Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Лидерот на унгарската партија Тиса, Петер Маѓар, денес изјави дека идната влада ќе направи сè што може за да ги диверзифицира купувањата на енергија, но дека нема целосно да се одвои од Русија во таа смисла. „Дури и ние не можеме да ја промениме географијата. Русија ќе остане тука, Унгарија ќе остане тука, ние ќе направиме сè за да ја диверзифицираме, но тоа не значи дека ќе се отцепиме. Секогаш ќе купуваме нафта што е можно поевтино и што е ...
Саудискиот лидеr, принцот Мохамед Бин Салман се откажа од спроведувањето на амбициозниот проект за изградба скијачки центар во пустината вреден 38 милијарди долари. Како дел од мегапроектот „NEOM“, откажани се два клучни договори за изградба на Трожена – првиот скијачки центар на отворено во светот во пустина. Ова се однесува на изградбата на брана вредна петмилијарди долари, која требаше да создаде вештачко планинско езеро, како и на ...
Иран им се закани на Соединетите Американски Држави дека американските воени бродови ќе бидат потопени доколку се обидат да спроведат поморска блокада на иранските пристаништа. „Секој брод што ќе се обиде да ги блокира нашите пристаништа ќе заврши на дното на морето“, изјави Алаедин Боружерди, член на одборот за надворешна политика и национална безбедност, пренесе државната телевизија „Прес ТВ“. Боружерди ги отфрли американските закани како ...
Првата слика го прикажува Трамп како религиозна фигура како ги става рацете врз болно лице и го „лекува“ со светлина како да е исцелител. Опкружен е со војници, медицински персонал и цивили, додека американското знаме, борбени авиони и орли се видливи во позадина, а фигури слични на воини лебдат над него. Целата сцена силно наликува на класични религиозни прикази на лекување. Трамп е прикажан како носи црвена наметка и бела туника, симболи ...
Властите на Украина, со помош и учество на норвешката војска, подготвуваат саботажи против руски бродови во северните мориња, пишуваат руските медиуми, повикувајќи се на воено-дипломатски извори. Според нивните податоци, околу 50 украински војници од 385-та бригада на поморски беспилотни системи пристигнале во Норвешка. Таму, заедно со специјалисти од норвешките поморски сили, тие спроведуваат вежби во Норвешкото Море. Војниците вежбаат ...
Силна светлина, за која се верува дека е од метеорит, го осветли ноќното небо над северна Англија, а целиот настан беше снимен на камера за надзор на жител. Моментот кога објектот прелетал низ небото бил снимен во округот Дарам, објавува Би-Би-Си. Woah! A big and BRIGHT fireball (meteorite) was observed widely across the UK and parts of nearby Europe at ~23:34 UTC yesterday April 12th 2026. 195 reports have already been submitted to ...
Живописни куќи, калдрмисани улички и тиркизно море – сцена што лесно може да ве потсети на италијанската ривиера. Но, наместо скапиот Амалфи, сè повеќе туристи го откриваат Созопол – шармантен бугарски крајбрежен град кој нуди луксузно искуство по значително пониски цени. Бугарија во последниве години бележи сериозен туристички раст. Само во 2025 година земјата ја посетиле над 13,6 милиони странски туристи – тренд кој продолжува и ова лето, ...
Во интензивните бомбардирања врз Иран од срана на САД и Израел е уништена иранската индустрија за производство на ф’стаци. Објавените сателитски снимки покажуваат дека се уништени големи магацини со ф’стаци во близина на аеродромот Рафсанџан во Керман, срцето на иранската индустрија за производство на овие јаткасти плодови. Иран беше најголемиот светски извозник на ф’стаци, но долгогодишното трговско ембарго им овозможи на САД да го намалат ...
Катар му порача на Иран дека поморските правци не смеат да се користат како средство за притисок, предупредувајќи на последиците за глобалната енергетска сигурност и меѓународната стабилност. Во телефонски разговор, катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани му нагласил на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи дека е важно да се одржат отворени поморските рути и слободата на пловидба. ...
Амбасадорката на Бугарија во Ирска, Ванја Андреева-Малакова, изјави дека постои надеж во иднина да се изгради бугарска црква во земјата, која ќе биде постојано отворена за заедницата, јавува БТА. „Се надеваме да стигнеме до моментот да има бугарска црква тука, во Ирска, која да е со постојано отворена врата за Бугарите во моменти на среќа, радост, тага и барање утеха“, рече таа на средба со бугарската заедница во Амбасадата во Даблин. ...
Бразил го додаде кинескиот производител на електрични возила „BYD“ на својот официјален список на компании обвинети за услови за работа слични на ропство по скандалот од 2024 година во кој беа вклучени 163 работници. Одлуката образложува дека работниците наводно биле донесени во Бразил за да помогнат во изградбата на фабриката на „BYD“. Подоцна било откриено дека тие живееле во лоши услови, вклучувајќи преполни станови, недостаток на душеци и ...
Бугарија има потреба од враќање на своите граѓани од странство, изјави генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА), Кирил В’лчев, на средба со бугарската заедница во Ирска, одржана во Амбасадата на Бугарија во Даблин, јавува БТА. „Имаме потреба од нивното знаење и искуство, но најмногу од љубовта кон бугарското“, истакна В’лчев, додавајќи дека во земјата има околу 2,5 милиони жители помалку во споредба со состојбата пред 35 ...
По завршувањето на големата вселенска мисија „Артемис II“, астронаутката Кристина Кох доживеа емотивен момент кој набрзо стана вирален – дома ја пречека куче со неверојатен ентузијазам. Во видеото што го сподели Кристина Кох на нејзиниот Инстаграм профил, кучето, видливо возбудено, трча кон неа и скока во нејзините раце, не криејќи ја својата среќа од повторното обединување. View this post on Instagram A post shared by Christina Hammock Koch ...
По падот на Орбан Европската унија конечно може да здивне. Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски смета дека вчерашните изборни резултати во Унгарија ставаат крај на блокадите во Брисел, а со заминувањето на Орбан Унијата ја отстранува најголемата пречка за внатрешни реформи и заедничката надворешна политика. Според Атанасовски во моментов сепак е неизвесно како доаѓањето на Маѓар ќе влијае врз односите Скопје-Будимпешта. Она што е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп верува дека економскиот притисок ќе го направи она што не успеаја да го направат неделите воздушни напади – да го принудат Иран да направи отстапки. Морската блокада стапи на сила денес во 16:00 часот по хрватско време, откако преговорите во текот на викендот во Пакистан не доведоа до договор. Со ова, САД отвораат нова фаза од војната и се обидуваат директно да ја погодат економијата на Иран, особено ...
По изборната победа во Унгарија, Петер Маѓар изјави дека новата влада ќе има прагматичен однос со Русија и ја поздрави пораката од Кремљ за почитување на изборните резултати. Тој најави и ревизија на договорите за проширување на нуклеарната централа Пакс, оценувајќи го проектот како „преценет“, со можност за повторни преговори или раскинување. Говорејќи за можен разговор со Владимир Путин, Маѓар рече дека би му порачал „да престане со ...
Унгарскиот опозициски политичар Петер Маѓар упати остри критики кон одлуката на владата на премиерот Виктор Орбан да им додели азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се соочуваат со обвиненија за злоупотреба на службената положба. „Можам само да им предложам на г-дин Зиобро и г-дин Романовски дека ако немаат што да кријат, треба да се вратат дома и да се соочат со нацијата. Зиобро беше министер за правда, па затоа ...
Генералната директорка на Бугарската национална телевизија (БНТ), Милена Милотинова, изјави дека Бугарите во странство се „наша мисија“ и дел од „другата Бугарија“, која треба подобро да се запознае и почесто да се прикажува во медиумите. Таа говореше на средба со бугарската заедница во Ирска, одржана во Амбасадата на Бугарија во Даблин, јавува БТА. „Бугарската дијаспора, која живее надвор од границите на нашата земја, е дел од Бугарија и тоа ...
Лидерот на унгарската опозиција, кој победи на парламентарните избори, Петер Маѓар, денес изјави дека народот одлучил да припаѓа на Европската Унија (ЕУ) и НАТО. „Горди сме што ги штитиме границите на Европа стотици години, секој Унгарец е горд на својот европски идентитет, сите знаат дека ЕУ е мировен проект, дизајниран да спречи војна меѓу нејзините земји-основачи“, изјави Унгарецот пред новинарите. Тој додаде дека ЕУ има недостатоци, но ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека веќе следната недела ќе биде претставен нов пакет мерки со цел да се ублажи растот на цените на енергијата во Европската Унија, кои значително се зголемија поради конфликтот на Блискиот Исток. Според неа, последиците од кризата веќе сериозно се чувствуваат. „Во изминатите 44 дена, трошоците за увоз на фосилни горива пораснаа за повеќе од 22 милијарди евра“, изјави фон ...
Заземањето на Славјанск и Краматорск би го отворило патот за руската армија кон Днепарската низина, област која е многу потешка за одбрана, изјави раководителот на групата за анализа на геопросторната разузнавачка интелигенција на Институтот за проучување на војната, Џорџ Барос, за време на говорот пред американската Хелсиншка комисија. Според него, сегашната линија на украински утврдувања во зоната Славјанск и Краматорск се наоѓа на висока ...
Виктор Орбан веројатно претчувствувал што му се подготвува. Кога американскиот потпретседател Џеј Ди Венс минатата недела застана покрај него и прогнозираше дека унгарскиот премиер во недела повторно ќе однесе изборна победа, Орбан само одмавна со раката, како да порачува: „Не сум баш сигурен“. Откако на почетокот на 2024 година на политичката сцена се појави неговиот предизвикувач Петер Маѓар, унгарскиот лидер беше сведок на пад на ...
Генералната директорка за комуникации и информации на УНЕСКО, Марија Габриел, во статија објавена во ватиканскиот весник „Осерваторе Романо“ повика на зачувување на човечката способност за размислување и ја истакна важноста на медиумската и информациската писменост денес, пренесува БТА. „Во текот на 80 години УНЕСКО ја става заштитата и унапредувањето на основното право на слобода на изразување и пристап до информации во сржта на својот ...
Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и два разорувачи се забележани во близина на Оманскиот Залив пред почетокот на американската поморска блокада поврзана со Иран, објави Би-Би-Си. Според анализата на сателитските снимки од BBC Verify, носачот на нуклеарен погон се наоѓа на источниот крај на Оманскиот Залив, околу 200 километри јужно од брегот на Иран. Ова е најблиската позиција на тој брод до иранска територија од почетокот ...
ОН објавија дека започнале иницијатива за безбеден транзит на ѓубрива низ Ормуската Теснина предупредувајќи дека земјоделците во некои делови од светот веќе ја „прескокнуваат“ сеидбата, со слаби изгледи за жетва. Иницијативата ја води Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS), која во изминатите две недели во Њујорк организираше состаноци со земјите-членки за развој на механизам за безбеден транзит на комерцијални бродови за ѓубрива низ ...
Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека нема да се меша во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за блокирање на Ормутскиот теснец, но дека нема да учествува во операциите за негова блокада. Во објава на платформата X Макрон наведе дека неговата земја ќе организира конференција со Велика Британија и други земји за создавање мултинационална мисија за враќање на пловидбата во теснецот, објави Ројтерс. „Оваа строго ...
Извршната агенција за Бугарите во странство го продолжи крајниот рок за пријавување на неколку детско-младински конкурси во нејзина организација до 1 мај 2026 година, соопшти институцијата во допис до бугарските училишта и организации во странство. Станува збор за три традиционални конкурси: 30. јубилејно издание на Литературниот конкурс „Стефан Гечев“, 25. издание на конкурсот за цртеж „Бугарија во моите мечти“ и 16. издание на конкурсот за ...
По цели 16 години на власт, Виктор Орбан доживеа изборен пораз во Унгарија, а според анализата на Politico, клучните причини се економската криза, губењето на младите гласачи и неуспешната надворешна политика. Иако во јавноста се создаваше впечаток дека контролата е цврста, Орбан, според аналитичарите, навестувал дека резултатот може да биде неизвесен. Дури и кога американскиот потпретседател Џеј Ди Венс јавно му даде поддршка и предвиде ...
По историскиот изборен пораз на Виктор Орбан и неговата партија Фидес, клучните луѓе од унгарската влада целосно исчезнаа од јавноста. Мистериозното исчезнување на министерот за надворешни работи Петер Сијарто привлекува посебно внимание, додека унгарските медиуми ги следат сомнителните летови на воените авиони што ја напуштија земјата под закрила на ноќта и се упатија кон Африка. По 16 години на власт, Виктор Орбан го призна поразот во ...
Американски судија ја отфрли тужбата за клевета на Доналд Трамп против „Волстрит Џурнал“ поради сторијата во која се наведува името на американскиот претседател во честитката за роденденот на Џефри Епштајн во 2003 година, но рече дека Трамп може повторно да го поднесе случајот, пренесува Ројтерс. Окружниот судија од Мајами, Дарин Гејлс, рече дека Трамп не го исполнува стандардот за „вистинска злоба“ што јавните личности мора да го исчистат ...