Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека протоколите со Бугарија не претставуваат правен дел од Преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија. Тој нагласи дека Софија има поинакво толкување и се обидува билатералните прашања да ги поврзе со пристапниот процес. По неговата изјава реагираше поранешниот министер Бујар Османи, кој посочи дека со години тврдел оти протоколите формално не се дел од рамката. Муцунски ...

Со Законот за високи раководители се најавува единствен систем за избор на лица на највисоките раководни позиции во јавната администрација. Изборот треба да се врши преку јавни огласи и однапред определени критериуми за знаење, искуство и компетентност. Според информациите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ќе се воведат и механизми за следење на работата и одговорноста на избраните раководители. Академијата за јавна администрација ќе продолжи да ги ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претстави нов план за оданочување на увозот, како одговор на одлуката на Врховниот суд кој претходно оваа година ги блокираше неговите најагресивни царини. Трамп тогаш најави дека ќе најде други начини за спроведување на својата трговска политика, објави Си-ен-ен. Канцеларијата на американскиот трговски претставник соопшти дека од петок во 00:01 часот по локално време ќе стапат во ...

Логистички центри на најголемата руска онлајн продавница Wildberries, позната како „рускиот Амазон“, во Санкт Петербург, Твер и на окупираниот Крим биле погодени во напад со украински беспилотни летала, објави Kyiv Independent, повикувајќи се на руски извори. Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, потврди напад со дронови врз објекти на цивилната инфраструктура, додека гувернерот на Ленинградската област соопшти дека во нападот врз ...

Српската министерка за државна администрација и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, е прогласена за непожелна личност во Косово откако изјави дека доколку била на власт за време на војната, ќе спровела „етничко чистење“ на Косово. Одлуката ја објави вчера косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечла, кој потврди дека ја потпишал и ја проследил до надлежните органи. Свечла изјави дека со својата реторика, српската министерка го ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио и српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ во Вашингтон го предводеа првиот стратешки дијалог меѓу САД и Србија, со кој, според заедничкото соопштение, започнува нова фаза во партнерството меѓу двете земји. Во рамки на дијалогот, САД и Србија потпишаа Меморандум за разбирање за енергетската инфраструктура и регионалната енергетска безбедност. Вашингтон ја поздрави и одлуката Србија да ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДС, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните. Да не беше градоначалник од нивните, редови веднаш ќе држеа прес-конференции и ќе бараа одговорност. Но, бидејќи е градоначалник од нивните редови, кој патем самиот ...

Соопштение на СДСМ: Додека во шест населени места водата е неисправна за пиење, а низ Лепенец и Вардар тече бела пена, ВМРО-ОКГ продолжува со истата тактика: не прифаќаат никаква одговорност и упорно ја обвинуваат опозицијата. Сега велат дека СДСМ прави „хистерија“ за да дефокусира. Oд што да дефокусира? Од изјавата на Тимчо Муцунски дека Протоколите не се дел од преговарачката рамка? Не. Хистерија е да ја обвинуваш опозицијата додека ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за воена акција во западноафриканската земја Мали за да нападне група поврзана со Ал Каеда, позната како ЈНИМ (JNIM) , рекоа сегашни и поранешни американски официјални лица запознаени со дискусиите, објави „Вашингтон пост“. Ако биде одобрено, Мали ќе биде осмата земја на листата на земји каде претседателот Доналд Трамп наредил напади од почетокот на неговиот втор мандат — ...

Грција прогласи состојба на „многу висок“ ризик од пожари во Солун и Кукуш, додека Атика и други делови од земјата се ставени под „жолто ниво“ на тревога. Државниот механизам е во зголемена тревога за денес, бидејќи мапата за прогноза на ризик од пожар на Генералниот секретаријат за цивилна заштита предвидува „многу висок“ и „висок“ ризик од пожар во голем дел од земјата, објавува „ЕРТ“. Категоријата на ризик 4, односно „многу висок“ ризик ги ...

Поранешниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ беше уапсен во заедничка акција на локалната полиција и Дирекцијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК). Шимиќ беше уапсен заедно со Неда Ливљаниќ, поранешна директорка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Државната управа на Шибенско-книнската жупанија. Се сомнева дека Шимиќ нелегално ги добил потребните дозволи за кампот во Тисно преку ...

Потрошувачката на електрична енергија за користење на клима уреди во Грција е двојно зголемена во споредба со периодот од пред неколку години, објавува денес „Катимерини“, повикувајќи се на податоците од „Евростат“. Според извештаите, приближно 70 проценти од домаќинствата во Грција имаат барем еден клима уред, а земјата потрошила 11.900 тераџули за ладење на згради во 2024 година, во споредба со 5.850 TJ во 2018 година. Ова значи дека 7,4 ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Утрото ќе биде свежо, особено во повисоките места и котлините, каде минималните температури ќе се движат од околу 5 до 10 степени. Во текот на денот ќе преовладува пријатно топло време, со максимални температури од 22 степени во западните и повисоките предели, до 30 степени во ...

Сооптштение на ВМРО ДПМНЕ: Во изминатите две години реализирани беа реформи во јавната администрација, кои придонесуваат кон создавање професионални, ефикасни и одговорни институции, за да им се обезбедат поквалитетни услуги на граѓаните. Клучен чекор е донесувањето на Законот за високи раководители, со кој за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции преку јавен оглас, јасни критериуми и избор според ...

На 24.07.2026 околу 01:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со косовски национални ознаки, управувано од К.Ц.(33) од Косово и патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, управувано од С.Ј.(61) од Косово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото ...

На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(55) од Кочани, вработен во ЈКП „Водовод“ Кочани. Според пријавеното, Т.Ј. се здобил со повредите при пад од висина околу 08:00 часот на ул.„Лазар Андонов“ во Кочани додека извршувал работни задачи на мостот на Кочанска река. За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Џ.(22) од Штип и Д.С.(22) од с.Псача, општина Ранковце, кривопаланечко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“. На 02.07.2026, пријавените во Штип се обиделе да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип, претставувајќи се како полициски службеници, но биле спречени и пријавени од сосетка, која се посомневала во нивната намера. Набргу потоа, тие биле ...

На 23.07.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.З.(26) од Скопје пријавила дека околу 14:30 часот на подрачјето на Центар, додека се движела со нејзиното возило едно лице кое управувало мотоцикл за вршење на достава ѝ се доближило и агресивно се однесувало кон неа, по што почнало да ја следи. Откако застанала на семафор се обидел да ја отвори возачката врата, но откако не успеал ѝ го оштетил возилото. Се преземаат мерки за расчистување на ...

Прес конференција на Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Реформите во јавната администрација продолжуваат со мерки што обезбедуваат професионално управување и континуиран развој на административните капацитети. Со донесувањето на Законот за високи раководители, за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции во државната администрација. Новиот модел предвидува јавен оглас, проверка на условите, ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 2 часа, додека пак на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги ...

На 23.07.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Вашингтонска“ во Скопје, 62-годишниот Р.О. од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со белгиски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во ограда на двор и во пешакот Ј.Д.(44) од Скопје, а потоа во две паркирани возила во дворното место – патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ...

На 23.07.2026 во 08:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„8“ во нас.Илинден, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од Илинден, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(18) од Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(32) од с.Миладиновци, скопско и патничко ...

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон. Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна ...

Соопштение на СДСМ: ВМРО-OKГ денеска објави дека СДСМ шири дезинформации за кризата со водата. Дезинформации? Како оние резултати од анализите на водата во болницата во Лешок за кои СДСМ предупреди? Како мигрантите што ги прекрстија во „економски работници“ – владата веќе увезе 10.000, а бара уште 50.000 следната година? За тоа пишуваа водечки светски медиуми. Како унгарскиот кредит од кинески пари што денес е под истрага во Будимпешта, а ...

Денеска, претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со проф. д-р Димитар Ташковски и проф. д-р Бранислав Геразов при што беше промовиран моделот на ВИ за автоматска транскрипција во реално време, развиен во рамките на услугите на ИНОФЕИТ Европскиот дигитален иновациски хаб (INNOFEIT EDIH). Овој модел на вештачка интелигенција е развиен и трениран врз основа на видеоснимките од собраниските седници, што му овозможува со висока ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС го достигна дното за да ќари политички поен од граѓаните. Воајеризмот на СДС оди до немај каде. Лани за пожарите, годинава за водата, следната веројатно нешто друго. Објавиле извештај стар година и пол, од февруари 2025 година за општина Велес, во село Сливник, место коешто не е поврзано со градскиот водовод. До толку се очајни што срамот и воопшто го немаат. Ваквото создавање на паника и хистерија со умисла е ...

Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: По скандалот со водата во Гостивар, најгласен е молкот на СДС, ДУИ и Таравари. Ниту осуда, ниту барање за одговорност, ниту повик за оставка од нивниот кандидат Валбон Лимани, кој јавно изјави дека не чувствува никаква морална одговорност. СДС, ДУИ и Таравари молчат затоа што Валбон Лимани е нивен кандидат и го штитат преку нивните обвинители и судии. Молкот е доказ дека за СДС, ...

Соопштение на СДСМ: СДСМ, преку своите советници, бара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места. Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување. Дури и во училишта. Нема никаква информација каква е сега состојбата, дали ...

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор: Додека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење. Гостивар. Валандово. Болницата во Лешок. Сега и во Крушево водата е бактериолошки неисправна. За само неколку денови имаме четири града, со загадена вода за пиење. Ова е најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите под власта на Мицкоски ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
95%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
69%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
63%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07