Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
За 5 месеци системот „Безбеден град“ уловил над 100 000 возачи кои сториле прекршок на македонските патишта. Наместо намалување Safe city секој нареден месец од неговата примени бележи зголемување на сообраќајните прекршоци. Најголем број од нив се однесуваат на возење со поголема брзина од дозволеното. МВР - Во периодот од 02 февруари до 31 мај 2026 година, од страна на системот „Безбеден град“, регистрирани се вкупно 101 834 прекршоци, од ...
Владата го усвои Предлог - Законот за пушење кој ќе донесе нови, поригорозни правила за пушачите. Иако првично беше најавен како исклучително строг, финалната верзија претрпе одредени отстапки под притисок на јавноста и бизнис секторот.Наместо првичната идеја за тераси отворени од три страни, донесено е решение да бидат отворени од две страни. Ова правило ќе почне да важи за една година од сега.Владата се откажа и од првичната замисла целосно ...
Повеќе од 40 милиони евра се обезбедени преку оперативниот план за вработување за 2026 година за поддршка на вработувањето, претприемаштвото и развојот на човечкиот капитал. Со планот се очекува да бидат опфатени над 10.000 граѓани. Посебен фокус е ставен на младите. - Со овој план инвестираме директно во луѓето. Обезбедуваме конкретна поддршка за младите што сакаат да почнат сопствен бизнис, за компаниите што отвораат нови работни места, за ...
Не може ниедна компанија да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална - категоричен е министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Најавува контроли кај компаниите, а доколку се утврди дека навистина се нудат работни места со плата под минималната, најавува санкции. На денешната прес-конференција, на која заедно со директорот на Агенцијата за вработување го презентира оперативниот план за вработување за 2026 ...
Министерството за финансии денеска соопшти дека во целост е исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Денеска, извршена е исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главнината и 11,6 милиони евра за камата), со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската за оваа еврообврзница. Средствата за сервисирање на оваа обврска, како што информира Министерството за финансии, се обезбедени ...
Повеќе лица се приведени од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција како дел од акција која произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата, за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица и други лица кои го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел стекнување ...
Јавното обвинителство на Република Македонија презентира нова комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026 - 2028 година и акциски план за нејзина имплементација. Според државниот јавен обвинител Ненад Савески, еден збор од овој стратешки документ што треба да го опише пристапот на кој ќе инсистираат е „проактивна“ комуникација на Јавното обвинителство со јавноста, која нема да чека да се постават прашања, па да се даде ...
Суштината на процесот на интеграција во Европската Унија е исполнување на Копенхашките критериуми и европеризација во сите сфери во општеството. Без оглед дали се работи за мали или големи држави, Западен Балкан, како и целиот Балкан, отсекогаш историски, културно и логично ѝ припаѓал на Европа и треба да го најде своето место внатре - смета претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. - Се согласувам дека таканаречениот Западен Балкан не смее ...
Со 7,5 милиони евра помош од глобалните здруженија за заштита на животната средина ќе се заштитува Дримскиот басен од предизвиците со загадувањето. Тоа беше соопштено на 10. Дримска конференција што денеска се одржа во Струга. Конференцијата е дел од Меморандумот за разбирање за заедничко управување на Дримскиотт басен потпишан во 2011 година меѓу Македонија, Грција, Косово, Црна Гора и Албанија. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски ...
Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Чајле, се кандидатите кои денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги предложи за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието. Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски информира дека на конкурсот биле пријавени 10 ...
Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини истакана дека по потпишувањето на меморандумот за економска соработка за време на неговата посета на Скопје минатата година, забележана е нова динамика во билатералните економски односи. - По потпишувањето на меморандумот за соработка во делот на економијата за време на мојата посета на Скопје минатата година, се појави нова динамика во економските односи. На почетокот на оваа година имаше состанок ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информира дека наместо посакуваното подобрување, тапкање во место со индиции на очигледни влошени состојби во нашата држава препозна Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) во Извештајот за 2026 година – Индекс за Глобални права. „Најлошите држави во светот за работниците”, во кој повторно ја рангираше Македонија на 4-тото место во рангот на земјите со систематско прекршување на правата на ...
Потреба од работници има – но не и таму каде што платите се највисоки. И покрај тоа што во Македонија има над 10.000 слободни работни места, најдобро платените позиции речиси и да не се достапни. Најновите статистички податоци откриваат дека најголема побарувачка за работници има во услужниот сектор и продажбата, додека најголемите плати остануваат резервирани за мал број професии. Државниот завод за статистика (ДЗС) ги објави најновите ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од претстојната средба со високиот европски претставник и дали можеби постои можност за поместување на ставовите на Владата во однос на уставните измени кои се услов за продолжување на преговорите со ЕУ, Мицкоски беше дециден дека како ...
Македонија во следниве неколку недели ќе ја прошири својата мрежа на воздушни врски со воведување на пет нови авиолинии кон европски дестинации. Ние сме единствена држава што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, нагласувајќи дека земјата продолжува активно да го развива авионскиот сообраќај и покрај предизвиците со кои во моментов се соочува глобалната ...
Јужна Италија се разбуди во раните утрински часови денеска на националниот празник Денот на Републиката (Festa della Repubblica), откако силен земјотрес го погоди тиренскиот брег на Калабрија кратко по полноќ. Земјотресот, кој Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) го регистрираше со магнитуда од 6,2 степени, се случи во 00:12 часот по италијанско време, со епицентар во морето, околу 20 километри од ...
Посетата на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Скопје доаѓа во момент кога македонската европска приказна повторно е сведена на истото прашање: како да се продолжи кон Европската Унија без државата уште еднаш да почувствува дека плаќа билет со сопственото достоинство. Тоа е јазолот што не се одврзува со една средба, ниту со една дипломатска изјава. Кошта нема да дојде со готов клуч. Ќе дојде со европскиот речник за моментум, ...
Дебитантскиот документарец „Руини” на Елена Чемерска, за реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, монументално дело на татко ѝ Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ, ќе има светска премиера во конкуренцијата за награди на филмскиот фестивал во Шангај, Кина. „Руини“ ќе игра во селекцијата за документаци на овој фестивал од А категорија, а премиерата е на 14 јуни. Низ архивски материјали, лични сеќавања и сегашноста на ...
Од полноќ дизелот поевтини за 6,5 денари по литар, а бензините поскапуваат за половина денар. На прв поглед тоа е обична сервисна информација за возачите: нови цени, нова сметка, ново полнење резервоар. Регулаторната комисија за енергетика ја објави новата одлука според која ЕУРОДИЗЕЛ БС и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 6,50 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 0,50 денари. Новите ...
Драматична ноќ ја потресе Русија откако бранови украински дронови наводно извршиле напади врз важна нафтена рафинерија во Саратов. Според локални извештаи, нападите траеле со часови, а над градот се издигнал густ црн чад кој бил видлив од голема далечина. Снимки и фотографии објавени на социјалните мрежи покажуваат пожари во повеќе делови од рафинеријата, додека очевидци тврдат дека експлозии се слушале во текот на целата ноќ. Според некои ...
Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, поднесе оставка по повеќе од два месеца отсуство од работа, период во кој неговото непојавување во Владата и во Собранието предизвика јавни реакции и критики од опозицијата. Фетаи во изминатиот период формално ја извршуваше функцијата, но во јавноста се отвори прашањето дали редовно доаѓа на работа, дали присуствува на владини седници и дали зема плата и покрај отсуството. ...
Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат синоптичарите за денес. Попладне наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој повремено ќе дува со брзина од 60 километри на час. Минималната температура во Скопје ќе се движи од околу 12 степени, а максималната дневна ќе достигне 32 степени. Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне во делови од котлината ќе има ...
Европската Унија е силно фокусирана на имплементација на енергетските планови и остварување на зацртаните таргети. Во овој контекст, сакам да и честитам на Северна Македонија за усвојувањето на енергетската стратегија и акциониот план, како и за напредокот постигнат на полето на праведната транзиција. Ова го изјави евроамбасадорот Михалис Рокас во своето обраќање на Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во ...
Селекторот Гоце Седлоски ги избра стартните 11 фудбалери за вечерашниот контролен дуел против Турција во Истанбул. За разлика од дуелот против БиХ во петокот, нови имиња во почетниот состав се дефанзивците Деспотовски, Фетаи и Алиоски, Елези во средниот ред и Омерагиќ во нападот. На голот со капитенската лента ќе биде Димитриевски, во дефанзивната линија Велковски, Фетаи, Зајков и Деспотовски, Елези, Атанасов и Елмас во средниот ред, а ...
Иран ги суспендира сите индиректни разговори со Соединетите Американски Држави, обвинувајќи го Израел за „продолжување на злосторствата“ во Либан и наведувајќи дека секое прекршување на примирјето на еден фронт значи нарушување на примирјето во целина. Иран денеска ги суспендира сите размени со САД преку посредници, објави новинската агенција Тасним, поврзана со Револуционерната гарда, додека двете страни и натаму се далеку од договор за ...
Ниту грејс периодот кој земјава го доби од ЕУ а важеше заклучно до денес 1 јуни 2026 не беше доволен за Македонија да ги исполни своите обврски во делот на реформската агенда . Од вкупно 16 законски решенија реализирани се само 6 реагираше и опозицискиот лидер Венко Филипче на денешната пресконференција откако потенцираше дека остануваат неисполнети реформи, поврзани со правосудството и корупцијата во економијата и политиката, а парите што ни ...
Млекара Ѓоргиеви ДООЕЛ од Радовиш реагираат, како што наведуваат, сите шпекулации и индиректни асоцијации кои во јавноста се појавиле во врска со скандалот за неправилно декларирање на млечни масти. Од компанијата велат дека досега не добиле никакво решение, известување, казна или препорака од Агенцијата за храна и ветеринарство во однос на неправилности во декларирањето на нивните производи. Тие додаваат дека сите нивни производи биле ...
Анализите покажале сериозни отстапувања меѓу декларираниот и вистинскиот состав кај повеќе млечни производи. Телевизија 24 од институционални извори дознава дека најголеми разлики се утврдени кај урдата на Бела Фарм од Србија, каде наместо декларираните 25% млечна маст биле измерени само 5,54%, како и кај златиборското ситно сирење на ПК Златибор, каде анализата покажала само 1,19% млечна маст наместо декларираните 14,3. Отстапувања се ...
Министерот без ресор задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска ја предаде својата оставка на премиерот. Во своето обраќање до јавноста, Фетаи истакна дека во изминатите две години имал чест и привилегија да служи на државата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото. „Дали сум целосно задоволен од постигнатото? Секако не. Секогаш има простор за повеќе, подобро и побрзо. ...
Цените на американската нафта ВТИ (WTI) скокнаа за речиси осум отсто и надминаа 94 долари за барел, по извештаите дека Иран би можел да ги прекине контактите со САД поради ескалацијата на израелските воени операции во Либан. Според податоците од берзите во 16:00 часот, цената на нафтата ВТИ порасна за 7,84 отсто на 94,109 долари за барел, а на нафтата Брент (Brent) за 6,53 отсто на 97,060 долари. Иранската новинска агенција Тасним пренесе ...