Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, вели дека изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека земјава децении ќе чека за европскиот пат е признание дека оваа Влада не сака во ЕУ. „За жал, вистината е разочарувачка. Немојте ништо да очекувате од европскиот пат. Ама буквално ништо. И тоа не го кажувам јас, тоа го кажува премиерот Христијан Мицкоски. Човекот вика дека, ако треба, децении ќе чекаме за Европа. ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати повик за масовност до работниците за учество на овогодишниот првомајски протест, кој ќе се одржи под мотото „За плата се бориме, не се молиме“. Собирот е закажан за 1 мај во 11:00 часот, со почетна точка пред Работничкиот дом во Скопје. „Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк, една блокада, тоа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на ...

Вооружениот осомничен кој се обидел да влезе во салата во Вашингтон каде што говорел претседателот Доналд Трамп најверојатно целел функционери од администрацијата, изјави вршителот на должност јавен обвинител Тод Бланш. Бланш во неделата за Ен-би-си изјави дека мажот најверојатно дејствувал сам, откако со воз допатувал од Калифорнија и престојувал во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што се одржуваше традиционалната вечера на дописниците од ...

На 26.04.2026 во 04:50 часот во СВР Куманово 49- годишен маж од Куманово пријави дека бил физички нападнат од неговата сопруга А.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 25.04.2026 во 23:30 часот, 70-годишна жена од тетовско во полициска станица пријави дека била физички нападната од нејзината снаа З.И. (37). Во 00:15 часот, З.И. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошна постапка. На 25.04.2026 во 16:55 ...

Два автомобила целосно изгореа утринава во скопската населба Карпош во два одделни инциденти, а од пожарот е оштетен и семафор, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полицијата не ги посочува причините за пожарот но интересно е што има две коинциденции поврзани со опожарените возила. Имено и двата автомобили се со гевгелиски регистарски таблички, а сопствениците имаат исти иницијали. За среќа нема повредени во пожарите. ...

Сателитски податоци од вселената овој викенд се достапни за младите учесници на 11-тиот Касини Хакатон. Сите имаат една цел да го изнајдат најдоброто решение поврзано со проблемите со водата на локално и интернационално ниво. Во фокус се три предизвици – како да се обезбеди правичен и ефикасен пристап до вода преку подобро управување, како да се спречи загадување на водата, реките, езерата и нивните крајбрежја, но и како да се превенираат ...

Доколку купите возило и подоцна откриете дека километражата му е враќана, веднаш пријавете во полиција, препорачуваат од Министерството за внатрешни работи. Надлежните институции наведуваат дека секоја година се регистрираат стотици случаи на измама, а во првиот квартал од оваа година граѓаните поднеле десетици пријави за вакви дела. Се работи за случаи и кај поединечни трговци и кај компании кои увезуваат половни автомобили од странство и им ...

Во најновата епизода на емисијата „Станица Европска Унија“ на Euronews Bulgaria главна тема е Северна Македонија, која е исправена пред историски избор – реформи или трајна изолација. Известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц предупредува во специјално интервју за Euronews Bulgaria дека Скопје има шанса за членство до крајот на овој мандат, само ако престане да ги одложува уставните измени. Дали постои политичка волја за независно ...

На 25.04.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека на 20.04.2026 во 11:15 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Н.М.(80) од с.Љуботен, скопско. Според пријавеното, со повредите се здобил во двор, додека го поправал неговиот трактор, кој се придвижил и го прегазил. На 25.04.2026 во 06:00 часот Н.М. починал, а телото на починатиот е предадено за обдукција. На 25.04.2026 во 09:30 ...

Пишува: проф д-р Иван Анастасовски Процесот на проширување на Европската Унија, некогаш симбол на стабилност, визија и вредности, денес се почесто се претвора во арена на национални интереси и политички калкулации. За Македонија, овој процес не е само техничка процедура на усогласување со европското законодавство, туку долготрајна политичка битка во која ветото станува клучна алатка на моќ.Во својата суштина, ветото е инструмент што треба ...

Дванаесет акцијаши, од кои седум ветерани и пет млади, претпладнево го исчистија од трева и коров долниот дел на велешка Општа болница. Тие доброволно работеа 3,5 часа. Прво косеа со тримери секаде каде што машински можеше да се работи, за потоа на непристапниот дел да продолжат со сатори и со мотики. Исто така, акцијашите ги искастрија поголемите кисели дрвја што го грубат просторот наменет за стази како и покрај главниот пат на влезот но и ...

Полициски службеници од ОВР Кичево вчера го лишија од слобода 57-годишниот Т.Х. од овој град, по сообраќајна несреќа во која е повреден пешак. Инцидентот се случил околу 10:10 часот на магистралниот пат кон Гостивар, во близина на еден од кружните текови во градот. Според информациите од полицијата, Т.Х. управувал патничко возило „мазда“ со кичевски регистарски ознаки, при што удрил во 60-годишниот пешак С.К., исто така од Кичево. „С.К. е ...

На 25.04.2026 во 15:30 часот во ПС Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на с. Видрани, од патот излетало патничко возило „фолксваген поло“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62) од с. Другово,кичевско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а по кажување на сопругата на возачот, која била во возилото, Т.С. се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и со ...

Малолетничките бракови и неформалните заедници со малолетници во Македонија оставаат сериозни последици врз децата и нивните семејства. Често доведуваат до прекин на образованието, психолошки и здравствени ризици, нарушени семејни односи и економска зависност. Законската возраст за брак е 18 години, со исклучок од 16 години со судска дозвола, но во практиката постојат и вонбрачни неформални заедници. Сиромаштијата, ниското образование и ...

Стратегијата на претходната влада за евроинтеграцијата на државата не донесе во ќорсокак и оваа влада се обидува да ги исправи тие штети. Ќе продолжиме да работиме на реформската агенда, а прашањето со Бугарија ќе го решаваме во од, бидејќи билатералните прашања не смеат да стојат на патот кон Европската Унија. Но, тоа не може да го направиме доколку опозицијата не застане со нас на овој пат, изјави Ели Панова, пратеничка од редовите на ...

Од МВР потврдуваат дека изгорени се патничко возило „ауди“ со гевгелиски таблички и возило марка „пежо 307“ со гевеглиски таблички. – На 26.04.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Орце Николов“ и ул. „Никола Тесла“ во Скопје биле опожарени две возила: патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К.(58) и патничко возило „пежо 307“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К.(25). ...

Во Домот на културата ,,Бранд Петрушев,, во Богданци, учениците од трето одделение при ООУ ,,Петар Мусев,, од Богданци имаа можност да се дружат со познатата македонска писателка Јадранка Клисарова. Настанот беше реализиран како дел од наставата по македонски јазик, со цел поттикнување на љубовта кон читањето и литературата. Средбата беше проследена со огромен интерес од страна на учениците, при што писателката во воведниот дел им го ...

Реакција на Левица на прес-конференцијата на пратеникот Стојаноски: По поднесените 1000 амандмани од страна на Левица за Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно – приватно партнерство, како и по реакциите од партијата, но и од голем број здруженија дека овие закони се закана по животната средина и имотот на граѓаните, пратеникот од ДПМНЕ, Бојан Стојаноски излезе на прес – конференција да ги брани. Според него законите ...

Во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ се намалува бројот на паралелките од седум на пет, во согласност со новите реформи во гимназиското образование, а средното стручно училиште „Ѓорче Петров“ бара од Министерството за образование и наука бара да не се укинува насоката техничар за обработка на дрво. Во петте средни училишта во Прилеп најатрактивни останувааат занимањата од електроструката, односно компјутеска техника и автоматика, графичкото ...

„Интелектуалецот не ѝ служи на власта; тој ја доведува во прашање“ – од „Антиполитиката“, дело на Ѓерѓ Конрад (1933–2019), унгарски писател, есеист и дисидент. Европа не е во криза?! Европа е во режим на преживување! Сето она што денес се продава како „економско забавување“, „политички турбуленции“ или „губење глобално влијание“ е всушност симптом на многу подлабок процес: трансформација од експанзивен во дефанзивен систем. Континентот што ...

Опозицијата не се надева на напредок во однос на евроинтеграцскиот пат на државата по изјавата на премиерот дека ќе чекаме додека не добиеме сигурни гаранции за евроинтеграцискиот процес. Сметаат дека е потребно обединување на сите политички фактори околу ова прашање и тоа да не се користи за добивање дневнополитички поени. Претседателот на собранискиот Национален совет за евроинтеграции и лидер на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на ...

Државниот инспекторат за труд утврдил сериозни пропусти во безбедноста при работа на градилиштето во Кисела Вода, каде што загина 34-годишен работник од Крива Паланка, а тројца негови колеги беа повредени. Според наодите на Инспекторатот, иако сите ангажирани работници биле во работен однос кај подизведувачот, не биле преземени основните мерки за безбедност. Било констатирано дека не било извршено подградување на рабовите на темелната јама, ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Голем број граѓани денеска го искористија убавото сончево време за да ја посетат Зоолошката градина во Скопје, која оваа година одбележува сто години од постоењето и која е најстара на Балканот. Одбележувањето на стогодишнината почна минатата недела со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите. Во овие сто години Скопје ЗОО имала подеми и падови, а денес во неа живеат 500 животни од сто ...

Движење ЗНАМ – за наша Македонија својот став за прашањето на двојното државјанство на пратениците ќе го има откако ќе се одржи најавената јавна стручна дебата и кога ќе има конечен предлог-текст, изјави портпаролот на Движењето Никола Мемов. -Најавено е дека ќе има стручна и научна дебата во јавноста по ова прашање и кога ќе се има конечен текст, ЗНАМ ќе се произнесе по ова прашање во јавноста -рече Мемов. Мемов рече дека ЗНАМ има ...

Во раните утрински часови денеска во скопската населба Карпош избувнал пожар во кој целосно изгореле две патнички возила, при што е оштетена и сообраќајна сигнализација, соопшти Министерството за внатрешни работи. Надлежните служби работат на утврдување на причините за инцидентот. Според информациите од МВР, на 26.04.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улиците „Орце Николов“ и „Никола Тесла“ биле опожарени две возила ...

Волино/Охрид, 26. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 25 април 2026 година, во 23:15 часот, кај местото викано „Бел Мост“, во атарот на селото Волино, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило, со цел да се изврши контрола врз истото. – Возачот не застанал туку со возилото се обидел да ги удри полициските службеници. При тоа од страна на полициските службеници биле испукани неколку куршуми, по што лицето се дало во бегство, а ...

Охрид, 26. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 25 април 2026 година, во 12:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во сендвичара на кеј „Македонија“ во Охрид. – При тоа со изгореници се здобиле двајца вработени и тоа 39-годишно лице од Охрид и 30-годишник од Битола, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицински центар во Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: ...

Идниот месец ќе отпочне постапката за поставување на нова метална платформа пред Смоларскиот водопад откако пред неполни две години постоечката градена со средства од Центарот за развој на Југоистокот беше опожарена од непознати сторители. Паралелно ќе се асфалтира и патот кон водопадите најави градоначалникот на Ново Село . Речиси 100 илјади евра ќе бидат инвестирани за пристап и уредување на Смоларскиот водопад со цел да се потикне ...

Насер Селмани Неслучајно опстанала изреката: внимавајте што посакувате од Бога, може да ве изненади и да ви ги исполни желбите. Конечно, по апсолутната победа на Румен Радев во Бугарија, на политичкиот врв во Северна Македонија им се исполни желбата — Бугарија да има стабилна влада. Но, и покрај тоа што желбата им се оствари, раководството не е задоволно од резултатот. Проблемот е што „молитвата“ очигледно била непрецизно формулирана. Изгледа ...

Во текот на изминатата вечер (25/26.04.2026), во периодот од 21:00 до 03:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општините Кисела Вода, Илинден и Ѓорче Петров, спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај. При контролата санкционирани се осум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а додека две лица одбиле да се алкотестираат. Tрojца ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1019
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
69%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1019
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.22
67%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
74%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
0.89
72%
1018
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1019
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1019
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
1.03
85%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 11ᴼ
0.89
48%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
66%
1015
Currency

61.6317

Currency

52.7093

Currency

71.3566

Currency

37.788

Currency

38.6981

Currency

67.2273

Currency

7.71792

Currency

0.70284

Currency

0.33532

Currency

0.5249

Currency

1.16606

Currency

0.55339

Алуминиум

3.51

Бакар

11.98

Иридиум

253540.09

Злато

147815.56

Сребро

2406.31

Родиум

323115.00

Калај

49.41

Паладиум

48644.08

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Платина

64494.40

Кобалт

45.39