Соединетите Американски Држави извршија нова серија напади врз иранските воени позиции во близина на Ормускиот теснец, по падот на американскиот хеликоптер AH-64 „Апачи“ во близина на брегот на Оман. Централната команда на САД објави дека нападите биле извршени по наредба на претседателот Доналд Трамп и дека биле насочени кон иранските системи за воздушна одбрана, контролните станици и радарите за надзор. Вашингтон ја претстави операцијата ...

За време на посетата на Даблин, високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, истакна дека ирското претседателство со Европскиот совет, кое започнува во јули, доаѓа во „важно време за Европа“ и рече дека приоритетите на ирското претседателство се токму она што ѝ е потребно на Европа. „Приоритетите на вашето претседателство го одразуваат точно она што ѝ е потребно на Европа – одбрана на нашите вредности, зајакнување на нашата безбедност и ...

Од Советот на амбасадори сопштија дека со особено внимание ги проследија неодамнешните иницијативи поврзани со иднината на политиката на проширување на Европската Унија, вклучително и заедничкиот германско-француски нон-пејпер претставен на Самитот во Тиват минатата недела. Овој документ, како што велат, претставува прво формализирање на идеи кои во изминатиот период беа артикулирани низ повеќе иницијативи и политички настапи во рамки на ЕУ, ...

Довербата меѓу Европејците во Соединетите Американски Држави како гарант за безбедност е на историски ниско ниво, при што само еден од десет граѓани во 15 европски земји ги гледаат САД како сојузник. Анкетата, исто така, покажа дека мнозинството испитаници во сите анкетирани земји се сомневаат дека Америка ќе им помогне во случај на напад, објавува „Гардијан“. Анкетата, објавена денес од страна на тинк-тенкот Европски совет за надворешни ...

Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на претседателот на Русија за инвестиции и економска соработка со странски земји и генерален директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, иронично ги покани „вонземјаните“ да помогнат во убедувањето на британскиот премиер Кир Стармер да поднесе оставка. Дмитриев објави порака на социјалната мрежа Икс во која, со сатиричен тон, им се обрати на странските цивилизации кои, како што наведе, се ...

Силно невреме на југот на Холандија собори дрво кое падна врз автомобил и го уби возачот во Бокстел, а градот што падна во покраината Северен Брабант предизвика голема штета на камп во Рамсдонк, објавија денес локалните власти. Комуналната служба во општина Бокстел објави дека возачот во тој град бил убиен од скапано дрво во вторникот попладне, кое било соборено врз автомобилот од силен ветер, и дека сите високи дрвја во областа ќе бидат ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е „отворено прашање“ дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (76) сака да ја продолжи својата политичка кариера. Трамп изјави за „ABC News“, кога го прашаа дали Нетанјаху ќе учествува на претстојните избори во Израел, дека не знае и дека „се прашува дали Биби воопшто сака да продолжи“. „Тој имаше неверојатна кариера. Дали сака да продолжи? Затоа што, знаете, тој е премиер во воено време. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормускиот теснец ќе биде отворен штом ќе се потпише „голем договор“ за војната во Иран, што, како што рече, го очекува во следните неколку дена. „Тукушто постигнавме голем договор за војната со Иран. Теснецот официјално ќе се отвори штом ќе го потпишеме, што би можело да биде наскоро, можеби во текот на викендот во Европа“, објави Трамп во Овалната соба. Нападот е откажан Тој додаде дека ...

На 10.06.2026 во 02:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот Велес-Градско, патничко возило „шкода октавија“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(31) од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 59-годишна сопатничка Д.В. од Кавадарци, констатирани во Општа болница Велес. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна ...

На 10.06.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Лазар Трповски“ во Скопје, мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Ф.(23) удрило во 52-годишната Џ.Б., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Б., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 10.06.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје е ...

СВР Велес поднесе кривична пријава против лице (32) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 23.05.2026, откако бил лишен од слобода поради недолично однесување, пријавениот во службено возило физички нападнал полициски службеник и му нанел повреди. СВР Велес поднесе кривична пријава против лице (32) од Велес поради постоење основи на сомнение за ...

Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица. Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката ...

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 05 часот и 36 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Охрид и Струга, со интензитет од III степени според ...

Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, по исклучокот за Кавадарци, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле две лица. Според информациите, во несреќата учествувале патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Ж.Р. од Прилеп, и патничко возило „фолксваген голф“, исто така со прилепски регистарски ознаки, управувано од ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави избори многу скоро, без точно да открие дали мисли на редовните кои треба да се оддржат во 2028-ма или пак на предвремени за кои се шпекулира дека ќе бидат есенва или следната пролет. – „Политички умно е кога ќе влезете во втората половина од мандатот да бидете подготвени за било какви сценарија. Ние сме кажале дека нашата опција која ја преферираме како Влада се редовни избори во 2028 година, но сме ...

Соопштение на СДСМ: Мицковски денес изјави дека парламентарни избори ќе има многу скоро. Ова доаѓа откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори и дека мигрантите, односно економските работници нема да доаѓаат оваа година. Сега, одеднаш, изборите се „многу скоро“. Ова не е прв пат Мицковски да ја менува приказната според моменталната потреба. Има двајца Христијан Мицкоски. Едниот ќе го враќаше името, најавуваше поништување на ...

Во 2025 година се родени 15 932 деца вкупно, од кои живородени се 15 850, а 82 се мртвородени, информира Државниот Завод за Статистика. Бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1.3 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.7 %, односно на 100 живородени женски деца 106.9 се машки. Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се ...

Пожар од поголеми размери избувна попладнево на ридовите Клисабаир и Кумлак, кои гравитираат кон Штип и околните населени места. Ова доаѓа откако ноќеска беше локализиран пожарот на ридовите над градот, во месноста Плуждино. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој се наоѓа на терен, информира дека во гаснењето се ангажирани три „ер трактори“ со четворица пилоти. Според него, леталата досега извршиле по три ...

На 10.06.2026 во 17:00 часот во ОВР Прилеп, полициски службеници од Шумска полиција Прилеп пријавиле дека при преземање на службени дејствија во атар на с.Гостиражни, прилепско, биле физички нападнати од три лица, при што еден шумски полицаец со службениот пиштол испукал еден предупредувачки истрел во воздух, а лицата го напуштиле местото. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 10.06.2026 во 17:00 часот во ОВР Прилеп, полициски ...

На 10.06.2026 во 17:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.У.К.(23) од Обединето Кралство, удрило во метална ограда и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 23-годишна сопатничка Б.А. од Обединето Кралство, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа ...

Денеска, во Собранието се одржа работна средба помеѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и група студенти и професори од Универзитет во Амстердам, Холандија. Средбата се одвиваше во конструктивна и интерактивна атмосфера, при што студентите покажаа голем интерес за актуелните политички и општествени состојби во земјата. Во текот на разговорот беа отворени повеќе значајни теми, меѓу кои: односите со Бугарија, ...

Соопштение на СДСМ: Од Софија до Атина за шест часа – брз воз ќе јури низ Европа. Скопје не е на картата. Ваква е изолацијата што ја води Мицкоски и неговата банда. Додека најавуваат нови инвестиции во железницата, Македонија останува исклучена од европските инфраструктурни планови. Целиот проект што моментално се реализира е во интерес на Вучиќ и на Кинезите. Само тие имаат корист од овие планови. Затоа и Стоилковиќ, првиот соработник на ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави: „Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5%. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1%, а со усогласени вредности 3,3%, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори четвртата седница на Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за поддршка на ...

Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната ...

Комисијата за одбрана и безбедност на 42. седница на 12 јуни 2026 година (петок), во 10:00 часот во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на закон за оружјето. Со Предлог-законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница на оружје, ...

Размената на информации помеѓу Царинските управи на Западен Балкан и ЕУ пред да пристигне стоката на самите гранични премини ја зголемува довербата меѓу државите, што е клучно за олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста на нашите економии. Преку воспоставување на ваквиот концепт, или таканаречени „зелени ленти“ ја покажуваме нашата подготвеност за пристапување во единствениот пазар на ЕУ, особено во областа на ...

Во период од 9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје, се одржа Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер“. На конференцијата учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави, (Националната гарда на Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. Aрмиска команда за обука и 2. Коњички полк), претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Република Северна Македонија и ...

Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската Бизнис Заедница. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридор 10 и кракот 10 ...

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски: „Добар ден и од мене, секој ден се трудиме дел од оние проекти коишто ги започнавме да ги завршуваме, полека но сигурно со пролетта сега и со летото голем дел од тие проекти коишто се почнати се финишираат и ќе го добиваат она светло коешто го заслужуваат. Еден од тие објекти е и оваа спортска сала, отприлика вака како што е конфигурирана е со капацитет од илјада гледачи. Гледате условите се навистина ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Злато

135639.33