Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Графичка илустрација од Јургена Тахири/BIRN. Албанија, која веќе десет години е под закана од Иран, се соочува и со тешкотии во справувањето со предизвиците по внатрешната безбедност како резултат на активноста на опозициската група МЕК, која е под истрага за кривични дела провокација на војна и кибернапади. Иако 12-дневната војна што избувна на Блискиот Исток во јуни можеби заврши, Исламската Република Иран сега се смета за сериозна закана ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на почетокот на новата учебна година го посети ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, каде што оствари средба со родителите и директорката на училиштето. Тој информираше дека училницата, која претходно беше предмет на политички шпекулации, е целосно санирана. Родителите, пак, побараа уште две интервенции – промена на дограмата и набавка на клима-уред за училницата. Според Коњановски, ...
Македонски весник “Илинден“: Како ја оценувате положбата на Македонците во Република Албанија? Г-дин Фетаху: Положбата на Македонците во Албанија, за жал, останува кревка и нерамноправна, и покрај ветувањата и постоечките закони. Албанската држава, иако формално направи одредени чекори за признавање на малцинствата, во пракса не покажа вистинска волја да им обезбеди на Македонците целосна еднаквост. Сè уште се третираме како граѓани од втор ...
Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кого го зафатило вчерашното големо невреме и го однело на албанска територија. Полицијата веднаш по дојавата реагирала брзо и професионално, го локализирала и спасила. Според соопштението на Дирекција за миграција и граница од Корча, настанот се случил вчера. По добиената информација од капетанијата во Свети Наум, Македонија, дека параглајдерист полетал и како резултат на ...
Премиерот Еди Рама реагираше со објава на социјалните мрежи, најавувајќи го почетокот на операцијата за рушење на дивоградбите на крајбрежјето, почнувајќи од областа Р’тот Родон (Kepi e Rodonit) во Општина Драч. Нагласува дека овој процес „не е само привремена акција, туку конкретен чекор во борбата против дивоградбите, која ќе продолжи до елиминирање на овој феномен“. Рма, исто така, најави дека операцијата ќе биде придружена со нови ...
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во северниот кинески пристанишен град Тјанџин, објавија кинеските и руските државни медиуми, на регионален безбедносен самит за кој Кина се надева дека ќе се спротивстави на западното влијание во глобалните прашања. На почетокот од четиридневната посета на соседот и најголем трговски партнер на Русија, Путин беше пречекан со црвен тепих на пистата од високи градски функционери, како што беше ...
Охридското Езеро можеби поминува незабележано од бројни патници, но штом ќе здогледате неговите блескави води на сончев ден или ќе дознаете за неговата историја – езерото е старо речиси два милиони години – веројатно ќе сакате да испланирате патување таму што е можно поскоро, порача неодамна порталот Travel and Leisure за преубавиот Охрид, кого го вброи помеѓу 20-те најубави места во Европа. Од планински села до оддалечени острови, еве 20 од ...
Неодамна, „Матица македонска“ го објави романот „Турчинот шахист“ од истакнатиот српски писател, Александар Шурбатовиќ, во превод на македонски јазик. Станува збор за еден од романите што има привлечено најголемо внимание во целиот регион во последните две-три децении, со голем интерес и на широката читателска публика, и на книжевната критика. Според српската книжевна критика, ова е роман на епохата што покрива широк временски распон од ...
Германија ги повика своите граѓани во Иран итно да ја напуштат земјата и да се воздржат од патувања таму, поради стравувања дека би можеле да станат мета на одмазднички мерки од Техеран. Ова следува по активирањето на механизмот за враќање на санкциите на ОН против Иран поради неговата нуклеарна програма, во што Германија има клучна улога. Германија, заедно со Велика Британија и Франција, вчера го започна 30-дневниот процес за повторно ...
„Сакам да ја повикам ориентацијата на историските наративи или реалноста кон помирување: со толку многу заедничка историја, со овие човечки текови толку измешани, зошто да бидеме толку непријатели? Албанците имаат секаква причина да имаат добрососедски односи со Македонците, нешто што го спонзорираат и нашите западни пријатели. Од историски, но и од сегашни причини. Јадранското Море, преку Коридорот осум, може да биде заедничко море“, вели, ...
Меѓурелигискиот совет на Албанија изрази загриженост за драматичната хуманитарна ситуација во Газа и на Западниот Брег. Во следната изјава потпишана од претставници на петте верски заедници во земјата, се бара итно прекинување на војната и ослободување на сите заложници. МФК, исто така, повикува на прекин на насилството и гарантира заштита на животите на цивилите, особено жените и децата, кои, според нив, се најголемите жртви на овој ...
Во селото Церје, Преспа, Македонците од оваа област, според традицијата негувана со векови, го одбележаа денешниот голем празник Успение на Пресвета Богородица, патрон на селската црква. Иако поголемиот број жители од Церје се иселени, сепак за нив и нивните поколенија важи изреката „каде и да се за овој голем празник во Церје да се“. Секако заедно со нив беа и жители од повеќе села на Преспа. По богослужбата што беше одржана во црквата ...
Денеска во Охрид, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствари работна средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Словенија, предводена од министерот Боштјан Поклукар. На средбата фокусот беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на одличните пријателските врски меѓу двете министерства и полиции во борбата против организираниот криминал, ситуацијата со илегалната миграција, ...
На 30 август, Битола ќе ја исправи својата историска должност и ќе му подари споменик на Александар Турунџев – комитата чија борба и жртва останаа трајно врежани во колективната меморија. Церемонијата ќе започне со поворка од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, преку Плоштадот Магнолија и Мостот кај Безистенот, сè до местото каде ќе биде откриен споменикот. Настанот, според организаторите, нема да биде само оддавање почит на минатото, туку и завет за ...
По повод на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Република Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот. Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, и во името на македонско национално малциство во Република Албанија, Вам ...
Успението на Пресвета Богородица беше прославено со радост во селото Штeрмен со присуство на митрополитот на Елбасан, Шпат и Либражд, Неговото Блаженство Андони. Стотици верници ја исполнија црквата Света Марија, која се наоѓа на ридот на селото, која беше обновена од самите верници под грижа на локалниот свештеник, отец Петрос. Во близина на оваа црква, верниците поставија и крст кој свети низ темнината, со што ја исполнија желбата на ...
Православната црква денеска го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае нејзиниот лик го осветлува и овој празник, на кој ...
Министерот за надворешни работи на Данска, Ларс Локе Расмусен, го повика највисокиот американски дипломат во Копенхаген, откако државната телевизија „DR“ објави извештај дека американски државјани спроведувале тајни операции во Гренланд, пишува Би-би-си. Според телевизијата „DR“, целта на операциите била инфилтрација во гренландското општество и промовирање на негово отцепување од Данска и приклучување кон САД. Иако извештајот не открива за ...
Меѓу најзначајните изданија од областа на славистиката, на Меѓународниот славистички конгрес што се одржува на Универзитетот во Сорбона, во Париз, Франција е и колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ – првата национална монографија посветена на поетиката и стилистиката во јужнословенските земји, во издание на Комисијата за стилистика на Меѓународниот славистички комитет и Институтот за славистика на Универзитетот „Карл ...
Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за влијателниот политички магазин Politico. Говорејќи за процесот на европска интеграција, министерот истакна дека државата во моментов не е подготвена да ги направи уставните измени што ги бара Бугарија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската Унија дека тоа ќе биде последното вакво барање. „Нашиот страв е: ...
Во организација на Македонскиот клуб „Илинден“ од Лацен, Хановер, распродадени се сите карти во гостинскиот блок за натпреварот помеѓу РК Алкалоид и Хановер Бургдорф, кој ќе се игра на 31 август во Хановер. Вкупно се продадени 250 карти на македонци од регионот, што говори за огромниот интерес и поддршка од македонската заедница во Хановер. Натпреварот е дел од квалификациите за пласман во групната фаза на ЕХФ Европската лига. Дуелот со ...
И покрај масовните оставки на заменик-градоначалниците и раководителите на административните единици во сите општини во земјата, во Корча се назначени нови администратори. Поделба по единици: Во административната единица Лекаш е назначен Панајот Хисени. Во административната единица Воскопоје, Кодел Зере. Во административната единица Дреново, назначен е Димитри Постол. Во административната единица Воскоп, Ерион Демираси. Во административната ...
Димал Баша, пратеник од Движењето Самоопределување, денеска е избран за нов претседател на Собранието на Косово. Изборот се случи на 58. продолжение на конститутивната седница, со 73 гласа „за“, 30 „против“ и тројца воздржани, по повеќе од четири месеци институционална криза и неколку неуспешни обиди за избор на собраниски спикер. На почетокот на седницата, претседавачот констатираше присуство на 115 пратеници, што обезбеди кворум за работа. ...
Мајка Тереза, еден од најзначајните ликови на XX век додека беше жива ја почитуваа многу луѓе ширум светот, од обични луѓе до лидери на водечките светски сили, државници, славни личности, хуманитарци, а најмногу оние кои веруваа дека може да се помогне да се победи бедата, гладта, сиромаштијата и болеста. Особено се цени нејзината идеја за основање на католичката заедница „Мисионерки на љубовта“ во Калкута со над 5 илјади сестри вклучени во ...
Мисајловски порача дека во време на сериозни геополитички промени и нестабилност, сигурен и безбеден регион е од приоритетно значење за нас, додавајќи дека земјата ќе продолжи да биде столб на безбедноста на Балканот. Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска се сретна со командантот на НАТО мисијата на Косово, КФОР, генерал-мајор Енрико Бардуани со кого разговараше за значајната улога на оваа мисија во зацврстувањето на безбедноста и ...
На 17 август, физички си замина академик Сретен Перовиќ (1932-2025), истакнатиот црногорски писател што беше наш, македонски пријател и современик, потврден македонист, повеќедецениски промотор на високите вредности на македонската книжевност. Во изминативе децении творечка активност, тој од македонската поезија има препеано над 50 000 стихови на српски и црногорски јазик. Тоа е импозантна бројка, зад која, по правило, би требало да стои ...
Мајка Тереза, еден од најзначајните ликови на XX век додека беше жива ја почитуваа многу луѓе ширум светот, од обични луѓе до лидери на водечките светски сили, државници, славни личности, хуманитарци, а најмногу оние кои веруваа дека може да се помогне да се победи бедата, гладта, сиромаштијата и болеста. Особено се цени нејзината идеја за основање на католичката заедница „Мисионерки на љубовта“ во Калкута со над 5 илјади сестри вклучени во ...
Десетици противпожарни екипи се на местото на настанот, додека полицијата го затвори пристаништето, објави „Билд“. Магацинот што гори се наоѓа на улицата Мигенбургер во хамбуршкиот округ Ведел. Густ црн чад зафати неколку соседни компании. Противпожарната служба испрати неколку противпожарни возила, но поради експлодирачки боци со гас и летачки остатоци, тие наводно сè уште не стигнале до изворот на пожарот. Според извештаите, погодено е и ...
Новинарите во Албанија се сè повеќе изложени на долгорочна состојба на стрес поради зголемениот притисок и недостатокот на сигурност на работното место, додека пак недостасуваат механизми за поддршка – се истакнува во студијата. Новинарството може да биде многу стресна професија, а ова не е нова вест. Сепак, растечките предизвици на медиумската индустрија во Албанија сè повеќе ги изложуваат новинарите на долгорочна состојба на стрес поврзан ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека економијата на неговата земја е во „структурна криза“, а не само во фаза на привремена „слабост“, признавајќи дека враќањето на стабилен економски пат е потешко отколку што очекувал. Зборувајќи во саботата пред членовите на неговата Демохристијанска унија (CDU) во Оснабрик, матичната држава на автомобилскиот гигант Фолксваген, Мерц нагласи дека предизвикот со кој се соочува Германија е посериозен ...