, вклучувајќи го и европскиот пат на Украина и Србија. „Се соочуваме со истите проблеми на тој пат, па верувам дека ќе ...
Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор од шпицот во август кон септември, а позицијата на Хрватска на оваа листа веднаш покрена прилично жестока дебата на интернет. Колку може да се заштеди доколку летувањето се помести од август за септември? Анализата на стотици илјади туристички понуди покажа големи разлики меѓу ...
Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1.322 сообраќајни прекршоци, а 32 лица се уапсени за безобѕирно управување на возило. „Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале ...
УХМР за наредните денови најави пороен дожд, грмежи и локално невреме. Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени, информира УХМР. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата./Извор:Makfax УХМР за наредните денови ...
„Деновиве слушаме: трета економија сме во Европа, први во туризмот, најдобри во авио-сообраќајот, најбрзо растечки плати и пензии. Фактите се поинакви. Потрошувачката кошница изнесува 70.000 денари. Минималната плата е 26.000 денари. Просечната плата е околу 49.000 денари“, велат од СДСМ. „На млад човек што нема стан му требаат околу 90.000 денари само за основни трошоци за живот. И сега народот „не разбира“. Мицкоски ќе ни нацрта на табла – ...
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години започна процес на целосна модернизација на македонското здравство кое со години беше во лоша состојба застарена инфраструктура без опрема и многу наталожени проблеми. Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави конкретни инвестиции во македонското здравство. Денес се реализираат проекти што создаваат подобри услови за пациентите и медицинските работници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во изминатиот период целосно се ...
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии, извести Министерството за дигитална трансформација. Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти. ...
Според проценките на шпанските власти, околу 460.000 луѓе отпатувале во Шпанија за да го набљудуваат целосното затемнување на сонцето денес, а хотелите во таа земја објавија дека патници од многу земји од светот го резервирале својот смештај неколку месеци однапред. Се очекува дека повеќе од 300.000 од нив ќе се упатат кон градовите и селата во рурална Шпанија за да го бараат најдоброто место за набљудување на затемнувањето на сонцето, а ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во училиштето „Св. Кирил и Методиј“, каде што се изведува реконструкција на фасадата и замена на целокупното внатрешно осветлување. Овој капитален зафат, финансиран преку заем од Светска банка, ќе придонесе за значително зголемување на енергетската ефикасност на објектот. „На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова целосна енергетска ...
Над 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчеле, Гостиварци заслужуваат да знаат зошто СДС и Филипче ништо не превзеле, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не превзеле никаков чекор иако знаеле за загадената вода во Гостивар. Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска се закани дека ќе заплени бродови од европските земји. Неговата објава е одговор на плановите за продажба на товар од пресретнати руски бродови што припаѓаат на таканаречената „флота во сенка“, објавува Euronews. Заканата беше поттикната од пресретнувањето на неколку бродови што превезуваат руска нафта, со што се прекршени европските санкции наметнати врз клучните извори на приходи на Москва. ...
Соопштение на Град Скопје: Со цел да се унапреди еднаквоста меѓу учениците и да се обезбедат подобри услови за образование, се воведува мерка за доделување бесплатни униформи за сите ученици запишани во прва година во средните училишта. Оваа мерка има за цел да ги намали социјалните разлики, да го олесни финансискиот товар на семејствата и да придонесе кон создавање училишна средина во која знаењето, трудот и успехот се единствените ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност. Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително и пораки со кои се повикува на негово елиминирање и смрт. ...
Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот“. Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност. Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток, соопшти Министерството за здравство. ...
Колку јавноста навистина е запознаена со сите факти поврзани со случајот „Мазут“, кој со месеци е една од главните теми во македонските медиуми? За да се добие целосна слика, потребно е случувањата да се разгледаат хронолошки, преку официјалните извештаи, вештачењата, исказите на сослушаните лица и економските показатели од периодот кој беше предмет на истрагата. На 9 ноември 2021 година Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со ...
Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат. Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни – сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода, велат од СДСМ. Обвинија дека премиерот ниту еднаш не отишол во Гостивар од појавата на епидемијата. „Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари. Во тие пет недели ...
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека за прв пат во својата историја, Русија не може да води војна без поддршка од Северна Кореја. Тој предупреди дека Москва, исто така, му помага на Пјонгјанг да го подобри своето оружје и борбени способности. Зеленски рече дека Москва се подготвува да распореди дополнителен севернокорејски воен контингент на руска територија и дека добила нова пратка балистички ракети од Пјонгјанг, објави „Киев пост“. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник потпиша извршна наредба со која се бара намалување на бројот на вакцини препорачани за деца, ограничувајќи го распоредот за вакцинација на 11 вакцини. Нов распоред за вакцинација и поделба на MMR вакцината Наредбата, исто така, препорачува поделба на комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (MMR) на три одделни дози што ќе се даваат за време на одделни посети на лекар. ...