Ниту министерот за култура и туризам Зоран Љутков ниту министерот за здравство Азир Алиу, имиња кои неофицијално се споменуваат дека ќе бидат опфатени со владината реконструкција денеска не дадоа конкретни одговори и не открија дали ќе останат дел од Владата или ќе треба да ги напуштат министерските позиции. Министерот за култура Љутков одговарајќи на новинарско прашање кратко само кажа дека процесот е во тек но што и да се случи ќе остане ...

недоволна кадровска екипираност на институциите, недостиг на специјализирани обуки за дел од персоналот, несоодветни сместувачки услови во дел од затворите, предизвици во обезбедувањето навремена и достапна здравствена заштита, како и материјално-технички недостатоци кои директно влијаат врз квалитетот на третманот и условите во кои престојуваат лицата лишени од слобода, констатира Народниот правобранител во извештајот на Национален ...

Пратениците во Собранието ги изгласаа законите за судска и јавнообвинителска служба. Со 61 глас „за“ и 12 „против“ се донесе законот за судска служба. Од опозицијата се повикаа на реакциите на вработените во фелата и заземаа став дека законот не ја исполнил својата задача од реформската агенда за обезбедување независност и квалитет. Соња Мираковска-СДСМ „Се сомневам и се плашам дека она што го констатираа и претставниците на судската служба, ...

Почитувани,Македонската јавност и семејствата на жртвите згрозено сведочат на монструозен театар во кој правосудниот систем ја убива правдата за да ги спаси сопствените кадри во тоги. Барањето на одбраната за изземање на обвинителката Наташа Сарамандова – единствената која имаше професионален интегритет детално да ги презентира клучните материјални докази во Кривичниот суд – е диригиран линч врз вистината. Фактот што адвокатите на обвинетите ...

Итно да се затвори скопската Зоолошка градина и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, бараат од здружението за заштита на животните „Анима мунди“, откако во јавноста излезе информацијата дека волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку птици. Активистите бараат независна истрага за бегството на волците, ...

Скандал во кочански Водовод. 50.000 евра вреден тендер од комуналното Јавно претпријатие доби фирма со блокирана сметка и со само тројца вработени, чиј сопственик е близок другар на директорот на претпријатието, обвинија на прес од советничката група на „Доста беше“, најавувајќи и пријава до Основното јавно обвинителство. Но, за апсурдот да биде уште поголем, во истото ова јавно претпријатие, исто така сомнителен е и тендерот за такси превоз. ...

Со посета, камери и силни пораки дека граѓаните добиваат поквалитетено здравство – вака пред три месеци премиерот, министерот за здравство и директорите на дел од клиниките ги промовираа шестте реновирани операциони сали во скопскиот клинички центар. Но, и три месеци по промоцијата – салите воошто не се ставени во функција, а пациентите се уште немаат видено корист од нив. Ако салите не биле подготвени за употреба зошто биле промовирани како ...

Ќе има ли избори во Тетово за совет ? Билал Касами според информациите на Тв 24 размислува за оваа опција , откако Уставниот суд ја укина одлуката за преименување на улиците во Тетово, а од ДУИ го предизвикуваат, „ако смее повторно да ја донесе “. Според извори на 24 од Вреди, Касами се повикува на законот за локална самоуправа член на 75 токму во ова барање на ДУИ има основ за распуштање на Советот Член 75 од законот за локална самоуправа ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во отчетот за изминатите две години истакна дека се постигнати значителни резултати за само осум месеци откако е преземен туризмот во склоп на Министерството, односно по укинувањето на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во 2025 година. -Буџетот е зголемен од 58 милиони денари во 2023 на 186 милиони денари во оваа година. Тоа е повеќе од 200 проценти раст. Се отворивме кон нови пазари, ...

Собраниската Комисија за финанасирање и буџет со која претседаваше пратеничката Сања Лукаревска, ја заврши амандманската расправа во второ читање за предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри. Пред членовите на комисијата за финанасирање и буџет беа образложени 51 амандман за измена и дополнување на законот, како и измени од номотехнички карактер, со што се овозможи предложениот закон за игрите на среќа и за забавните игри да ја ...

Од вкупно 98 проекти и активности предвидени во Програмата на Владата во делот на културата, завршени или во тек на непречена реализација се 73. Тоа е реализација од 72 проценти. Оние што не се отпочнати се капитални инвестиции, кои се предвидени за реализација до крајот на 2034 година, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков на прес-конференција на која соопшти за активностите по преземањето на ресорот од претходната влада пред ...

Централните банки имаат клучна улога во зачувувањето на вредноста на парите, одржувањето на ценовната и финансиската стабилност и градењето доверба во економијата, особено во услови на зголемена глобална неизвесност, оценува гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, во интервју дадено за публикацијата на Народната банка „80 години централно банкарство: Глобални перспективи, регионална соработка и идни предизвици“ (80 Years of Central ...

Меѓународната поморска организација на Обединети нации (ИМО) ја стопира планираната евакуација на повеќе од 11.000 морнари од Ормуска Теснина откако во мореузот беше нападнат товарен брод. Товарниот брод, што плови под знаме на Сингапур вчера беше погоден од непознат проектил на 75 наутички милји југоисточно од оманското пристаниште Дахит. САД тврдат дека врз бродот пукала иранската армија. Директорот на ИМО, Арсенио Домингез истакна дека ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на Националниот сервис по повод две години од мандатот на владата, истакна дека позади провокациите кои се случија изминатиот период станува збор за организирана бугарска кампања во нашата држава, кои имаат за цел промоција неприфатливи работи, преку еден или двајца политички ликови, се вели во соопштението од Владата кое МИА го објавува интегрално. „Ниски страсти и организирана кампања ...

Дванаесеттото издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ започнува денеска во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ),со фокус на некои од највлијателните музички имиња на современата сцена. Програмата што ќе трае до утре опфаќа три документарни филмови посветени на легендите Мајлс Дејвис, „Duran Duran“ и „Kraftwerk“, преку кои публиката ќе има можност да проследи приказни за музичките ...

Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата, објавена на македонски јазик ќе биде објавена денеска на прес-конференција. Во потесен избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата се „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026), „Длабок простор“ од Зоран ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека одобрил 40-дневна кампања против Русија со цел да ја принуди Москва да ја заврши војната. - Одобрив 40-дневна операција за да се изврши притисок врз државата агресор да ја заврши војната, објави Зеленски на платформата Телеграм. Украина со месеци спроведува бранови напади со среден и долг дострел врз цели во Русија или области под руска контрола, главно насочени кон нафтената ...

Бројот на жртви од двата последователни силни земјотреси што ја погодија Венецуела се зголеми на најмалку 188, изјави денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез. Според најновите податоци од веб-страницата каде што се пријавуваат исчезнати лица по земјотресот, речиси 40.000 луѓе се пријавени како исчезнати, пренесува Скај њуз. Родригез рече дека 1.520 повредени лица се хоспитализирани, а дека 200 лица се ...

Украина треба да добие дополнителни 3,39 милијарди долари помош од Светска банка, изјави украинската премиерка Јулија Свириденко денеска на Конференцијата за закрепнување на Украина, каде што се сретна со претседателот на Светска банка, Аџај Банга, јави ДПА. Од оваа сума 2,35 милијарди долари треба да бидат обезбедени како грантови за стабилизирање на Украина и нејзината економија, додека дополнителни 1,04 милијарди долари треба да му бидат ...

Во акција на црногорската полиција и американското Федерално истражно биро (ФБИ) вчера во Котор е уапсен припадник на Иранската револуционерна гарда Амир Барати, обвинет од САД за хакерски напади со кои е оштетена американската инфраструктура за 3,4 милијарди долари. Приведениот 39-годишен Барати е државјанин на Турција и на Иран, против кого во Високиот суд во Њујорк се води кривичната постапка поради кибер и организиран криминал. Во ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална ...

Собранието денеска треба да ја почне 108-та седница, а потоа да ја продолжи 106-та пленарна седница. Пратениците треба да гласаат за Дополнетиот предлог на закон за парничната постапка, Предлог на закон за високи раководители, Дополнетиот предлог на закон за користење на енергијата од обновливи извори и Дополнетиот предлог на закон за оружјето, сите во второ читање. На предложениот дневен ред е и Предлог на закон за изменување и дополнување ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе ја одржи амандманската расправа за Предлог законот за соодветна и правична застапеност. За законот, како што е објавено на веб-страницата на Собранието, поднесени се 31 амандман. Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри. Седница ќе одржи и Законодавно - правната комисија. ...

Шефот на американската дипломатија, Марко Рубио, за време на турнејата низ земјите од Персискиот Залив, денеска изјави дека договор со Иран не треба да се постигне „по секоја цена“, особено стравувајќи од „тотален хаос“ доколку Техеран воведе патарини за премин низ Ормуската Теснина. „Дури и ако сакаме договор, не сакаме договор по секоја цена“, рече Рубио во Бахреин. Тој се осврна на ситуацијата во Ормуската Теснина, главната точка на ...

Француската морнарица пресретна и врши инспекција на танкер за нафта што плови од Русија во близина на брегот на италијанскиот остров Сицилија, изјави демеска францускиот претседател Емануел Макрон. Во објава на Икс, Макрон рече дека бродот „Deliver“ не постапил во согласност со меѓународното право на морето и пред два дена бил запрен во морето. Во видео што го објави на Икс се прикажани припадници на француските вооружени сили како се ...

Лицата со попреченост се соочуваат со сериозни проблеми – паричната помош доцни, а бројот на лични асистенти е сè помал. Затоа под слоганот „За достоинствен живот“ Коалицијата „Менуваме“ излезе на протест пред Министерството за социјална политика, демографија и млади. Тие бараат итна средба со Владата и порачуваат дека, доколку не им се излезе во пресрет на нивните барања, ќе ги информираат меѓународните институции за прекршување на правата ...

Со традиционалното палење на фестивалскиот оган и рецитирањето на незаменливата „Т’га за југ“ на Константин Миладинов, во Домот на поезијата во Струга свечено започна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот – Струшките вечери на поезијата. Под мотото „Каде што живее поезијата“, Струга уште еднаш ги обедини поетите од сите меридијани, испраќајќи моќна порака дека поезијата сè уште има сила да обединува, да инспирира и ...

Регулаторната комисија за енергетика анализира проширување на евтината тарифа за струја од сегашните два на четири часа во текот на денот, како и нејзино воведување во сабота, најави претседателот на комисијата, Ацо Ристов. Според предлогот, дневната евтина тарифа би можела да важи од 11 до 15 часот, кога производството од фотоволтаичните централи е највисоко, а на берзите често се појавува вишок електрична енергија со многу ниски, па дури и ...

Катастрофални земјотреси уништија делови од венецуела...Два потреси едно подруго, со јачина од 7.2 и 7.5 степени според рихтер ги опуштошија северните и централните региони ...ВО Земјата на сила е вонредна состојба додека во најтешпко погодениот регион, ла гвеира, прогласена е зона на катастрофа..УРНАТИ Се десетици станбени згради, куќи и деловни објекти...Затворен е и меѓународниот аеродром кој претрпел сериозни оштетувања..Надлежните служби ...

Сериозни системски слабости откри Државниот завод за ревизија во работењето на АД МЕПСО во 2024 година. Податоците од ревизорскиот извештај покажуваат дека се утврдени недоследности во сопственоста на далноводите, потоа откриени се неругуларности при вработувања, а за дел од потрошените пари по основ на инвестиции на државната компанија недостасувала соодветна документација. Во извештајот се нотира дека од вкупно 112 далноводи на МЕПСО, за ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
10.29
49%
1005
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
7.2
59%
992
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
92%
990
weather icon

Софија

18ᴼ / 13ᴼ
14.92
58%
1003
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
5.23
82%
1000
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
97%
991
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
4.92
81%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
70%
1005
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
9.77
82%
1002
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1000
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
1.93
98%
988
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
11.32
93%
1012
Currency

61.639

Currency

55.489

Currency

73.808

Currency

37.98

Currency

39.009

Currency

66.794

Currency

8.3274

Currency

0.66983

Currency

0.34781

Currency

0.52451

Currency

1.1042

Currency

0.59193

Цинк

3.79

Злато

124908.87

Калај

47.40

Сребро

1620.38

Родиум

294983.10

Паладиум

31700.64

Бакар

12.41

Алуминиум

3.01

Платина

48836.98

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Иридиум

324722.54