Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Кревко примирје на блискиот исток...САД нападна ирански воени цели, Техеран возврати со ракетирање на воздухопловна база во Кувајт... Американската авијација погоди радарски системи, командни и контролни центри за управување со беспилотни летала..Најновиот напад е трето посериозно нарушување на примирјето меѓу САД и Иран договорено на почетокот на април... Во претходните два случаи и Техеран и Вашингтон се обидоа да го минимизираат значењето ...
Израелската војска ги предупреди жителите на јужните предградија на Бејрут да ги напуштат своите домови поради можни напади. Во соопштението се наведува дека израелската војска ќе гаѓа цели во Дахије доколку Хезболах „продолжи да лансира ракети кон израелските градови и места“, пренесува Тајмс оф Израел. - Израелската војска ги предупредува жителите на областа Дахије во Бејрут и ги повикува да се евакуираат заради сопствена безбедност. Ако ...
Последните денови од мај Велика Британија беше погодена од топлотен бран, што предизвика смрт на 17 луѓе. Во изминатите осум дена во Велика Британија измерени се високи температури на воздухот, поради што граѓаните се разладуваа во морето. Смртни случаи регистрирани се во Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир. На 26 мај е забележан најтоплиот ден во мај во историјата на Англија и Велс. ...
Министерот без ресор задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска ја предаде својата оставка на премиерот. Во своето обраќање до јавноста, Фетаи истакна дека во изминатите две години имал чест и привилегија да служи на државата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото. „Дали сум целосно задоволен од постигнатото? Секако не. Секогаш има простор за повеќе, подобро и побрзо. ...
Колапс во образованието – Македонските универзитети надвор од најновата листа „Глобал 2000“ на Центарот за рангирање на светски универзитети, што повторно го отвора прашањето за состојбата на високото образование, научната продукција и меѓународната видливост на домашните универзитети. И покрај широката анализа, ниту еден од македонските универзитети не успеа да се позиционира меѓу најдобрите 2.000 во светот. Од регионот, пак најдобро ...
Членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, Раде Ристовски призна вина, доби условна. Ристовски, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”, односно за физички напад врз 37 годишната сопруга пред точно еден месец беше лишен од слобода. Кривичен суд-Скопје: На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи казна затвор во траење од една година и шест месеци, доколку во наредните три години ...
Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство. Преку танцот беа прикажани сцени на насилство, отфрленост и осаменост. Од пред Собранието ја испратија пораката дека заштитата на децата од насилство мора да биде највисок општествен приоритет и дека „булингот“ секојдневно се случува во училиштата, но често остануваат незабележани од возрасните. Според професоркат Грозданка Саздова од СУГС ...
И официјално замина во историјата автентичната куќа на ул.Димитар Влахов во Охрид во непосредна близина на општинската зграда. Багерите на инвеститорите го срушија до половина објектот за наводно тука да се изгради уште една зграда во централното градско подрачје.Граѓаните со жалење велат дека ова е голема штета за градот Охрид и охриѓани. Прашањето кое во меѓувреме гласно се поставува е зошто досега ниедна власт и институција како на локално ...
Тим на епидемиолози од Центарот за јавно здравје Скопје се испратени во основното училиште „Невена Георгиева - Дуња“ во општина Кисела Вода, откако 15 -тина ученици и двајца наставници пројавиле симптоми на гадење, повраќање и дијареа во текот на изминативе четири дена.... Директорот на ЦЈЗ Муамед Демири во телефонски разговор за Телевизија 24 потврди дека ќе се земаат мостри и брисеви за да се утврди дали станува збор за труење или стомачен ...
ЕУ бара чекор напред - Скопје и Софија остануваат на своите позиции. Македонската влада утре ќе го пречека Антонио Кошта со отворениот спор со Бугарија. Првиот човек на МНР Тимчо Муцунски – вели дека претседателот на Европскиот совет имал повеќе обиди за постигнување на решение. Во таа насока ќе продолжи и утрешната средба со Кошта. Нон пејпер не постои, но креативни идеи за откочување на процесот има. Но, решение дециден е Муцунски нема да ...
Претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта утре ќе ја потсети македонската влада на уставните измени – посетата ќе биде премногу кратка за решение за деблокада на евроинтеграциите, вели Симонида Кацарска директорка на ЕПИ за ТВ 24. Според неа фокусот на турнејата на Антонио Кошта е Црна Гора, која ја отвори последната фаза во преговорите, но и постепената интеграција на ЕУ – односно понудата на германскиот канцелар Мерц... ...
Ниту грејс периодот кој земјава го доби од ЕУ а важеше заклучно до денес 1 јуни 2026 не беше доволен за Македонија да ги исполни своите обврски во делот на реформската агенда . Од вкупно 16 законски решенија реализирани се само 6 реагираше и опозицискиот лидер Венко Филипче на денешната пресконференција откако потенцираше дека остануваат неисполнети реформи, поврзани со правосудството и корупцијата во економијата и политиката, а парите што ни ...
Анализите покажале сериозни отстапувања меѓу декларираниот и вистинскиот состав кај повеќе млечни производи. Телевизија 24 од институционални извори дознава дека најголеми разлики се утврдени кај урдата на Бела Фарм од Србија, каде наместо декларираните 25% млечна маст биле измерени само 5,54%, како и кај златиборското ситно сирење на ПК Златибор, каде анализата покажала само 1,19% млечна маст наместо декларираните 14,3. Отстапувања се ...
Стотици млади луѓе денеска протестираа во градот Нанјуки, централна Кенија, против плановите за изградба на карантински центар за луѓе изложени на вирусот ебола во воздухопловната база Лаикипија. Демонстрациите се случија два дена откако Високиот суд на Кенија привремено ја запре изградбата на објектот и пристигнувањето странски пациенти по реакцијата на Адвокатската комора на Кенија дека здравствениот систем нема капацитет да се справи со ...
Отворен е конкурсот за наградата за најдобар превод „Драги“ 2026. Годинава приоритетен вид е поезијата и опфаќа поетски преводни дела (поезија за возрасни и деца, драми во стих, итн.) објавени во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2026 година. Конкурсот е отворен до 1 јули 2026 година Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена за да се направи вреднување на преведувачката дејност во Македонија, како и да се ...
Ракометна Битола стартува со нов тренер на клупата со желба за враќање на шампионската титула, а за таа цел избран е еден од најдобрите европски тренери Лино Червар. Тој денеска и официјално беше промовиран, а поранешниот тренер на Металург и селектор на Хрватска и на Македонија ја презентираше својата визија и планови за работа. - Чест ми е да работам во Битола. Ова е град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата ...
Искусниот репрезентативец и интернационалец Александар Љафтов ќе го пропушти комплетниот настап на машкиот национален тим во Европската лига 2026, откако заработи сериозна повреда на скочниот зглоб на пријателскиот натпревар со Црна Гора. Деталните лекарски прегледи покажаа дека Љафтов има скинати лигаменти на скочниот зглоб и дека најмалку месец дена ќе мора да паузира. - Голем хендикеп за нас, Љафтов со своето искуство, квалитет и формата ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, изразува загриженост поради најавеното зголемување на надоместоците во платниот промет од страна на неколку банки во земјата оценувајќи дека во моментот не постојат оправдани причини за ваков потег. - Народната банка е непријатно изненадена од одлуката на некои од банките да ги зголемат надоместоците што ги плаќаат граѓаните и компаниите за услугите во платниот промет. Особено загрижува фактот ...
Руската влада денеска соопшти дека забранува извоз на керозин до 30 ноември, со цел да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива. Одлуката е донесена во време на интензивирани украински напади со дронови врз руските рафинерии, што доведе до намалување или стопирање на производството. Русија извезува керозин по железнички пат во Централна Азија, меѓу кои и Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Русија веќе го ограничи извозот ...
Поранешната потпретседателка на Европска комисија, Вера Јурова, во интервју за бриселскиот портал „Еуроњуз“, апелира на нов бран проширување на Европска Унија, посебно со Западен Балкан. Таа истакна дека сретнува голем број луѓе од земјите од Западен Балкан, кои се презаситени од чекањето 20 години за пристапување кон ЕУ. Мора да има некакво движење, посочи Јурова денеска, кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта ја почнува ...
Дваесетина ученици и еден наставник од Основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во скопската општина Кисела Вода побарале лекарска помош по појава на симптоми како гадење, повраќање и дијареја, што отвори дилеми дали станува збор за труење со храна или за вирусна инфекција. Според информации од здравствените установи, околу 15 ученици биле прегледани на Детската клиника. Кај најголем дел од нив била констатирана полесна клиничка слика и по ...
Членот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, Раде Ристовски, кој си ја претепа сопругата доби условна . Ристовски признал вина и судот му определил казна затвор од 1,6 години, а доколку во наредните три направи кривично дело. Од кривичниот суд велат дека Ристовски бил обвинет за нанесување телесна повреда. „„На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи казна затвор во траење од една година и шест месеци, доколку во ...
Дваесетина ученици и еден наставник од Основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во скопската општина Кисела Вода побарале лекарска помош по појава на симптоми како гадење, повраќање и дијареја, што отвори дилеми дали станува збор за труење со храна или за вирусна инфекција. Според информации од здравствените установи, околу 15 ученици биле прегледани на Детската клиника. Кај најголем дел од нив била констатирана полесна клиничка слика и по ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 10,867%, кај ...
Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за решавање на конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел. Според официјалните берзански податоци, фјучерсите за суровата нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваат по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање. Истовремено, забележан е пораст на вредноста ...
Членот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, раде ристовски доби условна казна од три години и е вратен на работа, за делото со претепување на сопругата, дознава ТВ 24. За одбраната на оштетената, во случајов сопругата на ристовски ова е скандалозен обвинителен предлог по кој судот досудил условна казна. Имено на предлог на обвинителството, наместо обвинителен акт поднесен е обвинителен предлог за телесна повреда иако се работи за тешка ...
Драги Ѓоргиев, таткото на тапанарот на групата ДНК, Ѓорги Ѓоргиев, кој трагично загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска преку објава на социјалната мрежа Фејсбук се пожали дека постојано бил ограбуван гробот на неговиот син во Струмица. Како што посочи Ѓоргиев во објавата, во која сподели и видео од безбедносна камера, досега имало 14 кражби. На видеото, како што може да се види, жена приоѓа до гробот, става во најлонска ...
Западен Балкан оваа недела е во фокусот на европската дипломатија, откако претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, започнува повеќедневна турнеја низ регионот, со цел зајакнување на политичкиот дијалог и потврдување на европската перспектива на земјите од регионот. Како што соопшти Европскиот совет, посетата ќе трае од 1 до 5 јуни и ќе опфати средби со државните и владини лидери, како и учество на Самитот ЕУ–Западен Балкан, кој ќе се ...
Централното собрание на ВЛЕН вчера ја одржа својата прва седница по формирањето на партијата, на која беа разгледани актуелните политички случувања, приоритетите за наредниот период и чекорите за понатамошно јакнење на партиската организација. Како што информираат од партијата, на седницата била отворена дискусија и за можната реконструкција на Владата. Во таа насока била направена анализа на работата на носителите на јавни функции, при што ...
ГРК Охрид ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп по доминантна сезона со 11 победи на 12 натпревари. Со триумфот над МОЛ Татабања, клубот стана четвртиот македонски тим со европски трофеј, потврдувајќи ја континуираната доминација на македонскиот ракомет на меѓународната сцена во последните две години. Успехот на ГРК Охрид во сезоната 2025/26 претставува кулминација на стратешкиот развој на клубот кој беше реоснован во 2011 година. Тимот ...