Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Туристички брод под име „Големиот шеф“, кој бил на дневно крстарење во близина на познатото турско одморалиште Мармарис, почнал да се полни со вода и за кратко време целосно потонал во близина на Рајскиот Остров. Причините за несреќата сè уште се утврдуваат. Како што се наведува во писменото соопштение на гувернерот на областа Мугла, веднаш по пријавата за потонување на бродот, на кој се наоѓале вкупно 148 лица (120 возрасни, 20 деца и 8 ...
Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ соопшти дека украински борбен дрон-камиказа ја погодил нуклеарната централа „Запорожје“, која е најголема во Европа и моментално се наоѓа под руска контрола. Според официјалното соопштение на првиот човек на „Росатом“, Алексеј Лихачов, нападот се случил попладнево и бил насочен директно кон енергетскиот блок број шест. Направена материјална штета, клучната опрема е безбедна Иако ...
Остатоци од ирански балистички проектил вчера погодија воена база во Кувајт, при што полесно беа повредени неколку американски државјани, а настрадаа и две беспилотни летала од типот „MQ-9 Reaper“, пишува Блумберг. Како што наведува извор запознаен со нападот кој сакал да остане анонимен, кувајтската противвоздушна одбрана го пресретнала проектилот Фатех 110, но остатоците паднале врз базата Али Ал Салем. Околу пет лица, вклучувајќи воени ...
Борбениот авион Ф-15, кој минатиот месец беше соборен над југозападен Иран – настан што покрена високоризична операција за спасување – најверојатно бил погоден со кинеска ракета, откриваат три извори запознаени со ситуацијата. Според наводите на еден од изворите и на американски официјален претставник, постојат индиции дека Кина во првите денови од судирот можеби му испорачала на Иран и радар за рано предупредување со голем дострел. Станува ...
Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Австралија најавија заеднички развој на напредна технологија за подводни дронови, со примарна цел заштита на критичните подморски кабли и засилување на одбраната во глобалните води. Овој проект се спроведува во рамките на трилатералниот воен сојуз АУКУС, а официјалната објава пристигна од безбедносниот самит во Сингапур, пренесува Би-би-си. Се очекува новата технологија за беспилотни ...
Русија го повлече својот амбасадор од Ерменија на консултации, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Овој потег доаѓа само еден ден откако претседателот Владимир Путин упати остро предупредување до оваа јужнокавкаска земја поради нејзините сè посилни врски со Европската Унија, пренесува The Moscow Times. „Рускиот амбасадор во Република Ерменија, С. Копиркин, е повикан во Москва на консултации поради чекорите што ги презема ...
Неколку илјади луѓе се собраа денеска на планинскиот премин Бренер на протест против сè поголемиот патен сообраќај долж еден од најпрометните европски сообраќајни коридори, кој ги поврзува северна и јужна Европа. Демонстрантите во австриското место Матрај ам Бренер носеа транспаренти со натписи „Доста е“ и „Мир во долината“, повикувајќи на итни мерки за намалување на влијанието од товарниот сообраќај врз локалните заедници во алпскиот ...
Полицијата синоќа уапси 32-годишен жител на Скопје, кој прво физички нападнал друго лице, а потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои дошле да интервенираат. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на подрачјето на општина Шуто Оризари. На 29.05.2026 година во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Ј. (32) од Скопје. Приведувањето уследило по претходна пријава дека ...
Полскиот премиер Доналд Туск упати сериозен апел до Европската Унија и НАТО итно и со крајна сериозност да ги сфатат зборовите и постапките на руските официјални лица, по новите брутални закани кои пристигнаа од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. Реакцијата на Туск следува откако воен дрон погоди станбена зграда во романскиот град Галац, по што Медведев, кој сега ја извршува функцијата заменик-претседател на рускиот Совет за ...
19-годишен мотоциклист го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на една од прометните крстосници во Скопје. Во несреќата учествувале еден автомобил и два мотоцикли, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, несреќата била пријавена во СВР Скопје во 22:21 часот. На крстосницата помеѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“, се судриле патничко возило „ауди а4“ со скопски ...
Автобус кој превезувал млади спортисти на натпревар во Унгарија, рано утринава излетал од патот, преминал во спротивната коловозна лента и директно се забил во дрво. Во тешката несреќа на местото починал возачот на автобусот, соопшти унгарската полиција. Несреќата се случила околу 5:20 часот наутро по локално време, во близина на местото Хирд во југозападниот дел на Унгарија, информираат од полицијата на Барањската жупанија. Точните причини ...
Украинската армија сè повеќе се потпира на дронови, роботи и далечински управувани системи во борбите против руските сили, создавајќи нов модел на војување кој се одвива без директно присуство на војници на бојното поле, пишува Си-Ен-Ен. Операции со експлозии, напади и извидување на руските позиции сега често се изведуваат од контролни центри под земја, додека на терен дејствуваат автономни или далечински управувани машини. Војна од ...
Во рамки на студиската посета во Париз, делегацијата составена од претставници на Министерството за јавна администрација, Центарот за управување со промени, Агенцијата за администрација и Министерството за дигитална трансформација, изминатите денови оствари работни средби со претставници на Директоратот за јавна администрација на Франција (DGAFP), Институтот за јавен менаџмент и економски развој (IGPDE) и Директоратот за дигитални работи ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник ќе се најде на владина седница, откако денеска во Владата беше заокружен институционалниот и консултативен процес со сите засегнати страни. Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу порачаа дека новото законско решение е резултат на заеднички компромис, чија единствена цел е заштита на јавното здравје и намалување на бројот на ...
Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ преводено од Слободан Трендафилов, организираше спортски игри кои траеле 4 дена во Чањ, Црна Гора и за кои биле потрошени 60.000 евра, кажа денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Раководството на ССМ целосно го има изгубено компасот и не живее во реалноста, затоа што Деаноски наместо борба за работниците и заштита на работничките права, ...
Германската воена морнарица е погодена од се поголем број сомнителни инциденти кои будат аларм во безбедносните кругови. Од почетокот на 2025 година откриени се вкупно десет можни саботажи на воени бродови, а во јавноста сè погласно се поставува прашањето кој стои зад овие координирани напади, пишува Еуроњуз. Последниот во низата инциденти се случи на крајот на февруари годинава во Вилхелмсхавен, кога на фрегатата „Рајнланд-Пфалц“ беше ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека премиерот Мицкоски знаел за унгарското државјанство на Груевски. Таа истакна дека со месеци СДСМ укажувала оти Груевски има државјанства и патни документи од други држави, но според неа, Мицкоски свесно ги игнорирал тие информации и изнесувал неточни тврдења пред јавноста. „Мицкоски го знаел тоа цело време и свесно ги лажел граѓаните. Како и за се друго, како што лажеше за враќање на ...
Украински дронови во текот на ноќта погодиле танкер во руското пристаниште Таганрог и складиште за нафта во градот Армавир, соопштија регионалните власти во Ростовската и Краснодарската област на југот на Русија. Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, изјави дека пожарите на танкерот и во пристаништето Таганрог, град со околу 240.000 жители, биле изгаснати и дека нема пријавено истекување на нафта. Според него, две лица се ...
Петмина мажи се извлечени на сигурно од поплавената пештера во Лаос, додека за уште двајца селани сè уште се трага, соопштија спасувачките екипи. Се претпоставува дека тие влегле во пештерата одделно од групата што веќе е пронајдена. Според информациите, меѓународните спасувачки тимови во провинцијата Ксајсомбун продолжуваат со интензивна операција. Приоритет се испумпување на водата, доставување храна и лекови и проценка дали заробените ...
Австриската криминалистичка разузнавачка служба нуди награда од 20.000 евра за информации што би помогнале во лоцирање и апсење на Рaдоје Звицер, за кого се смета дека е еден од водачите на „кланот Кавач“, објави Европол. Според соопштението, наградата ќе биде распределена доколку има повеќе дојави, во зависност од релевантноста на доставените информации. Европол прецизира дека од правото на награда се исклучени лица кои се должни да ...
Денеска нѐ очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во источните делови од земјата повремено и засилен. Утринските температури ќе се движат од 4 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 31 степен. Во главниот град ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во целата земја. Овие активности беа детално презентирани на 10-тиот состанок на секторската работна група за здравство. „Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во ...
Специјализирани нуркачи денеска ја продолжуваат исклучително сложената спасувачка операција за извлекување на четворица мажи кои сè уште се заробени во поплавена пештера во Лаос. Едно лице било успешно извлечено вчера, но четворица остануваат внатре, додека за уште двајца се трага, пренесува Си-Ен-Ен. Спасувањето се одвива во екстремно тешки услови и зависи од повеќе фактори, меѓу кои и временските прилики. Првата спасена личност е ...
Бакингемската палата уште пред шест години добила архива со илјадници електронски пораки кои укажуваат дека Ендрју Маунтбатен-Виндзор делел доверливи владини информации додека бил трговски претставник, откриваат судски документи објавени во Велика Британија. Според Би-би-си, архива од околу 30.000 електронски пораки, поврзани со негови финансиски и деловни активности, била доставена до Лорд Чембрленот – највисокиот функционер во Кралското ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е во одлична здравствена состојба, се наведува во извештајот од неговиот лекар кој го објави Белата куќа по неодамнешниот медицински преглед. Според документот, кај 79-годишниот претседател се забележани благи отечени потколеници и благи модринки на рацете, но лекарите оценуваат дека неговата општа здравствена состојба останува стабилна и добра. „Одлично здравје и нормални функции“ Во извештајот на д-р ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ги повика азиските сојузници на САД значително да ги зголемат трошоците за одбрана со цел да се спротивстават на растечката воена моќ на Кина и да спречат нејзина доминација во регионот. Говорејќи на безбедносниот форум „Шангри-Ла дијалог“ во Сингапур, еден од најзначајните собири на министри за одбрана, воени претставници и дипломати во Азија, Хегсет предупреди дека постои „оправдана загриженост“ ...
Тројца латвиски алпинисти загинаа, а еден е во критична состојба, откако паднале за време на искачување на планината Мекинли во Националниот парк и резерват Денали на Алјаска, соопштија американските власти и Латвиската алпинистичка федерација. Несреќата се случила во средата, кога четворица членови на седумчлена експедиција паднале во близина на превојот Денали, на околу 640 метри под врвот на планината Мекинли, највисокиот врв во Северна ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, денес изјави дека Ерменија треба што е можно поскоро да одлучи дали сака да се приклучи на Европската унија или да остане во Евроазиската економска унија, додавајќи дека верува оти е невозможно да се усогласат двете опции. „Самиот премиер Пашинјан рече дека смета дека е исправно да се одржи референдум за ова прашање, за тоа каде треба да биде Ерменија: во Евроазиската унија или во Европската унија. Би ...
Иран денеска соопшти дека сè уште не е постигнат договор со Соединетите Американски Држави за прекин на војната, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро ќе донесе конечна одлука. „Разговорите продолжуваат, но сè уште не е постигнат конечен договор“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, според државните медиуми. Американскиот претседател објави дека се подготвува да донесе „конечна ...
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека тврдењата за наводни руски беспилотни летала што летаат над Европа се неосновани и дека, како што тврди таа, не се презентирани никакви докази за нив, објави руската агенција РИА Новости. „Сите обвинувања што ги слушаме, особено за беспилотните летала во земјите од Европската Унија, се целосно неосновани, не е презентиран ниту еден факт, ...