Првиот мандат за составување нова бугарска влада ќе оди кај партијата на Румен Радев, но коалициите ќе бидат тешки, вели Маринела Величкова, дописничката за БТА од Македонија, во интервју за ТВ 24. Според неа, ако новиот бугарски парламент е составен од пет политички партии, очекувањата се сите партии да бидат со десничарска политичка ориентација. Првиот мандат за составување нова бугарска влада ќе оди кај партијата на Румен Радев, но ...

Македонскиот рекордер Дарио Ивановски забележа денеска огромен успех со освојувањето на второто место на престижниот Белградски маратон што се одржа по 39. пат во силна конкуренција. Најдобриот македонски маратонец ја истрча патеката со време од 2:09:35 часа, заостанувајќи 25 секунди зад победникот Гада Гемсиса Гудета. Маратонецот од Етиопија мина прв низ целта со време од 2:09:11 часа со што го собори рекордот на Белградскиот маратон. ...

Кошаркарите на Кливленд, Денвер, Њујорк и Лос Анџелес Лејкерс забележаа победи синоќа на стартот од плејоф серијата до четири победи во НБА лигата. Во Источната конференција во првото коло од плејофот, Кливленд поведе против Торонто откако победи со 126-113, додека Њујорк дојде до стартна победа над Атланта со 113-102. Во Западната конференција, Лос Анџелес Лејкерс триумфираше против Хјустон со 107-98, а во отсуство на Лука Дончиќ и Остин ...

Правото да се побара референдум е уставно загарантирано, но проектот за рудникот кај Луке е стратешки за државата и за локалното население и е дел од билатералната соработка со Соединетите Американски Држави, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција. Мицкоски посочи дека секоја иницијатива за референдум мора да се спроведе согласно законските процедури, но изрази зачуденост од, како ...

Граѓаните скапо ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Христијан Мицкоски, а последиците се чувствуваат со празни џебови и празни фрижидери, оцени денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција, посочувајќи дека СДСМ уште пред два месеца предупредувала и барала конкретни мерки, веднаш по почетокот на кризата на Блискиот Исток. Како особено проблематично го посочи враќањето на ДДВ за дизел-горивата на 18 проценти, ...

Вчера, на 18 април во Домот на културата „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода, Партијата на Власите од Македонија го одржа својот VI Конгрес, на кој беа донесени клучни одлуки за идното политичко дејствување и организациско зајакнување на партијата. На Конгресот беше спроведено гласање за избор на нов претседател на партијата. Делегатите, во согласност со статутарните процедури, му ја доверија раководната функција на новоизбраниот претседател, ...

Лажни дојдави за бомби преку електронска пошта беа испратени денеска до Министерството за внатрешни работи за трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје. По повеќе од двочасовната проверка во внатрешноста и околу објектите, МВР соопшти дека дојавите дека се поставени електронски направи се лажни. Нема информации за тоа кој ги испратил мејловите до МВР. - Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи ...

Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека граѓаните во Бугарија на денешните парламентарни избори ќе изберат премиер, кој ќе биде проевропски ориентиран, насочен кон добрососедските односи, наместо кон билатерални прашања и посветен на темелните европски вредности. - Очекувам дека граѓаните во Бугарија, кои гласаат во Бугарија ќе изберат премиер, односно претседател на Владата, кој ќе биде јасно проевропски ориентиран, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата рече дека не сака да ја коментира кривичната пријава од опозициската СДСМ и оти остава надлежните органи да одлучат по неа, нагласувајќи дека тој е фокусиран кон развојот на државата и подобрување на условите за живот на граѓаните. Политичките партии, додаде тој, коишто живеат во сопствениот свет на лаги се повеќе се маргинализираат и ги разочаруваат граѓаните. -Јас не би ...

Министерството за внатрешни работи денеска добило дојави за бомби во трговите центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје. -Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи, информираа од МВР. Полициски службеници, додаваат оттаму, преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри. Министерството ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на учеството на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон оствари средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли. На средбата беше нотирана и поздравена заложбата на Владата за натамошна фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит на среден рок под 3%. - Владата и Министерството за финансии остануваат цврсто на определбата за постепена фискална консолидација и ...

Украинската служба за безбедност го класифицира вчерашното масовно убиство на цивили во Киев како „терористички напад“, објави Укринформ. Маж вчера убил шест лица во украинскиот главен град пред да биде убиен од полицијата. Според најновите податоци, најмалку 14 лица се повредени. Покрената е прелиминарна истрага. Според достапните информации, злосторството го извршил маж роден во 1968 година во руската престолнина Москва со легално ...

Заврши состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите највисоки советници во врска со новото затворање на Ормуската теснина од страна на Иран, а сè уште не е познато што е епилогот од состанокот, објавува „Гардијан“. На состанокот присуствуваа, меѓу другите, потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џеј Ди Венс, секретарот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар на САД Марко Рубио. Не е познато каков е епилогот од ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во јужен Либан. Гутереш „остро го осудува нападот“, се вели во соопштение на неговиот портпарол. Во текстот се нагласува дека според првичните заклучоци на Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), кон „сините шлемови“ „стрелале недржавни субјекти, за кои се верува дека припаѓаат на Хезболах“. Претходно, ...

Најниска температура изутринава е измерена во Берово минус еден степен, а највисока во Скопје - Зајчев Рид и Велес, осум степени Целзиусови. Според информациите на УХМР изутринава се измерени минус еден степен во Берово, нула во Лазарополе, еден во Mаврови Анови и Попова Шапка, два во Крива Паланка, четири во Тетово и Битола, пет во Охрид, Претор, Штип, Струмица и Kрушево, шест во Прилеп и Гевгелија, седум во Куманово, Виница, Кавадарци и ...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени. Во текот на новата седмица ...

Болничките одделенија – каде се води најтешката битка за живот на пациентите се соочуваат со сериозен недостиг од медицински сестри. Токму во одделите за интензивна нега и реанимација каде секоја секунда – живот значи, се помалку кадар останува, а притисокот расте. Од здружението на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега велат дека состојбите веќе стануваат загрижувачки. Јулијана Казанџиска – Претеседателка на ...

Владата не треба да биде така комотна кога станува збор кризата со горива, а особено најавите дека во следните месеци ќе има недостаток на дизел и керозин. Олва е реакцијата на групата Инженери кои редовно ги следат случувањата со енергетиката во земјава. Нивниот став е дека како мала држава која е зависна од увоз на енергенси а во случајов 100 отсто зависна мора многу посериозно да се постапува. Дејан Димовски Група Инженери 3.52 – сирова ...

Бугарија утре на осми парламентарни избори во пет години – ќе се стави ли крај на политичката криза? Ова е клучното прашање во пресрет на уште еден обид да се прекине долгиот циклус на политичка нестабилност во Бугарија. Во фокус на јавноста е Румен Радев - екс бугарскиот претседател и нов лидер на „Прогресивна Бугарија“, кој според анкетите убедливо води. Неговото лице доминира на билбордите низ Бугарија, а неговите позиции отвораат дилеми ...

„Маршот на ангелите“ денеска ќе се одржи во Штип. Здружението „16 Март“ повикува на поддршка од граѓаните во барањето правда за починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, како и поддршка за повредените. Маршот ќе почне во 16:05 часот од плоштадот „Слобода“ во Штип. „Ова не е само марш, ова е чекор за сеќавање, чекор за правда. Ќе чекориме достоинствено и гласно ќе потсетиме дека нашите најмили не смеат да бидат заборавени и дека правдата не ...

Органодарителството во Македонија претставува чин на врвна солидарност и хуманост кој спасува животи. Една одлука за дарување може да спаси повеќе животи и да обезбеди иднина за многу пациенти кои чекаат на трансплантација. Директорот на Клиниката за нефрологија, Никола Ѓорѓиевски вели дека во моментот околу стотина пациенти имаат потреба од бубрежна трансплантација и околу 100 пациенти кои што имаат потреба за дополнителни испитувања. Посочи ...

Шведска не поддржува вета – процесот на преговори со Европската Унија треба да биде фер, ефикасен и базиран на заслуги, вели шведскиот амбасадор во земјава Ола Сулстром во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24. Сулстром порача дека официјален Стокхолм ќе биде поддршка на Скопје во текот на целиот процес на преговори со Европската Унија – до самиот крај. За ќор-сокакот во кој се наоѓаат Македонија и Бугарија, порача дека е потребен ...

Шансите за поблиска соработка со новата власт во Унгарија се големи, но фокусот на идниот премиер Петер Маѓар ќе биде ставен на внатрешните реформи, борбата против криминалот и разоткривање на тајните договори – додека односите со Скопје засега остануваат во втор план, вели унгарскиот новинар Андраш Фолдеш во интервју за Телевизија 24. Шансите за поблиска соработка со новата власт во Унгарија се големи, но фокусот на идниот премиер Петер ...

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, имаше свое обраќање на денешниот настан кој беше во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ,,Женско лидерство-Европската интеграција на Западен Балкан во светлината на безбедносните и технолошките предизвици на Европа“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. ,,Во име на ВМРО-ДПМНЕ, чест ми е да ве поздравам во Скопје, главниот град на земја мала по ...

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, со важност до 4 мај. Согласно пресметките, како што се наведува во соопштението, очекувањата се дека Регулаторна комисија за енергетика ќе донесе одлука со која ќе се изврши дополнително намалување на малопродажните ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на неговиот турски домаќин, Хакан Фидан, учествуваше на 3-тиот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој се одржа во Анталија, Турција, на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија. На состанокот, на кој учествуваа министрите за надворешни работи на сите земји од Западен Балкан и Турција, беа разгледани актуелните глобални случувања и ...

Претсеседателот на СДСМ, Венко Филипче, во рамки на конференцијата во Барселона, организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше кратка и пријателска средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез, се вели во соопштението на СДСМ што МИА го пренесува интегрално. На средбата Филипче и Санчез разговараа за актуелните предизвици со кои се соочуваат прогресивните сили во Европа и потребата од силна соработка, солидарност и заеднички ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во Дизелдорф учествуваше на панел-дискусија на тема „Можности за странски инвестиции во Северна Македонија“, на која ги презентираше инвестициските потенцијали на земјава. Од Кабинетот на министерот за европски прашања соопштија дека во своето обраќање, Сали ја истакнал Германија како најголем трговски партнер и еден од најзначајните странски инвеститори ...

На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, на којашто беше потврдена одличната соработка и силното македонско-турско партнерство. Претседателката се заблагодарила за континуираната и значајна поддршка од ТИКА, којашто со над 1.300 реализирани проекти има видлив и траен придонес во повеќе сектори: образование, здравство, културно наследство и ...

Министерството за здравство (МЗ) го објави Предлог-законот за медицински средства на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), отворајќи јавна расправа за едно важно законско решение кое е дел од пошироката реформа на измени и дополнувања на 12 закони што ја спроведува Министерството за здравство. Оттаму ја повикуваат стручната јавност да се вклучи во консултативниот процес. Како што велат, станува збор за ново законско решение со ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
55%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
1.79
84%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
92%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
64%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.32
54%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.29
89%
1010
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
70%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
65%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.8
60%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.02
60%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
44%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
2.01
62%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Злато

135639.33