По повод претстојниот 8 Март – Меѓународниот ден на жената, вршителката на должност претседателка на Основен кривичен суд Скопје, судијката Даниела Димовска, денеска го посети притворското одделение во рамки на Затвор Скопје, каде во моментов се сместени 12 жени против кои се води кривична постапка и за кои сѐ уште нема правосилна судска одлука. Од судот информираат дека посетата не била само институционална обврска, туку и порака дека ниту ...

Нивото на водата во Охридското Езеро бележи стабилност и е над просекот за овој период од годината. Според најновите мерења, водостојот изнесува 693,73 метри надморска височина, што е 24 сантиметри над просечното мартовско ниво од 693,49 мнв. Во споредба со истиот период минатата година, состојбата е значително подобрена. Во март 2025 година нивото на водата било повеќе од 30 сантиметри под месечниот просек и само неколку сантиметри над ...

На 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) од Скопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја 24-годишната ќерка. Според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што ...

Дел од граѓаните кои очекуваа поврат на средства преку мерката „МојДДВ“ за последниот квартал од 2025 година сѐ уште немаат добиено исплата на своите трансакциски сметки, иако рокот за реализација на повратот истече на крајот на минатиот месец. Според податоците, повеќе од 526 илјади граѓани требаше да добијат дел од платениот данок на додадена вредност. Иако значителен број корисници веќе ги добиле средствата, има и такви кои сè уште чекаат ...

Ннајстудено утрово било во Лазарополе со -4 степени. Минусни температури се регистрирани и на Попова Шапка и во Берово со -3 степени, како и во Маврови Анови и Битола со -2 степени. Температура од -1 степен е измерена во Скопје-Петровец, Струмица, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Тетово и Претор, додека нула степени се регистрирани во Охрид, Демир Капија, Велес, Куманово и Крушево. Потопло било во Кавадарци со 1 степен, Скопје-Зајчев Рид и Виница ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му упатува закани, додека, како што наведе, „унгарската опозиција застанува на страната на Киев и Брисел“. Орбан на платформата Икс напиша дека планот на Европската унија и Украина е воспоставување прoукраинска влада во Будимпешта која би испраќала унгарски пари во Киев и би ја одвоила Унгарија од евтините руски енергенси. „Ќе ги браниме интересите ...

Портпаролот на Централниот штаб на иранската армија, полковник Ибрахим Золфгари, денеска изјави дека одговорот на американско-израелскиот напад врз таа земја ќе се проширува и интензивира, додавајќи дека иранската војска продолжува да пресретнува израелски и американски авиони и дронови низ целата земја. Тој рече дека Израел се обидел да ги сокрие своите воени ресурси меѓу цивилни подрачја, но дека иранските сили продолжуваат да ги лоцираат и ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, нагласи дека зголемувањето на минималната плата на 600 евра е реална потреба и е неопходно за да се подобри животниот стандард на граѓаните. Филипче нагласи дека граѓаните се соочуваат со сериозни економски притисоци и дека е неопходна вистинска поддршка за работниците. „Луѓето не може да преживеат, реални потреби имаат, не може крај со крај да врзат. А ...

Овен Со Венера во вашиот знак, вниманието е свртено кон вас. Се чувствувате поживо, посакувано и подготвено да преземете иницијатива во љубовта или во однос што ви значи. Ова е момент кога сакате да дејствувате, не да чекате. Сепак, со Месечината во Шкорпија, дел од процесите се одвиваат тивко. Не мора сè да биде јавно за да биде моќно. Комбинацијата на храброст и длабочина ви носи најдобар резултат. Бик Венера во Овен ја активира вашата ...

Пустиник на местото наречено Символи, на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и сè до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А бидејќи на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, му даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа, Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет ...

Првата група македонски државјани евакуирани од Израел вечерва пристигна во Скопје, откако претходно биле пренесени преку Египет. На Меѓународниот аеродром во Скопје ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој информираше дека евакуацијата била комплексна операција што барала координација со дипломатско-конзуларните претставништва. „Вечерва пристигна првата група наши сограѓани од Израел, ...

Членството на Македонија во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста и стабилноста на државата и на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Филипче посочи дека сега во светот има кризи како што е на Блискиот Исток, се покажува колку значат државничките одлуки што ги носеше владата на СДСМ, а благодарение на кои Македонија денес е во најмоќниот воен сојуз, што е ...

Поранешниот пратеник и јавен работник Благојче Трпевски почина, а веста на социјалните мрежи ја сподели поранешниот премиер Димитар Ковачевски, кој упати сочувство до неговото семејство и блиските. Ковачевски во објавата истакна дека Трпевски ќе биде запаметен како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек, кој во текот на својата кариера оставил значаен придонес во јавниот живот. „Денеска не напушти Благојче Трпевски кој ќе го паметиме ...

Жена која тврди дека подолг период е жртва на семејно насилство од нејзиниот поранешен сопруг во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV јавно проговори за, како што вели, долгата и тешка борба со институциите за заштита на себе и на своето дете. Таа во своето сведоштво истакна дека веќе една година се обидува да добие помош, пријавувајќи го случајот и во Центарот за социјални работи и во МВР, но според неа досега не биле преземени конкретни мерки. ...

Во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV жена која тврди дека е жртва на семејно насилство од страна на поранешниот сопруг јавно проговори за, како што вели, долгата борба со институциите во обид да обезбеди заштита за себе и за своето дете. Таа во своето сведоштво истакна дека веќе една година го пријавува случајот во Центарот за социјални работи и во МВР, но според неа досега не биле преземени конкретни чекори. „Се чувствувам многу несигурно во ...

Доналд Трамп денеска за Аксиос изјави дека лично треба да биде вклучен во изборот на следниот ирански лидер, посочувајќи дека синот на убиениот врховен лидер не е прифатлив за него. „Синот на Хамнеи ми е неприфатлив. Сакаме некој што ќе донесе хармонија и мир во Иран“, рече Трамп во интервјуто за Аксиос. „Морам да бидам вклучен во именувањето, како што беше случајот со Делси во Венецуела“, нагласи Трамп. Делси Родригез е привремена ...

Во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV, вечерва преку сведоштво се обрати жена која тврди дека е жртва на семејно насилство и дека се соочува со недоволна институционална заштита. Таа во своето обраќање наведе дека се обраќала до надлежните институции, но дека досега не добила ефективна заштита. Според нејзините тврдења, и покрај пријавеното насилство, на нејзиниот поранешен сопруг сè уште му е дозволено да има контакт со нивното малолетно дете, ...

Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, жена која се претстави како жртва на семејно насилство изнесе сериозни обвинувања поврзани со одлука за старателство и, како што тврди, недоволна реакција на надлежните институции. Таа наведе дека по бракоразводната постапка, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи донел одлука таткото шест пати месечно да го зема детето. Според нејзиното сведоштво, секое средба е проследена со вознемиреност кај детето, ...

Премиерот Христијан Мицкоски одржа средба со претставници на нафтената индустрија, на која се разговараше за актуелната состојба со нафтените деривати во земјата, во контекст на глобалните случувања и кризата на Блискиот Исток. По состанокот, Мицкоски информираше дека заклучокот е оти нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. Тој нагласи дека залихи на горива има и дека потребите на пазарот се целосно задоволени. ...

Турција денеска го осуди иранскиот напад со дронови врз патничкиот терминал на аеродромот Рази во азербејџанскиот Нахчиван. „Силно ги осудуваме нападите со дронови извршени денеска врз Автономната Република Нахчиван. Повторно нагласуваме дека нападите кои таргетираат трети страни во регионот и го зголемуваат ризикот од проширување на војната мора веднаш да престанат. Турција ќе продолжи да го поддржува Азербејџан, како и секогаш“, се наведува ...

Цените на авионските билети на релација меѓу Азија и Европа бележат значителен раст, откако дел од клучните центри на Блискиот Исток беа затворени поради безбедносната ситуација поврзана со конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Израел од една страна и Иран од друга страна. Поради затворањето на аеродромските хабови, повеќе авиолинии се соочуваат со намален капацитет и пренасочување на летовите, што влијае врз рутите меѓу Австралија ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил информираше за текот на евакуацијата од Израел. Муцунски додаде дека безбедноста на македонските државјани е приоритет. Според неговата објава, Министерството целосно го координирало процесот на враќање на македонските државјани од Израел. Група граѓани попладнево со владиниот авион полетале од Шарм ел-Шеик кон Скопје. Муцунски нагласи дека станува збор за сложен процес ...

Портпаролот на израелската војска Авичај Адрае изјави дека најновата израелска наредба за напад се однесува на четири големи населби во јужните предградија на Бејрут, главниот град на Либан. „Спасете ги вашите животи и веднаш напуштете ги вашите домови“, порача тој на арапски јазик во објава на социјалните мрежи. „Внимание, движењето кон југ е забрането. Секое движење кон југ може да ги загрози вашите животи. Ќе ве информираме за безбедното ...

Десет тони опасен хемиски отпад, кој повеќе од десет години бил складиран во кругот на Клиничкиот центар, е безбедно отстранет, информираат надлежните институции. Процесот на дислокација е реализиран во согласност со утврдените безбедносни процедури. Од Институт за јавно здравје посочуваат дека за материјалот навреме биле известени сите надлежни институции. Според нивните информации, станувало збор за токсичен, лесно испарлив и запалив отпад, ...

Жена од Штип била пренесена во болница со повреди по случај на семејно насилство што се случил во нивниот семеен дом. Од Секторот за внатрешни работи Штип информираат дека полицијата го лишила од слобода 38-годишниот С.Д., кој е осомничен дека вчера околу 16 часот физички ја нападнал својата 34-годишна сопруга. По нападот, жената побарала медицинска помош во Клиничката болница во Штип, каде лекарите констатирале повреди. Надлежните институции ...

Пратениците во Собранието денеска ги изгласаа измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште, предложени од Министерството за транспорт. Со овие законски измени се очекува поттикнување на економскиот развој на државата и на општините, подобрување на услугите за граѓаните и поефикасно управување со јавните ресурси. Со измените на Законот за градежно земјиште, за првпат се овозможува јасен увид во целокупната линиска ...

Илхам Алиев, претседателот на Азербејџан, денеска свика безбедносен состанок поради наводен напад со дрон во регионот Нахчиван. Во своето обраќање, Алиев изјави дека „секоја непријателска сила ќе ја почувствува целосната моќ на нашата Железна тупаница“. Вооружените сили на Иран негираа дека лансирале дронови кон територијата на Азербејџан. Сепак, Алиев рече дека Азербејџан „најостро го осудува овој гнасен терористички чин“ и дека неговата ...

Во скопската населба Маџари, во близина на црквата позади железничките пруги, денеска е пријавено горење кабли, при што се создава густ црн чад што се шири во околината. Како што е пријавено на бројот за итни случаи 112, лице на локацијата пали кабли, по што надлежните служби веднаш реагирале. Од Центарот за управување со кризи информираат дека противпожарната бригада и полициски екипи се веќе упатени кон местото на настанот со цел да се ...

Азербејџан денеска затвори дел од својот воздушен простор во јужниот дел на земјата, во близина на Иран, откако беше соопштено дека четири ирански дрона ја прелетале границата. Затворањето на воздушниот простор ќе трае 12 часа, според известувањето до пилотите (NOTAM) што го издаде Азербејџан. Претходно, претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, го обвини Иран за „тероризам“ и се закани со одмазда, откако во напад со дронови во четвртокот беа ...

Lidl продолжува со засилено темпо да инвестира во земјава. Со симболично поставување камен-темелник, компанијата денеска го означи стартот на изградбата на уште еден маркет во главниот град, лоциран во скопската општина Гази Баба. Продажниот објект ќе се гради на парцела во лесно достапно подрачје и со директен пристап до главните градски сообраќајници. Со ова Lidl го најавува проширувањето на својата продажна мрежа како дел од стратешкиот и ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
36%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
45%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
39%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
42%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
6.99
46%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 17ᴼ
1.54
40%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
4.12
39%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
37%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
39%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
35%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
7.2
47%
1015
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
67%
1015
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

46843.64

Платина

64365.79

Алуминиум

3.59

Родиум

326330.08

Рутениум

53788.20

Злато

151336.48

Сребро

2399.81

Бакар

12.11

Цинк

0.00

Калај

50.34