Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Прогноза за 25.05.2026 Минимална температура: 7°C до 15°C Максимална температура: 22°C до 30°C Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за ...

Државно-црковната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во чиј состав се пратениците Мицевски, Спасовски, Ќоку и Стојчевски, како и генералната секретарка Димовска, во рамки на традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“, учествуваше на Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. Во словото со кое заврши Молебенот, со кој чиноначалствуваше ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека по речиси две години власт на ВМРО и Мицкоски, граѓаните живеат потешко, а економската состојба во државата е сериозно влошена. „Се поставува прашањето дали граѓаните сега, после скоро две години од владата на Христијан Мицковски живеат подобро. Одговорот е не. Со празни џебови, со празни фрижидери, со секојдневна борба да се преживее од први до први“, рече ...

На 23.05.2026 околу 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скендербег Кастриоти“ во населба Драчево настанал пожар во патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на лице(22) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид. На 23.05.2026 околу 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скендербег Кастриоти“ во населба ...

На 22.05.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје, Ј.В.Д.(42) од Скопје пријави дека на 21.05.2026 околу 19:30 часот слушнала тропање на кровот на нејзината куќа на ул.„Ѓорѓи Динката“ во Драчево, а на 22.05.2026 околу 21:00 часот на скали од куќата пронашла зрно од огнено оружје. Зрното е подигнато за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 22.05.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје, Ј.В.Д.(42) од Скопје пријави дека ...

Италија, земја позната по својот „сладок живот“, има сериозен еколошки проблем: највисоки локални концентрации на опасни PM2.5 честички во Европа. Овие ситни честички прашина продираат длабоко во белите дробови и крвотокот, а се предизвикани од патниот сообраќај, рафинериите, цементарниците, согорувањето на фосилни горива и шумските пожари. Според најновиот извештај за квалитетот на воздухот од страна на Европската агенција за животна средина ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По ...

Соопштение на Левица: Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со приказни за „еко автобуси“, „модерен транспорт“ и „бесплатен јавен превоз“. Од бомбастичните ветувања на Данела Арсовска, до помпезните најави на Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски – резултатот денес е ист: Скопје нема нови автобуси, а состојбата со возниот ред е покатастрофална и од претходно. Поради личните хирови со Арсовска, советниците на ДПМНЕ во претходниот мандат ...

Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков, се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Животите на Марко, Петар и Адам згаснаа на само 20 години, додека Ристе Велков загина на 51-годишна возраст. Од младите момчиња се простија и од гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале завршувајќи го ...

Земјотрес со јачина од 4.0 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Албанија, покажуваат податоците од апликациите за следење на сеизмичка активност. Потресот се случил во 15:39 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри. Епицентарот бил на координати 41.036 северна географска ширина и 19.845 источна географска должина, на околу 22 километри југозападно од Елбасан и 16 километри североисточно од Лушње. Според ...

Во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што овозможуваме изградба на Дата центри во Македонија што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот: “Би сакал да ја информирам јавноста околу новите законски измени што ги подготвува Министерството за транспорт со ...

Попладнево земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во околината на Скопје, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Потресот е регистриран во 17:41 часот по локално време, со епицентар на околу 21 километар источно од Скопје. Земјотресот бил на длабочина од 5 километри. Граѓани на социјалните мрежи и на EMSC коментираат дека потресот бил краток, но почувствуван во повеќе ...

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 17 часот и 41 минута беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.5 Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува IV степени според Европската макросеизмичка скала. Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија ...

Денес и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, денес и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Лагите на Филипче и СДС се повторни демантирани, Филипче и СДС лажеа за мигранти, лажеа дека државата ќе банкротира, лажеа дека е празен Буџетот, лажеа за ИПАРД фондовите, а лажеа и за Реформската агенда и изјавите на Вајц. Филипче и СДС ширеа лаги и го манипулираа народот, но веднаш се демантирани и тоа од релевантните институции. Токму затоа Венко Филипче нема кредибилитет и никој не му верува. Македонија доби ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изминатите две дена учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што се одржа во Хелсингборг, Кралството Шведска. Во рамки на состанокот беа разменети мислења за повеќе актуелни глобални безбедносни предизвици, со посебен акцент на подготовките за Самитот на НАТО во Анкара, што ќе се одржи во јули оваа година. Фокусот на ...

Соопштение на СДСМ: Уште само 8 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите точки од Реформската агенда. 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување. 8 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО не сака Македонија да стане членка на ЕУ. Мицкоски ветуваше дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од реформите. Секако, клучни се се уставни измени и внесување на малцинствата ...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите Почитувани сограѓани Власи, Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет. Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство на припадност и духовното достоинство, пренесувани ...

Летното сметање на времето ќе остане на сила преку целата година според предлог-законот на Претставничкиот дом поднесен во четврток, оживувајќи ја идејата долго време поддржана од Американците уморни од двегодишната промена на часовникот, но постојано побивана во Конгресот. Комитетот за енергетика и трговија на Претставничкиот дом гласаше со 48-1 за Законот за заштита од сончева светлина, кој веројатно ќе ја спроведе промената како дел од ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се обидува да го убеди американскиот претседател Доналд Трамп да не ја ослабува поддршката за алијансата со нов план што вклучува поголеми одбранбени договори што ќе и користат на американската воена индустрија, објавува Политико. Според четворица дипломати на НАТО, Руте во последните недели водеше кампања за нагло зголемување на производството на оружје и склучување нови договори пред самитот на НАТО ...

Владата на Нов Зеланд ќе отпушти речиси 14 проценти од вработените во државната администрација до средината на 2029 година, како дел од стратегијата за масовно намалување на трошоците, изјави денес министерката за финансии на земјата, Никола Вилис. Вилис им рече на бизнисмените во Окленд, најголемиот град во Нов Зеланд, дека нејзината администрација ќе ги намали и буџетите на повеќето владини агенции во следните три години, ќе го намали ...

Возрасно лице од Колорадо почина откако беше потврдено дека има хантавирус, случај кој не е поврзан со ширењето на вирусот на крузерот во Атлантикот, соопштија државните службеници за јавно здравје. Сојот хантавирус што ја предизвика смртта во Колорадо редовно се појавува во тој дел од Соединетите Американски Држави во ова време од годината, се вели во соопштението. Изворот на инфекцијата е под истрага, соопштија службениците. Хантавирусот ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на влашката заедница, предводени од Стерјо Папули, претседател на Организациониот одбор за одбележување на Националниот ден на Власите. По повод празникот, претседателката упати честитки до припадниците на влашката заедница и истакна дека Власите, како автохтона заедница, се нераскинлив дел од историскиот, културниот и општествениот развој на македонската држава. Таа ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од ...

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран за правни и меѓународни работи, Казем Гарибабади, презентираше извештај за преговорите со САД и предлозите на Иран до Парламентарниот комитет за национална безбедност. Во извештајот, меѓу другото, се дискутираше за укинување на санкциите, поморската блокада на САД и повлекувањето на американските сили од регионот, според иранските државни новински агенции IRNA и ISNA. Според извештајот цитиран ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со процесот на собирање податоци за изработка на Националниот инвентар на јавни згради. Досега се собрани податоци за 2000 јавни објекти, кои беа обработени низ призма на енергетска ефикасност. Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Француската развојна агенција, во рамки ...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ве известуваме дека на 21.05.2026 (четврток) се воспоставува нормален режим на сообраќај поради завршување на санацијата на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, Плетвар-Прилеп. ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 ...

Соопштение на СДСМ: До кога треба да чекаат граѓаните на Македонија за Мицкоски и Филков да ги пратат документите за екстрадиција на Никола Груевски? Помина повеќе од еден месец, патуваа документите со денови, Министерството ги собираше документите, сега молчат за едно од најважните прашања поврзани со правдата и владеењето на правото. Зошто се кочи постапката? Или вистината е многу едноставна – Мицкоски и Филков не сакаат Груевски да биде ...

Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери на Општина Центар вечерва, со почеток од 19:00 часот, го организира настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“. Настанот ќе започне од Плоштадот „Македонија“ со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов“ каде ќе се одржи свечена игранка. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати покана до ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01