Конечниот нацрт на договорот меѓу САД и Иран е финализиран со посредништво на Пакистан и се очекува официјално да биде објавен за неколку часа, објавија иранските и пакистанските медиуми. Овој развој на настаните доаѓа во време на тековните индиректни разговори меѓу Вашингтон и Техеран, при што Пакистан дејствува како главен дипломатски канал што ги олеснува размените меѓу двете страни, според извештај објавен од „The Kobeissi Letter“. ...

Телевизијата Ал Арабија објави дека нацрт-договорот за прекин на војната помеѓу САД и Иран, постигнат со посредство на Пакистан, ќе биде објавен во следните неколку часа. Според телевизијата, со нацрт-договорот се предвидува итен, сеопфатен и безусловен прекин на огнот на сите фронтови – копнен, морски и воздушен. Договорот, исто така, вклучува заедничка обврска да не се таргетира воена, цивилна или економска инфраструктура, да се ...

Пакистанскиот министер за внатрешни работи, Мохсин Накви, одржа уште една средба со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, за да ги разгледаат предлозите насочени кон ставање крај на војната меѓу САД и Иран, објавија иранските медиуми, пренесува Анадолу. На состанокот главно се разгледувале предлози за тоа како Иран и Америка да продолжат да преговараат индиректно преку посредници. Доцна синоќа, полудржавната иранска новинска ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска навести дека крајот на американско-израелската војна против Иран можеби е на повидок, пренесува Анадолу. „Ги запревме. Никогаш нема да имаат нуклеарно оружје. Никогаш нема да имаат нуклеарно оружје. И наскоро ќе завршиме со тоа. Наскоро ќе биде готово“, рече тој. Американскиот претседател денес беше меѓу своите поддржувачи во државата Њујорк. „Ќе видите бројки какви што никогаш не сте виделе, и во ...

Земјите од Персискиот Залив и Пакистан ги засилија напорите кревкиот прекин на огнот во војната со Иран да го претворат во траен мировен договор, додека американскиот претседател Доналд Трамп повторно сигнализираше дека конфликтот наскоро би можел да заврши. Асим Мунир, командант на пакистанската армија и омилен посредник меѓу САД и Иран, во петокот го посети Техеран на разговори за договор со иранскиот министер за надворешни работи Абас ...

Според него, договорот ќе го спречи Иран да развива нуклеарно оружје и ќе обезбеди правилно отстранување на збогатениот ураниум на Иран, објавува Ројтерс. Напредокот во разговорите за завршување на речиси тримесечниот конфликт беше потврден во саботата од Иран, САД и Пакистан, кој посредува во разговорите. Трамп ги нагласи своите услови во интервју за CBS News. „Ќе потпишам само договор што ќе ни обезбеди сè што сакаме“, рече тој. Одлука е ...

Според него, договорот ќе го спречи Иран да развива нуклеарно оружје и ќе обезбеди правилно отстранување на збогатениот ураниум на Иран, објавува Ројтерс. Напредокот во разговорите за завршување на речиси тримесечниот конфликт беше потврден во саботата од Иран, САД и Пакистан, кој посредува во разговорите. Трамп ги нагласи своите услови во интервју за CBS News. „Ќе потпишам само договор што ќе ни обезбеди сè што сакаме“, рече тој. Одлука е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мировниот договор со Иран е „во голема мера договорен“ и дека наскоро планира да објави спогодба со која повторно би се отворил стратешки важниот Ормуски теснец. „Договорот во голема мера е усогласен и е предмет на финализирање меѓу Соединетите Американски Држави, Исламската Република Иран и други земји“, напиша Трамп во саботата во објава на социјалните мрежи. Претходно, Иран соопшти дека ...

САД и Иран се блиску до потпишување договор со кој би се продолжил 60-дневниот прекин на огнот, во кој Ормускиот Проток би бил повторно отворен, на Иран би му било дозволено слободно да продава нафта и би се воделе преговори за ограничување на нуклеарната програма на Иран, објави Axios. Според нацрт-договорот, кој сè уште не е финализиран и сè уште може да се распадне, двете страни би потпишале меморандум за разбирање кој би бил важечки 60 ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека „конечните детали“ од договорот се во фаза на преговори и дека договорот би можел наскоро да биде објавен. Axios, повикувајќи се на американски функционер запознаен со преговорите, пишува дека договорот е речиси завршен, но дека сè уште има разлики во формулацијата на одредени точки. „Договорот сè уште не е потврден“ Според досега објавените информации, рамковниот договор предвидува продолжување ...

Иран во принцип се согласи да се ослободи од својот високо збогатен ураниум во преговорите со САД, а врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, наводно, го одобрил нацрт-договорот, изјави функционер во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека договорот нема да биде потпишан овој викенд бидејќи сè уште има контроверзни детали, објави денес новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, на мрежата „Икс“. ...