Бугарската полиција вечерва спроведе масовна акција во која е запленето огромно количество фалсификувани пари. Според првичните информации на бугарските медиуми, пронајдени се околу еден милион лажни евра. Единицата за спречување перење пари и фалсификување (GDBOP) ги открила парите спакувани во кутии и кеси, скриени во автомобили на неколку различни локации низ Софија. Пет лица, меѓу кои и странски државјани, беа уапсени. Операцијата е сè ...

Тензична атмосфера, извици „срамота“ и серија прекини го одбележаа денешниот почеток на историскиот судски процес за железничката несреќа кај Темпи, во која пред три години животот го загубија 57 лица. Иако јавноста со години го чекаше правниот расплет, првото рочиште во Лариса траеше едвај пет часа и заврши со одложување за 1 април. Причината за дебаклот не беа правните аргументи, туку несоодветните услови во импровизираната судница во ...

Народната банка на Република Северна Македонија категорично ги отфрла тврдењата за наводна блокада на изборот на вицегувернери и уверува дека институцијата функционира без никакви пречки. Од централната банка појаснуваат дека сите предлози за нови вицегувернери се веќе доставени до Собранието по завршување на јавниот повик. Со тоа, законската процедура во оваа фаза е целосно во надлежност на законодавниот дом. Законски гаранции за стабилност ...

Македонската новинарска сцена изгуби едно од своите најпрепознатливи имиња. На 77-годишна возраст почина Гоце Контевски, долгогодишен новинар, уредник и вистински бард на пишаниот збор. Целиот свој професионален век Контевски го посвети на весникот „Вечер“, каде помина низ сите скалила на новинарската професија – од млад приправник до заменик и вршител на должност главен уредник. Неговата кариера останува забележана како пример за посветеност ...

Согласно Одлуката на Владата на РСМ за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка, донесена на вонредна Владина седница одржана на ден 22 март 2026 година, во периодот од 24 март (00:01 часот) до 6 април (24:00 часот) 2026 година ќе се применува повластена даночна стапка на прометот на енергенсите (горивата) од 10%. Управата за јавни приходи ги известува сите даночни обврзници кои вршат ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа работна средба со претставници на Националната алијанса за ретки болести, која обединува над 15 здруженија на пациенти. На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат лицата со ретки болести, вклучително и потребата од навремена и континуирана терапија, унапредување на институционалната комуникација, како и зајакнување на довербата и соработката меѓу Министерството и ...

Зоолошката градина во Штип станува една од најмодерните во земјата. Градоначалникот Јорданов најави проширување на капацитетите и нови животински видови кои ќе бидат вистинска атракција за посетителите. ЗОО паркот „Бриони“ во Штип оваа пролет ќе добие значително освежување. Како дел од планот за проширување на капацитетите, пред празникот Велигден во паркот ќе пристигнат шест нови видови животни: Лемури и коати Бодликави и виетнамски прасиња ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. На средбата стана збор за текот на пристапниот процес, реформската агенда на државата, како и за имплементацијата на Планот за раст. Поздравувајќи ја конструктивната и отворена соработка со Европската комисија и нејзините служби, министерот Муцунски нагласи дека ...

Маж почина, а едно лице е повредено откако автомобил излетал од патот на локалниот пат Клечовце – Шупљи Камен, на местото „Кантон“. Од МВР велат дека, според изјавата на сопатничката, на возачот му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата. „На 22.03.2026 околу 17:00 часот патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски, управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот. Притоа, лекар од Итна медицинска помош ...

Сопственикот на страницата за возрасни OnlyFans, Леонид Радвински, почина на 43 години по долга битка со ракот, потврди компанијата. „Со голема тага ја објавуваме смртта на Лео Радвински. Лео почина мирно по долга битка со ракот. Неговото семејство побара приватност во ова тешко време“, соопшти OnlyFans. Иако ретко се појавуваше во јавноста, Радвински одигра клучна улога во трансформирањето на OnlyFans во една од најгледаните дигитални ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавената, како вработена во филијала на една банка во Тетово, на 03.11.2025 во службени простории на банката од 59-годишник од Тетово примила 39.000 евра кои сакал да ги стави како депозит на неговата сметка во банката, но пријавената наместо да ги уплати во рок од три дена како што кажала на сметката на ...

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.П.(38) од Василево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 12.12.2025, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на возило „ауди а6“, кое го управувал пријавениот, но тој не ...

Два танкера за течен гас (LPG) што пловат под индиско знаме денеска успеаја да поминат низ Ормутскиот теснец, и покрај тоа што целиот сообраќај во критичниот воден пат останува блокиран, покажуваат податоците од платформата за следење на бродови „МаринеТрафик“. Првиот танкер, „Пајн Гас“ (Pine Gas), ја помина транзитната рута, а кратко потоа и танкерот „Џаг Васант“ (Jag Vasant), кој се наоѓаше во близина. Според платформата LSEG, „Пајн Гас“ ја ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, усогласувајќи се со измените од Законот за данок на додадена вредност. Од 24 март 2026 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 86,50 ден/литар (без промена) ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во мај или јуни ќе се знае дали и кој министер ќе биде разрешен или ќе премине во друго министерство, како дел од планираната реконструкција на Владата. „Имаме принципелен договор како коалициски партнери, вклучувајќи ја коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди – Влен“ и политичката партија ЗНАМ. Најавивме дека во мај или јуни ќе имаме реконструкција во Владата и многу прашања ќе бидат ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2026 година изнесуваше 46.617 денари, покажуваат најновите податоци. Споредено со истиот месец минатата година, ова претставува раст од 8,3 % во просечната нето-плата. Зголемувањето најмногу се должи на повисоките плати во секторите Административни и помошни услужни дејности (+12,9 %), Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (+11,1 %) и Преработувачка ...

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, издаде нов список со директиви за иранските вооружени сили во тековната конфронтација со Соединетите Американски Држави и Израел, јавија денеска иранските медиуми. Според објавата на иранската новинска агенција WAHA, првото барање на ајатолахот е континуирано затворање на Ормускиот Теснец, додека второто предвидува продолжување на нападите врз американските воени бази во регионот на ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седум управувале возило без возачка дозвола, тројца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. Три лица од Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во Тетово, Гостивар, Куманово и Делчево. Двајца во Кичево и еден во Ресен ...

На 28 ми март 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Младинскиот културен центар [MKC] во Скопје ќе се одржи третиот по ред концерт на Stefani & The Upper Room – концерт што прераснува во традиција и симбол на духовно обединување преку музиката. Овој концерт претставува повеќе од музички настап. Тоа е вечер исполнета со песна и силна порака за надеж. Публиката ќе има можност да ужива во изведби на госпел и современа христијанска ...

Дневната заштеда на граѓаните благодарение на владината мерка за намалување на цените на горивата надминува 200.000 евра, додека неделно се очекува да достигне околу 1,5 милион евра, истакна премиерот Христијан Мицкоски. „Состојбата ја следиме внимателно, имаме уште неколку мерки, но граѓаните и бизнисот можат да бидат спокојни“, нагласи Мицкоски по повод пуштањето во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно ...

Македонските здравствени власти поставуваат амбициозна цел – значително намалување на бројот на пушачи во рекордно краток рок. Со новиот Закон за заштита од пушење, министерот за здравство Азир Алиу очекува драматично намалување на пушењето и позиционирање на Македонија како пример на глобално ниво. Со стапка на пушење од околу 45%, односно приближно 589.000 активни пушачи, проекциите подразбираат дека за само неколку години бројот би се ...

Град Скопје продолжува да гради инклузивна заедница, истакна градоначалникот Орце Ѓоргиевски, обележувајќи го Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. „Грижата за еднакви можности е наша должност, а почитувањето на различностите е вредност што нè прави подобро општество“, порача Ѓоргиевски. Во рамки на активностите, денес во Скопската Зоолошка Градина заедно со здруженијата „Видлива поддршка“ и „Трисомија 21“ беа засадени дрвца кои ќе бидат ...

Најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека нападите врз Иран се одложени за пет дена ги промени цените на глобалниот пазар. Брент сурова нафта, меѓународна референтна нафта, неодамна падна за 11% на под 100 долари за барел. WTI сурова нафта, американска референтна нафта, падна за 12% на околу 87 долари за барел, пишува Волстрит журнал. Цената на нафтата порано во сесијата растеше, а инвеститорите беа на работ по изјавата на Трамп ...

Во втората половина на 2025 година, Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) спроведе контрола на користењето боледувања кај здравствено осигурани лица, меѓу кои и припадници на полицијата. Анализата покажа дека 80 лица искористиле вкупно 514 боледувања, најчесто траејќи до седум дена, додека 171 боледување било до 15 дена, а 83 над 30 дена. „Утврдивме неправилности кај 29 од контролираните 80 лица, што изнесува околу 37 отсто. Овие лица ...

На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилота успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС со што се стекнаа со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено. Со ова, по синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари на отворено со вкупно пет ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави и Иран за време на викендот воделе „продуктивни разговори“ и дека ќе ги одложат воените напади врз иранските електроенергетски и енергетски објекти за пет дена, јавува Си-Ен-Ен. Пишувајќи со големи букви на мрежата Truth Social, Трамп истакна дека одлуката за одложување на најавените напади ја донел врз основа на „тонот и карактерот“ на разговорите, пренесува CNN. „Со ...

На 22.03.2026 во 21:15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.И.(43) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека ја нападнал физички и со остар предмет, а претходниот период секојдневно се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните деца. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На 22.03.2026 во 21:15 часот во Тетово, полициски ...

Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=15°C. P=977hPa. U=30%. V=2m/s. Во среда и во четрвтрок ќе преовладува стабилно ...

Снабдувањето со гориво во Хрватска станува сè понесигурно, откако недостигот на деривати почна директно да се чувствува на терен, особено во помалите населени места. Една од најпогодените средини е Удбина, каде што веќе е затворена една бензинска станица, додека другата, во сопственост на ИНА, работи со скратено работно време – само до 13 часот. Ваквата состојба сериозно го отежнува секојдневието на локалното население. Жителите се жалат дека ...

На 22.03.2026 во 11:40 часот во ОВР Гостивар, од Итна медицинска помош Гостивар е пријавено дека во семејниот дом укажале помош на лицето А.Б.(38) од Гостивар, по што го пренеле во болницата во Гостивар, каде што во 14.40 часот починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на наасилство, а по насока на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово. На 22.03.2026 во 11:40 часот во ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.46

Иридиум

253540.09

Бакар

13.10

Платина

57324.78

Цинк

0.00

Паладиум

42535.44

Калај

53.60

Злато

139690.59

Сребро

2269.46

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59