Иран денеска ги лансираше првите ракети и дронови кон Израел, но и кон држави во Персискиот Залив, само еден ден откако Мојтаба Хамнеи го наследи својот татко, убиениот ајатолах Али Хамнеи, на позицијата врховен лидер. Израел истиот ден соопшти дека изведува напади врз, како што наведува, режимска инфраструктура во Иран. Судирот меѓу двете држави трае веќе десет дена и сѐ посилно го погодува целиот Блиски Исток, додека последиците се ...

Граѓаните утринава почнаа да ги чувствуваат првите ефекти од очекуваното поскапување на горивата, откако компаниите кои се занимаваат со продажба на горива започнаа со калкулации и прилагодување на своите залихи пред денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Некои патници утринава беа оставени од автобуси среде улица со образложение дека нема гориво. – „Утринава се возев со автобус број 21, прво задоцни многу, а потоа не ...

Последната недела од март, поточно во недела на 29 март, во два часот по полноќ, стрелките на часовникот се поместуваат еден час однапред, односно на три часот. Токму во тој момент започнува летното сметање на времето. Ова значи дека денот ќе трае еден час помалку, односно 23 часа, но затоа стемнувањето ќе доцни. Основната идеја за воведување на летното и зимското сметање на времето е да се искористи дневната светлина на поефикасен начин. ...

На 09.03.2026 во 03:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.М.(39) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна сопруга дека физички ја нападнал во домот во кој престојуваат. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На 09.03.2026 во 03:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.М.(39) од Гостивар, постапувајќи ...

По пристигнувањето на првата група евакуирани македонски државјани од Дубаи, државните институции продолжуваат со организација на нови летови за враќање на граѓаните од регионот на Блискиот Исток. Синоќа на скопскиот аеродром слета авион со 151 патник, кои беа евакуирани од Дубаи. Според најавите, следниот лет е планиран за вторник и се очекува со него да пристигне сличен број граѓани. Трета евакуација е предвидена за средината на неделата, ...

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток силно се одрази врз светските енергетски пазари, при што цените на нафтата повторно ја надминаа границата од 100 долари за барел – ниво кое не е забележано повеќе од три и пол години. Суровата нафта од типот Брент достигна цена од 101,19 долари за барел непосредно по отворањето на тргувањето на Чикашката стоковна берза. Тоа претставува раст од 9,2 проценти во однос на просечната цена од 92,69 ...

Основното јавно обвинителство Битола со координација на дејствија на Истражниот центар во тоа обвинителство и на СВР Битола откри разработена шема на измами на граѓани со лажни сообраќајни несреќи, преку која на подрачјето на ОЈО Битола во последните 2-3 месеци биле измамени над десет граѓани од кои биле извлечени вкупно над 60.000 евра и други вредни предмети. Бројот на вакви настани особено се зголемува од почетокот на февруари, од кога се ...

Во Македонија утринава се измерени ниски минимални температури, при што најстудено било во Берово и на Попова Шапка со -1 степен. Нула степени се измерени во Крива Паланка, додека во Маврови Анови било 1 степен. Температура од 2 степени е регистрирана во Лазарополе и Крушево, 4 степени во Виница, а 5 степени во Битола и Претор. Во Прилеп и Кавадарци утринската температура изнесувала 6 степени, додека 7 степени се измерени во Скопје – Зајчев ...

Изборот на новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, ги намалува изгледите за завршување на војната Цената на нафтата моментално е 119 долари и ако конфликтот и блокадата на Ормутскиот теснец продолжат, таа ќе порасне. Во колумна, ова значи 20% зголемување, можеби и повеќе. Но, оваа испорака на скапа нафта ќе биде за 2 недели. Ова го предвиде Валентин Канев, претседател на Здружението за нафта и гас на Балканот и Црното Море. Овој скок, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп даде многу лаконски коментар по веста за изборот на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач на Иран, ограничувајќи се во интервју за „Тајмс оф Израел“ на зборовите „Ќе видиме што ќе се случи“. Трамп рече дека одлуката за тоа кога да се запре војната со Иран ќе ја донесе тој „заедно“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху . Сепак, американскиот претседател јасно стави до знаење дека тој ќе го има ...

Премиерот на Албанија Еди Рама ги коментираше најновите случувања на Блискиот Исток, нагласувајќи дека Албанија, како членка на НАТО, останува безбедна. Во својот подкаст „Фласим“, Рама ја истакна солидарноста со погодените земји, вклучувајќи ги Кипар, Грција и Турција, додека ја опиша ситуацијата во регионот како сложена и тешка за предвидување. „Секако, како и сите други, и ние сме погодени – за среќа не физички, туку секако политички, ...

На 8 март, во Регионалната канцеларија на Несебар, Бугарија била примена пријава за украдено цвеќе во вредност од околу 1.000 евра, според Регионалната канцеларија на Министерството за внатрешни работи во Бургас. Пријавата е примена во 9:00 часот наутро од приватен имот лоциран во населбата „Кокалу“ во Несебар. Украдени се бројни кутии со саксиско цвеќе во вкупна вредност од околу 1.000 евра. Како резултат на брзата полициска акција, еден од ...

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ упати повик до медиумите и јавноста будно да го следат денешното судско рочиште, закажано за 9 март во 10:30 часот. Случајот се однесува на скандалот со закланите коњи во скопската Зоолошка градина кој се случи во јули 2022 година. Институционален молк за сопственоста на животните Во пресрет на рочиштето, од здружението информираат дека преку барања за слободен пристап до информации од јавен ...

Oвeн – Paбoтa: Bo тeĸoт нa нeдeлaтa ќe пoчyвcтвyвaтe нaплив нa eнepгиja, ocoбeнo вo втopниĸ и cpeдa, ĸoгa Meceчинaтa вo Cтpeлeц ги зajaĸнyвa вaшитe aмбиции. Чeтвpтoĸ и пeтoĸ ќe бapaaт oд вac дa бидeтe пoпpeцизни и диcциплиниpaни вo вaшитe зaдaчи зa дa ги ĸoнcoлидиpaтe вaшитe пoзиции co мeнaџмeнтoт. Здpaвje: Oбpнeтe внимaниe нa вaшaтa физичĸa aĸтивнocт нa пoчeтoĸoт нa пepиoдoт, нo избeгнyвajтe пpeoптoвapyвaњe нa зглoбoвитe нa ĸpajoт oд ...

Силен земјотрес утрово ја вознемири јавноста во Турција. Според прелиминарните податоци, земјотрес со магнитуда од 5,1 степени е регистриран во западниот дел на земјата. Детали за потресот Според првичните извештаи од сеизмолошките станици, главните карактеристики на овој земјотрес се следните: Локација: Време: Јачина и длабочина: Потврда од сеизмолошките центри Регистрираните податоци се обработени врз основа на голем број мерни станици. ...

Великиот и славен Крстител Јован беше убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада нареди да не ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашеше дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеде неговата глава и ја закопа на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да трпи главата на Божјиот човек да ...

Променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во западните делови ќе има слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпадне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. ...

Глобалните енергетски пазари бележат драматични турбуленции откако цената на нафтата експлодираше над психолошката граница од 100 долари за барел. Овој берзански шок веќе ги предизвика првите верижни реакции на домашниот пазар, каде што започнаа ограничувањата за точење гориво. Берзански скок: Брент нафтата над 107 долари Светските берзи реагираат бурно. Според најновите податоци, цената на суровата нафта (CL) бележи остар вертикален скок, ...

На Меѓународниот аеродром Скопје безбедно слета авионот од Дубаи, со што преку комерцијални чартер-летови официјално започна масовната евакуација на македонските државјани од кризните региони на Блискиот Исток. Пречек на аеродромот: Рози за жените по повод 8 Март Првата група евакуирани граѓани на скопскиот аеродром беше пречекана лично од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој се поздрави со секој од ...

САД и Израел го прекршија меѓународното право со напаѓањето на Иран, изјави швајцарскиот министер за одбрана Мартин Пфистер во интервју објавено во неделата, станувајќи еден од европските лидери кои изразија загриженост за ескалацијата на конфликтот. Правните експерти велат дека многу земји ќе ги сметаат нападите за неоправдани според Повелбата на Обединетите нации, која ги обврзува земјите-членки да се воздржат од употреба или закана со сила ...

Бројот на случаи на насилство и убиства на жени во земјава е загрижувачки висок и покажува сериозни системски проблеми во заштитата на жртвите, предупреди Ана Аврамоска Нушкова од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk. Таа посочи на неколку трагични случаи што ја потресоа јавноста во изминатиот период, нагласувајќи дека дел од жените биле убиени во сопствениот дом, ...

Светскиот ден на дебелината годинава се одбележа со поразителни податоци за здравствената состојба на граѓаните во Македонија. Околу 30 проценти од населението се соочува со прекумерна тежина, додека дури 65 отсто имаат висок индекс на телесната маса. Овие бројки беа повод за денешната кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, која под мотото „Круг на поддршка – За полесно слабеење, не осудувајте! Помогнете“ ...

Бројот на жртви од израелските воздушни напади во Либан драматично се зголеми на 394, потврди Министерството за здравство на земјата во неделата. На вонредна прес-конференција, министерот за здравство Ракан Насередин даде потресни детали за бројот на жртви откако Либан беше втурнат во војна меѓу Израел и САД против Иран. Официјалните бројки покажуваат дека бројот на жртви е најмалку 83 деца и 42 жени. Спасувачите се погодени, бројот на жртви ...

УКРАИНСКАТА државна банка „Ошадбанк“ објави дека ќе покрене судска постапка за враќање на банкарските средства што сè уште се во Унгарија, по неодамнешното притворање на нејзините вработени и запленувањето на оклопни возила. Во соопштение објавено на Фејсбук, банката соопшти дека седум вработени привремено приведени од унгарските власти се вратиле дома, но дека „возилата и вредните предмети сè уште се нелегално чувани“. Банката најави два ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, вели дека никој не знае кој ќе биде следниот врховен лидер, среде извештаите дека телото одговорно за неговиот избор веќе избрало замена за ајатолахот Али Хамнеи. Зборувајќи во емисијата „Meet The Press“ на NBC во недела, Аракчи рече: „Постојат многу гласини, но мора да почекаме Собранието на експерти да се состане и да гласа за нов врховен лидер“. Собранието е тело од 88 високи свештеници ...

На 07.03.2026 во 15:20 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.М.(32) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишна жена од Тетово дека нејзината 15-годишна ќерка живее со В.М. и тој не и дозволува комуникација со родителите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 07.03.2026 во 15:20 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР ...

На 07.03.2026 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на место викано „Буката“ на околу еден километар од локалниот пат помеѓу селата Едрениково и Требичино, струмичко, имало превртен трактор. Од здобиените повреди на местото починал возачот на тракторот П.С.(66) од село Градашорци, струмичко, а смртта ја констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...

По успешно организираната акција за помош на нашите сограѓани на Блискиот Исток, авионот на flydubai (лет FZ1829) со кој се врши евакуацијата е веќе во воздух и се движи кон Меѓународниот аеродром Скопје. Се работи за македонски државјани кои престојуваа во Обединетите Арапски Емирати. Се очекува тие да пристигнат вечерва околу 21 часот. Ова е само почеток на евакуацискиот план. Како што информираа од Министерството за надворешни работи и ...

Мајк Валц, амбасадорот на САД во Обединетите нации, рече дека војната против Иран ќе ја елиминира заканата што Иран ја претставува за Блискиот Исток веќе 47 години. „Воените цели и достигнувања по една недела се навистина извонредни“, рече Валц во емисијата „Meet the Press“ на NBC. „Иранските воздухопловни сили се уништени. Иранската воздушна одбрана е уништена и речиси целосно онеспособена. Морнарицата е потопена – повеќе од 40 бродови сега ...

Крстарењата често се сметаат за одмор од соништата, а многу луѓе секоја година одат на патување во потрага по сонце и релаксација. Иако се дизајнирани за уживање и луксуз, сепак се случуваат несреќи. Застрашувачка симулација објавена на Инстаграм профилот Axiom 3D покажува што би се случило ако некој падне од крузер. Што се случува кога ќе паднете во океан? Анимираното видео прикажува лице како паѓа во отворен океан, додека наратор објаснува ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
50%
1017
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
48%
1016
weather icon

Загреб

17ᴼ / 14ᴼ
1.54
44%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
3.6
46%
1016
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
6.84
49%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 14ᴼ
0.47
50%
1019
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.92
46%
1014
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
48%
1016
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
39%
1016
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
1.34
43%
1012
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
7.2
52%
1016
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
72%
1015
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Кобалт

45.39

Рутениум

53788.20

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

326330.08

Платина

64365.79

Паладиум

46843.64

Калај

50.34

Алуминиум

3.59

Злато

151336.48

Бакар

12.11

Сребро

2399.81