Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Бугарскиот министер за туризам, д-р Илин Димитров, одржа серија средби со министри за туризам и претставници од Шпанија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Кина, Црна Гора, Индонезија и Грција за време на 126. сесија на Извршниот совет на UN Tourism во Толедо, Шпанија, јавува БТА. На форумот беше претставена стратегијата на организацијата за периодот 2026–2029 година, како и новата визија на генералната секретарка Шејха Ал Нуаис. ...
Добивај вести на Viber Високите трошоци за живот сè повеќе ги кршат основните социјални и економски права на граѓаните на Европската Унија, се наведува во годишниот извештај на Агенцијата на ЕУ за основни права (FRA), со предупредувања за растечка омраза на интернет и проблеми во интеграцијата на странските работници. Директорката на FRA, Сирпа Рауцио, оцени дека граѓаните низ ЕУ се соочуваат со „секојдневни притисоци поради продолжената ...
Светската метеоролошка организација на Обединетите нации официјално соопшти дека започнал нов циклус на Ел Нињо – природен феномен кој се јавува поради затоплување на водите во Тихиот Океан и има влијание врз времето низ целиот свет. Научниците предупредуваат дека враќањето на Ел Нињо најверојатно ќе донесе натпросечни температури во речиси сите делови на планетата. Во период кога Земјата веќе се соочува со последиците од климатските промени, ...
Цените на нафтата пораснаа во четврток поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран, но подоцна делумно ги намалија добивките бидејќи трговците го проценуваа реалното влијание врз снабдувањето со нафта. Техеран соопшти дека Ормутскиот теснец е затворен, откако САД извршија нови напади врз Иран, а американскиот претседател Доналд Трамп се закани со уште посилни удари доколку не биде постигнат мировен договор. Фјучерсите на нафтата Брент ...
Повеќе од половина од граѓаните на САД се плашат дека развојот на вештачката интелигенција може да доведе до губење на работата за нив или за некој во нивното домаќинство, покажа анкета објавена вчера. Анкетата на Reuters и компанијата IPSOS, спроведена на повеќе од 4.500 возрасни лица низ САД, покажа дека 53 проценти од испитаниците ја делат оваа загриженост, додека 37 проценти рекле дека не се загрижени за такво сценарио, а преостанатите 10 ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, предизвика многу реакции откако ги коментираше најновите податоци за зголемувањето на цените во САД, наведувајќи дека ја сака инфлацијата, а истовремено тврдеше дека цените повторно ќе паднат штом ќе заврши војната со Иран. Одговарајќи на прашања од новинарите за податоците на американската влада кои покажуваат дека инфлацијата во мај се зголемила со најбрзо темпо во последните три години и надминала четири ...
Американската војска во текот на ноќта (10/11.06) гранатираше голем број цели во Иран. „Нападите се реакција на неоправданата и континуирана агресија на Иран“, соопшти американската регионална команда за Блискиот Исток, Центком, на платформата X. Како што се вели, се работи за „самоодбранбени удари“. Погодени биле воени надзорни објекти, комуникациски системи и позиции за противвоздушна одбрана низ целата земја. Иранската војска, според ...
Овие мириси можат да нè однесат на друго место за секунда. Доволно е да протриете гранче рузмарин меѓу прстите, за да ја почувствувате аромата на босилек или свежината на мајчина душица и одеднаш ќе се најдете некаде на медитеранскиот брег, меѓу камени куќи, маслинови градини и градини што мирисаат на лето. Можеби токму затоа медитеранската кујна со години се смета за една од најздравите во светот. Додека многумина бараат скапи додатоци во ...
Телохранител од Лион, чиј идентитет не е откриен, се соочува со судење под обвинение за дрогирање и силување на својата партнерка. Како што пренесува „Гардијан“, случајот е вознемирувачки поради откритието дека обвинетиот бил во контакт преку интернет со Доминик Пелико – човекот кој ја дрогираше и организираше силувањето на сопствената сопруга Жизел. Доминик Пелико, кој отслужува 20-годишна затворска казна за еден од најголемите сексуални ...
САД извршија нов бран напади врз Иран втора ноќ по ред, а според американската војска цел биле воени капацитети за надзор, комуникациски системи и позиции на противвоздушната одбрана. ЦЕНТКОМ соопшти дека во операцијата биле вклучени сили на Маринскиот корпус, Воздухопловните сили и Морнарицата на САД. Во нападите била употребена прецизно наведувана муниција врз цели за кои Вашингтон тврди дека претставувале закана за американските сили и за ...
Наместо четири до пет недели како што првично најавуваше американскиот претседател Доналд Трамп, војната во Иран, која се прошири на целиот Блиски Исток трае повеќе од три месеци. Истата започна на 28. февруари. Војната ја започнаа САД и Израел, кои го нападнаа Иран, кој пак ја прошири истата, напаѓајќи воени цели на САД и Израел во регионот, но и цивилни, во Саудиска Арабија, Кувајат, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Либија… Истата ...
Наводниот недостиг на транспарентност на Европската комисија при набавката на вакцини против Ковид-19 во екот на пандемијата денеска повторно е во центарот на вниманието, кога највисокиот суд на ЕУ треба да се огласи за два поврзани случаи. Во 2024 година, Општиот суд на Европската унија, втор по големина суд во блокот, веќе пресуди дека комисијата не и овозможила на јавноста доволен пристап до договорите за набавка на вакцини, пренесе ДПА. ...
Фестивалот „Розите на Бугарија“ годинава ќе се одржи на 14 јуни во Музејот на емиграцијата во Сао Паоло, со почеток во 10:00 часот по локално време, јавува БНР. Настанот е организиран од Бугарското училиште во Сао Паоло и Амбасадата на Бугарија во Бразил, по иницијатива на Министерството за образование и наука на Бугарија. „Ги покануваме сите претставници на бугарската заедница во Бразил заедно да ја пречекаме и испратиме првата генерација ...
САД и Иран втор ден по ред разменија напади на Блискиот Исток, дополнително зголемувајќи ги тензиите и покрај прекинот на огнот договорен во април. Американската Централна команда соопшти дека извела напади врз воени, радарски и надзорни цели во јужен Иран. Како одговор, Иран нападна американски воени објекти во повеќе земји од регионот, меѓу кои Бахреин, Кувајт и Јордан. Иранските власти тврдат дека биле погодени и нафтени танкери во ...
По повеќе од една деценија континуиран раст на глобалното раселување, бројот на луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови поради војни и прогони во 2025 година бележи намалување. Сепак, Обединетите нации предупредуваат дека враќањето дома не значи и крај на страдањата за милиони луѓе. Според најновиот извештај на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), минатата година околу 14,7 милиони бегалци и внатрешно раселени лица се вратиле во ...
Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини во услови на забрзани климатски промени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи дека континентот се затоплува побрзо од кој било друг регион во светот. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во изминатите четири години повеќе од 200 илјади лица во европскиот регион починале од причини поврзани со високите температури. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, ги повика републиканците во Конгресот итно да го усвојат предложениот буџетски пакет вреден 350 милијарди долари (Recon 3.0), наведувајќи дека тој план би овозможил значајно зголемување на воените расходи и би вклучил низа мерки кои ги нарече „Закон за спасување на Америка“. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп оцени дека предложениот пакет е клучен за остварување на воениот буџет од 1,5 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска им помагала на нафтените танкери и комерцијалните бродови да поминат низ Ормуската Теснина во она што тој го опиша како „тајна мисија“ за да се одржи отворен клучниот поморски пат, додека тензиите со Иран и воената активност во регионот продолжуваат да ескалираат. Трамп на својата платформа Тruth Social соопшти дека ја наредил операцијата минатиот месец и тврдеше дека ...
Силен ладен атмосферски фронт од северозапад преку Алпскиот регион предизвика силно невреме најпрвин во Словенија а потоа и во Хрватска. Нервремето предизвика обилни врнежи, локални поројни поплави, силни ветрови, силни громови и грмежи како и локална појава на крупен град. Инаку овој силен ладен атмосферски фронт од северозапад, во Алпскиот регион предизвика да има обилни врнежи од снег каде владееше вистинска снежна бајка како среде зима. ...
Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) усвои резолуција со која од Иран се бара целосна и итна соработка со агенцијата, доставување целосни информации за резервите на збогатен ураниум и овозможување пристап на инспекторите до нуклеарните постројки во земјата. Резолуцијата беше усвоена во седиштето на МААЕ во Виена со поддршка од 21 од вкупно 35 членки на Одборот. Против гласаа Русија, Кина и Нигер, додека ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Четвртото лексикографско дело е „Библискиот речник“ (1996), кое е дело на„Библиското здружение на Македонија“ и „Македонска искра“, Скопје, објавено на 215 страници. Рецензенти на делото се д-р Јоаким Хербут, м-р Ратомит Гроздановски и м-р Ѓоко Ѓоргевски. Тоа е првиот речник во македонската лексикографија, во којашто се обработени библиски, религиозни и научни термини и изрази од областа на ...
Луксузниот одмор повеќе не е резервиран само за најскапите светски дестинации. Според најновиот Hotel Price Index за 2026 година, патниците можат да најдат хотели со пет ѕвезди во повеќе европски градови за помалку од 200 евра од ноќ. Најисплатлива дестинација во Европа е Сарагоса во Шпанија, каде просечната цена за хотел со пет ѕвезди изнесува околу 140 евра по ноќевање. Истата цена ја нуди и полскиот град Вроцлав, кој станува сè попопуларен ...
Според изворот, американските залихи на оружје и муниција се намалуваат поради агресијата врз Иран и другите неодамнешни воени дејствија. Затоа, администрацијата сака да соработува со производителите за да најде начин што побрзо да ги обнови залихите и да ги зголеми производствените капацитети со цел да одговори на сегашните и идните потреби. Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека војната против Иран е „далеку од ...
Велика Британија го обвини Илон Маск за поттикнување тензии поради неговиот одговор на нападот со нож што предизвика антиимигрантски немири во Белфаст, пренесе „Политико“. Насилството избувна во главниот град на Северна Ирска во вторник вечерта откако судански барател на азил наводно се обидел да обезглави човек на улица. Жртвата го изгубила левото око во нападот, додека Суданецот е обвинет за обид за убиство. Инцидентот предизвика насилство ...
Тој е обвинет дека им нудел на руските разузнавачки служби строго доверливи информации што ги добил за време на неговата работа со шведските вооружени сили, објавува „Киев пост“. Според канцеларијата на шведскиот обвинител, осомничениот отпатувал во Москва во ноември 2025 година, каде што се сретнал со претставници на руските безбедносни и разузнавачки служби, вклучувајќи ја Федералната служба за безбедност (ФСБ) и Главната дирекција за ...
Полицијата употреби водени топови против демонстрантите во Њутаунби, северно од Белфаст, втора ноќ по ред по насилните немири во Северна Ирска. Додека стотици луѓе се судрија со полицијата таму, помали протести се одржаа и во Колерајн и во близина на замокот Стормонт, седиштето на Собранието на Северна Ирска. Немирите избувнаа по нападот со нож во понеделник, а семејството на жртвата рече дека насилството не е добредојдено и дека мирниот ...
Добивај вести на Viber Бројот на американски жртви веќе е многу поголем отколку што потврдува Трамп, и ќе расте, објави денеска шефот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови напади врз неговата земја. Тој порача дека не се плашат од губитници. „Овој пат, војната нема да биде ограничена само на регионот. Ќе видиме што ќе се ...
Иран денеска ги обвини САД за намерно таргетирање на цивилната водоводна инфраструктура на југот од земјата, нарекувајќи го нападот воено злосторство што остави повеќе од 20.000 луѓе без вода за пиење. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакаеи, изјави дека американските сили нападнале објекти за водоснабдување во Сирик во покраината Хормозган, пренесува Анадолија. Water is the pulse of life — and the U.S. is ...
Британски турист се удавил во Венеција откако паднал во канал, покажа истрагата. Се верува дека Чачаван Тонгпија, 31, ја изгубил рамнотежата за време на вечерна прошетка низ градот на 3 ноември минатата година. Тој бил на одмор со својата партнерка, објави Скај њуз. Истрагата открила дека Тонгпија, кој живеел во Скарборо, штотуку пристигнал на петдневен одмор во Венеција со својата партнерка Саманта Личфилд. Првата вечер, Тонгпија, го ...
Температурите на Антарктикот се искачија над 15°C овој месец, соборувајќи го претходниот зимски рекорд за топлина за замрзнатиот регион, предизвикувајќи загриженост за брзината на колапсот на климата. Нов зимски рекорд од 15,4°C беше забележан на 6 јуни во аргентинската база Есперанца на полуостровот Тринити, среде продолжен топлотен бран кој имаше дневни максимуми над нулата три недели по ред, објавува The Guardian. Научниците велат дека ...