Во 2025 година е забележан пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено и намалување на бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите статистички податоци. Во исто време, кај кривичните дела доминираат имотните деликти и прекршоците во сообраќајот, како кај полнолетните лица, така и кај малолетниците. Согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупно 14.237 полнолетни лица ...

Скопје изминатите два дена беше домаќин на 4. Форум за културна дипломатија – Скопје 2026, што годинава се одржа на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“, со учество на дипломати, политичари, експерти, уметници и јавни личности од Македонија, САД, Германија, Франција, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора. Настанот беше во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на ...

Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гулекас во однос на ситуацијата на граничните ...

САД и Иран сè уште треба да разработат неколку точки на сопнување пред да се постигне договор за војната, изјави потпретседателот Џ.Д. Венс, пренесува Би-Би-Си. На прашањето од Би-Би-Си дали претседателот Доналд Трамп е блиску до потпишување договор, Венс рече дека е прерано да се каже „кога или дали“ двете страни ќе го финализираат договорот. Според извештаите, договорот ќе го продолжи прекинот на огнот за 60 дена и ќе започне разговори за ...

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Долж Повардарието, северниот ветер повремено ќе засилува, но без најави за поголема промена на временските услови во текот на денот. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 23 до 31 степен. Тоа значи дека последниот петок од мај носи ...

Во Крушево во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврнале 34 литри на метар квадратен, во Пожаране 8, Виница 6, Прилеп, Попова Шапка, Скопје – Зајчев Рид и Претор, 4, Тетово, 3, и по 1 литар во Гевгелија, Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Изутринава во Лазарополе се измерени 4 степени, Берово и Попова Шапка, 5, Mаврови Анови и Крива Паланка, 6, Битола и Kрушево, 9, ...

Дрон утрово се урна во станбена зграда во градот Галац, Романија, предизвикувајќи експлозија и пожар во стан на 10-тиот кат од зградата. Две лица се полесно повредени и однесени во болница, објавува романскиот портал. Пред инцидентот, до жителите на градовите Браила, Тулча и Галац била испратена предупредувачка порака, по што два романски борбени авиони Ф-16 полетале за надзор на воздушниот простор. – Пилотите на авионот имаа овластување да ...

Повеќе од 14.500 средношколци во државата од идната сабота ќе го започнат полагањето на матурските испити за учебната 2025/2026 година. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), годинава за полагање се пријавени вкупно 14.587 ученици, кои ќе полагаат државна матура, државна стручна матура или државна уметничка матура. Од вкупниот број пријавени кандидати, 12.184 ќе полагаат државна матура, 2.276 ученици се пријавени за државна ...

Убеден сум дека Скопје - културна престолнина на Европа за 2028 ќе биде оној креативен момент во кој нашиот главен град ја претвора културата во свој најсилен дипломатски јазик, своја најпрепознатлива европска биографија и своја најдолготрајна иднина, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков вечерва на панел-дискусија во рамки на 4. Форум за културна дипломатија во Музејот на Град Скопје. Како што рече, Европа денес не бара ...

Израелскиот претставник во Обединетите нации, Дени Данон, денеска ги прекина сите контакти со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, реагирајќи на одлуката на ОН да стави одредени ентитети од Израел на списокот на сексуални престапници во воени зони. „Завршивме со овој генерален секретар. Одлуката Израел да се стави на црната листа и да се обвини за сексуално насилство во служба на војната е срамна. Генералниот секретар и неговиот тим ...

Министерството за финансии на САД соопшти дека земјата ќе отстрани 76 физички и правни лица од списокот за санкции, од кои повеќето се имиња на веќе починати луѓе или непостоечки компании. Вашингтон нагласи дека на овој начин ќе се врати фокусот врз високоризичните лица и организации. Од Списокот на специјално означени граѓани и блокирани лица (Specially Designated Nationals and Blocked Persons List) ќе бидат отстранети 39 починати физички ...

Советот на Европската Унија одлучи дека Украина, во рамките на седмата редовна исплата на помош од Инструментот на ЕУ, ќе добие 2,8 милијарди евра, соопштено е денеска во Брисел. Исплатите се поврзани со Планот за Украина, кој ги утврдува мерките за нејзино закрепнување од војната, реконструкција и модернизација, како и роковите за реформи во согласност со нејзината цел за прием во ЕУ. Претходната, шеста исплата, во декември 2025 година ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Утре ...

СДСМ ќе ја поддржи интерпелацијата што ја за министерот за внатрешни работи што ја поднесе денеска Левица „Со оглед на фактот што ние постојано го повикуваме министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски да си поднесе оставка, еве и денска го повикавме ќе ја поддржиме интерпелацијата на Левица за Тошковски. Ќе имаме координација, но да, претоставувам дека ќе ја поддржиме, вели за 24 Анализа Благој Бочварски пратеник на СДСМ Бочварски ја ...

Ако Димитар Апасаиев ја закаже постојана анкетна комисија за заклучоците на Кочани, ќе направиме кворум, изјави за 24 Анализа Драгана Бојковска пратеничка на ВМРО ДПМНЕ. „Утре да ја закаже Апасиев постојаната комисија за човекови права за залучоците за Кочани ние ќе направиме кворум, но Апасиев мора да ги презентира заклучоците на двете страни и неговите и нашите, се дотогаш не може да има два паралелни процеси во Собранието за Кочани, изјави ...

Во ниту еден момент ние не рековме дека ќе собираме потписи за да предизвикаме референдум, туку го дадовме предлогот за Владата која што е застранета од ЕУ патот да го чуе мислењето на народот, вели во 24 анализа пратеникот на СДСМ Благој Бочварски. „Не се работи за дневно политички маркетинг. Ние во ниеден момент не рековм едека ќе собираме потпси з ареферендум, го дадовме предлогот да видиме акција од Владата , но и Владата која застрани од ...

Кој ни гарантира дека ако ги направиме уставните измени, дека нема да добиеме ново билатерално вето. Што ако ние бланко ги прифатиме уставните измени? Се отвара само едно поглавје, а не нова блокада, изјави за 24 Анлиза пратеничката Драгана Бојковска од ВМРО ДПМНЕ „Референдум во моментов не е потребен за граѓаните, прашањето за влез во ЕУ е апсолвирано и решено. Ние правиме вистински чекори за ЕУ. Ние пред неколку години имавме референдум со ...

Нов продажен салон на Комодита Хоум е отворен денеска во рамки на Мега Шопинг Парк во Гевгелија. Компанијата го прошири своето присуство на македонскиот пазар со нов продажен простор, со своите препознатливи производи за домот. По повод отворањето, од компанијата информираат дека се обезбедени промотивни попусти на дел од асортиманот, како и подароци и ваучери за дел од посетителите. Од Комодита Хоум велат дека промотивните активности ќе ...

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со два порази ги заврши контролните натпревари против Словенија на домашен терен, откако попладнево загуби и во вториот дуел во Струмица со 4-0. Откако во вторникот загубија со 3-1, избраниците на селекторот Димитар Капинковски денеска претрпеа уште повисок пораз што го навести Кристијан Козар во 33 минута. До крајот на полувремето, Козар го зголеми водството на Словенија во 40 минута. Во ...

Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. -Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа ...

Властите денеска порача дека инфлациските движења во земјата се во рамки на „очекуваното“ и не претставуваат причина за итни и драстични интервенции на пазарот, како што се ограничување на маржи или замрзнување на цени. Според Министерството за економија, поскапувањата што се забележуваат кај дел од производите се умерени особено ако се земе предвид поширокиот контекст на глобални кризи и енергетски притисоци. Државата внимателно ја следи ...

Откако поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, го повика директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, да изврши проверка на снимките од безбедносните камери во трговски центар, тврдејќи дека актуелниот градоначалник Сотир Лукровски бил забележан на „шопинг-терапија“ за време на боледување, првиот човек на ФЗО порача дека не треба да се создава „фама од политички циркус“. Воедно, Клековски посочи дека Фондот ...

Министерството за здравство ја ажурирало листата на лекови, во која за првпат се вклучени средства за одвикнување од пушење. На Светскиот ден без никотин целта е овие производи да станат подостапни за граѓаните, но и да бидат препознаени како дел од системската поддршка за намалување на зависноста од тутун... Министерството за здравство ја ажурирало листата на лекови, во која за првпат се вклучени средства за одвикнување од пушење. На ...

Наместо строги казни за суровата експлоатација, надлежните институции со години се правдаат со ист изговор – „немаме доволно инспектори и кадар“.Дали недостигот на кадар е реален проблем или само параван зад кој државата ги остава работниците на милост и немилост на градежниот бизнис?Одоговор побаравме од Министерството за економија и труд и за тоа дали планира заострување на казните за инвеститорите и изведувачите за кои ескпертите велат ...

ОЈОГОКК започна со изведување на поголем број материјални докази за случајот во кој се обвинети 13 полициски службеници кои според обвинението постапувале во кочанската дискотека „Пулс“ на кобниот 16 март минатата година. На следното рочиште ќе се доизведат доказите кои бараат техничка подготовка и ќе се сослушаат сведоци. Спасенка Андонова-обвинителка од ОЈОГОКК: „Понатаму ќе се продолжи со изведување на вербални докази-сослушување на ...

Поранешниот судија во Апелација Ѓоко Ристов, кај кого беа пронајдени 350 000 евра сокриени во зид во неговиот дом, денеска седна на обвинителна клупа во Кривичниот суд и се изјасни дека не се чувствува виновен за ниту едно кривично дело што му се става на товар. Според обвинението Ристов не пријавил имот и пари во висина од 350 000 евра. Парите кои знчително ги надминувале неговите законски приходи биле пронајдени сокриени во шуплини во ...

Опозиција по нарачка од Али Експрес или опозиција која се бори вистински за правта на граѓаните. Остра реторика меѓу власта и опозицијата на седницата за пратенички прашања отпако пратеникот Скендер Реџепи од Европскиот фронт го праша премиерот кога ќе ги направи уставните измени во кои очекува да бидат испочитувани и правата на албанците повикувајќи се на барањето за полагање на правосудниот испит но и осврнувајќи се на неколку настани за ...

Нови политички превирања и жестоки критики во Собранието. Левица покрена нова, втора по ред интерпелација за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Лидерот на партијата Димитар Апасиев денеска обвини за судир на интереси, непрофесионално работење на полицијата и свесно саботирање на истраги во координација со Обвинителството за организиран криминал. Апасиев е дециден- МВР стана партиска полиција. И пратеникот на СДСМ, Миле ...

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова не сака да коментира за таканаречената „шпионска афера“ во нејзиниот кабинет и вели дека е збунета од самата квалификација на случајот како наводна афера. Таа денес од Штип нагласи дека мора да се почитува Законот за кривична постапка и презумпцијата на невиност, а потенцираше и дека надлежните органи ќе го кажат последниот збор. Предистрагата е отворена по кривична пријава лани во декември, кога ...

Силно невреме ја погоди Словенија, најмногу источниот дел од земјата и подрачјето околу Марибор. Поројни дождови, силен ветер и град предизвикаа штети на покриви, дрвја, објекти и делови од инфраструктурата. Словенечката агенција за животна средина, ARSO, претходно го подигна нивото на предупредување од жолто на портокалово поради опасност од посилни грмотевични процеси, налети на ветер, поројни дождови и град. Невремето прво го зафати ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
34%
1003
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
87%
1002
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
78%
1007
weather icon

Софија

21ᴼ / 17ᴼ
8.75
50%
1003
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
6.3
41%
999
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.79
97%
1006
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
8.05
75%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
8.23
63%
1006
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
83%
1004
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
9.26
44%
998
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
11.32
68%
1002
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
6.69
93%
1012
Currency

61.717

Currency

55.625

Currency

73.863

Currency

37.968

Currency

39.079

Currency

66.806

Currency

8.3474

Currency

0.67181

Currency

0.34825

Currency

0.52401

Currency

1.1067

Currency

0.59226

Калај

46.87

Платина

48804.83

Рутениум

61086.42

Бакар

12.40

Иридиум

326330.08

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.02

Паладиум

31893.54

Злато

125211.08

Сребро

1611.91

Родиум

293375.56