Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 53 општини. Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВРЕДИ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има осум градоначалници, НАИ 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден градоначалник. Две општини ќе ги водат независни кандидати. На вториот изборен круг вчера се ...
Во законодавниот дом пристигнаа информации за завршување на службените должности на Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски како народни избраници. Овие информации произлегуваат од назначувањето на тројцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за први луѓе на општините: Мицевски за Сопиште, Стаменковска Трајкоска за Кисела Вода и Проданоски за Прилеп, на локалните избори кои се одржаа на 19 октомври и 2 ноември. Се предвидува на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека е можно испраќање војници во Нигерија или изведување воздушни напади со цел да се спречи убивањето на голем број христијани во западноафриканската држава. На новинарско прашање дали размислува за војници на терен или воздушни напади врз Нигерија, Трамп одговори: „Може да биде. Мислам, и други работи. Замислувам многу работи.“ „Тие убиваат рекорден број христијани во Нигерија. Тие убиваат ...
Од северозапад преку Алпскиот регион кон територијата на нашата Република Македонија ни доаѓа влажен и поладен воздушен бран кој во понеделник попладне и навечер како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник (4 ноември) ќе услови да имаме повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и ќе наврнат околу 15 литри на метар квадратен дожд. Особено во вторник (4 ноември) ќе дува умерен повремено засилен ветер од ...
Во текот на ноќта и утрово, ситуацијата пред српскиот Парламент во центарот на Белград беше спокојна и без инциденти. Таму, од претходната вечер, беа присутни стотици полицајци опремени за разбивање демонстрации, кои се обидуваа да спречат судир меѓу бројните противници и поддржувачи на власта. Во Белград, синоќа се собраа стотици лица пред Собранието за да ја поддржат Дијана Хрка, која од вчера во 11:52 часот штрајкува со глад. Таа бара ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
Без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот ќе останат корисниците од дел од село Долно Лисиче во општина Аеродром, а од 08:30 до 12:30 часот, од дел од ул. „Димче Милошевски“ во општина Гази Баба, информира Регионалниот центар за управување со кризи на гра Скопје. Снабдувањето со струја ќе биде во прекин и од 09:00 до 12:00 часот, за корисниците од дел од ул. „1“ во с. Сопиште, во општина Сопиште, од 09:00 до 13:00 часот, од дел ...
Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 45,35% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 19 општини. СДСМ води во 4, исто како и Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН). Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во две општини, а Унијата на Роми има предност во Шуто Оризари. ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Кочани, ...
Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 69,17% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 21 општини. Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) во четири, СДСМ во 3, Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, исто како и ЗНАМ. Унијата на Роми води во Шуто Оризари, додека, еден независен кандидат води во Струга. ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир ...
Педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал вчера во болница во Гевгелија по добиени тешки телесни повреди во физичка пресметка со 55-годишник од дојранското село Сретеново, со иницијали В.Р. Како што соопшти МВР денеска во дневниот билтен, полицијата од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсила В.Р. синоќа во 22:25 часот во неговото село Сретеново. Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од ...
Економските и политичките врски помеѓу Република Македонија и Кралството Шведска континуирано се развиваат повеќе од 30 години. Иако географски оддалечени, двете земји имаат соработка на повеќе фронта и истовремено споделуваат комплементарни економски структури, но и вредности. Шведска е една од најзначајните ЕУ земји членки донатори за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ преку својата Агенција за Меѓународен Развој (СИДА) со која поддржува ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави воведување на програма за бесплатно патување со воз и ограничување на цените на енергенсите, со цел да им помогне на граѓаните да се справат со претстојната зима. Оваа иницијатива има за цел да обезбеди дополнителна поддршка во услови на економски предизвици и енергетска несигурност. “Три илјади километри, за секој да може да избере бесплатни железнички линии во Украина – Лвов-Киев, ...
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, синоќа соопшти дека Вашингтон и Пекинг ќе формираат непосредни канали за воена комуникација, додавајќи дека билатералните односи меѓу двете држави „никогаш не биле подобри“. Хегсет изјави дека разговарал со неговиот кинески колега, адмиралот Донг Џун, синоќа доцна на маргините на регионалниот безбедносен состанок и дека постигнале согласност дека „мирот, стабилноста и добрите односи се ...
Претседателот на Кина, Си Џинпинг, денес изјави дека економиите во Азиско-пацифичкиот регион треба да ја унапредат плодотворната соработка, да ги искористат новоотворените можности за прогрес, да одговорат на глобалните предизвици и колективно да креираат одржлива перспектива. Во своето обраќање на втората сесија од 32-от состанок на економските лидери на АПЕК, под наслов „Заедничко создавање одржливост и посветла иднина“, тој истакна дека ...
Во периодот од 22 до 31 октомври 2025 година, Рудник САСА, во соработка со детската градинка „Бамби“, основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, ја реализираше еко кампањата „Супер добри дела“, наменета за најмладите членови на заедницата. Преку забавни и едукативни активности, кампањата ги поттикна децата да научат повеќе за рециклирањето, заштитата на животната средина, ...
Аеродромот Берлин-Бранденбург во Германија денеска ги возобнови своите операции, откако претходно беше привремено затворен поради забележан дрон во текот на вчерашната вечер. Претставник на аеродромот ја увери германската новинска агенција ДПА дека во моментот не постојат никакви рестрикции. Воздушниот сообраќај беше суспендиран за период од скоро два часа синоќа, што предизвика пренасочување на голем број авионски линии. Распоредот на ...
Од денеска до 15 ноември ќе трае аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година. Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат по конкурсот за четири категории стипендиии. Првпат оваа година Министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за редовни студенти запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето ...
Привремената влада на Косово го усвои предлогот на Министерството за финансии за зголемување на минималната месечна плата на 500 евра, објави весникот „Газета Експрес“. Според донесеното решение, сегашната минимална плата од 350 евра ќе се зголемува во две фази – од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 425 евра, а од 1 јули истата година ќе достигне 500 евра месечно. – По анализите што ги спроведовме за влијанието на оваа мерка врз приватниот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа. – Ќе спроведеме тестови, да, другите земји го прават тоа. Ако го сторат тоа, и ние ќе го направиме истото, истакна Трамп, без да наведе повеќе детали. Тој не одговори и за каков вид на нуклеарни проби станува збор. Нема да кажам. Знам очно што правиме и каде го правиме тоа, но другите земји го прават ...
Заврши изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 и на полноќ почна молкот пред гласањето в недела на 2 ноември. Се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје, но изборниот молк важи за целата земја. Правилата за изборен молк важат од 1 ноември, заклучно со 19:00 часот на 2 ноември. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско ...
Владата на Естонија го вработи новинарот Хенрик Рунем за да помогне во испитување на методи за поттикнување на довербата кај населението и редуцирање на стравот поради влошената безбедносна состојба во светот и конфликтите со соседна Русија, информираа од владината служба. Според службата, целта на проектот е да се одреди како државата, приватниот сектор и цивилното општество можат заедно да придонесат кон поголема издржливост на заедницата ...
dm drogerie markt ја започна реализацијата на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ со пошумување и раззеленување на дворовите на две основни училишта од земјава. ООУ „Стив Наумов“ од Битола и ООУ „Његош“ – Јурумлери во општина Гази Баба во Скопје добија донација наменета за набавка на садници во вкупен износ од 262.100 денари. Конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, кој е отворен од септември 2025 година, има за цел ...
Во услови на конкурентна пазарна средина исполнета со предизвици, ЕБИТДА во првите девет месеци од 2025 година достигна 513 милиони денари. К3 2025 К3 2024 % на разлика (во милиони денари) 9M 2025 9M 2024 % на разлика 10.356 11.819 -12% Приходи од продажба 28.136 34.359 -18% 418 249 68% Бруто добивка 971 809 20% 154 155 -1% Оперативни трошоци 458 473 -3% 264 95 179% ЕБИТДА 513 336 53% 254 37 587% Добивка пред оданочување 490 151 224% 232 32 ...
„Реплек“ АД Скопје во периодот јануари–септември 2025 година оствари консолидирана нето-добивка од 239 милиони денари (3,9 милиони евра), што претставува пораст од 77% во однос на истиот период минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза. „Резултатите го потврдуваат успешното спроведување на стратешките инвестиции и силното позиционирање на компанијата на регионалните и глобалните пазари,“ истакнуваат од „Реплек“. ...
Условна казна затвор од две години, која нема да се реалзиира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина, за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир. Бранителот на Реџеп Нуредини, адвокат Насер Рауфи, во изјава за медиумите по денешното рочиште, рече дека обвинетиот со признанието на ...
Здружението за истражување и промоција на енергетска ефикасност и одржлив развој СКЕЕОР – Скопје, на 28ми октомври 2025 на Факултетот за електротехника и информациски технологии ја отвори тринаесеттата Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој. Конференцијата ја отвори и како домаќин најпрвин се обрати Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски, се наведува во соопштението од ФЕИТ, кое МИА го пренесуав интегрално. ...
Со голем интерес и позитивни впечатоци од учесниците и посетителите, вчера заврши четиридневната манифестација „Енерго-Технома 2025“, која оваа година се одржа под мотото „Вклучи одржливи навики“. Настанот, чиј покровител беше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, понуди богата и динамична програма во која се вкрстија иновациите, стручноста и визиите за енергетска иднина изградена врз одржливи принципи. Претставени ...
Македонски Телеком продолжува со успешно работење и во третиот квартал на годината. Продолжува трендот на големи инвестиции во развој и модернизација на мрежата, раст во сите сегменти, зголемување на бројот на корисници и фокус на најдоброто корисничко искуство. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 6,1 проценти споредено со минатата година, а нето добивката бележи раст од 14,9 проценти. И ...
Минатата година, учеството на даноците и нето социјалните придонеси во вкупниот бруто домашен производ (БДП) во ЕУ изнесуваше 40,4 проценти, што претставува пораст во однос на 39,9-те проценти во 2023 година, објави денес Европската статистичка служба – Евростат. Воедно, тој удел во Еврозоната достигна 40,9 проценти, што исто така претставува покачување во однос на претходната година, кога изнесуваше 40,5 отсто. Изразено во апсолутни бројки, ...
Почнувајќи од утре (1 ноември) и сè до 15 ноември ќе се одвива процесот на пријавување за студентски стипендии за академската 2025/2026 година. Министерството за образование и наука извести дека студентите можат да се пријават на огласот за четири различни категории на стипендии. Оваа година, за прв пат, Министерството исто така објави и Конкурс за доделување на 15 стипендии за студенти запишани во прва година на студиските програми по ...