Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Односите меѓу Кина и Северна Кореја „влегуваат во нова историска ера“, изјави кинескиот претседател Ши Џинпинг во понеделник, според државните медиуми во регионот, пред да пристигне во Пјонгјанг на ретка средба со лидерот Ким Џонг-ун. Политиката на Кина е да развива врски со Северот, и ние сме цврсти во тоа, и двете страни ќе ги зајакнат размените во сите области, изјави Ши за весникот „Родонг Синмун“ пред посетата, која се смета за значајна ...
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас повика на смиреност откако Иран и Израел разменија напади. „Видовме уште една ескалација преку ноќ. Мислам дека на регионот не му е потребна ескалација, туку страните да седнат на преговарачка маса и да постигнат договор“, рече Калас, според АФП./Извор:Makfax Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас повика на смиреност откако Иран и Израел разменија напади. „Видовме уште една ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека иако „големиот договор“ со Иран се чини неизбежен, Вашингтон останува подготвен да дејствува доколку дипломатијата не успее. „Подготвени сме да направиме сè што е потребно за да се осигураме дека Иран никогаш нема да добие нуклеарно оружје“, изјави Хегсет за новинарите додека го напушташе Париз. Американците тврдат дека договорот е неизбежен Тој рече дека американскиот претседател ...
Најмалку 15 лица загинаа во силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени во јужните Филипини, а спасувачките операции се во тек откако се урнаа неколку згради. Епицентарот на земјотресот беше југозападно од Масим во покраината Сарангани на јужниот остров Минданао, објави Институтот за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs). Земјотресот беше силно почувствуван и во градот Генерал Сантос, дом на околу 70.000 жители. Најмалку 15 лица загинаа, а ...
Цената на нафтата се намали откако Иран и Израел соопштија дека ги запираат нападите, по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за итно смирување на ситуацијата. Брент нафтата на лондонскиот пазар поевтини за околу еден процент, на 93,34 долари за барел, додека американската WTI падна за 1,2 проценти, на 90,17 долари. Со ова речиси се стопија добивките од претходниот ден, кога цените нагло пораснаа поради новите напади и ...
Израелските воздухопловни сили пресретнаа дрон од Јемен над јужен Израел, соопшти војската рано утрово. Војската на Икс соопшти дека инцидентот во воздушниот простор над градот Еилат на Црвеното Море завршил, без да прецизира која група ја смета за одговорна за нападот со беспилотното летало. Хутите, проиранска вооружена група што дејствува во Јемен, ја презедоа одговорноста за нападот врз Израел во понеделник, во кој беа вклучени неколку ...
Во руските воздушни напади врз регионот Харков во источна Украина загинаа четири лица, а околу 15 се повредени, изјави вчера гувернерот на регионот Олех Синехубов на Телеграм, додавајќи дека службите за итни случаи работат на гаснење на пожарот. Во Чугуев, три жени на возраст од 22, 56 и 70 години, како и еден 56-годишен маж, беа убиени во „непријателски напад“, рече Синехубов. Во градот Харков, 15 лица беа повредени во воздушните напади, ...
Специјалното обвинителство за борба против корупцијата во Албанија започна истрага за проект за луксузното одморалиште поврзано со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, додека протестите на граѓаните и еколошките групи против проектот продолжуваат. Проектот го вклучува ненаселениот јадрански остров Сазан и неколку стотици хектари од заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, чувствителен крајбрежен мочуришен екосистем кој е дом ...
На преминот на Широк сокак кај плоштадот „Гоце Делчев“ во тек се активностите за поставување на пешачки семафори кои треба да го олеснат преминувањето на пешаците преку оваа сообраќајница, во периодот кога таа не е затворена за сообраќај. Деновиве, со интензивни работни активности после полноќ, се врши бележење на коловозот од страна на ЈП „Паркинзи“, согласно основниот сообраќаен проект за воведување на светлосни знаци за управување со ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје дека денес, 05.06.2026 година, е последен ден од акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Најголемите национални предавства и порази се случија токму додека СДС беше власт, промена на името, промена на знамето, уставни измени, и сите овие оставија последици врз националното достоинство. Од СДС повторно, дури и во опозиција, испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки. Јавноста се изнаслуша изјави дека СДС се подготвени да ја редефинираат македонската историја, а Филипче гордо вели дека тој ќе ги ...
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Меѓународен аеродром Скопје денеска (08.06.2026) во 11:30 часот го лишија од слобода лице. (26) од Тетово, поради сомнение за кривично дело ,,разбојништво” по член 237 од Кривичниот законик. Имено, претходно во текот на ноќта, во 02:00 часот во СВР Тетово, вработениот Г.С.(38) од Тетово пријави дека во спортска обложувалница во Тетово, едно лице со закана со остар предмет одзело ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола, двајца под дејство на алкохол и еден и покрај тоа што имал активна забрана. Три лица во Битола возеле без возачка дозвола, по две во Кочани и Скопје и по едно лице во Тетово, Демир Капија, Струга, Дебар и Прилеп. Едно лице во Делчево и едно лице во Велес ...
Соопштение на СДСМ: Додека криминалната група ВМРО и Мицковски ја водат земјата во изолација, секојдневно ја задолжуваат и го блокираат патот кон Европа, ЗНАМ го напаѓа СДСМ. Исто како што прават и нивните нарачани анкети – кога немаат што да покажат, ја напаѓаат единствена реална опозиција. Исто така и Орбан нарачуваше анкети. Еве и Вучиќ сега го прави тоа. Она што им е јасно на сите е дека по падот на нивниот голем татко, на ред се и овие ...
Во рамките на 69. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на 9 јуни 2026 година (вторник), со почеток од 12:00 часот во Сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи Јавна расправа по Предлогот на закон за парничната постапка. Целта на Предлогот на закон за парничната постапка е да се уредат прашањата кои создаваа проблеми во примената на законот, како: вештачењето, доставата, забрзување на постапката во споровите од мала ...
Соопштение на СДСМ: Владата на Мицкоски објави „10 милијарди евра за инфраструктурни проекти во наредните 10 години“. Ова не е развојна стратегија. Ова е нова должничка замка за граѓаните. Мицкоски веќе и додаде на Македонија преку 2,3 милијарди евра нов јавен долг за нешто повеќе од две години. Ако се реализира и дел од овие најави, долгот ќе надмине 12-13 милијарди евра, само нов долг. Тоа значи повисоки камати, поскапо задолжување и ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски почна да го користи молдавскиот воздушен простор за летови кон Европа, објави украинскиот портал „Strana.ua“ на својот Телеграм канал. Според тој медиум, Зеленски претходно го користел полскиот аеродром Жешов-Јасионка за меѓународни патувања, кој од почетокот на конфликтот во Украина игра важна логистичка улога за Киев и неговите западни сојузници. Сепак, на 7 јуни, како што е наведено, тој отпатувал ...
До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. Од петок ќе дува ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните и југоисточните делови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температури по региони: Северозапад: 10°C | 23°C Југозапад: 11°C | 26°C Пелагонија: 10°C | 29°C Скопски регион / ...
Соопштение на Левица: Кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, проектот со „Бехтел и Енка“ беше претставуван како симбол на криминал, нетранспарентност и штетно трошење на народните пари. Граѓаните слушаа ветувања дека договорот ќе биде репреговаран, дека ќе се утврди одговорност и дека ќе се стави крај на практиките кои ја чинат државата милијарди евра. Денес, наместо репреговарање, гледаме нешто сосема спротивно. Истата власт која ветуваше ...
Нестабилноста продолжува во југозападните делови. Во Охридско-преспанскиот регион има појава на засилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на суградица. Северозападно од Крушево и североисточно од Македонски Брод има пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица. Од УХМР најавуваат дека во пладневните часови, особено во југозападните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ: Гледајќи низ призмата на историјата, најголемите предавства ги има направено СДС. Од менување на име, знаме, Устав, за денес повторно СДС да се спремни за ново предавство на чело со Филипче. Овој пат не било какво предавство туку најстрашното за македонскиот народ, а тоа е редефинирање на историјата, негирање на јазикот и идентитетот. Се она што сме го учеле и пренесувале од колено на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на брифинг со новинарите соопштил нови податоци за движењето на расположението на граѓаните. Според објавените податоци ВМРО ДПМНЕ има рејтинг од 25,2 проценти, додека СДСМ има 8,6 отсто поддршка кај граѓаните. Потоа следуваат ДУИ со 8,1% , ВЛЕН со 6,8 проценти и Левица со 6,2 проценти и знам со 2,3 отсто, објавија медиумите. Премиерот Христијан Мицкоски денеска на брифинг со новинарите соопштил нови ...
Македонија ќе добие шест нови автопатски решенија. Проекциите се дека истите ќе бидат завршени до крајот на 2027 година, истакна денеска на брифинг со медиумите премиерот Христијан Мицкоски. Автопатот Кичево-Охрид продолжува да се гради, финансии во висина од 175 милиони евра се обезбедени од домашни банки, а делницата Извор-Врбјани ќе биде пуштена до октомври, додека делницата Врбјани-Ботун е веќе пуштена во употреба. Веќе во периодот од ...
Соопштение на СДСМ: Мицкоски самиот се фали колку многу му пораснал рејтингот. Дали затоа што растат цените во маркетите, продавниците и на пазарите затоа расте и рејтингот на Мицкоски? Или можеби рејтингот на Мицкоски пораснал затоа што работниците имаат најниски плати во Европа и најмала минимална плата во регионот? Или затоа што натовари нови 2,5 милијарди евра нови долгови на грбот на народот а странските инвестиции паднаа за 60%? Можеби ...
Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата ја одразува заложбата на Владата за подобрување на здравствените услуги и ...
Колку пати ви се случило телефонот да ви се исклучи во најлошиот можен момент? Можеби токму во тој момент кога треба да повикате превоз по излегување, или пак додека се обидувате да го доловиш совршеното зајдисонце за вашето стори и одеднаш екранот едноставно поцрнува. Сите сме биле во таква ситуација, кога панично бараме полнач во некој кафе бар или пак со себе носиме екстерна батерија која ни ја зафаќа цела чанта. Со серијата Galaxy A, ...
На 07.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(47), лице(32), лице(28), лице(27), лице(27), сите од Скопје и лице(26) од САД затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 07.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од ...
Со новата платформа „Твоја држава, твоја шанса“, лансирањето на „Скопската иницијатива“, обединувањето околу Фронтот за вистина и правда и усвојувањето на новата програмска рамка, СДСМ отвори нова етапа на политичко дејствување, соопштија од СДСМ. – Но, промените не се случуваат само на програмски и политички план. СДСМ паралелно се зајакнува кадровски и организациски, отворајќи простор за нова енергија, нови идеи и нови луѓе, велат од СДСМ. ...