Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Брза интервенција на пожарникарите спречи поголема штета при пожар што избувнал во стан во центарот на Куманово. Инцидентот се случил на улицата „Димитрије Туцовиќ“, каде огнот бил навреме ставен под контрола. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека Територијалната противпожарна единица интервенирала околу 10:55 часот со една екипа и едно противпожарно возило. Пожарот бил целосно локализиран во 12:45 часот. Во ...
Силна бура со урагански налети на ветер ја погоди Загреб, оставајќи зад себе сериозни последици и парализирајќи дел од градот. Невремето, кое траеше во текот на ноќта и утринските часови, предизвика материјални штети, прекин во сообраќајот и бројни интервенции на службите. View this post on Instagram A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov) Според информациите, ветерот достигнал брзина до 120 километри на час, при што ...
Грчките медиуми објавија дека дошло до дипломатска интервенција за време на самитот во Вашингтон, организиран од првата дама на САД Меланија Трамп, во врска со именувањето на Македонија. Според овие информации, при првичното обраќање и поздравување на сопругата на македонскиот премиер, Рози Мицкоска, било употребено името Македонија. Меѓутоа, по реакција и дипломатска интервенција од Амбасадата на Грција во САД, во понатамошниот тек на ...
Студено утро со температури под нулата беше измерено во делови од земјава, додека во текот на денот се очекува променливо облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места и снег. Најниска температура од -4 степени е измерена на Попова Шапка, -1 во Лазарополе и Крушево, додека нула степени се регистрирани во Маврови Анови и Претор. Во Охрид утринската температура изнесувала 1 степен, во Битола 2, а во повеќе градови како Крива Паланка, ...
Одлуката за напуштање на владината коалиција не била изненадна, туку резултат на подолг период на незадоволство и чувство на исклученост од клучните процеси, изјави Арбен Таравари во емисијата „Вин-Вин“ на Телма телевизија. Лидерот на Алијансата за Албанците посочи дека првичната идеја на почетокот на 2024 година била да се донесат промени по долгогодишното владеење на ДУИ, нагласувајќи дека коалицијата Влен успеала да освои значителна ...
Корупцијата директно ги загрозува основните човекови права – предупреди Слаѓана Тасева во „Ноќно студио“. Таа посочи дека граѓаните немаат еднаков пристап до здравство, чист воздух и економски ресурси, токму поради системската корупција. Според неа, најголем проблем се таканаречените „темни бројки“ – случаи кои никогаш не се пријавуваат поради недоверба во институциите. Тасева нагласи дека државата сè уште нема јасна слика за вистинскиот обем ...
ОВЕН Работите полека си доаѓаат на свое место. Оние од вас кои сакаат да добијат поголема почит и поддршка од соработниците и претпоставените, треба да бидат попрецизни и да им покажат на другите дека знаат точно што сакаат. Ќе постигнете напредок ако се држите до сопствениот план, но и разни деловни или законски ограничувања. Бидете малку разиграни. БИК Заинтересирајте се за помладите луѓе околу вас, набудувајте што и како го прават тоа, а ...
Роден е во Нурсиската област во Италија, во 480 година, од богати и угледни родители. Не се задржа долго по школите, зашто брзо увиде дека заради книшкото учење може да го изгуби „големиот разум на својата душа“. Од училиште излезе како „ненаучен мудрец и разумен незнајко“. Побегна во еден манастир, каде прими монашки чин од монахот Роман и се повлече во една недостапна гора, па остана во една пештера трудејќи се околу својата душа повеќе од ...
роменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. ...
Шокантни резултати од ново научно истражување откриваат дека ајкулите во водите околу Бахамите се изложени на сериозно хемиско загадување, вклучително и присуство на кокаин, кофеин и лекови во нивните организми. Ова откритие ја отвора загриженоста за влијанието на човековите активности дури и во области што се сметаат за чисти и недопрени. Истражувачи од Бразил, Чиле и Бахамите анализирале крв од 85 ајкули уловени во близина на островот ...
Најновата дебата во „Ноќно студио“ ја отвори болната тема за „заробената држава“, термин кој и официјално се појавува во извештаите на Европската комисија за Македонија. Доктор Слаѓана Тасева од Transparency International појаснува дека ова значи дека институциите не работат за граѓаните, туку се ставени во функција на бизнис и политички елити. Клучни проблеми лоцирани во емисијата: Невидлив криминал: Загрозени човекови права: Култура на ...
Дали законските измени се прават за да се олесни правдата или за да се спасат функционерите? Слаѓана Тасева алармира дека последните измени на Кривичниот законик директно ја попречуваат борбата против високата корупција. Ефектите од измените: Застарување: „Tailor-made“ закони: Немоќни обвинители: Пораката од емисијата е јасна: Без вистинска политичка волја и независност на новиот државен јавен обвинител, корупцијата ќе продолжи да ја менува ...
Поранешните членови на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Слаѓана Тасева и Шемши Салаи, во емисијата ја расветлија дилемата зошто јавноста ретко гледа судска завршница на големите афери. Иако граѓаните очекуваат ДКСК да „апси“, таа има примарно превентивна улога и нема истражни ингеренција како полицијата. Патот на една иницијатива: Како фрапантен пример беше споменат случајот „Трансмет“, каде наместо 12 милиони евра да се ...
Автопатот што ги поврзува Солун и Атина вечерва е целосно затворен за сообраќај поради пожар што избувна во западниот дел на Солун, создавајќи густ чад и намалена видливост за возачите. Одлуката е донесена како превентивна мерка за заштита на учесниците во сообраќајот и олеснување на интервенцијата на службите. Пожарот избувнал во близина на солунското предградие Халастра, во реонот кај патарините Малгара. Според информациите, огнот зафатил ...
Младинската репрезентација на Македонија (до 21 година) доживеа тежок пораз од Италија во квалификациите за Европското првенство, откако во Емполи загуби со 4:0. Со овој резултат, македонскиот тим по седум кола останува со само една победа и зазема петто место во групата Е. Домаќинот Италија поведе уште во третата минута со голот на Шер Ндур. Во почетокот од второто полувреме противникот за само две минути постигна два гола, Лука Липани во ...
На 26.03.2026 во 00:15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.П.(38) затоа што физички ја нападнал неговата 53-годишна партнерка. Според пријавеното, таа и претходно била психички и физички малтретирана од него. На 25.03.2026 во 23:10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ц.М.(26) од Скопје, постапувајќи по ...
Врховниот суд на Финска ја прогласи пратеничката Паиви Расанен за виновна за поттикнување омраза откако ја нарече хомосексуалноста „развојна нарушеност“, во пресуда која предизвика критики од министри од крајната десница во владата и повторно ја отвори дебатата за границите на слободата на говорот. Расанен, лекарка и членка на партијата на Христијанските демократи, ги изнесе овие тврдења во брошура која првпат беше објавена во 2004 година, а ...
Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, а четворица под дејство на алкохол, двајца од нив учествувале во сообраќајни незгоди Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири под дејство на алкохол. Три лица во Скопје ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Во претходниот период од слобода беа лишени уште две лица од кои едниот малолетник, исто така инволвирани во случаите со лажните дојави ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран дозволува премин на дел од нафтените танкери низ Хормушкиот теснец како знак на добра волја во контекст на преговорите за завршување на војната. Според Трамп, Техеран дозволил премин на десет танкери низ стратешкиот теснец, што американскиот претседател го нарекол „подарок“ со кој Иран покажува сериозност во преговорите. Трамп изјави за новинарите дека Иран првично најавил премин на осум ...
Поставувањето на систем за видеонадзор на повеќе локации во Велес е во тек, како дел од најавениот проект „Безбеден град“, кој има за цел подобрување на сообраќајната безбедност. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Велес, деновиве се врши инсталација на потребната инфраструктура – кабли, метални сандачиња, столбови и камери на главните градски улици. На една од последните седници на ...
Силно невреме попладнево зафати делови од БиХ, каде интензивен град и пороен дожд предизвикаа проблеми во повеќе населени места. Во Мостар, невремето беше проследено со грмежи и засилен јужен ветер, а во одредени делови, како населбата Мазољице, улиците беа покриени со значителни количини ледени зрна. Слични сцени беа забележани и во Неум и Меѓугорје, каде граѓаните сведочеа за појава на крупен град. Надлежните служби предупредуваат дека ...
Врнежи од дожд кои ќе започнат во западните делови, а потоа ќе се прошират низ целата земја, се очекуваат во текот на вечерните и ноќните часови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според најновата хидролошка информација, врнежите ќе продолжат и во раните утрински часови, при што ќе ја зафатат целата територија. Иако локално се очекуваат пообилни количини на дожд, надлежните уверуваат дека поголемите реки имаат капацитет да ...
Театарската сцена во Македонија остана без еден од своите современи режисери – на 46-годишна возраст почина Оливер Мицевски, соопшти Народниот театар Битола. Мицевски, кој подолг период живееше и работеше во Лондон, во јуни 2025 година се врати на македонската сцена по пауза од 14 години, кога во Битолскиот театар ја постави претставата „Едмонд“. Тој дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во 2009 година добил стипендија од ...
Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница упати децидна порака дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се единствениот официјален јазик на целата територија на државата и за меѓународна употреба. Одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи во врска со употребата на јазиците, Мицкоски нагласи дека иако нема ништо против употребата на албанскиот или кој било друг јазик, уставните одредби мора да се почитуваат во ...
Од април годинава платите на здравствените работници ќе се зголемат за 5 до 7 проценти, потврди премиерот Христијан Мицкоски за време на седницата за пратенички прашања во Собранието. Ова покачување е дел од долгорочниот план за раст на примањата во секторот кој ќе трае до 2028 година. Покрај платите, премиерот истакна дека веќе е зголемена капитацијата за матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите, а по подолг период позитивната листа е ...
Претставници на Македонска риболовна федерација, локалната самоуправа и Национален парк Маврово го најавија одржувањето на Светското првенство во лов на крап на Мавровското езеро и потпишаа Меморандум за соработка за успешна организација на настанот. Директорот на Националниот парк Маврово, Харис Ибраими, истакна дека ова е спортски настан од највисок ранг кој ќе се реализира во септември, додавајќи дека партнерството меѓу институциите е ...
Основниот граѓански суд Скопје повторно го прогласи за незаконски и го забрани најавениот штрајк на Синдикатот на контролори на летање (ССКЛ), соопшти на денешната прес-конференција правниот застапник на М-НАВ, адвокатот Горан Николовски. Одлуката на судот се темели на три клучни точки: отсуство на конкретни барања за работнички права, неспроведена задолжителна постапка за помирување и недостиг на правен легитимитет на ССКЛ самостојно да ...
Мајка од Кочани пријавила во полицијата дека нејзината малолетна ќерка подолг период била жртва на организирано психолошко насилство преку социјалните мрежи. Според пријавата поднесена вчера во ОВР Кочани, група малолетници ја вознемирувале и понижувале девојчето во дигиталниот простор, што довело до сериозно влошување на нејзината здравствена состојба. Поради континуираниот притисок и малтретирањето, малолетничката развила здравствени ...
На 25.03.2026 полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.К.(30) и А.Ќ.(25), двајцата од село Лојане, липковско. Тие се сомничат дека во село Лојане физички го нападнале С.А.(23) од Египет и му одзеле пари и мобилен телефон. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава. На 25.03.2026 полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода ...