Европската унија сè уште нема унифициран став за проширувањето, а разликите меѓу земјите-членки се сè поизразени кога станува збор за Западен Балкан и моделот на неговото идно пристапување. Врз основа на најновите иницијативи, може да се каже дека, од една страна, Германија, Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија се посветени на најбрзата можна економска интеграција на новите членки на ЕУ. Од друга страна, Франција, Холандија и ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови. Лукаревска потенцираше дека ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас, на која беше потврдена одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на реформите и унапредување на институционалните капацитети. Тошковски изрази благодарност за досегашната поддршка од Европската Унија, ...

Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека денес добива конкретна форма како значајна инвестиција за спортот, младите и заедницата. ...

Додека се очекува САД и Кина да останат далеку пред останатите, се предвидува дека пазарите во развој како Индија, Бразил и Мексико да се искачат на глобалното рангирање, според проценките на ММФ. До 2031 година, се очекува САД и Кина да останат во своја лига, со економии значително поголеми од која било друга земја. Се очекува двата гиганти да додадат приближно 6,6 трилиони долари секој во своите економии, што одразува раст од околу 20 ...

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Од 27.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 ...

Првиот смртен случај од дифтерија во последните десет години е регистриран во Австралија, а земјата истовремено се бори со најлошата епидемија на оваа заборавена болест во поновата историја, пишува Би-Би-Си. Министерството за здравство прогласи епидемија уште во март, откако случаите се проширија во Западна Австралија, Јужна Австралија и Квинсленд. Бројот на пациенти почна да се зголемува кон крајот на 2025 година, а во февруари забележа ...

Општина Центар информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден, инспекциските служби на Општината, во координација со Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат и стручните служби од Секторот за урбанизам, постапуваа на терен по инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано свлечиште и оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на ...

Во Општина Куманово сите граѓани имаат еднакви права и можности согласно Закон и никогаш не се работело ниту ќе се работи селективно, реагираат од општината по прес-конференцијата на Левица. Има, како што додаваат, голем број на барања и интерес од страна на потенцијални инвеститори за имплементација на енергетски проекти – изградба на фотоволтаици, складови за енергија со батерии и друго. „Од 2023 година до денес до Општината има доставено ...

Армијата на Република Северна Македонија, на 28.05.2026 година (четврток) во период од 10:00 до 14:00 часот, на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. На настанот кој се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), граѓаните, според ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите шест квартали овозможи раст на економијата од над 3%, а паралелно платите растат со динамика близу 10%, расте бројот на нововработени лица, невработеноста е на историски најниско ниво, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го решава предизвикот со кој се соочивме, а тоа е истовремено да го финансира развојот на економијата и да ги сервисира старите долгови создадени токму ...

Високите температури овие денови ги принудуваат многумина да ги отворат прозорците за да ги разладат своите домови, но ова понекогаш може да има спротивен ефект. Проблемот е што многу домови се изградени за да ја задржат топлината, што е корисно во зима, но за време на екстремна топлина, може дополнително да го загрее просторот. Отворањето прозорци во најжешкиот дел од денот овозможува уште повеќе топол воздух да влезе во куќата, кој потоа ...

Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден, по 14 часот. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во земјата го пречека неговиот колега од Хрватска, Андреј Пленковиќ. Според Мицкоски, посетата на хрватскиот премиер е потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска. „Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како ...

Доделувањето на американските музички награди (AMAs) за 2026 година, што се одржа синоќа во Лас Вегас, немаше еден доминантен победник. Наместо тоа, дури седум уметници ја поделија титулата за најуспешни, освојувајќи по три награди, и тоа: Бруно Марс, BTS, Карди Би, КЕТСИ, Сабрина Карпентер, HUNTR/X и Сомбр. Вечерта, сепак, беше разочарувачка за Тејлор Свифт, која влезе на доделувањето како фаворит со осум номинации, но на крајот остана без ...

Повеќе од половина од Европејците велат дека нивниот буџет значително се намалил во последните три години, според неодамнешното истражување. Зголемувањето на цените доведе речиси една третина од Европејците во финансиски несигурна ситуација, според истражувањето. Вториот европски барометар за сиромаштија и несигурност ја испитуваше способноста на европските граѓани да купуваат основни потреби и покажа дека куповната моќ се намалила во ...

Експертите предупредуваат дека миењето на сирово пилешко пред готвење може да биде опасно за здравјето бидејќи го зголемува ризикот од ширење на бактерии низ кујната. Иако многумина веруваат дека миењето ги отстранува бактериите, здравствените експерти тврдат дека водата не може да уништи патогени како што е салмонелата, но може да ги прошири на мијалникот, кујнските површини и приборот. Според податоците од Американскиот центар за контрола ...

Европските берзански индекси денес се претежно во пад, а цената на нафтата „Брент“ повторно порасна за речиси два проценти, бидејќи воените напади на Соединетите Американски Држави на југот на Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран. Според податоците од берзата во 9:30 часот наутро, цената на суровата нафта се зголеми за 1,52 проценти на 92.439 долари, а нафтата „Брент“ за 1,73 проценти на ...

Пиперката е неопходна состојка во многу јадења, но нејзината вистинска вредност лежи во нејзиниот богат состав на хранливи материи кои имаат силно влијание врз здравјето. Иако повеќето луѓе автоматски го поврзуваат витаминот Ц со портокалите, пиперките содржат значително повеќе витамин Ц. Една свежа пиперка може да има до 150 милиграми витамин Ц, што е повеќе од доволно за дневните потреби на телото. Покрај тоа, тоа е нискокалорична храна ...

Вооружени турски борбени авиони продолжија да го нарушуваат грчкиот национален воздушен простор, а еден инцидент доведе до симулирана воздушна битка помеѓу два грчки Ф-16 и два турски Ф-16 во областа помеѓу островите Лемнос и Лезбос, објави денес „Катимерини“, повикувајќи се на изјавите на грчките претставници. Како што е наведено, овој состанок беше трет ваков ангажман од почетокот на 2026 година, а претходните инциденти беа регистрирани на ...

Полицијата поднесе кривична пријава и им одреди притвор на насилниците од Турција кои нападнаа доставувач во Скопје. Според информациите од МВР, вчера во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24 мај, околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило ...

Мрзеливоста честопати не е карактер, туку последица на стрес и преоптоварување, а со практични чекори е можно да се врати мотивацијата и контролата врз секојдневниот живот. Во моментите кога волјата, енергијата и фокусот исчезнуваат, секојдневните задачи можат да изгледаат премногу тешки и недостижни. Иако таквата состојба често се опишува како мрзеливост, стресот, менталниот замор, нејасните цели или емоционалното преоптоварување најчесто ...

Личен тренер предупредува дека неправилното мерење на порциите тестенини може целосно да ја наруши контролата на калориите и да го отежни губењето на тежината. Повеќето луѓе не обрнуваат внимание на тоа како ги мерат тестенините и поради тоа често јадат многу повеќе калории отколку што планираат. Иако е брз и практичен оброк, тестенините можат да станат проблем ако порциите се мерат неправилно. Личниот тренер Том Хал предупреди дека многу ...

Италијанските хуманитарни работници, кои беа хоспитализирани во Ломбардија поради симптоми слични на ебола, се негативни на вирусот. Тестовите спроведени во болницата Сако во Милано беа негативни и за маларија и за најчестите респираторни вируси. Се сомнева на бактериска инфекција, бидејќи присуството на бактеријата Шигела е потврдено во двата случаи. Пациентите се вратиле од Уганда, а веста предизвика загриженост поради епидемијата на ебола ...

Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ...

За осум часа во Скопје се казнети 116 мотоциклисти и одземени се три мотоцикли. Вчера, во периодот од 10:00 до 18:00 часот од страна на полициски службеници беше спроведена засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли. Од МВР известија дека се казнети 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, три нерегистрирани мотоцикли ...

Американските сили синоќа извршија нови напади врз локации на југот на Иран, таргетирајќи области во близина на стратешки важниот пристанишен град Бандар Абас. Според извештаите на американските медиуми, и самите американски претставници признале дека го извршиле нападот. „Американските сили денес спроведоа напади за самоодбрана во јужен Иран за да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“, изјави портпаролот ...

Францускиот претседател Емануел Макрон го предупреди белорускиот лидер Александар Лукашенко да не го продлабочува вклучувањето на својата земја во руската војна против Украина, дознава АФП од извор близок до Макрон, објавува „Киев Индепендент“. Телефонскиот разговор, одржан на 24 мај, се случи во време на сè погласни шпекулации дека Белорусија би можела да се вклучи подиректно во војната на страната на Русија. Белоруските државни медиуми ...

Грчките власти денес објавија дека 20 лица се уапсени на Крит како дел од операцијата против криминална мрежа обвинета за измамничко добивање земјоделски субвенции од Европската Унија преку поранешната грчка агенција за плаќање ОПЕКЕПА. Операцијата, предводена од Одделот за организиран криминал на Крит, е фокусирана на разбивање на она што истражителите го опишуваат како структурирана група која нелегално барала исплати на земјоделски ...

Во Франција, жолт метео аларм е прогласен во 18 департмани поради топлотен бран, а истото предупредување се воведува во Париз и неговите предградија од денес, додека Британската метеоролошка служба предупредува дека топлотниот бран таму денес би можел да собори дури три рекорди. „Метео Франс“ објави дека оваа година е обележана со раното доаѓање на екстремно топло време, со утрински температури помеѓу 14 и 20 степени Целзиусови до ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.65
47%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
3.58
62%
1014
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.48
72%
1013
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.8
52%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
4.33
53%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
58%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
45%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.24
42%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.63
48%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
53%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
1.34
65%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.07
61%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01