Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Полицијата денеска приведе четворица државјани на Албанија поради незаконит риболов во Преспанското Езеро. Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов. Од извршените проверки било констатирано дека лицата ...
Министерката за финансии Гордана Кочовска нè повика на средба за, како што самата рече, „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш ја прифати поканата, но побаравме разговорот да биде јавен, пред камерите, пред граѓаните, за сите да ги слушнат фактите и бројките за состојбата во која се наоѓа буџетот и долгот. И потоа избега, обвини СДСМ. Од партијата велат дека долгот на државата надминал 11 милијарди евра. „Ниту вчера ја немаше во ...
Двете лица повредени откако дрон се урна во станбена зграда во Галац, Ромаинија, и експлодираше се 52-годишна жена и нејзиното 14-годишно дете. Жената претрпела изгореници од втор степен, но е во добра состојба и без повреди опасни по живот. „52-годишна жена беше хоспитализирана со изгореница од прв до втор степен, а 14-годишно дете беше хоспитализирано во Детската болница. И двете се свесни и стабилни“, изјави за News.ro д-р Корина Попазу, ...
Во текот на 27 и 28 мај во Скопје се одржа 4. Форум за културна дипломатија – Скопје 2026, на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Настанот беше во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на Министерството за култура и ...
Руско беспилотно летало синоќа удри во станбена зграда во романскиот град Галац и експлодираше, по што претседателот Никушор Дан најави „цврст одговор“ до Русија и итно свика седница на Врховниот совет за одбрана на земјата (CSAT). „Свикав седница на Врховниот совет за одбрана на земјата за денеска за да разговараме за импликациите од најсериозниот инцидент што ја погоди националната територија од почетокот на агресивната војна на Руската ...
Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во Северна Македонија открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна. Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, се обрати на тематската сесија „Визија за иднината: Скопје 2028 и моќта на креативноста“, што се одржа во Музејот на Град Скопје, при што ја истакна улогата на културата како суштински двигател на современото општество и како еден од најсилните инструменти на културната дипломатија. „Културната дипломатија создава простор во кој државите не комуницираат само како политички субјекти, туку како ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до ...
Портпаролот на романското Министерство за национална одбрана (MApN), Кристијан Поповичи, објасни зошто армијата не го соборила беспилотното летало што синоќа удри во десеткатна зграда во центарот на Галац, Романија. Тој изјави дека Романија „не може да ризикува да создаде поголема опасност од онаа што ја спречува“ и дека армијата има „многу строги ограничувања“ во такви ситуации, објавува Digi24.ro. Дронот се урна во станбена зграда во Галац ...
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, сигнализираше дека одобрувањето на претседателот Доналд Трамп за можен договор со Иран е далеку од сигурно, среде извештаите дека американските и иранските преговарачи постигнале прелиминарен договор за завршување на војната. Венс им рече на новинарите во заедничката база Ендрус дека преговарачите „постигнале голем напредок“, но дека некои точки, вклучително и можните ограничувања на нуклеарната програма ...
Португалија постави нов рекорд за најжешкиот ден во мај, со температура од 40,3 степени Целзиусови измерена вчера во градот Моура. Ова го собори претходниот рекорд од 40°C поставен во мај 2001 година. Топлотниот бран зафати голем дел од Западна Европа, предизвикувајќи проблеми од Франција до Италија, пишува BBC. Францускиот премиер Себастијан Лекорну денес претседаваше со состанок на министри за да се разговара за подготвеноста на земјата за ...
Речиси 180 години откако Франција го укина ропството, членовите на Националното собрание едногласно го укинаа „Code Noir“ (Црниот законик), кој дозволуваше поробените луѓе да бидат третирани како сопственост и експлоатирани, тепани и убивани. Иако ропството беше укинато во 1848 година, законикот од 17. век формално остана на сила до ова гласање. Во редок приказ на политичко единство, инаку остро поделеното собрание гласаше за негово ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на врховна командантка на вооружените сили, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Штип присуствуваше на презентацијата на воената опрема, како и на демонстрацијата на војничките вештини од различен вид. Настанот беше организиран по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки, Лесната пешадиска баталјонска група доби ...
На денешната собраниска седница за пратенички прашања се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков кој постави три прашања од кои првите две беа упатени до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и едното до министерот за здравство, Азир Алиу, кои се однесуваа на динамиката и напредокот на реформската агенда, мерките за контрола на цените за горивата и на инвестициите во здравството. Во своето обраќање Марков се осврна ...
Секој студент ја има вештачката интелигенција на својот телефон. Борбата не е таа да се запре, туку човекот да го има последниот збор. Во образованието, наша задача е да поставиме рамки и начини на нејзина употреба. Нив ги определуваме со Националната стратегијата за образование 2026–2032 и повеќе други документи, со кои целиме кон создавање дигитално зрело образовно опкружување, коешто ќе им овозможи на младите одговорно и креативно да ги ...
За свлечиштето на градилиште во Центар што се случи во понеделникот на улицата „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, одговорност мора да сноси и Горан Герасимовски, изјави Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ. Според него хаосот кој деновиве се случува во општина Центар е последица на неодговорното работење на СДСМ и Герасимовски и на тоа што се расфрлале со одобренија за градби. „Задоцнети казни и санкции нема да го исперат ...
Претседателот на пратеничката група на ПС од Албанија, Таулант Бала, денес одржа средба со бугарскиот филантроп и основач на Фондацијата „Бугарска памет“, Милен Врабевски. Преку објава на социјалните мрежи,Таулант Бала соопшти дека за време на средбата била оценета важноста на културните, образовните и младинските иницијативи во зајакнувањето на регионалната соработка и градењето мостови на разбирање меѓу земјите од Балканот. Бала го опиша ...
Претседателот на Фондација „Бугарска памет“, д-р Милен Врабевски, учествуваше на Безбедносен форум на тема „Партнерството меѓу САД и Европа и неспорната улога на НАТО“ по покана на претседателот на парламентот на Албанија, Нико Пелеши. Настанот се одржа во Тирана и на едно место собра истакнати политички лидери, парламентарци, претставници на институции и експерти од Соединетите Американски Држави, Европа и регионот на Југоисточна Европа, ...
Канадскиот премиер Марк Карни повика на „ново партнерство“ со Соединетите Американски Држави за „да помогне Америка повторно да стане голема“, во говорот во Њујорк денес. Карни рече дека иако „светот се распаѓа додека САД ги трансформираат своите трговски односи“, тесната соработка со Канада ќе ги зајакне двете земји. Во услови на тековната трговска војна со САД, Карни вети дека ќе го удвои канадскиот извоз на други пазари во текот на ...
Многу луѓе имаат навика темелно да ги мијат садовите под млаз вода пред да ги стават во машината за миење садови, верувајќи дека на тој начин садовите ќе бидат почисти. Сепак, експертите предупредуваат дека тоа е сосема погрешна навика што всушност може да ја намали ефикасноста на миењето, пишува Simply Recipes. Како што објаснуваат, современите детергенти за машини за миење садови содржат ензими кои се дизајнирани да се врзат за остатоците ...
НАТО работи напорно за да го обезбеди Готланд, балтички остров кој воените планери сè повеќе го сметаат за една од најекспонираните и стратешки важни точки на алијансата против Русија. Како што стравувањата од руска агресија и хибридни напади растат, а посветеноста на Соединетите Држави кон европската безбедност слабее, Шведска и нејзините сојузници се тркаат да го претворат островот повторно во воено упориште, пишува „Политико“. Сместен во ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес изјави дека ѝ наредил на израелската армија да преземе контрола врз 70 проценти од територијата на Газа, објави CNN. Нетанјаху рече дека Израел ја стега јамката околу Хамас. „Сега држиме 60 проценти од територијата на Појасот Газа. Бевме на 50 проценти, а сега се префрливме на 60 проценти“, рече тој. „Мојата директива е да одиме понатаму – чекор по чекор – прво до 70 проценти. Да почнеме со ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде пред фронтранерите, додека во однос на испораката на правда очекува побрза и поробусна испорака на правда од таа претходно, затоа што и граѓаните не се задоволни од спора правда и затоа дополнителни примања нема да има без јасни резултати. „Се разбира дека не само јас и граѓаните, ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги ...
Денешниот ден повторно ја разоткри коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, кои синхронизирано и координирано повторно ги насочија сите свои сили кон мене. На пратеничките прашања СДСМ повторно со своето папагалско повторување на зборот оставка и ДУИ со своите традиционални измислени етнички прашања, а Левица со поднесувањето на нова интерпелација. Три партии, наводно различни и наводно спротивставени, денес повторно усогласени и координирани за една ...
Официјален Вашингтон три месеци по почетокот на воените операции против Иран се соочува со сериозни стратешки проблеми и растечко домашно незадоволство, објавува „Дојче Веле“. Иако претседателот Доналд Трамп уште на почетокот тврдеше дека воената ситуација е одлична и дека победата е практички осигурана, воените тактички успеси сè уште не се преточени во стратешка победа. Војната, која Трамп ја започна повикувајќи се на сопствената ...
Додека јавно зборува за ниски примања, сиромаштија и потреба од повисоки плати за работниците, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, организирал четиридневни спортски игри во луксузен туристички комплекс во Чањ, Црна Гора, трошејќи повеќе од 60.000 евра од синдикалните членарини, кажа на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо настанот да се организира во некој од домашните туристички центри Деаноски, ...
Олга Лозановска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собрание постави три пратенички прашања до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Првото прашање е по однос на обезбедувањето на новото задолжување од страна на Владата и Собранието. „Дали Владата подготвува ново задолжување од околу 350 милиони евра и на кој начин планира да се обезбеди тој износ?“, праша Лозановска. Второто прашање се однесува на ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен зафат, информираат од општината. Согласно ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема и со тоа се ...