Проектот за брз автобуски превоз, кој со години беше во застој, повторно е ставен во фокусот на градските власти во Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски потврди дека соработката со Владата и Светската банка е клучна за придвижување на прелиминарната фаза. Овој систем се смета за столб на новата стратегија за урбана мобилност, која има за цел да го намали сообраќајниот метеж и да понуди одржливи алтернативи за движење низ главниот град во ...

Прилеп е повторно град театар. Под мотото храбриот нов театар денеска почнува 60 јубилјено издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ Актери, режисери, вљубеници во театарот од денеска па се до 12 јуни ќе бидат дел од фестивалската атмодфера која ги испилнува улиците на градот. Театарската традиција која со децении е карактеристичба за градот под марковите кули и годинава макеимално е испичитувана од прилепчани. Тие пред камерата ...

Ако досега провизијата за одредена банкарска услуга изнесуваше 90 денари, од први август за истата ќе треба да платите 120 денари по трансакција. Нов бран банкарски поскапувања, на удар пензионерите и кредитокорисниците. Зголемувањето на провизиите веќе го најавија две од најголемите банки во земјава, а со истото, дел од услугите поскапуваат и над 30 отсто. Најновите измени на тарифниците што ги најавија дел од поголемите банки во земјава ...

Јасни пораки, но и стари услови донесе 23-тата конференција на КОСАП што се одржа во Струга. Евроамбасадорот Михалис Рокас уште еднаш ја потврди определбата на Брисел за почеток на преговорите, но децидно потсети дека обврските за уставните измени од 2022 година остануваат на маса. Рокас денеска од Струга повика на меѓусебна доверба и конструктивност во претстојниот период. И додека Брисел инсистира на уставните измени, кај нас се анализираат ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителството, пред судот беа изведени снимки, од кои се нотира времето на пристигнување на полициските службеници пред дискотеката „Пулс“ и активацијата на пиротехниката. Продолжи судскиот процес во кој се обвинети 13 полициски службеници кои постапувале критичната вечер минатата година. Обвинетите се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. ...

Проектот за брз автобуски превоз, кој со години беше во застој, повторно е ставен во фокусот на градските власти во Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски потврди дека соработката со Владата и Светската банка е клучна за придвижување на прелиминарната фаза. Овој систем се смета за столб на новата стратегија за урбана мобилност, која има за цел да го намали сообраќајниот метеж и да понуди одржливи алтернативи за движење низ главниот град во ...

Низа најави и ветувања, но проектот и понатаму само на хартија – Монтажните гаражи во скопскиот клинички центар кои според првичните најави веќе требаше да бидат ставени во функција на граѓаните – засега остануваат само во најава. Од Градот Скопје под чии ингеренции е сега проектот потврдија дека тендерот воопшто не ниту распишан, а нема ниту конкретна информација кога конечно ќе се реши сообраќајниот хаос на клнички. Град Скопје „Како што во ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска порача дека интензивно работат на подобрување на состојбата со отпадот во главниот град, се набавуваат возила, контејнери, се зголемува ефикасноста во работењето на ЈП „Комунална хигиена“, при што очекува од септември состојбата значително да се подобри. -Очекувам дека од септември темата за отпадот повеќе нема да биде третирана во јавноста на начинот на кој беше досега. Навистина е тешко. ...

Предлогот на Франција и Германија е искрен и реален, којшто забележително нуди една опција на што повеќе интегрирање, но исто така забележливо е дека нуди членство кое не би било полноправно, барем не во овој момент, изјави денеска Антонијо Милошоски потпретседателот на Собранието и претседавач со 23. Конференција на КОСАП – Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на земјите учеснички во процесот на ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој учествува на самитот Европска Унија - Западен Балкан во Тиват, синоќа присуствуваше на вечерата што за учесниците ја организра претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Мицкоски на „Фејсбук“ објави дека пред вечерата имал средба со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина. - Разменивме мислења за актуелните состојби во регионот, како и за регионалната соработка и европската ...

Меѓународниот совет на аеродромите - Европа (ACI Europe) ја објави анализата на воздушниот сообраќај за април 2026 година, во која Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид се рангирани како најбрзорастечки аеродроми што доаѓаат од земја надвор од ЕУ. Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај (-7,6 %), првпат по закрепнувањето од ...

Со претставата „Мачкина глава на Драмски театар од Скопје и со доделувањето на наградите за животно дело, вечер во Прилеп ќе биде отворен јубилениот, 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На јубилејното отворање на Фестивалот, од 19 часот ќе му претходи изложбата „60 години театарска меморија“ што ќе опфати патека на театарот од првите почетоци во 1965 година до денес. - За отворањето на годинашниов, јубилеен 60-ти ...

Министерот за здравство Азир Алиу учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација за Европа, што се одржува во Рига, Летонија. Дводневниот состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа - како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен кадар, стареење на населението и растечки потреби на пациентите, можат ...

По успешните регионални гостувања во Црногорско народно позориште (ЦНП), Црна Гора, и Народно позориште Сараево, Босна и Херцеговина, Македонскиот народен театар денска ќе гостува со претставата „12“ во Казалиште „Марин Држиќ“ во Дубровник, Република Хрватска. Казалиште „Марин Држиќ“ континуирано соработува со бројни театарски институции и ансамбли, носејќи на својата сцена разновидни продукции и современи драмски остварувања наменети за ...

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри пакет помош за Украина и нови санкции против Русија, откако 18 републикански конгресмени им се придружија на демократите при гласањето. Пакетот е усвоен со 226 гласа „за“ и 195 „против“, што претставува прва голема проукраинска мерка изгласана за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, претходно ги повикал членовите на својата ...

Во Тиват денеска ќе се одржи Самитот ЕУ - Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската Унија и Западен Балкан“, а главна тема ќе биде проширувањето на Унијата. Со собирот ќе претседава претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, кој претходно ги посети земјите од регионот, додека домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На Самитот ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија, Урсула ...

Германија и Франција се подготвени да лансираат нова иницијатива насочена кон забрзување на процесот за пристапување во Европската Унија за земјите од Западен Балкан и за Молдавија, нудејќи им придобивки од подлабока интеграција уште пред полноправно членство. Предлогот, претставен во заеднички документ за позиција во кој ДПА имала увид, повикува земјите кандидатки да добијат награди за исполнувањето на пристапните критериуми, вклучувајќи и ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека на САД не им е потребен договор со Иран за да дојдат до збогатениот ураниум од таа земја. „Би можеле да го добиеме веднаш. Не мислам дека би можеле да не спречат доколку решиме да го преземеме, но нема причина за тоа. Ураниумот е закопан“, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба. Трамп исто така изјави дека не сака да се сретне со иранскиот врховен лидер, Моџтаба Каменеи, но додаде дека ...

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, на чиј дневен ред е Предлог законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во прво читање. Како што се посочува во образложението објавено на собраниската веб-страна, основната цел на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е да се воспостави фискално одржлива рамка за ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон планираат на Самитот ЕУ – Западен Балкан и Молдавија да презентираат нова иницијатива со која ќе се забрза интеграцијата на земјите кандидатки од Западен Балкан во ЕУ. Во заеднички документ, во кој увид имала германската новинска агенција, исполнувањето на одредени критериуми за прием ќе биде наградено со привилегиран пристап до заедничкиот европски пазар и испраќање ...

Министерството за образование и наука ќе го финансира спроведувањето 14 заеднички македонско-австриски научноистражувачки проекти во области со висок развоен потенцијал, дефинирани во Стратегијата за паметна специјализација на државата – соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Проектите ќе се реализираат во областите паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност, информациски и комуникациски ...

Над 650 пациенти чекаат на вештачки колк, материјал има, но недостигаат операциони сали, а дел од листите на чекање се создаваат затоа што пациентите сакаат да се оперираат кај одреден хирург, а не кај некого кај кого можеби има слободен термин – ова денеска го кажа директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски. Според направените анализи листите на чекање се најголеми на Клиниката за трауматологија, каде чекаат 277 пациенти и во ...

Во жестока дебата помеѓу владејачката Вреди и опозицискиот Европскиот фронт, Комитетот за меѓуетнички односи одлучи Законот за правична застапеност да се носи со т.н. „мал Бадентер“, односно со мнозинство од присутните пратеници и мнозинство од присутните пратеници од немнозинските заедници. Не помина предлогот на опозициските Европски фронт, Алијанса за Албанците, Албанска лига, како и пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи Законот да се гласа со ...

Претставници од ИКТ индустријата, институциите и бизнис-заедницата од Македонија и од Грција во Скопје разговараат за унапредување на регионалната дигитална соработка, поттикнување на нови деловни партнерства и отворање на можности за заеднички настап на европските пазари. На форумот што го организираат МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии и СETPE – Асоцијација на компании за информатички технологии од Грција ...

Може ли да се изгради модерен инфраструктурен коридор, а притоа да не се загрози заштитениот статус од УНЕСКО? Пред претстојната мисија на светската организација, струшките хотелиери порачуваат дека решението е во балансот. Тие бараат државата да најде компромис кој нема да го закочи економскиот развој и туризмот, но ќе ги почитува и еколошките стандарди.Инфраструктурата и екологијата не мора да бидат непријатели – тие можат и мораат да ...

Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов но не ги кажа компаниите кои беа предмет на дискусија во јавноста откако се обелодени дека продавале производи со намален квалитет. Миланов тврди дека се работи за произовди кои се безбедни но дека проблемот е во намалениот квалитет. Потенцираше дека се работи за 10 македонски компании од кои две се ...

Судењето за злоупотреби со ИПАРД помошта за земјоделците почна со воведни зборови. На обвинителна клупа седнаа 8-мина обвинети меѓу кои поранешниот директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев како и Џевдет Насуфи, поранешен министер за правда и за локална самоуправа во владата на Љубчо Георгиевски а сега како директор на обвинетата фирма од струшко Велешта. Обвинетите се товарат дека сториле ...

Кривична пријава за организирање и реализирање на незаконско посвојување на дете и мерка домашен притвор од судија на претходна постапка за шест лица. Според МВР за организаторките 63 годишната Ф.А. и 57 годишната Ѓ.К., како и 35 годишните посвоители И.Ш. и Џ.Ш., сите од Скопје и 35 годишната мајка С.Ј. од Куманово и 38 годишниот татко И.А. од Тетово, постои сомнеж за сторено кривично дело „трговија со дете“. Според истрагата, лицата ја ...

Одбраната на екс градоначалникот на Карпош и поранешен прв човек на Царина Стефан Богоев ќе го обжали 30 дневниот притвор во законски предвидениот рок од 24 часа. Во телефонски разговор ни потврдија дека документот е подготвен. Неговите бранители не очекувале таква одлука од судот бидејќи станува збор за предмет од финансова природа. Сања Алексич, адвокатка: Не очекувавме искрено таква одлука особено затоа што станува збор дека е предмет од ...

Спорни исплати на надоместоци, прекршувања на процедурите за јавни набавки и слабости во контролата на трошењето на јавните средства ...Државниот завод за ревизија откри повеќе неправилности во работењето на Академијата за судии и јавни обвинители ..Ревизорите утврдиле исплати на надоместоци за членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет, во полн износ на месечно ниво, без да се земе предвид присуството на седниците...во одредени случаи ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
46%
1004
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
1.3
75%
997
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
83%
1004
weather icon

Софија

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
43%
1004
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.7
47%
999
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
98%
1003
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
6.26
73%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
66%
1007
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
73%
1004
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
8.05
50%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
11.83
79%
1000
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
7.72
68%
1013
Currency

61.661

Currency

55.576

Currency

73.839

Currency

37.963

Currency

39.049

Currency

66.809

Currency

8.3401

Currency

0.67083

Currency

0.34801

Currency

0.52401

Currency

1.1058

Currency

0.59198

Алуминиум

3.02

Злато

125211.08

Родиум

293375.56

Кобалт

33.53

Сребро

1611.91

Паладиум

31893.54

Бакар

12.40

Иридиум

326330.08

Платина

48804.83

Калај

46.87

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76