Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
На 8 Септември, Македонија го одбележува Денот на независноста. Овој државен празник ја симболизира борбата, стремежот и конечното остварување на сувереноста и самостојноста на македонскиот народ. Историски контекст и настани што му претходеа на референдумот Во екот на распадот на поранешната СФР Југославија, на 8 септември 1991 година, македонските граѓани се изјаснија за независност преку референдум. Тоа беше период на голема политичка ...
Во тек е постапка за враќање на 36-те украдени икони од земјава пронајдени во Албанија. По првата успешна реституција, кога беа вратени 20 икони, тече втора за иконите кои албанската полиција ги заплени во април 2022 година во Тирана. Станува збор за непроценливо културно историско богатство, кое земјава прави напори да го врати дома. Да, еден дел од тие икони кои беа однесени пред 20 години, дел се вратени, а дел до прва треба да ги ...
Денес официјално започнува со работа платформата „Македонска држава“, најголемата дигитална библиотека за македонското историско наследство. Платформата стартува со повеќе од 300 електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура и поезија. Зад иницијативата стои група млади ентузијасти кои вложиле значителен труд за собирање, дигитализација и систематизација на материјали од ...
Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Пред точно 34 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, пишува во честитката. Овој историски ден, како што се додава, е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ја декласира Лихтенштајн со 5-0 во септемврискиот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 и се врати на врвот на табелата во групата. Победата е значајна за националниот тим пред клучните октомвриски дуели со Белгија во Брисел и со Казахстан во Скопје. Првиот гол го постигна Елиф Елмас во 15. минута, со спектакуларен соло продор во кој издрибла четворица противници пред да го матира ...
Македонската фудбалска репрезентација се врати на првото место на табелата, и таму ќе остане барем до октомври и до следните квалификациски натпревари, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје лесно и според очекувањата ја совлада најслабата селекција во групата Лихтенштајн со убедливи 4-0. Македонија сосема очекувано доминираше на натпреварот, можеше да постигне и уште некој гол, особено во вториот дел кога имаше многу ...
Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид на неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет во првите месеци од неговиот мандат. Меѓу проектите што се најавуваат се: довршување и пуштање во употреба на клучката кај Момин Поток, кружен тек на улица „Бутелска“, изградба на нов парк кај булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Бутел, летни сцени на скопското Кале и ...
Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, во интервју за А1ОН изјави дека негов приоритет ќе бидат проекти кои директно ќе го подобрат секојдневието на граѓаните. „Ако граѓаните ми ја дадат довербата, првите години од мандатот ќе ги посветиме на проекти што директно ќе го подобрат секојдневието во Пробиштип. Прво ќе почнеме со подготовка на нови индустриски и станбени зони кои ќе ...
Ракометниот клуб Алкалоид го доби пехарот за триумфот во ЕХФ Европскиот куп за ланската сезона. Македонскиот тим во финалето од ова натпреварување заврши како победник, откако неговиот ривал грчки АЕК не се појави на терен на реваншот во Скопје. Пехарот вечерва на капитенот на Алкалоид Игор Ѓорѓиев го предаде Божидар Ѓурковиќ претставникот од ЕХФ. Алкалоид имаше предност и победа од првиот финален дуел, а грчкиот тим во Скопје иако се ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, стави потпис на извршна директива со која се врши преименување на Министерството за одбрана во Министерство за војна, чекор кој го најавуваше подолго време. „Тоа е многу поприкладнo име, посебно имајќи предвид во каква ситуација е светот во моментов. Одлучивме да се „разбудиме“ и да го смениме името на Министерството за одбрана. Значи, се префрламе во Министерство за војна“, изјави Трамп при официјалното ...
„Матица македонска“ го објави европскиот мега-хит роман „32 март“ од познатиот каталонско-шпански писател Хавиер Боск, во превод на македонски јазик. Ова е прв превод на Балканот на најновиот роман на најдобро продаваниот писател во Шпанија. Македонските читатели, со заложба на „Матица македонска“ имаат ексклузивна можност први во регионот да прочитаат едно од највредните книжевни дела во светски рамки во последната деценија – ремек дело не ...
Бруто домашниот производ порасна за 3,4 отсто во април, мај и јуни. Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат. Тие се двигатели на македонската економија! Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7,3 отсто, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил. Премиерот Христијан Мицкоски објави одлични вести за македонската економија – во месеците ...
„Матица македонска“ ја објави монографската публикација „Светлосни записи“ – нова книга од Цветан Гавровски, национален мајстор на фотографијата и ЕФИАП (Excellence FIAP) на Светската федерација на фотографска уметност. Станува збор за издание коешто по својот формат и содржина е ретко во македонскиот културен простор – на 390 страници, со двата циклуса, црно-бело и колор се репродуцирани околу 200 авторски фотографии. Книгите од овој тип, ...
На 16 септември, Албанија ќе учествува на следната конференција со Европската Унија за отворање на групата поглавја „Зелена агенда и одржлива поврзаност“. Овие поглавја вклучуваат транспортна политика насочена кон подобрување на патната и железничката инфраструктура и безбедност, енергетскиот сектор и обезбедување одржливо и прифатливо снабдување со енергија, заштита на животната средина и справување со климатските промени, преку високи ...
Со посветен и стручен кадар, со јасна визија и мисија, Академијата ја исполнува својата улога – создавање на генерации на професионалци подготвени да служат со чест, достоинство и лидерство, истакна министерот Мисајловски. Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети касарната „Гоце Делчев“ каде се одбележуваше 30 години од основањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – столбот врз кој се градат идните офицери и ...
Имаме три убави вести во однос на авиосообраќајот, а тоа е дека воведуваме уште пет нови авиолинии и тоа до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано, а до Скопје од Будимпешта и Наполи. Визер следната година ќе понуди 3,3 милиони седишта за Македонија што директен импакт ќе има врз туризмот и економијата, а ќе донесе шест нови авиони од типот Ербас А321. Дополнително ќе работиме да се вработат уште стотина македонски граѓани во авиокомпанијата, ...
Во периодот од 30 август до 4 септември 2025 година мијачкиот крај повторно стана духовно-научно средиште: се одржа шестата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, под покровителство на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител“, Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, Општина Маврово и Ростуше и Здружението на граѓани „Брзовец“ – Тресонче. Школата започна со свечено отворање во црквата „Свв. ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во вторник во Загреб изјави дека проширувањето на Европската Унија е најважната геополитичка инвестиција во безбедноста на Унијата, особено кога станува збор за Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан. „Проширувањето за Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан е многу тежок процес, но мора да се фокусираме, да поставиме приоритети и да работиме со овие земји за да постигнеме ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет го убија водачот на милитантната група Муџахедински бригади во Појасот Газа, за време на операции во тој регион минатата недела, соопшти денеска ИДФ. Во соопштението се наведува дека Мусбах Салим Мусбах Дајах, кој бил убиен во Нусеират, бил вмешан во регрутирање членови на Западниот Брег и во терористички напади на таа територија и во Израел, како и во напади врз силите на ИДФ во Газа, пренесе ...
На 2 септември 2025 година, во катедралниот храм на Православната Црква во Америка „Св. Николај Чудотворец“ во Вашингтон, беше отслужена заедничка Света Литургија од Неговото Блаженство г.г. Тихон, Митрополит Вашингтонски и Архиепископ на цела Америка и Канада, и Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски. На Литургијата сослужуваа многубројни архијереи, свештеници и ѓакони од различни помесни православни Цркви. ...
Македонија и Романија ја зацврстуваат билатералната и сојузничката воена соработка преку заеднички активности и придонес во мултинационалните сили. Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски, денеска оствари средба со генералот Георгита Влад, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, кој престојува во официјална посета на земјава на чело на висока воена делегација. На средбата, Мисајловски и Влад разговараа за ...
Димитер Анагности почина овој понеделник на 89-годишна возраст еден од најголемите личности на албанското кино. Горчливата вест ја објави неговата ќерка, Јуна Анагности, преку објава на Фесбук каде што напиша: „Збогум Димитер Анагности, режисеру на нашите животи! По долго боледување, ти се покоруваш на законот на животот! Збогум, тато!“ Димитер Анагности е роден на 23 јануари 1936 година во Вуно, Валона, и од рана возраст се посветил на ...
На маргините на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари одделни средби со министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Арапската Република Египет, Бадр Абделати, како и со заменик-премиерот и министер за надворешни работи и иселеници на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман Ал-Сафади. На средбата со литванскиот министер, ...
Фото: Министерството за економија, култура и иновации Министерот за економија, култура и иновации, Бленди Гонџја, денес објави важно археолошко откритие во село Стрикчан, Булќиза, каде што е идентификувана првата монументална гробница од римскиот период во Албанија. Ова откритие, спроведено за време на научно-истражувачкиот проект „Археолошки истражувања во долината Булќиза“, предводен од Институтот за археологија, вклучува споменик со ...
Фото: Министерството за економија, култура и иновации Министерот за економија, култура и иновации, Бленди Гонџја, денес објави важно археолошко откритие во село Стрикчан, Булќиза, каде што е идентификувана првата монументална гробница од римскиот период во Албанија. Ова откритие, спроведено за време на научно-истражувачкиот проект „Археолошки истражувања во долината Булќиза“, предводен од Институтот за археологија, вклучува споменик со ...
За време на посетата генералот Влад ќе оствари средба и со министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Ѓеоргита Влад, од утре, ќе престојува во официјална посета на Армијата на Македонија. По пречекот со високи воени почести, делегацијата од Романија ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реализираше рекордна донација на спортска опрема за 1.848 деца – пионери и помлади пионери – од младинските категории во натпреварувачкиот систем на федерацијата. Вкупно 42 екипи кои настапуваат во Супер младинската лига, Втората и Третите младинска лига добија по 44 комплети опрема за тренинг, кои вклучуваат тренерки, маици и шорцеви, како и ранци, како и по 30 фудбалски топки за секој клуб. ...
На покана од Репортери без граници и Авааз, околу 150 медиуми од околу 50 земји денеска учествуваат во кампањата за осуда на бројот на убиени новинари во Појасот Газа. „Со оглед на темпото со кое израелската армија убива новинари во Газа, наскоро нема да има никој да ви известува“, е пораката на насловните страници со црна позадина на францускиот весник L’Humanite, португалскиот Publico и белгискиот весник La Libre. Интернет медиумот ...
Премиерот Еди Рама, поканет на дискусијата за улогата на државите и иднината на Европската Унија на 20-то издание на Стратешкиот форум во Блед, рече дека Европа има главен проблем. Според Рама, главниот проблем во оваа ситуација е во која насока ќе оди. „Или ќе се продлабочи во своето патување или ќе се распадне на различни парчиња, при што секој од нив одлучува чиј сателит ќе стане“, нагласи Рама. „Мислам дека главниот проблем што го има ...
Со голема радост и гордост ви ја честитаме првата ваша школска година! Денес започнува едно ново и возбудливо патување исполнето со знаење, другарство и нови искуства. Нека ви бидат весели деновите во училиштето, нека ве води љубопитноста, а учителите и родителите нека ви бидат поддршка на секој чекор. Среќен почеток на учебната година! Вие сте нашата иднина и нашата гордост! Со почит, Македонско друштво “Илинден“–Тирана Post Views: 13 ...