Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Соопштение на СДСМ: Уште само 9 дена остануваат до 1. јуни – рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда. 9 дена до уште едно неисполнето ветување. 9 дена до нов доказ дека организирана криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија. Мицкоски вети дека до јуни ќе ја заврши Реформската агенда. Од 10 клучни точки, за две години реализирани се само две, делумно. ...
Полицијата известува дека синоќа во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кои заради личен спас и амнестија се подготвени повторно да водат политики на сервилност и да ги распродаваат државните интереси. Венко Филипче знае и му е јасно дека без поддршка од надвор и без слугување на туѓи интереси и агенди нема политичка иднина во Македонија. Венко Филипче знае дека има катастрофален ...
Објава на Венко Филипче на X: „ Ова не е никаков успех, туку манипулација на ВМРО. Парите од EU Reform and Growth Facility не можат да се споредуваат бидејќи секоја земја ги добива за потполно различни реформи. Македонија (65,7 милиони €) за образование и дигитализација во училиштата. Албанија (49 милиони €) за бизнис конкурентност и иновации. Црна Гора (44,2 милиони €) за истражување и иновации. Ова е само една транша од многу, а ние требаше ...
Одговорот е — може. Македонија има доволно места каде што не ви треба луксузен хотел или скап аранжман за да се одморите. Понекогаш се доволни еден резервоар гориво, домашно подготвена храна, удобни обувки и добра волја. Една од најдобрите опции за краток и евтин викенд е Маврово. Езерото, планинскиот воздух, селата во околината и манастирот Свети Јован Бигорски се доволна причина за еднодневно или дводневно патување. Мавровското Езеро е ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот ...
Малите задачи брзо се натрупуваат. Планирањето патување со пријатели често значи балансирање на повеќе апликации, проверување на календарот за да избегнете судири, резервирање автомобил до аеродромот, повторно отворање на “Notes” за преглед на местата што сакате да ги посетите, следење на сметките и останување буден до доцна за да ги уредувате фотографиите додека не бидат подготвени за објавување. Galaxy AI[1] на серијата Galaxy S26 е ...
Рускиот претседател Владимир Путин ја започнува дводневната посета на Кина, каде што ќе разговара со кинескиот лидер Ши Џинпинг за проширување на билатералните врски и итни глобални прашања. Состав на руската делегација Путин ќе биде придружуван од делегација од министри, бизнис лидери и високи функционери, вклучувајќи ја гувернерката на централната банка Елвира Набиулина и раководители на големи енергетски компании како што се „Газпром“ и ...
Русија ноќеска започна еден од најголемите напади во последните денови, насочен кон осум украински региони со десетици ракети и повеќе од 500 дронови. Според локалните власти, повеќе од дваесетина цивили, вклучувајќи три деца, биле ранети во нападите, објавува „Еуроњуз“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека властите регистрирале најмалку 524 дронови „Шахед“ од иранско производство и речиси дваесетина балистички и ...
Кинескиот претседател, Шји Џинпинг, му рекол на американскиот претседател, Доналд Трамп, за време на нивниот состанок минатата недела дека рускиот претседател, Владимир Путин, можеби ќе зажали за инвазијата врз Украина, објавува објавува „Фајненшнл тајмс“. Според повеќе извори запознаени со проценката на американската страна за самитот од минатата недела во Пекинг, кинескиот претседател ги дал коментарите за време на широки разговори што ја ...
Најмалку две лица се убиени, а четворица се повредени во пукање во јужниот шпански град Ел Ехидо во текот на ноќта, соопшти полицијата во вторник, додавајќи дека е уапсен еден осомничен. Двете лица кои загинаа се роднини на осомничениот за пукањето, изјави портпарол на полицијата на Цивилната гарда, без да даде дополнителни детали. Двајца од повредените се под 18 години, објави весникот „Ел Паис“./Извор:Makfax Најмалку две лица се убиени, а ...
Нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се ...
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на скопската обиколница, во близина на Радишани, животот го загубиле четири лица. Несреќата, според првичните информации, се случила околу половина час пред полноќ, кога патничко возило „БМВ“ директно се судрило со камион. По ударот, автомобилот се запалил и целосно изгорел. Поради трагичниот настан, сообраќајот на патниот правец Велес – Тетово бил пренасочен од клучката Мирковци до клучката ...
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ве известуваме дека на 21.05.2026 (четврток) се воспоставува нормален режим на сообраќај поради завршување на санацијата на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, Плетвар-Прилеп, извести АМСМ. ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова ...
Во емотивна атмосфера, исполнета со многу сеќавања, анегдоти и голема почит, во петокот (17 април) во преполната книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовирана биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ. Делото, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше претставено од авторот Ивановиќ, уредничката Бисера ...
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Утре и за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Прогноза за 23.05.2026 Минимална ...
Православните христијани го одбележуваат Спасовден, големиот празник познат и како Вознесение Христово. Овој празник секогаш се слави четириесет дена по Велигден и секогаш паѓа во четврток. Во 2026 година Спасовден се одбележува на 21 мај. Во христијанската традиција, Спасовден е празник посветен на Христовото вознесение на небото. Според црковното предание, по Воскресението, Христос четириесет дена им се јавувал на своите ученици и ги ...
На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на медиумскиот регулатор беше посочено дека Владата, на ...
Образовниот и научно-истражувачкиот систем во Македонија продолжуваат интензивно да се трансформираат во насока на прифаќање европски стандарди, подобар квалитет и посилна институционална поставеност. Приоритет се реформите кои произлегуваат од Реформската агенда 2024-2027, Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан и стратешките приоритети на Владата во областа на човечкиот капитал. Ова го нагласи министерката за образование и ...
Мицкоски да не го користи нон-пејперот на германскиот канцелар Фридирх Мерц, како алиби за неисполнување на реформите, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, попладнево на прес-конференција. Филипче порача дека последните сигнали од Европската Унија уште еднаш потврдуваат дека постои политичка волја за проширување, но предупреди дека Владата не смее да бара нови изговори за застој на евроинтегративниот процес. „Денеска видовме уште ...
Денеска во Стокхолм, Кралството Шведска, се одржа бизнис форум во организација на Шведско-македонска стопанска комора и Македонија 2025, со поддршка на владите на двете држави, посветен на унапредување на економската соработка, трговската размена и инвестициските можности меѓу Република Северна Македонија и Кралство Шведска. На Форумот поздравно обраќање имаше заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, ...
Во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче денеска рече дека протекувањето информации од кабинетот на Сиљановска е скандал кој мора да се расчисти и да има одговорност, потенцирајќи дека не е изненаден затоа што има и вицепремиер кој е соработник на српските служби. „Тоа е скандал којшто треба да се расчисти. Да има такво протекување на информации како што пишува во медиумите од земја членка на НАТО е најмалку ...
Соопштение на Кабинет на претседателот на Собранието: Во врска со изнесените наводи од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека постапувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е целосно во согласност со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија и во рамки на неговите уставни и деловнички надлежности. Имено, на 18 мај 2026 година, врз основа на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го повика Христијан Мицкоски на заедничко преземање на одговорноста за уставните измени, заради иднината на младите и државата. „Апелирам до премиерот Христијан Мицкоски заеднички ја преземеме одговорноста и ја споделуваме одговорноста за спроведување на уставните измени и понатаму за текот на преговори и за каков било предизвик со којшто ќе се соочиме. Да не го испуштиме моментот. Ќе останеме надвор од ...
Во Паркот на франкофонија, вечерва (понеделник), со почеток во 20 часот, ќе се одржи првиот детски музички фестивал „Детелинки“, организиран од Општина Центар во соработка со центарските градинки. „Ги поканувам сите родители, семејства и граѓани да присуствуваат на фестивалот, да ги охрабрат своите деца со аплауз и заедно да уживаме во нивните изведби. Верувам дека „Детелинки“ ќе прерасне во убава традиција на Општина Центар, настан кој ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ЕСМ ќе вложи жалба за скандалот со мазутот во РЕК и Васко Ковачевски, изјави: „Да, ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и очекуваме сега Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на фактот што Македонија доби највеќе средства од ЕУ за реформската агенда и ставот на опозицијата, изјави: „Па видете, мислам дека тоа што го говори опозицијата и не заслужува коментар. Така што тој дел ќе го прескокнам. Но, сакам само да ги предупредам македонските граѓани дека, претпоставувам атмосферата во ...
Во Собранието денеска се одржа панел-дискусија на тема „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“.Целта на еднодневната панел-дискусија беше да се разгледаат геополитичките фактори кои ја обликуваат траекторијата на проширувањето на Европската Унија во Западен Балкан, преку оценка на можностите и ризиците за регионот и за Европската Унија. Во рамки на дискусијата беа анализирани и улогата на надворешните ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуален третман „Во мојот свет“, во општината Ѓорче Петров, Скопје. Во рамките на посетата, директорката на Центрите за индивидуален третман, Ангела Чингоска, ја претстави мисијата и долгогодишната работа на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, ...
Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, попладнево на прес-конференција. Филипче посочи дека актуелниот геополитички момент претставува една од најважните можности за државата да го продолжи европскиот пат и да стане дел од процесот на новото проширување на Европската Унија. Воедно, Филипче потенцираше дека посетата на претседателот на ...