Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
– Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B настани и B2B средби, односно тоа што го отпочнавме во Унгарија и тоа што го продолживме во Австрија, потоа со хрватската бизнис заедница на билатералната средба во Охрид, го продолжуваме сега овде во Истанбул, изјави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Истанбул, Турција каде учествува на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави. – Нашата цел е нашата ...
Креирањето на силен систем за социјална заштита кој ќе испорача вистинска грижа за најранливите категории на граѓани, а истовремено ќе обезбеди и спречување на злоупотреба на истиот е приоритет кој Министерството за социјална политика, демографија и млади го постави како врвен приоритет со доаѓањето на оваа Влада. Ги земаме предвид наодите од извештајот на Државниот завод за ревизија и сметаме дека токму ваквите констатации ја потврдуваат ...
„Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем“ рече министерот Владо Мисајловски, денеска, (12 јуни) на свеченоста по повод одбележување на Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во ...
На денешната седница на Советот на Град Скопје, преку усвоениот Ребаланс на Буџетот, беа обезбедени 50 милиони денари за изградба на нова противпожарна станица за потребите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Новата станица ќе биде лоцирана во општина Аеродром, во близина на Центарот за јавно здравје, и претставува значајна инвестиција во безбедноста на граѓаните и унапредувањето на условите за работа на скопските ...
По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога којашто државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција. По пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршија контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна содржина. Повикан е мобилен ...
На 11.06.2026 во 10:20 часот во ОВР Гостивар, С.А.(29) од село Врапчиште, гостиварско, пријавила дека на 10.06.2026 околу 10:00 часот во селото, нејзините две малолетни деца биле физички нападнати од двајца други малолетници од селото. Според пријавеното, истите малолетници и претходниот ден физички ја нападнале нејзината ќерка, како и дека подолго време вршат вербално и физичко насилство врз нејзините деца. Се преземаат мерки за расчистување ...
Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министерот за транспорт на Турција. Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум ...
На 11.06.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А.(78) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 74-годишна сопруга, и ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена соодветна пријава по член 130 од Кривичниот законик и изведен е пред надлежен судија кој ...
На 11.06.2026 во 12:30 час во с.Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(25) од Штип. Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на с.Долни. Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост на С.З.. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање расчистување и ...
Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – Секретар за меѓународна соработка: Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше. Откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори, сега најавува дека изборите ќе бидат „многу скоро“. Ова е уште еден доказ дека зборот на Мицкоски не вреди ништо. Кај Мицкоски се е лага. Опозицијата нема да му биде алиби на Христијан Мицкоски ниту пак да бидеме алиби за распишување избори. Мицковски ...
Соопштение на СДСМ: Додека Мицкоски и ВМРО го штитат Трипуновски и сточарството во Македонија тоне во криза. Откупната цена на млекото е намалена, откупот на млеко е несигурен, а субвенциите не се исплатени. Се намалува откупната цена на млекото во време кога се зголемуваат цените на млекото во маркетите. Тоа значи дека некој дебело профитира на грбот на сточарите во Македонија. Кризата со откупот се зголемува. Две млекарници во делчевскиот ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд. Акцентот е ставен на отворање нови работни места и намалување на невработеноста. Преку мерката Самовработување-претприемништво се очекува отворање на над 2.000 нови работни места, a со мерката Поддршка за креирање нови работни места ќе се поддржи вработувањето на над 1.500 лица. Со овие две мерки се ...
Прес-конференција на Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор: Уште една од низата лаги на Христијан Мицкоски денеска се распаѓа пред очите на јавноста. Најболниот пример е токму новиот Клинички центар, кој не се изгради единствено поради блокадите на ВМРО и Христијан Мицкоски. Во 2021 година ВМРО- поднесе над 2.000 амандмани за да ја закочи изградбата на новиот Клинички центар. До каде беа подготвени да одат кога беа во опозиција? ...
Претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денес поставија камен темелник за изградба на нов објект со 8 училници во склоп на основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром, кој ќе биде заокружен најдоцна за една година. Станува збор за инвестиција во вредност од 30,6 милиони денари, ...
Прес- конференција на Александар Наумоски – член на Извршниот одбор на СДСМ: Вистина е дека денеска корупцијата е во секоја пора од општеството, а правдата селективна и заробена од корумпираната власт. Вистина е дека наместо независно судство – има партиска контрола и јавно диктирање како треба да постапуваат обвинителите од собраниска говорница, телевизија или по телефон. Вистината е дека граѓаните не веруваат во правосудниот систем затоа ...
„Токму последиците од преспанскиот договор и добиеното вето од страна на Франција, а потоа и од Бугарија, коешто не беше најавувано од СДС, напротив имавме кампања за бесплатно здравство, отворени врати кон ЕУ, бесплатни вакцини, стипенди итн., на крајот, после тој референдум на којшто дојдоа и германската канцеларка Меркел, австрискиот канцелар, британската канцеларка, тогаш Велика Британија беше членка на ЕУ, наместо отворање на преговори ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт. Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за внесување на Бугари во Уставот, без гаранции. Со ова, Филипче и СДС покажаа уште ...
Денеска 12.06.2026 година (петок), претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе престојува во работна посета на Истанбул, Република Турција, каде ќе учествува на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави. Во состав на владината делегација ќе бидат и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик-претседателот на ...
Собранието ги усвои предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за периодот 2021–2031, со што се обезбедува нејзино усогласување со актуелните демографски и развојни состојби во државата, како и со Националната развојна стратегија 2024–2044. Стратегијата за регионален развој претставува основен долгорочен плански документ со кој се утврдуваат принципите, стратешките цели и приоритетите на политиката за рамномерен ...
На 11.06.2026 во 01:27 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода лице(45) и 17-годишник, двајцата од село Романовце, кумановско, затоа што во село Романовце физички го нападнале лице(25), при што бил употребен нож и две лица се здобиле со повреди. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава. На 11.06.2026 во 01:27 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода лице(45) ...
Собранието ги усвои измените на Законот за игрите на среќа со кои се воведуваат построги правила за работењето на казината и обложувалниците, како и дополнителни механизми за заштита на младите и спречување на злоупотребите во секторот. За законските измени гласаа 59 пратеници, додека деветмина беа против. Една од најзначајните новини е обврската казината да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Со оваа мерка ...
Утре, особено претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), а дневната температура ќе опадне од 6 до 9 степени. Потоа времето ќе биде стабилно, во деновите од викендот ...
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h). Во Скопје, променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција во Истанбул, каде ја истакна важноста од продлабочување на економската соработка и создавање нови партнерства меѓу двете земји. Во своето обраќање, Сали нагласи дека Северна Македонија и Турција негуваат исклучително блиски и пријателски односи изградени врз доверба, заемна почит и долгорочно ...
Советниците во Советот на Град Скопје на денешната, 14-та седница, по предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе дискутираат по дваесетина точки од предложениот дневен ред, меѓу кои и за Предлог-изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Град Скопје за 2026 година. Од Град Скопје наведуваат дека со овој ребаланс се предвидуваат финансиски средства за реализација на многубројни проекти од областа на урбаното планирање, локалниот економски ...
На 10.06.2026 во 18:35 часот во ОВР Кратово е пријавено дека магистралниот пат с.Страцин, кратовско, кај место викано „Поповски рид“, М.Т.(21) од Куманово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во карпа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово. На 10.06.2026 во 18:35 ...
На 10.06.2026 во 18:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје велосипед удрил во пешакот Х.А.(83) од Скопје, по што велосипедистот го напуштил местото. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Х.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.06.2026 во ...
На 10.06.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(49) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар во автобус, додека извршувал работни задачи како контролор на ЈСП, бил физички нападнат од 50-годишната Д.Ц. откако претходно констатирал дека немала платено билет за превоз. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 10.06.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(49) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит ...
Вештачката интелигенција веќе не е тема само за технолошки компании и научници. Таа сè повеќе влегува во секојдневниот живот: во банките, администрацијата, здравството, образованието, маркетингот, медиумите, па дури и во начинот на кој се носат одлуки за луѓето. Но, колку повеќе машините стануваат способни да анализираат податоци, да препознаваат обрасци и да предлагаат решенија, толку погласно се поставува едно важно прашање: дали вештачката ...