Членот 53 од Виенската конвенција го овозможува поништувањето во случај кога е во спротивност со императивната норма на општото меѓународно право (jus cogens), како во нашиов случај, кога произведува масивни штетни дејствија врз идентитетски прашања за македонскиот народ, јазик и држава. Откако Уставниот суд ја прифати мојата граѓанска иницијатива за преиспитување на уставноста и законитоста на Протоколот од Вториот состанок на Заедничката ...

Ида Протугер Ја користам приликата на отварање на пандорината кутија по изјавата на др. Кедев дека во приватните болници се оперира и кога не е потребно заради профит. Има многу муабети меѓу народот на таа тема врзана за непотребни интеревенции во приватните болници. Дел се веројатно предизвикани од незадоволство од исходот на пациентите, но дел можеби и вистина. Ако лекар добива провизија или бонус според број на извршени интервенции, зависи ...

Со еден потег на пенкало, Владата во 2018 година предводена од тогашниот премиер Заев тоа го избриша. И еве, денес, години подоцна, можеме да си честитаме: не плаќаме казни, но немаме ни рудник. Победа ли е тоа? Или е класичен пример на „победивме, ама изгубивме“? Ден по големиот празник Богородица и Денот на македонските рудари упатувам длабок поклон до сите македонски рудари. Тие се еден од темелите на македонската државата, нивната работа ...

Владиниот фронтмен за животна средина од август до сега на службениот Фејсбук објавил 235 пораки од кои само десет се однесуваат на должностите во ресорот.Кога ќе помислите на министер за животна средина тешко дека умот ќе ви го прикаже ликот на господинот Изет Меџити, втор човек во Владата. Но тоа е затоа што оваа важна владина позиција никако не може да ја доведете во врска со овој истакнат функционер, бидејќи тој не работи речиси ништо на ...

Петар Арсовски Во историјата на еден регион, најчесто промените (бидејќи успешно сме потрошиле неколку века да си ги зезнеме државите) се болни, бавни, со многу труд, и не ретко, потребни се генерации за вистински трансформативни влијанија на општествата во кои толку неуспешно живееме. Но, одвреме-навреме, се појавува некоја, можеби космичка, конвергенција на оклности кои можат во кусо време да направат тектонски промени, квантен скок во ...

На сите оние кои се наоѓаат во изборна кампања би им препорачал да слушаат научници посебно на оваа тема од практични причини. Научниците кои се грижат за животната средина не шпекулираат, напротив не создаваат теми за разговор по медиуми и заблудување на нацијата туку даваат конкретни решенија. Пред неколку недели, искрено се израдував кога во медиумите конечно видов дека за сериозни теми — како што се рударството и екологијата — зборуваат ...

Сега беше добра прилика бриселската функционерка да каже нешто далеку поконкретно и попрецизно – што да очекува Македонија од Брисел за време на преговорите? Ете заврши долгонајуваната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Македонија. Сѐ уште се слуша ехото од таа вчерашна нејзина средба со македонскиот државен врв. Во тој оддек има и некои работи што останаа недообјаснети за јавноста. Да, таа јасно побара ...

Левица е популистички коктел кој делува на Македонецот како славниот СПИДБОЛ микс на дрога со кој поумреа голем дел на холивудски ѕвезди изминатите децении – микс на хероин со кокаин додека се пие голема количина алкохол! Миксот е многу интензивен, на Македонецот му се ветува дека клетите шиптари ќе бидат буквално замолчени и ставени во некоја пештера или избркани од земјава, дека ќе се зближиме со Русија и Кина, дека на клетиот запад ќе му ...

Човекот не може да изгуби нешто што нема, што не го поседува или не е дел од него. Така и совеста, не можеш да ја изгубиш ако никогаш не била дел од твојот карактер, твоите животни принципи и воспитување. Животот сам по себе е најголемиот предизвик, но уште поголем предизвик е совеста, поточно грижата на совест. Како да ни заталкува по некои чудни патишта, нашата колективна совест… Совеста кај поединецот, говорам за чистата совест со морални ...

Кога пред два месеци, сега веќе познатиот графит се појави на фасадата на зградата во населбата Утрине во Загреб, каде што живее писателот Миљенко Јерговиќ – напишан со црна боја во спреј „Една августовска ноќ, на Миљенко нема да му биде добро“ и додадено со сина боја „Нашата земја, наши правила“ – цела Хрватска се крена на нозе за да го открие непознатиот автор. На крајот од својата приватна истрага, Јерговиќ иронично заклучи дека „се ...

Лорд Палмерстон е познат по тоа дека се пошегувал за данско-германската војна од 1864 година оти само тројца луѓе ја разбрале причината зад неа: еден кој умрел, еден кој полудел и третиот кој заборавил. Ако тој конфликт некогаш се чувствувал како врв на стратешка апсурдност, војната меѓу Русија и Украина некако ја подигна летвичката. Размислете за однесувањето на главните учесници. Прв е тимот на Путин, кој се надеваше дека ќе покаже сила и ...

Верни синови на ОРГАНИЗАЦИЈАТА, вечни борци за светата КАУЗА, почитувани ВЕТЕРАНИ, продолжувачи на делото, секогаш сите до еден поредени во првиот ред, бедем одбрана на татковината МАКЕДОНИЈА, лојални и непоколебливи, извор на вечна инспирација за младите, како и секогаш, а и кого друг да повика ТАТКОВИНАТА ако не ВАС тврдокорните: ВЕ повикува да го зададете конечниот удар врз здружените непријатели, кои што навидум едни лесни, пријателски, ...

Четири нешта оставија посебен впечаток во периодот по завршувањето на првиот круг од локалните избори, а во пресрет на вториот. Интересно е тоа што овој пат резултатите во македонскиот политички блок не се на прво место. Тие беа сосема очекувани и извесни, иако во принцип секогаш го заземаат првото место на скалата на интересот на јавноста. Разликата во пристапот кон граѓаните, понудата на политиките, како и минатиот труд изразен преку ...

Денко Малески Оние кои разбираат што се случува на меѓународната сцена денес, знаат дека брзањето Македонија да го фати последниот воз за преговори со ЕУ и членство до 2030 е и борба за место околу масата кога ќе се отвара темата за новата безбедносна структура на нашиот континент. Старата, како што знаат сите, колабира со војната во Украина и дистанцирањето на Америка од таа војна, од НАТО и од Европа во целина. Колку е важно тоа присуство ...

Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: Анастасија Павловска, Здружение за креативна одржливост „Комбо“ Во време кога сè повеќе живееме „секој за себе“, кога купуваме повеќе отколку што користиме, а ретко се прашуваме што оставаме зад нас – постои едно место што го создадовме во Железара и кое нè потсетува дека може и ...

Едно време, не така одавна, но, што би рекле мои дебрчани. кога “Господ, сеуште, шеташе по земја” , ете така, од апансус, се задеси и јас да се вмешам во високата политика. Држ – не дај, еден период, многу тежок и многу болен, кога се прекројуваше земјата, под наслов: “нова територијална поделба!”, дотуркав се до прв сосед, со кабинетите, на тогашниот премиер, нашинецот по потекло, но, не и определување, лицето Б.Ц, алијас Бранко Црвенкоски. ...

Дора Смилевска Дебата, особено компетитивна дебата (што накратко во суштина значи дебата со определени правила) повеќе од 2 децении буквално се мачи да биде признаена од формалниот образовен систем. Не би ни помислила да напишам нешто вакво ама ова е нешто што го правам со години и секој што ме познава знае дека е огромен, ако не и најголемиот дел од мене. Сакав чисто да споделам што ги учиме нашите средношколци, а и студенти во дебатниот ...

Димитар Апасиев изреагира на обидот на Орце Георгиевски синоќа на тв дуелот да го дисквалификува Мециновиќ дека се преставува политиколог, а не е дипломиран и дека татко му има дивоградба, а Мециновиќ од мал живее само со мајка му. 🗣️ Имаш БРИЛИЈАНТЕН млад човек кој живее со самохрана мајка во Чаир и има просек 9.8 на политички студии. Но, сиромаштијата (во која не’ втурнаа да живееме овие транзициски пацови) затропува и на вратата на ова ...

Се бара некој цврст, некој што ќе застане на чело. Некој да реже со збор – нека е и трул на дело. Се бара некој цврст, некој што ќе застане на чело. Некој да реже со збор – нека е и трул на дело. Се бара некој со свое ЈАС – да има бе ЕГО! Да го слушам да ќутам: е, некој ко него. Си треба бе некој ага, бег, паша: да биде авторитет! Да го гледам да се плашам. Некој што ќе удри по маса! Ќе има и глас, а и стас, а и да е простачиште – само да ...

Интересно. Овие ДПМН-овциве кои се тратуваат од земја заради тоа што противкандидатот на Орце бил многу млад, немаа проблем кога беше избор за член на првата Комисија за заштита од дискриминација да гласаат за пилиштерка која немаше појма од материјата за која ја предлагаа. Изборот беше меѓу мене (доктор по правни науки, претседател на Хелсиншкиот комитет и меѓународен експерт за дискриминација) и учителката по музичко со завршена Педагошка ...

Членот 394-г од Кривичниот законик на РСМ е одредбата со која македонското законодавство кривично го санкционира говорот на омраза направен на Интернет. Како дел од позитивната обврска на државата да ги заштити оние кои се мета на говор на омраза, потребно е да се криминализираат најсериозните негови изрази направени вон и во дигиталната средина (како на пример: јавно поттикнување на извршување на геноцид, злосторства против човештвото или ...

Соња Крамарска .Резиме на една политичката војна што го однесе главниот град во колапс – ДВ разговараше со советници во Град Скопје за тоа како изгледаше одвнатре судирот Арсовска – ВМРО-ДПМНЕ. Додека земјава одбројува до вториот круг од изборите за градоначалници, а градската управа на Скопје забрзано се пакува за заминување, заедно со градоначалничката Данела Арсовска, граѓаните на метрополата го гледаат последниот чин од тригодишната ...

Си појдов така на гости кај мајка ми во Дебар Маало - класика, кафе, колачи, муабет. Ама наместо мирис на кафе, ме дочека - арома на гомна. Не претерувам, цело Дебар Маало корне како подземна изложба на фекалии. Нашиот подрум поплавен, шахтата - полна со канализациска вода. Се јавивме во Водовод, дојдоа луѓето, сериозни. Констатираа дека не е само нашата шахта - туку и сите други во маалото, до раб на излевање! Демек, колективна смрдеа, ...

Страшниот предмет во ќеларот Српскиот онирички писател Миленко Пајиќ еднаш го прашал славниот скопски фантаст Влада Урошевиќ: - Го памтите страшниот предмет што стоеше во некој ќелар кај „Јоле“? - Се разбира. Предметот лежеше на патос, во собиче на крајот од долгиот ходник кој завршуваше со лажна врата - прецизно одговорил Влада Урошевиќ. - Кој и да дојдеше таму и да го видеше предметот, ќе речеше „Ужас!“, и се враќаше во кафеаната со ...

Човекот не може да изгуби нешто што нема, што не го поседува или не е дел од него. Така и совеста, не можеш да ја изгубиш ако никогаш не била дел од твојот карактер, твоите животни принципи и воспитување. Животот сам по себе е најголемиот предизвик, но уште поголем предизвик е совеста, поточно грижата на совест. Како да ни заталкува по некои чудни патишта, нашата колективна совест… Совеста кај поединецот, говорам за чистата совест со морални ...

Денко Малески Велат, внимавај што ќе посакаш оти може да ти се случи. Од независноста до денес мнозина во македонската политика посакуваа да престане странското мешање во внатрешните работи на Македонија и, ете, после 35 години, со „крајот на американската ера“ тоа се случи. Се присеќавам на почетоците. ЕЗ бара од нас да постапиме вака и вака, велам на седница на експертската влада некаде во 1991 година. Нека престанат да се мешаат во нашите ...

Во светот на брза динамика и промени, каде конкуренцијата е остра, а лојалноста на потрошувачите станува сè пократкотрајна, најсилниот капитал не се производите — туку луѓето. Во центарот на секоја успешна продажба стои ангажиран вработен, а во центарот на секој ангажиран вработен — стои силно HR лидерство. Пишува. Надица Ставрова, HR директор член на управен одбор „МАЧР“ и партнер во „Crowell“ Современиот HR во една организација дали во ...

Добивај вести на Viber Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера го потврди она што го најави на 10 октомври. Тој тогаш зборуваше за некое ново оружје, кое веќе е готово. Многумина коментатори тогаш сметаа дека Путин го има предвид „Буревесник“. Крилата ракета, која тој со анимација ја прикажа уште во март 2018 година во обраќањето пред Федералното собрание. Зборуваше дека ќе биде на атомски погон, дека ќе може да лета речиси неограничено, ...

1 Не поминале ниту едни избори, од 1991 до денеска, а да на сум повикал: Излези, гласај! Редовно излегувам на сите избори затоа што не сакам да се откажам од единственото оружје што го имам – да ги казнам тие од кои сум незадоволен како ми ги трошат парите и да им дадам шанса на тие за кои мислам дека ќе ми ги трошат парите водејќи грижа и за моите потреби како граѓанин. Кампањата за овие локални избори ја одбележаа партиските кампањи полни ...

Денеска решив малку бесцелно да талкам низ Скопјево. Седнав во мојот болид и возев по вообичаените рути. Без задача да пазарам нешто, без обврска да се сретнам со некого, без конкретна идеја како да го “отепам” денот… Свратив на Матка. Чепкавме нешто со комшијата по дворот. Испив едно кафе и после гледав како се борат сонцето и облаците. Како во втор изборен круг. И тоа беше сè. Попатно го затекнав градот како и вчера. Малку потивок ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1001
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
95%
1001
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1003
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
67%
1002
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.51
82%
1001
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
97%
1003
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
6.26
62%
1005
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
76%
999
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
997
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
86%
1000
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -4ᴼ
0.51
89%
1003
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
9.77
71%
1004
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.4288

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.2315

Currency

0.58605

Злато

143662.56

Родиум

311058.47

Паладиум

58707.26

Рутениум

44142.98

Калај

44.58

Платина

72143.25

Сребро

2492.14

Цинк

3.11

Кобалт

59.52

Алуминиум

3.08

Иридиум

169549.30

Бакар

11.76