Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Индустриската продукција во септември годинава забележа зголемување од 2,7 проценти во споредба со септември минатата година, а за 2,3 проценти во периодот јануари – септември 2025-та во однос на истиот период од 2024-та, соопшти денес Државниот завод за статистика. Во делот на Преработувачката индустрија, во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, е евидентиран пораст од 3,1 процент на индустриското производство, а ...
Државната секретарка за европски прашања, Викторија Трајков, зема учество на овогодинешниот Балкански економски форум 2025, кој се одвива во Белград. Според информациите од Министерството, форумот, кој се одржува под слоганот „За посветла иднина“, претставува клучна регионална платформа за економски дијалог и соработка помеѓу државите од Западен Балкан, со цел поттикнување на стабилен развој, регионална интеграција и зајакнување на ...
На средбата во Вашингтон закажана за 7 ноември, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, има намера да го увери американскиот претседател Доналд Трамп во нужноста од низа исклучоци од санкциите на САД воведени кон Русија во доменот на енергетиката. Орбан изјави дека ќе настојува да му образложи на американскиот државник дека на Унгарија ѝ се потребни овие отстапки за да ја зачува сопствената енергетска стабилност. „Унгарија е држава која нема ...
Европската Унија ја засилува безбедносната соработка со Западниот Балкан, соопшти Европската комисија по повод синоќешното потпишување во Сараево на новиот Заеднички акциски план за спречување и борба против тероризмот и насилниот екстремизам од страна на еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер и претставници на земјите од западнобалканскиот регион. Според ЕК, со овој План се зајакнува безбедноста, се унапредува патот на ...
Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2025 година продажбите достигнуваат 10.180.866.920 денари, што е за 2 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 15.191.149.664 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Во 2024 година остваривме импресивен раст од 14%, што ги надмина нашите првични ...
Цената на златото бележи значителен раст во текот на оваа година, со зголемување од околу 45 до 50 проценти, според податоците од меѓународните берзи. Златото достигна историски високи нивоа, поттикнато од глобалната економска неизвесност, геополитичките тензии и засилената побарувачка од страна на инвеститорите и централните банки. Во текот на годината, вредноста на благородниот метал се движеше во континуиран раст, а аналитичарите ...
Вчера, летонскиот парламент изгласа повлекување од Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените. По повеќечасовна дискусија, пратениците во Рига го поддржаа отфрлањето на договорот на Советот на Европа од страна на балтичкиот член на ЕУ и НАТО. Критичарите сметаат дека Истанбулската конвенција поседува идеолошка основа која е спротивна на традиционалните семејни вредности во Летонија. Предлог-законот за ...
Денес, унгарскиот премиер, Виктор Орбан, даде изјава во која тврдеше дека секој кој дава поддршка за Украина, всушност ја поддржува војната. „Ако ставите пиштол на маса, порано или подоцна ќе пукне. Европа се движи кон ситуација што значи војна“, изјави Орбан за Радио Кошут, според Hirado.hu, потенцирајќи дека нема воена разрешница за конфликтот и дека војната може да „замрзне“ со големи човечки загуби. „Значи, секој што мисли дека може да ...
Грција од 2026 година ќе започне со примена на нов модел на доброволна воена служба за жени, како дел од пошироката реформа на одбранбениот систем. Одлуката беше најавена од грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас, кој истакна дека ова е историски чекор кон модернизација на армијата и зголемување на родовата еднаквост во вооружените сили. Програмата ќе започне во пилот-фаза и во првиот циклус се очекува да бидат примени меѓу 100 и 150 ...
Во услови на забрзан раст на домашната економија и забавување на инфлацијата, банкарскиот систем ја задржа стабилноста, солвентноста се подобри, а стапката на адекватност на капиталот достигна 19,6 проценти, што е највисокото ниво од 2006 година, констатира Советот на Народната банка, кој на редовна седница, го усвои Извештајот за ризиците за банкарскиот сектор за вториот квартал годинава Централната банка денеска соопшти дека ликвидноста на ...
Почнувајќи од следната година, во Франција се воведуваат розови регистарски таблички. Тие ќе ги заменат табличките што се користат за нови и увезени возила, коишто се бели, исто како и стандардните таблички, а целта е со тоа да се спречат измами и злоупотреби. Секоја година во Франција, меѓу 350.000 и 450.000 возила се опремени со привремени регистарски таблички, и тие важат максимум четири месеци. Сепак, некои возачи продолжуваат да возат ...
Економските и политичките врски помеѓу Република Македонија и Кралството Шведска континуирано се развиваат повеќе од 30 години. Иако географски оддалечени, двете земји имаат соработка на повеќе фронта и истовремено споделуваат комплементарни економски структури, но и вредности. Шведска е една од најзначајните ЕУ земји членки донатори за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ преку својата Агенција за Меѓународен Развој (СИДА) со која поддржува ...
Основното јавно обвинителство Куманово отвори истражна постапка против 30-годишен државјанин на Србија, кој бил приведен на граничниот премин „Табановце“ при обид да пренесе околу 130 килограми марихуана на територијата на Македонија. Според информациите, таа била откриена при детален преглед на товарно возило со српски регистерски таблички. Марихуаната била скриена во специјално подготвени прегради со цел да се избегне полициска контрола. ...
Со сослушување на сведоци денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Славица Наумова Јосифовска, а застапник на обвинението е Ана Гоговска Јакимовска. ...
Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници, право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4 826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823. Болните и изнемоштените, затворениците и лицата во ...
На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје. Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, ...
САД го одложија предвидениот состанок на врвот помеѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, поради непопустливиот став на Русија во врска со категоричните услови поврзани со Украина, пренесе денес “Фајненшл Тајмс” (ФТ). Одлуката произлезе по тензичен телефонски разговор помеѓу високите дипломати на двете држави, информира “Фајненшл Тајмс”, цитирајќи извори упатени во ситуацијата. Белата куќа сè уште нема одговорено ...
Политичките партии и кандидатите денеска имаат последна можност да ја презентираат својата програма и да побараат доверба од граѓаните во рамки на кампањата за вториот круг од локалните избори. Кампањата официјално завршува на полноќ, по што стапува на сила изборниот молк. Во периодот на молк, кој ќе трае до затворањето на гласачките места во недела, строго е забрането какво било политичко рекламирање, јавни повици за поддршка, медиумски ...
Во средината на октомври, цената на златото достигна 4.380 долари за унца, што е историски рекорд. Во изминатата година, цената на златото порасна за повеќе од 55 проценти во номинален износ. Главно поради геополитичките тензии, инфлацијата и побарувачката од Азија, но и голем број други фактори. Покрај основната причина, побарувачката за безбедни средства во неизвесни времиња, цената на златото е водена од стравот од инфлација и економска ...
Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија. Во периодот од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 поточно влез 2 од зградата т.н. Пегла во општина Кисела Вода, а од 09 до 10 часот корисниците од Новоселски пат, како и објектите на Стокомак, КАМ ...
Завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 коишто ќе се одржат в недела на 2 ноември. На полноќ почнува молкот кој трае до недела до 19 часот. Во вториот круг за градоначалници ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје, а ќе се прегласува за членови на Совет на три избирачки места во општината Шуто Оризари. На полноќ почнува молкот кој трае до недела до 19 часот. Во сабота во општините каде што ќе има втор круг ...
Испораката на земјоделско-прехранбени артикли од ЕУ во јули годинава достигна 20,7 милијарди евра, што претставува пораст од осум проценти во однос на претходниот месец и достигна скоро идентично ниво како и во јули 2024 година, покажува последниот извештај на Европската комисија за трговијата со земјоделско-прехранбени производи. Од јануари до јули 2025 година вкупниот извоз на земјоделско-прехранбени производи од ЕУ достигна 139,4 ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денес објави дека примил рапорт од Министерството за внатрешни работи во врска со пожарот кој се случи минатата седмица во рафинеријата за нафта Дунав, лоцирана во Сажаломбата. Според него, “сè уште не се знае дали станува збор за несреќа, дефект или надворешен напад”. Во своја објава на социјалната мрежа Фејсбук, Орбан истакна дека “истрагата е во полн ек”. Тој исто така потенцираше дека “рафинеријата во ...
Кина денес апелираше до САД да ја почитуваат меѓународната рестрикција за нуклеарни експерименти, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека му дал наредба на неговото министерство за одбрана да го тестира нуклеарното вооружување на нивната држава. “Кина се надева дека САД сериозно ќе ги почитуваат обврските од Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни тестови и нивната обврска да забранат нуклеарно тестирање и да преземат ...
Во склоп на СИАП проектот, кој се спроведува преку Светската банка, обезбедени се приближно еден милион долари за започнување на дигитализација на архивата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ). Директорот на Фондот, Никола Мемов, ги извести членовите на Управниот одбор дека, покрај редовните активности во минатиот период, потпишани се и два меморандума за соработка. Едниот е со „Промедика Офталмологија“, „Систина ...
Русија даде предупредување дека е можно да ги возобнови испитувањата на нуклеарно оружје, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави планови за рестартирање на тестирањата за прв пат по повеќе од 30 години. Според руските новински агенции, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека се надева оти Трамп е соодветно информиран за најновите руски тестови, кои не беа поврзани со нуклеарно оружје, пренесе ДПА. “Досега не ...
По повод четиридецениското постоење на Шенген зоната, Европската Унија преку иницијативата „Откриј ја ЕУ“ нуди посебна прилика за 40,000 млади луѓе да ја разгледаат Европа, изјави денес претставничката за медиуми на Европската комисија, Ана-Кајза Итконен. “ЕУ нуди 40,000 бесплатни билети за млади луѓе родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2007 година, а процесот на аплицирање е многу едноставен.” Таа додаде дека за аплицирање, младите луѓе ...
Винаријата „Монтеко“ го претстави своето ново премиум вино – „Волкано“ на настан кој се одржа вчеравечер во English Pub & Restaurant – The Corner, во Скопје. Ова премиум вино е каберне совињон одгледувано на вулканска почва, на 600 метри надморска височина. Се работи за берба од 2023 година, а серијата е лимитирана на 5.997 шишиња. „Волкано“ е вино што ја отсликува суштината на тероарот од кој потекнува, додека во себе носи впечатлива ...
Александар Јовановски на позицијата директор на Комунална хигиена Скопје доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој. Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и ...
Во пресрет на локалните избори во Струга повторно се појавуваат политички обвинувања и обиди за создавање на тензии. Од коалицијата што го поддржува кандидатот Менди Ќира реагираат дека се прават намерни обиди за прикажување на наводна нестабилност, иако, како што велат, таква ситуација во градот не постои. „Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина го нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата ...