Репрезентацијата на Македонија ќе настапи на уште едно големо натпреварување и ќе биде дел од групата Б на Европското првенство. Дел од националниот тим повторно е легендарниот борец Филип Миркуловски. Сепак, наместо во својата поранешна улога во организацијата на нападите, сега популарниот „Жути“ е тука на оперативна улога. „Последната проверка пред Европското првенство беше успешна, ракометарите се покажаа во вистинско светло пред стартот ...
Филип Миркуловски е една од македонските ракометни легенди, но иако веќе не игра активно, сепак е дел од репрезентацијата на Европското првенство и тоа во улога на шеф на македонската делегација. Поранешниот репрезентативец очекува Македонија да изненади на ова првенство, иако има тешка група со Данска, Португалија и Романија. „Играме во група со Данска, Португалија и Романија, тешка група, но ние сме тука за да изненадиме. За Данска не треба ...
Филип Миркуловски пред извесен период се врати назад во македонскиот ракомет, прифаќајќи одговорна улога во федерацијата како главна фигура во машкиот репрезентативен ракомет, како на сениорски план, така и во младинските категории. Тој е шеф на македонската делегација на ЕП 2026 во Хернинг, а некогаш големиот борец не крие дека му е чудна адаптацијата во новата улога. „Секогаш е чест да се биде дел од репрезентацијата, било како играч било ...
Македонската ракометна репрезентација ја заврши серијата контролни натпревари во рамките на подготовките, а членот на стручниот штаб Филип Миркуловски изрази задоволство од формата и прикажаната игра на националниот тим. Во последниот тест пред стартот на Европското првенство, избраниците на Кирил Лазаров вчера славеа победа над Митјиланд со 35-27. Сега фокусот е целосно насочен кон првиот натпревар на шампионатот, против силната Данска, кој ...

