Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. Младите лидери најпрво се заблагодарија на приемот и искажаа благодарност за можноста да разменат ставови за демократијата, безбедноста и европската иднина на Западен Балкан, како тема на панелот. Сиљановска-Давкова укажа на ...

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар вчера спровеле засилени контроли при што лишиле од слобода две лица поради сообраќајни прекршоци. На регионалниот пат Дебар–Маврово, околу 17:50 часот, бил приведен 52-годишниот Г.Ј. од село Крупиште, Општина Карбинци. При контрола на возило „Ауди“ било утврдено дека тој управувал и покрај изречена забрана за возење. Претходно истиот ден, на улицата „Јусуф Грвала“ во Дебар, ...

Недостигот на квалификувана работна сила станува еден од најсериозните предизвици за странските инвеститори во земјава, покажува анкетата „Business & Investment Indicator 2025“. Дури 89 проценти од компаниите се соочиле со проблем да најдат соодветен кадар, а 17 проценти веќе почнале да вработуваат странски работници. Ова се случува и покрај фактот што околу 90 проценти од компаниите ги зголемиле платите, во просек за 10 проценти, во обид ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција обелодени дека лекар вработен во јавното здравство остварил месечен приход од околу 700 илјади денари. Тој не откри детали за идентитетот на докторот ниту за институцијата, потенцирајќи дека случајот ќе се решава институционално за да не се загрози процесот. Алиу не ја исклучи можноста за кривична одговорност, нагласувајќи дека надлежните институции веќе работат на расчистување на ...

Министерот за здравство Азир Алиу откри дека лекар од јавното здравство добил енормна плата, но без да открие идентитет. Случајот ќе се процесуира институционално, а можно е да има и кривична одговорност. „И Министерството за здравство и Владата ги знаат институциите, дозволете институционално да го решиме ова. Не би смеел да ги кажам деталите на прес-конференција бидејќи ќе загрозам систем што не треба да се загрози. Знаеме дека нашата ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б.(21) од Кичево, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, против Б.Б.(45) од с.Пласница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ и „употреба на исправа со невистините содржини“ и ...

На 26.03.2026 околу 21:40 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж пријави дека околу 19:30 часот во дворот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговиот татко С.М., неговиот чичко Б.М. и неговите братучеди С.М. и Ф.М., кои употребиле и тврди предмети. На 26.03.2026 во 12:15 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Ш.Б.(31), постапувајќи по претходна пријава ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи и со двајца се извршени службени разговори за безобѕирно управување возило. Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. По две лица во Битола, Скопје и Свети Николе возеле без возачка дозвола, по еден во Тетово, ...

Недозволиво е премиер од собраниска говорница да нарачува што треба да работи јавниот обвинител, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг со медиуми посочи дека однесувањето на власта претставува сериозно отстапување од демократските принципи и ја покажува концентрацијата на моќ во рацете на еден човек. „Единствена партија која што има вистински автократски манири е ВМРО-ДПМНЕ, ...

Министерството за здравство ќе спроведе темелни проверки во јавниот здравствен систем по сознанијата дека дел од лекарите примале екстремно високи плати, надминувајќи 10.000 евра месечно, најави министерот Азир Алиу. Според него, институциите веќе располагаат со конкретни податоци за вакви случаи, но деталите засега нема да се објавуваат јавно за да не се загрози постапката. „Имаме лекари со плата од 700 илјади денари, што е повеќе од 10.000 ...

Маж од Македонија бара помош од институциите и граѓаните за пронаоѓање на својот син, за кого тврди дека се наоѓа на територијата на Благоевград. Според неговите зборови, младиот човек – Ристе Венев, роден на 24 април 1992 година, се води како исчезнат, а последен пат е евидентиран на 13 март 2026 година токму во Благоевград. За случајот се поднесени пријави и во полицијата во Македонија и во Бугарија, при што е распишана потрага. Таткото ...

Жичницата на Водно привремено е ставена вон функција поради неповолни временски услови, информира ЈСП Скопје. Од Јавното сообраќајно претпријатие соопштија дека одлуката е донесена поради засилен ветер и врнежи од дожд, при што брзината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за работа на жичницата. „Поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција“, велат од ЈСП ...

Град Скопје влегува во нова фаза на модернизација на јавниот превоз, откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одржа работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, каде беа презентирани клучните технички решенија и концептот на идниот транспортен модел. На состанокот детално се дискутирало за трасите, начинот на функционирање и придобивките од системот, кој треба да донесе побрз, поефикасен и поеколошки јавен превоз за ...

Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце. Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на научно-стручната конференција „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“, во организација на Факултет за безбедност – Скопје. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека психофизичката подготвеност претставува клучен столб на функционален и ефикасен безбедносен систем, нагласувајќи дека човечкиот фактор е пресуден за ...

На денешната прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски ја истакна значењето на новата енергетска инвестиција во Скопје вредна 22 милиони евра, која според него ќе ја зајакне стабилноста на енергетскиот систем и ќе овозможи пристап до нови производни капацитети во следните 20 години. Тој се заблагодари на сите институции и компании вклучени во проектот и најави продолжување на инвестициите во енергетиката. Мицкоски се осврна и на ...

На 26.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(45) од Скопје пријави дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, кај Институтот за трансфузиона медицина, каде е вработена, А.И., кој се лекувал во установата, во два наврати се обидел да ја прегази со неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 26.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(45) од Скопје пријави дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, кај Институтот ...

Советот на јавни обвинители на денешната седница избра четворица нови обвинители за Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, додека петтото место остана непополнето. За нови обвинители беа избрани Енѓелуше Леши Кадриу, Александар Маркоски, Ана Гоговска и Ана Стојковиќ. Изборот беше речиси едногласен, додека другите кандидати, меѓу кои и Ивана Алексова Трајчева, Сузана Мирчевска Кузмановска и Валентина Бислимовска, не ...

Новоизбраниот државен јавен обвинител, Ненад Савески, на денешната седница на Советот на јавни обвинители истакна дека ќе ги запознае јавноста навремено со сите одлуки и дека за сè што ќе следува потребно е малку време за организација на функцијата. – Првото нешто што го направив откако сум на функцијата беше средба со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство. Планирам средби и со јавните обвинители во подрачјата на вишите јавни ...

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица во стечај и против М.М.(48) од Струмица, поради постоење основи на сомнение сториле кривично дело „даночно затајување“ по член 279 став 4 и став 2 од Кривичниот законик. Пријавениот правен субјект и М.М., во времето на сторување на кривичното дело во својство на управител со неограничено овластување, со намера да одбегнат плаќање ...

На денешната седница на Советот на јавни обвинители беа избрани четворица нови обвинители за Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Од пријавените кандидати, функциите ги добија Александар Марковски, Енѓелуше Кадриу-Леши, Ана Гоговска-Јакимовска и Ана Стојковиќ-Димитровска. Сите избрани обвинители доаѓаат од надворешни позиции во скопските обвинителства, освен Кадриу-Леши, која ова ѝ е трет мандат во ОЈО ГОКК. ...

На граничниот премин Табановце, мобилните екипи на Царинската управа вчера изутрина во автобус на компанијата „Дурмо Турс“ пронашле околу 600 патрони од различен калибар. Според неофицијални информации, муницијата му припаѓа на еден од возачите на автобусот, кој ја криел на посебно место. Од Основното јавно обвинителство Куманово потврдија дека е отворена истрага. – ОЈО Куманово поведе истрага против две лица, на кои по предлог на обвинителот ...

На 26.03.2026 во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. При преземање мерки му било извршено алкотестирање и ...

Независниот синдикат на државната администрација денеска објави дека во Министерството за економија и труд е потпишан нов Колективен договор, со кој административните службеници ќе добијат постепено зголемување на платите, со вкупно покачување од 21% до 2028 година. Според договореното, платите ќе се зголемуваат во три етапи: првото покачување од 7% ќе важи од 1 март 2026 година, следното од 7% од 1 март 2027 година, и последното зголемување ...

Големи очекувања од новиот државен јавен обвинител – порача Слаѓана Тасева. Таа истакна дека приоритет мора да биде зајакнување на интегритетот на обвинителството и поголема транспарентност во работата. Според неа, институцијата мора да обезбеди заштита за своите кадри и да воспостави систем на отчетност, доколку сака да ја врати довербата кај граѓаните. Големи очекувања од новиот државен јавен обвинител – порача Слаѓана Тасева. Таа истакна ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег при што снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени. Времето и метеоролошките ...

Кражба е пријавена во верски објект во тетовско, откако непознати сторители провалиле во џамија и одзеле пари од касата со прилози. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера околу 15:30 часот во Полициското одделение Теарце. Според пријавата, кражбата се случила во периодот од 12:00 до 15:00 часот во џамијата во селото Слатино. Сторителите со употреба на сила и тврд предмет ја отвориле касата во која ...

Граѓаните викендов повторно ќе ги поместат часовниците, со што започнува летното сметање на времето. Промената носи подолги денови, но и пократок сон во првите денови од прилагодувањето. Летното сметање на времето во 2026 година започнува на 29 март во 02:00 часот, кога стрелките се поместуваат еден час нанапред, односно на 03:00 часот. Со тоа, неделата ќе трае 23 часа, наместо вообичаените 24. Во пракса, ова значи дека граѓаните ќе „изгубат“ ...

Наместо да го намалат користењето, рестриктивните мерки сè почесто го поттикнуваат растот на нелегалниот пазар на алтернативни никотински производи. Последните податоци покажуваат дека овој пазар во Европа веќе достигнува сериозни размери. Истражување на германските Fraunhofer Institute и MRU GmbH открива дека речиси половина од електронските цигари што се користат во Европската Унија се нелегално набавени, со проценета вредност од околу 6,6 ...

Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми управувани од ТАВ Македонија, почнува престојниов викенд – во недела на 29 март и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации – 6 нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун, како и 4 нови авиолинии од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид – Милано, Виена, Вроцлав, Катовице. „Сите 10 нови авиолинии што ќе бидат воведени со летниот ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
64%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
1.19
92%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.64
88%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
77%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.97
83%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.45
88%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
0.89
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
72%
1014
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.95
61%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.02
85%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
61%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
1.97
100%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Калај

53.60