Судскиот процес против Стојанче Јовановски продолжи со серија шокантни и емотивни сведоштва кои фрлаат нова светлина врз долгогодишното физичко и психичко малтретирање во семејството. Љубица Стојановска, мајка на оштетената Ивана, пред судот детално ги опиша хоророт и тортурата на кои била изложена нејзината ќерка. Според сведочењето на Стојановска, насилството на Јовановски не познавало граници, па дури ни во здравствените установи. Таа ...

Познатиот прехранбен гигант Nestlé денеска излезе со официјално соопштение во кое потврдува необичен и голем инцидент. Имено, дури 12 тони производи од брендот KitKat биле украдени додека се транспортирале од фабриката во Централна Италија кон Полска. Компанијата веднаш ги известила надлежните органи и во моментов тесно соработува со локалната полиција и транспортните партнери за да се открие како дошло до кражбата и каде завршила пратката. ...

Длабоко под површината на Гренланд, ледениот покрив полека се преобликува во необични вртлози налик на перјаници, покажува најновото истражување кое би можело да им помогне на научниците во предвидување на однесувањето на мразот што забрзано се топи. Овие формации првпат биле забележани со радарско снимање во 2014 година, но нивното потекло останало непознато сè до неодамнешната студија која укажува дека за нивното создавање е одговорна ...

Уништувањето на американски AWACS во ирански напад отвора прашање колку е ослабен американскиот надзор на воздушниот простор и способноста за навремена реакција на нови закани. Уништувањето на авионот на американското воено воздухопловство E-3 Sentry во ирански напад врз воздушна база во Саудиска Арабија би можело да ги ослаби американските способности навреме да откриваат приближувачки ирански закани на поголема оддалеченост, велат ...

Шпанија донесе одлука да го затвори воздушниот простор за американските авиони вмешани во војната во Иран, изјави шпанската министерка за одбрана. Шпанија, членка на НАТО, го затвори својот воздушен простор за американските авиони вмешани во нападите врз Иран и не одобруваме ниту користење на воени бази, ниту користење на воздушниот простор за акции поврзани со војната во Иран – изјави утрово пред новинарите во Мадрид министерката за одбрана ...

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека од Основно јавно обвинителство Кавадарци е поднесена кривична пријава против И.Р. (27) од Росоман, поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик. Според информациите од СВР Велес, на 30 март 2026 година околу 07:00 часот, во семејниот дом, по претходно нарушени односи, пријавениот со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани во ...

Тензична атмосфера и полициска интервенција го одбележаа кошаркарското дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички Скопје, кое се одигра во салата на Спортски центар Јане Сандански. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 29 март 2026 година околу 19:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле три лица поради нарушување на редот за време на натпреварот. Станува збор за Д.Н. (45), Ф.С. (18) и А.В. (46), сите од Скопје. ...

На 29.03.2026 во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат М.К.(38) од Скопје, а до него бил пронајден пиштол. Од страна на лекар била констатирана смрт. Имено, тој на 03.03.2026 бил пријавен дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција. На 29.03.2026 во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено ...

Обвинителката Адела Бојчевиќ по денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје изјави дека исказот на обвинетиот Стојанче Јовановски не ги исполнува законските услови за признание на вина, поради што судот не го прифатил и постапката продолжила со изведување докази. Таа појасни дека, според Законот за кривичната постапка, признанието мора да биде доброволно, јасно и без присила, што во конкретниот случај не било исполнето. – Ова не е ...

На 29.03.2026 во 21:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Х.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот упатувал закани кон неговата 42-годишна мајка и искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 29.03.2026 во 21:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го ...

На 29.03.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од негов познаник А.Х.. Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото возило „бмв“, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар. Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во ...

Љубица Стојановска, мајката на починатата Ивана Јовановска, пред судот раскажува дека нејзината ќерка била физички нападната од Стојанче Јовановски во јануари и тоа на Клиниката за дигестивна хирургија. Како што вели, таа била хоспитализирана поради болки предизвикани од удар – хематом во абдоменот. „Кога отидов на посета, дознав дека Стојанче ја бутнал по скалите. Главната сестра на хирургијата не праша дали знаеме што се случило и нè внесе ...

Американскиот претседател Доналд Трамп упати серија самопофалби во однос на неговата улога во светската дипломатија, тврдејќи дека неговите заслуги за глобалниот мир се без преседан во историјата. Според него, тој сопрел неколку долгогодишни конфликти кои другите лидери ги сметале за нерешливи. „Без разлика дали луѓето ме сакаат или не, јас решив осум големи војни. Некои од нив траеја по три децении. Спречив конфликти кои допрва требаше да ...

На 29.03.2026 во 19:30 часот на автопатот Скопје-Велес, кај наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиja од слобода Ј.Н.(40) од Гостивар, затоа што на автопатот управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки во спротивна насока на автопатот. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали износот ...

Данскиот парламент минатата година усвои нов закон со кој старосната граница за заминување во пензија за лицата родени по 31 декември 1970 година се подигнува на 70 години. Со оваа одлука, Данска официјално ќе ја престигне Грција и ќе стане земја со најдолг работен век во Европската Унија. Данскиот модел е специфичен по тоа што уште од 2006 година ја поврза пензиската граница со очекуваниот животен век. Овој праг се ревидира на секои пет ...

Љубица Стојановска, мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска пред судот детално ја опиша ситуацијата што претходела на одлуката за разводот меѓу Ивана и Стојанче Јовановски. Таа рече дека среде ноќ, на автопат, Јовановски ги оставил својата ќерка Катја и сопругата затоа што Ивана, враќајќи се од свадба во Штип, не се исклучила на точната клучка. „Ивана направила грешка каде да се исклучи, Стојанче се изнервирал и ги избркал од ...

Владата на Косово денеска официјално одобри испраќање на припадници на своите вооружени сили во Појасот Газа. Овој потег е дел од пошироката американска иницијатива за формирање Меѓународни сили за стабилизација (ИСФ), по минатогодишното примирје меѓу Израел и Хамас. Косово се приклучува на групата земји, меѓу кои се и Албанија, Мароко, Индонезија и Казахстан, кои ветија воена поддршка за одржување на мирот и помош за преодната администрација ...

Огромна толпа демонстранти излезе на улиците во повеќе од 3.000 градови и населени места низ целата земја во саботата, уште еднаш упатувајќи остри критики кон претседателот Доналд Трамп и неговите политики. Според организаторите, овој протестен бран би можел да биде најмасовниот досега. Граѓаните го изразија своето незадоволство преку организирани маршеви, барајќи промени во насоките по кои се движи државната администрација. View this post on ...

Компанијата осма година по ред објавува повик за доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2026/2027 година. Во овој нов повик, зголемен е бројот на академските области за аплицирање, а дополнет е и со можноста за делумно покривање на трошоците за живот во согласност со однапред утврдени критериуми. ОКТА АД – Скопје продолжува со својата долгорочна посветеност за поддршка на образованието и развојот на млади професионалци. ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека, по дадена насока до директорот на ЈП „Градски паркинг“, во Реонскиот центар на општина Аеродром каде се воведува зоната D12, продолжува да важи постојното правило според кое сите резиденти, физички и правни лица ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без надоместок. Одлуката е донесена како одговор на барањата и реакциите на граѓаните. Паралелно, во тек ...

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие ...

Во Основниот кривичен суд Скопје, мајката на починатата Ивана Јовановска сведочеше дека нејзината ќерка со години живеела во страв од сопругот Стојанче Јовановски, изложена на физичко и психичко насилство. Таа пред судот изјави дека кај ќерка ѝ често забележувала модринки и повреди, но Ивана избегнувала да признае дека е жртва на насилство. Според сведочењето, ситуацијата кулминирала во 2021 година, кога била повикана во станот и затекнала ...

Во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Стојанче Јовановски се изјасни дека е виновен за делата телесна повреда и загрозување на сигурноста, но ја негира вината за наведување и помагање во самоубиство. При изјаснувањето, Јовановски емотивно реагираше и низ солзи тврдеше дека не ја натерал сопругата да си го одземе животот, посочувајќи дека за трагедијата е одговорен сведокот Мартин Саздов, за кого рече дека вршел притисок врз него и ѝ се ...

Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана и нивната шестгодишна ќерка Катја, како и за долгогодишно сурово малтретирање. Наместо каење, првиот ден од судењето го обележа недоличното однесување на Јовановски, јавува СДК.МК. Додека обвинителката ги читаше највулгарните навреди и закани кои тој ѝ ги упатувал на Ивана додека таа губела свест ...

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети. Во образложението беше наведено дека изнесените наводи не се доволно конкретизирани за да се утврди реално влијание врз нејзината самостојност. Според членката Маријана Илиевска, изјавите и јавните напади, иако ...

На 29.03.2026 во 19:25 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода У.Т.(47) од Крушево затоа што околу 17:30 часот во семејниот дом физички и со тврд предмет ја нападнал мајката на неговата сопруга, нанесувајќи ѝ повреда. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 29.03.2026 во 19:25 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода У.Т.(47) од Крушево затоа ...

На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за британски „Фајненшл тајмс“, отворено изрази желба за преземање контрола врз иранските нафтени ресурси, истовремено упатувајќи остри критики кон своите домашни противници. Трамп појасни дека негов примарен интерес е енергетскиот сектор на Иран, нагласувајќи го островот Харг како клучна точка. Значењето на островот Харг: 90% Воена подготвеност: 10.000 војници Процената на Трамп: „Да бидам ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.11
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.19
89%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.65
74%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.79
94%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.89
87%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
70%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.86
61%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
83%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.05
92%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Цинк

0.00