Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Хеликоптер со осум лица се урна во индонезиската покраина Западен Калимантан. Сите шест патници и двајца членови на екипажот - вклучувајќи го и пилотот - загинаа, соопштија властите. Хеликоптерот Ербас Х130 изгуби контакт пет минути по полетувањето од плантажа во Мелави во неделата, изјави шефот на спасувачките служби на Индонезија, Мохамед Сјафи. „Локацијата каде што се изгубил падот или контактот е во област со густа вегетација и стрмен ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, упати повик до младите повремено да ги исклучуваат своите дигитални уреди и барем еден ден во месецот да минат без Интернет. Говорејќи пред ученици во Вилер-Котре, Макрон предложи тој ден децата и младите да го посветат на читање, пишување, театарски активности, дружење и заедничко создавање. Макрон кој се залага за целосна забрана на социјалните мрежи за деца под 15 години, оцени дека тие значително ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа изјави дека е „многу важно“ папата Лав XIV да разбере дека Иран претставува закана за светот. „Папата може да каже што сака и јас сакам тој да каже што сака, но можеби не се согласувам“, изјави Трамп пред новинарите пред Белата куќа. Како што нагласи, папата Лав XIV мора да разбере дека ова е реалниот свет. Претходно вчера, за време на посетата на Камерун, папата Лав XIV ...
Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска од 15:00 часот и утре од 13:30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба. Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации. Од МВР информираат дека за време на вежбата ќе има зголемено присуство на полициски службеници и возила, а ќе ...
Времето денеска, како и претстојниот викенд, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Во Скопје, исто така, денеска се очекува променливо облачно време и слаб до умерен северен ...
Истрагата за Артан Груби е преседан , не може да одговара за колектвина одлука на Влада, вели за 24 Анализа потпретседаелот на ДУИ Аријанит Хоџа. Хоџа тврди дека нема „дил“ за враќањето на Груби и дека не го прашал Ахемти дали има договор. „Враќањето на Артан Груби нема врска со политички договор. Да има дил треба некој да е виновен, з ада се договараш, а Груби не е . Не верувам дека некој во Мала Речица се плаши од Груби, тоа се спинови на ...
Кривична пријава за министерот за правда Игор Филков најавува потпретседателот на ДУИ Аријанит Хоџа во 24 Анализа. Хоџа вели дека Филков го прекршил законот за употреба на јазиите и во Мала Речица се дебатирало на таа тема. „Ние имаме закон за употреба јазиците кој што Филков го прекрши, неколку дена во најтесното раководство разговараме за кривична пријава за Филков, иако тоа треба да биде работа на институиците, однсоно инспекторатот за ...
Наместо пакување куфери за Јадранското приморје, голем дел од младите кадри годинава решија да останат во домашните објекти, а анализите покажуваат стагнација на трендот на заминување на сезонска работа во странство вели универзитетскиот професор Климент Наумов. По долгогодишна борба со недостигот на работници, газдите конечно го одврзаа ќесето. Поради минатогодишното потфрлање на хрватскиот туризам во делот на потрошувачката македонските ...
Цените на вештачките ѓубрива се во пораст, признава министерот за земјоделие, Цветан Трипуновски, кој денес од Штип најави дека утре на состанок со Министерството за економија и труд заеднички ќе прават скрининг на увозниците на вештачки ѓубрива. Целта е, како што рече, да го превенираат ценовниот шок, а скринингот е во делот на тоа по која цена се увезени вештачките ѓубрива, но и колкава е маржата што ја имаат употребено во делот на ...
Од поранешни функционери до долгогодишни активисти – во Собранието денеска ќе се одржи јавна расправа за утврдување на предлог-листата на кандидати за член во Комисијата за заштита од дискриминација. Уште пред да се одржи расправата, изборот за нов член предизвика критики и сомнежи од страна на невладините организации, од каде обвинуваат дека имињата на двете претставнички од организациите кои ја сочинуваат Мрежата за заштита од ...
Уметноста на протест – Министерството за култура со чистка на остатоците од Шарената револуција. Се вклучи и надзорната камера да регистрира присуство и отсуство. Уметниците транспарентно возвратија дали е ова порака од власта уметниците веднаш да поевтинат? И не беше доволен Моцарт, Бетовен и Вивалди се слушна и крикот на најзасегнатите кои побараа оставка од министерот Зоран Љутков. Гласна критика и од поранешното раководство на синдикатот. ...
Веќе два месеци нема три лекови за третирање на онколошките пациенти. Два за пациентките со рак на дојка и еден лек за имунотерапија што се користи за различни малигни заболувања. Онколошки пациент кој сакаше да остане анонимен за Телевизија 24 алармира дека одложувањето на терапијата е висок ризик за напредок на болеста. - Палбоциклиб, Фазлодекс и Николумаб нема веќе два месеци. Овие лекови припаѓаат на различни групи на современа онколошка ...
И додека министерството за правда ги чека документите од институциите за да побара екстрадиција на експремиерот Никола Груевски од Унгарија опозициската СДСМ стравува од ново можно бегство на Груевски овој пат кон Русија или Белорусија. Прашуваат исто така и која е улогатра на претседателката на државата Гордана Сиљановска Дафкова и дали можеби размислува за помилување на Груевски а во дописот наведуваат. СДСМ - По прес-конференцијата на ...
Вработените во културата денеска излегуваат на протест против започнатата постапка на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, како и поради пресметките на платите на уметниците и културните работници. Од Синдикатот за култура велат дека нејасно е како Уставниот суд, кој досега два пати се има произнесено дека гранковиот колективен договор е во согласност со закон и Устав, сега носи трета ...
Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во првиот натпревар од развојниот турнир на УЕФА што денеска почна во Струмица беше поуспешна од селекцијата на Северна Ирска. Откако по 90 минути игра мрежите мируваа на двете страни, одлуката за победникот дојде по изведувањето пенали, а победата ја донесе Благојче Седлоски со прецизен удар од белата точка. Според правилата на развојните турнири победникот на пенали освојува два додека ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, предупреди на „опасните последици“ од американските позиции и дејствија насочени кон Персискиот Залив и Ормуската Теснина. Арагчи за време на телефонскиот разговор со својот кинески колега Ванг Ји изјави дека „провокативните дејствија“ од страна на САД дополнително ќе ја комплицираат ситуацијата во регионот, алудирајќи на обидите на Вашингтон да воспостави, како што ја нарекува, „морска ...
Предлог-законот за високо образование не се креира зад затворени врати, туку преку дебати со универзитетите, тој е заедничко решение со академската заедница и верувам дека ќе даде резултати. Ова не е закон на Владата, ова не е политичко, туку државно прашање, од кое зависи иднната на земјата и на нашите млади, кои сега не препознаваат квалитет во домашното високо образование. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамките на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон учествуваше на тркалезна маса, на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC). Центарот, чие почнување со работа е предвидено најдоцна до јануари 2027 година, како што се наведува во ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција по повод учеството на петтиот дипломатски форум во Анталија, кој се одржува од 17 до 19 април, на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, пред официјалниот почеток на форумот претседателката денеска во Истанбул ќе оствари билатерална средба со претседателот на Турција, ...
Глоби од над 19 илјади евра изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамките на спроведените 1.221 вонредна контрола, кои беа спроведени пред велигденските празници - соопштуваат од АХВ. - Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата „Дрисла“ беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по ...
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го повика својот ирански колега Абас Арагчи да вложи напори за враќање на нормалната пловидба низ Ормуската Теснина, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи по телефонскиот разговор меѓу двајцата претставници. Ванг рече дека суверенитетот и безбедноста на Иран во Ормуската Теснина треба да се почитуваат и заштитат, но додаде дека слободата и безбедноста на пловидбата низ водниот пат ...
И покрај моменталниот прекин на огнот во војната со САД и Израел, повеќе од 26 милиони луѓе доброволно се пријавиле за воена служба, јави ДПА повикувајќи се на иранските медиуми. Веста доаѓа како дел од кампањата наречена „Жртвувај го својот живот“, објави денеска државниот радиодифузер IRIB во среда. Во Иран живеат околу 90 милиони луѓе, потсетува германската агенција. Според државното радио, волонтерите треба да бидат распоредени заедно со ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да ја прошири безбедносната зона во јужен Либан, бидејќи борбите со милицијата Хезболах, поддржана од Иран, продолжуваат, соопшти неговата канцеларија доцна синоќа. Израел, исто така, води преговори со Либан, додека Кабинетот за безбедност вчера разговараше за можно примирје, но го заврши состанокот без одлука, според медиумските извештаи и објавата на новинар на Аксиос на „X“. ...
Обилните дождови предизвикаа поплави во Хаити и Доминиканската Република, во кои загинаа најмалку 16 лица, додека десетици илјади жители беа евакуирани или раселени, покажуваат денешните извештаи на цивилната заштита и локалните медиуми. Повикувајќи се на локалните медиуми, Ројтерс објави дека најмалку 12 лица загинале во поплавите што погодија неколку населби во северен Хаити. Локалниот портал Листин Диарио објави дека во Доминиканската ...
Собранието денеска треба да ја одржи 99. седница на која на дневен ред е Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на државава до 20 јули годинава. Предлог-одуката е на дневен ред и на седница на собраниската Комисија за одбрана и бебзедност. Одлуката, според предлогот, ќе почне да се применува на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека во телефонскиот разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA, се согласиле дека двете држави треба да имаат уште подобри билатерни односи со заеднички фокус и на прироритетите во НАТО и на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ. Како што рече Муцунски попладнево на новинарско прашање, разговорот ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува ...
Билатералните прашања не треба да бидат пречка во преговорите – ЕУ може да поттикне дијалог за гаранции за Македонија. Ова го порача вицепремиерот и министер за надворешни работи на Белгија, Максим Прево, кој денеска и утре е во официјална посета на земјата. Прево изјави дека Белгија го поддржува европскиот пат на Македонија и смета дека по уставните измени - треба уверување дека нема нови билатерални барања да ги блокираат преговорите во ...
Четири лица се убиени, а 20 други беа ранети кога ученик од основно училиште отвори оган во училиште во југоисточната турска покраина Кахраманмараш, изјави гувернерот Мукерем Унлуер. Унлуер рече дека меѓу загинатите е еден наставник и дека напаѓачот бил ученик кој го користел пиштолот на својот татко, кој го скрил во ранецот, за да го изврши нападот, објави Ројтерс. Тој додаде дека напаѓачот, исто така, почина. Еден ден претходно, во Турција ...
Наместо во штали - говедата и натаму слободно се движат низ кривопаланечко уништувајќи пролетни посеви имоти и возила. Кравите и натаму најголема закана во кривопаланечко чии мештани со години живеат во страв и неизвесност. Земјоделците останаа без стотици тони приноси. Засадениот компир, зелка и други култури наместо на тезга завршија под нозете на говедата. Мештаните алармираат и за нарушена безбедност и на патиштата низ Крива Паланка - но ...