Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ѝ се обрати на српската јавност од Шангај, каде што се наоѓа во официјална државна посета на Кина. По средбата со кинескиот претседател Ши Џинпинг и со претставници на 29 компании, Вучиќ најави потпишување на повеќе десетици договори за продлабочување на стратешкото партнерство и најави големи економски инвестиции за градовите Шид и Зрењанин во текот на јуни. Тој истакна дека српската економија во ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 36-годишниот Р.Б. од Струга под сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот се товари дека на 28 декември минатата година неовластено присвоил патничко моторно возило. Автомобилот бил во сопственост на струшки автосервис каде што Р.Б. бил вработен. Тој претходно имал полномошно од сопственикот на сервисот за привремено користење на ...
Директорот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, денес изјави дека НАТО се подготвува за голем вооружен конфликт на Исток и дека Велика Британија, „злиот и циничен гениј на Европа“, ги охрабрува своите европски партнери да се судрат со Русија. Наришкин, на Првиот меѓународен форум за безбедност што се одржа под покровителство на Советот за безбедност на Русија, рече дека „НАТО де факто се подготвува за голем вооружен ...
Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез, минува низ емотивни моменти додека се подготвува за голема животна пресвртница – заминувањето на нејзините 18-годишни близнаци од дома. Лопез не успеа да ги задржи солзите зборувајќи за тоа дека нејзините деца, Еме и Макс, се подготвуваат за факултет и за преселба од семејниот дом, пишува „Дејли мејл“. За време на гостувањето во емисијата кај Џими Кимел, Лопез беше видно трогната додека зборуваше за ...
Европа брзо старее. Најновите податоци од Евростат за 2025 година покажуваат дека разликата помеѓу најмладите и најстарите европски земји е речиси 15 години, што покажува колку изразени се демографските промени низ целиот континент. Средната возраст е возраста што го дели населението на два еднакви дела. Картата на Евростат покажува дека во Македонија населението е со просечна старост од 42,1 години, во Србија 45,4 години, што е повисоко од ...
Австралискиот министер за здравство Марк Батлер изјави дека карантинот за патниците кои биле вратени во земјата од крузерот „Хондиус“, на кој се појавил хантавирусот, ќе биде продолжен на вкупно 42 дена. „Патниците се информирани за советите и одлуката на владата. Со задоволство можам да кажам дека тие сè уште се добро“, рече Батлер, пренесува Ројтерс. Батлер изјави дека карантинот на крузерот ќе биде продолжен до 23 јуни. Од 15 мај, четири ...
Распоредот на планетите до 4 јуни укажува дека Стрелецот, Лавовите и Рибите имаат зголемени шанси за добивка преку игри на среќа. Марс во Бик и Венера во Рак укажуваат на посебна наклонетост на среќа за три знаци: СТРЕЛЕЦ Стрелците имаат зголемено влијание на Јупитер, планетата на среќата и експанзијата. Во наредните денови, може да имате ненадејни добивки или неочекуван погодок на игри на среќа. Имате особено силна интуиција кога треба да ...
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, предупреди дека САД мора да спречат какви било случаи на ебола да влезат во земјата од Демократска Република Конго, каде што веќе се пријавени 220 сомнителни смртни случаи и 900 заразени. „Не можеме и нема да дозволиме ниту еден случај на ебола да влезе во САД. Стејт департментот и другите агенции претставени овде, Центрите за контрола на болести, HHS и други, работат многу, многу напорно за да ја ...
Родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ги повикуваат сограѓаните во сабота да им се придружат на 44-тиот „Марш на ангелите“, што ќе се одржи на денот на Задушница. Маршот ќе започне на 30 мај 2026 година (сабота), со почеток во 19:05 часот, на спортското игралиште во село Ратавица, Пробиштипско. „На денот на Задушница, со тишина, молитва и болка што не поминува — ќе чекориме за нашите Ангели. За оние чии ...
Владата на Мицкоски признава дека нема пари за организирање референдум, на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина, истакнуваат од СДСМ. Прашуваат, кога буџетот е во „одлична форма“? Ова, според нив, е уште една потврда дека во буџетот нема пари. „Ова го зборуваме со месеци, бидејќи се задолжуваат секојдневно. Има пари само за криминалната група ВМРО. Има пари за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, има пари за 93 ...
Наместо чипс и индустриски обработени грицки, кои обично нудат само празни калории и чувство на надуеност, ова е поздрава алтернатива – грицки кои ќе ја задоволат вашата желба за грицкање без грижа на совест. Сите знаеме како оди тоа. Седнувате навечер да гледате добар филм, а раката ви оди кон кеса со чипс или мрсни пуканки. Додека филмот заврши, кесата е веќе празна, а вие имате грижа на совест затоа што знаете што сте му направиле на ...
Исламската Република нема да се откаже од своите црвени линии, како што се правото на збогатување ураниум, управување со Ормускиот теснец и укинување на санкциите, истакна денес шефот на иранскиот парламентарен комитет за национална безбедност и надворешна политика, Ебрахим Азизи. – Јасно е дека еден ден Трамп користи закани за да се спаси од овој стратешки ќорсокак, а следниот моли за договор – напиша Азизи на својот профил на платформата ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска на ден 28.05.2026 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 13.30 часот корисниците лоцирани на раскрсница меѓу улиците Борис Сарафов и Кузман Шапкарев. ( општина Ѓорче Петров ) Текстот Бес струја делови од Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска на ден 28.05.2026 година ( четврток ) без електрична енергија ќе ...
Делегација на Демократската унија за интеграција, предводена од претседателот Али Ахмети, вчера оствари средба со Конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Конгресот на Соединетите Американски Држави. На средбата се разговараше за политичките случувања во Северна Македонија, значењето од зачувувањето на Охридскиот мировен договор, како и за сериозните загрижености околу неговата ерозија во државните институции. ...
Иранската револуционерна гарда соопшти дека гаѓала американска воздухопловна база откако американската војска извршила, како што официјален претставник на Вашингтон ги нарече напади насочени кон операцијата со беспилотни летала на Иран во близина на Ормускиот теснец Ова се случи неколку часа откако претседателот Доналд Трамп ги отфрли извештаите дека е блиску до компромисен договор со Техеран. Ескалацијата на непријателствата ги истакна ...
Американската војска започна нови напади врз Иран, таргетирајќи локации за кои американските претставници веруваат дека претставуваат закана за американските сили и комерцијалниот бродоградба во Ормускиот теснец, потврди за Ројтерс неименуван американски функционер. Функционерот додаде дека американската војска, исто така, пресретнала и соборила неколку ирански беспилотни летала што претставувале слична закана. Набрзо следеше одговорот на ...
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес изјави дека разузнавачките информации покажуваат дека блокадата на САД му нанесува голема штета на Иран. Иако САД ги суспендираа повеќето од своите клучни борбени операции поради примирјето со Иран, американските сили продолжуваат да го блокираат пристапот до иранските пристаништа во Персискиот Залив, објавува „Скај њуз“. „Воведовме блокада. Тие не беа во можност да внесат ништо во или надвор ...
Албанија ќе направи сè што е потребно за да стане членка на ЕУ, дури и ако цената на пристапувањето кон Унијата е привремено суспендирање на нашето право на вето за време на пробен период, изјави албанскиот премиер Еди Рама на средбата со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос. „Ја поддржувам експанзијата и креативните и иновативните решенија затоа што Европа има војна што треба да ја води на своја почва“, рече Рама на средбата со Марта ...
Силно невреме проследено со силни ветрови ги погоди источните делови на Словенија попладнево, а нови системи на бури се формираат над западните и централните делови на земјата и се движат кон југоисток. Бурата веќе предизвика штети, при што ветерот корнеше покриви и дрвја, што ги остави пожарникарите со полни раце работа. На некои места падна и град со големина на орев, кој дополнително ги оштети покривите, пишува „N1 Словенија“. Во Марибор ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Шангај изјави дека српската армија денес е многу посилна, и дека се очекуваат дополнителни засилувања од Франција, Русија, Израел и Кина. Вучиќ за РТС изјави дека сите знаат дека Србија не ја зајакнува својата армија затоа што има какви било агресивни намери кон некого, туку за да ја брани земјата, нагласувајќи дека Србија е воено неутрална земја. На прашањето дали за време на разговорите со ...
Квалитетот на јавните политики, нивната предвидливост и начинот на кој се вклучуваат засегнатите страни во процесот на нивно креирање се важни предуслови за подобро деловно окружување, значајни иновации, поголема конкурентност и долгорочно одржлив економски развој. Ова беше во фокусот на работниот дијалог „Редефинирање на креирањето јавни политики: од консултации до заедничко создавање“, организиран од Американската стопанска комора (АмЧам) ...
Поранешниот полски премиер Лешек Милер остро ја критикуваше одлуката на Володимир Зеленски да ѝ го додели на елитна единица на украинските вооружени сили почесното име „Херој на УПА“, оценувајќи дека Киев намерно ги навредил Полјаците и удрил во споменот на жртвите од масакрот во Волин. Со Уредба бр. 440/2026, Зеленски му го додели посебното име „Херој на УПА“ на Центарот за специјални операции „Север“ на Силите за специјални операции на ...
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека, во контекст на американските напади врз Иран, тој постојано ја преиспитува нивната оправданост и морална основа, нагласувајќи дека е обврзан да го стори тоа според христијанското разбирање на праведна војна. „Се прашувам: Дали е ова оправдано, дали е ова морално, дали е ова правилно нешто што треба да се направи“, рече Венс во интервју за „NBC“, од кое делови беа објавени од „ABC“. Тој изјави ...
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен за преговори за иднината на Европа, но во време кога „Европејците созреваат“. „Сè сфаќаме сериозно. На еден или друг начин, потребно е да се разговара за идната структура на Европа. Ова е невозможно без учество на Европејците. Затоа преговорите ќе бидат неопходни на еден или друг начин“, рече Песков во интервју за каналот „Известија“. ...
Белата куќа соопшти дека извештаите на иранските медиуми за можен меморандум за разбирање за завршување на војната се „неточни и целосна измислица“. „Овој извештај на медиумите контролирани од Иран не е вистинит, а Меморандумот за разбирање што го објавија е целосна измислица. Никој не треба да верува во она што го објавуваат иранските државни медиуми. Фактите се важни“, беше објавено на официјалниот профил на Белата куќа на мрежата Икс. ...
Ја зајакнуваме нашата соработка и работиме заедно за посуверена и пообединета Европа. Ова го напиша францускиот претседател Емануел Макрон на Facebook, по средбата со бугарскиот премиер Румен Радев во Париз, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. Главните акценти што двајцата лидери ги разгледаа се одбраната и безбедноста, енергетиката и конкурентноста. „Ми претставува задоволство да го пречекам Румен Радев, премиер на Бугарија. Одбрана и ...
Министерството за внатрешни работи информира дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи. „Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и ...
Албанија ги исполни преодните критериуми во првиот кластер во преговорите за пристапување со Европската Унија, што европската комесарка за проширување Марта Кос го оцени како голем чекор на патот кон членство. „Албанија ги достигна преодните критериуми и ги поставивме конечните критериуми за основите, како што се независно судство и мерки против корупција. Ова е важна пресвртница бидејќи ѝ овозможува на Албанија да започне со затворање на ...
Министерството за внатрешни работи информира дека е донесен нов Правилник со кој се уредува задолжителната четиричасовна теоретска обука за управување со мотоцикл до 125 cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW). „Напоменуваме дека не смее да се управува со мотоцикл до 125 см3 доколку не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна ...
„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада“, се нагласува во соопштението од оваа институција. Според Владата, како изгледа кога СДС се залага за референдум без гаранции за европската иднина, ...