Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска напладне по триесетти пат ќе се одржи манифестацијата „Празник на липите“, на која ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“. Секоја година тие им се доделуваат на еден домашен и на еден странски поет за нивниот повеќедецениски поетски опус со високи естетски вредности и за нивниот влог во негување на книжевните врски помеѓу Македонија и другите земји. Годинашни лауреати на наградата се ...

Репрезентацијата на Парагвај направи подвиг на Светското првенство откако утрово во дуелот од 2.коло од групата Д ја победија Турција со 1:0, а целото второ полувреме играа со игра десет играчи. Со трите бодови Парагвај добива шанса за пласман во следната рунда, додека Турција нема шанси за пласман во следната фаза. Парагвај поведе во 2.минута со голот на Матиас Галарза и предноста успешно ја чуваше, иако во 45+3 минута продолжи со играч ...

Едно лице е тешко повредено откако товарен воз падна од мост во Минхен, главниот град на германската покраина Баварија, јави ДПА. Два вагона излетале од шините од мостот, се одвоиле од возот и паднале околу пет метри, соопшти полицијата, додавајќи дека сè уште истражуваат што превезувал возот. Сепак, товарот, според властите, сигурно не претставува опасност за наслениот во околината. Инцидентот се случил на железничка линија што ја користат ...

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи за во текот на денов. Се очекува минимална температура во интервал од 8 до 18, а максимална од 30 до 35 Целзиусови степени. Според синоптичарите, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...

Институтот за јавно здравје попладнево соопшти дека во земјава е регистриран прв случај на Зика вирусна инфекција во земјава. Ризикот за населението во моментов се оценува како низок -На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика вирусна инфекција - соопшти Институтот за јавно здравје. Како што ...

Без вода денеска ќе биде еден дел од централното градско подрачје. Прекинот ќе почне во 09 часот поради санирање на дефект на затварачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“. Без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, трговскиот центар Мавровка, дел од Турска чаршија, Саат Кулата, улиците „Петар Ѓеоргиев“, ...

Ветеринарните друштва со вклуечн аларм кон владата. Бараат да им се исплатат средствата од ланската година кои во голем дел се уште не ги добиле. Појаснуваат дека запоснати се сите надлежни институции и запознати се со ризиците од евентуалниот колапс на ветеринарните друштва кои планираат да ги затворат своите објекти. Од Комората велат дека Од Комората велат дека немањето на доволно ветеринари и недоволната финансиска поддршка кон нив ...

Кривичниот суд попладнево, по сослушување на осомничените во случајот за проневера во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), одлучи на три лица да им биде определен притвор од 30 дена, додека на петмина им е изречен куќен притвор. Во 30-дневен притвор одат поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиевски, како и уште две лица со иницијали О.М. и Ѓ.Ч. Куќен притвор им е определен на Н.Л., И.П., И.Ш., С.Т. и К.А., додека мерки на ...

Граѓаните наместо во станови, да инвестираат во енергетски проекти и да станат акционери во изградбата на Чебрен. Ваква идеја промовираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Ацо Ристов, според кого во Македонија премногу капитал останува вложен во недвижности наместо во производни капацитети. Тој смета дека покрај кредитите и буџетските средства, треба да се овозможи и граѓаните директно да учествуваат во финансирањето на ...

Откажани преговорите меѓу САД и Иран кои требаше да се одржат во Швајцарија. Луксузното одморалиште Биргеншток, денеска требаше да биде домаќин на делегациите на САД и Иран и место каде според најавите, ќе се потврдеа следните чекори, откако ДоналдТтрамп и Масуд Пазешкијан веќе ставија потпис на меморандумот за разбирање. Кога и дали ќе се оддржи нова средба останува непознато.. Министерство за надворешни работи на Швајцарија „Швајцарија ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го потврди првиот регистриран случај на зика вирусна инфекција во Македонија. Станува збор за македонски државјанин кој се заразил за време на престој на Малдиви, каде најверојатно бил каснат од инфициран комарец. Според информациите од ИЈЗ, лицето престојувало на Малдивите во периодот од 20 до 28 мај. Првите симптоми се појавиле уште за време на патувањето и вклучувале треска, болки во мускулите и ...

Најавената реконструкција на Владата ги зовре партиските кујни, но и аналитичките дебати. Дали се работи за вистинска желба за ефикасност и резултати или пак е обичен политички пазар и внатрепартиски чистки !? Аналитичарите Марковиќ и Божиновски во „24 Анализа“ нотираат дека Илинденска бр. 2 се наоѓа пред сериозен тест за стабилноста на коалицијата, каде секоја кадровска рокада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ може да го наруши кревкиот баланс. ...

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бара притвор за осум лица и мерки за претпазливост за четири лица, во врска со истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за „проневера во службата“ од околу 3 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија. Пет од 18 лица не се достапни, но надлежниот обвинител Фатон Азизи смета дека дел од нив се во блиско опкружување и ќе го кажат нивниот став и теорија. Во ...

Прашањето е отворено за дебата-дали Бугарија би можела да побара од македонските граѓани кои поседуваат и бугарско државјанство да се откажат од македонското, за да се зголеми бројот на Бугари во Македонија и со тоа да се отворат прашања за нови права на Бугарите, кои засега се само 3.500 според последниот попис. Бројките за Македонци со бугарско државјанство засега се неофицијални- од 120.000 до 200.000. Оттука, се отвора клучното прашање- ...

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја презеде истрагата за потпалувањето на двата автомобили на бугарски дипломати а осомничениот четириесет и четири годишен скопјанец нема да одговара за предизвикување на општа опасност туку за Загрозување лица под меѓународна заштита, односно член 420 од Кривичниот законик, каде предвидената казна е од најмалку една година „затвор. Осомничениот скопјанец, во понеделникот, подметна ...

По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил четири кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или ...

Две лица загинаа, а две се повредени во руски напади врз Сумската област во североисточна Украина, извршени со бомби, беспилотни летала и ракети, соопшти денеска украинската полиција. Во одделен напад врз Харков пет лица, меѓу кои и три деца, побарале медицинска помош, изјави гувернерот на Харковската област, Олех Сњехубов преку „Телеграм“. Според украинските власти, нападите предизвикале материјална штета и цивилни жртви, а спасувачките ...

Поранешните директори на клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи излегуваат од притвор. За да се бранат од слобода и да им биде укината мерката, и двајцата понудиле хипотека на недвижен имот чија заедничка вредност надминува 500 илјади евра. КРИВИЧЕН СУД „На обвинетиот Н.В. му е определена гаранција во износ од 183.981 евра, која се состои од ставање под хипотека на недвижен имот, додека на обвинетиот Н.Н. му е определена гаранција во ...

Јавното обвинителство информира дека е известено за смртта на поранешниот генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, Љупчо Грнчиштанов, кој беше опфатен со обвинението за трагедијата во Кочани. Како што соопштија од Обвинителството, лицето починало откако му се слошило во домашни услови, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција со цел утврдување на причините за смртта. Грнчиштанов во периодот од 15 ...

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи излегуваат од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на одбраната и позитивно мислење од Обвинителството, донесе одлука со која се прифаќа понудената гаранција со хипотека на имот и им определи мерки на претпазливост. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје информира дека донесе решение ...

На предлог на Министерството за здравство, Владата ја усвои информацијата за формирање Центар за итна медицинска помош Скопје, со цел воспоставување поефикасен и поодржлив систем за итен медицински одговор, скратување на времето на интервенција и унапредување на капацитетите за спасување човечки животи. „Одвојувањето на Итната медицинска помош претставува значајна системска реформа насочена кон зајакнување на организациската и оперативната ...

Царинската управа соопшти дека поднела кривична пријава против доктор и медицинска сестра, кои се обиделе да прошверцуваат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Против лицата, како што се наведува, е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, шверцување и царинска измама, казниви во согласност со ...

Обидот на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да отвори дипломатски канали со Русија во контекст на можни мировни преговори, наиде на поделени реакции кај лидерите на Европската Унија на Самитот во Брисел. Германски владини извори таквиот потег го оценија како „навреда“, сметајќи дека е неусогласен и непрофесионален, додека некои европски лидери предупредија дека се уште не е дојдено време за разговори со Москва. Некои пак, ја ...

Лидерите на 27 земји-членки на Европската Унија синоќа на Самитот во Брисел едногласно усвоија заклучоци за поддршка на Украина, што е првпат од март минатата година таков документ да биде поддржан од сите членки. Од март 2025 година, тогашниот унгарски премиер Виктор Орбан го блокираше усвојувањето заеднички заклучоци, поради што останатите земји-членки беа принудени да усвојуваат одделни текстови со поддршка од 26 или 25 држави. Во некои ...

Нема да се одржат преговорите меѓу САД и Иран што беа предвидени за денеска во швајцарското планинско одморалиште, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. Соопштението уследи откако портпарол на Белата куќа изјави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја одложил средбата со претставниците на иранскиот преговарачки тим. На средбата требаше да се разговара за спроведувањето на меморандумот што Вашингтон и Техеран ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за финансирање и буџет, за здравство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и законодавно-правната комисија. На дневниот ред на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика се предлог законите за изменување на Законот за упатување работници од ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет, во рамките на денешната седница ќе одржи Јавна расправа по Предло-законот за игрите на среќа и за забавните игри. Целите на донесувањето и примената на овој закон, кои се изразени преку потребата од спречување на сивата економија во областа на игрите на среќа, се стекнување на сигурност и доверба кај учесниците во игрите на среќа и нивна заштита (пред сè на младата популација), заштита на ...

18 физички и 8 правни лица осомничени за проневера во служба и перење пари. Приведени се 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски. По 5 лица се уште се трага. Со истрагата опфатени се двајца поранешни претседатели на Фудбалската федерација на Македонија, за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело „проневера во службата“. Осомничена е и раководителката на одделението ...

Безживотно тело на 75-годишна македонска државјанка било извлечено од морето во Неа Каликратија на Халкидики. Со возило на брза помош жената била пренесена во здравствен центар, каде што била констатирана смрт. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во попладневните часови, добиле известување дека е пронајдено починато лице. По наредба на надлежната управа побарано е да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина во ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.64
69%
1004
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
4.63
63%
992
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
4.63
93%
991
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
10.8
39%
1003
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
5.07
82%
999
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
97%
992
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
4.63
81%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
71%
1005
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
8.23
82%
1002
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
88%
1000
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
2.24
98%
989
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
10.8
94%
1012
Currency

61.628

Currency

55.489

Currency

73.794

Currency

37.968

Currency

39.005

Currency

66.781

Currency

8.3274

Currency

0.66984

Currency

0.34778

Currency

0.52433

Currency

1.1042

Currency

0.5918

Кобалт

33.53

Бакар

12.41

Родиум

294983.10

Цинк

3.79

Алуминиум

3.01

Злато

124908.87

Калај

47.40

Рутениум

61086.42

Сребро

1620.38

Паладиум

31700.64

Платина

48836.98

Иридиум

324722.54