Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ја започна посетата на Брисел со серија политички и економски состаноци, фокусирани на унапредувањето на инфраструктурните проекти и европските транспортни коридори. На средбата со тинк-тенкот „Пријатели на Европа“ се разговараше за актуелните политички и економски состојби во Европа и регионот. Николоски денеска учествува на „Самитот ЕУ–Западен Балкан 2025“, а утре ќе биде дел од ...

Ова е 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој се одржува под слоганот „Визија што гради држава, за генерација што доаѓа“. Претседателот на партијата вели дека овој конгрес ќе биде најмасовен досега, со преку 850 делегати и преку 1 700 гости. На конгресот, обраќања ќе имаат и претставници од сестрински партии. Премиерот Мицкоски најави дека на партискиот конгрес во сабота, што ќе се одржи во Кавадарци, ќе биде усвоен конгресен документ „Стратегија – ...

Ја споделувам радоста што ете доживеавме да го испечатиме јубилејното 70.издание на весникот, кој и понатаму буди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Се надевам дека ќе продолжиме со несмален интензитет да информираме со истата сериозност и пристап во објавувањето на темите, а се од интересен за македонското национално малцинство во ...

Во периодот 2022-2025 година Србија не ја подобрила значително употребата на малцинските јазици во јавниот живот, и покрај формалните можности што ги даваат законите, се нагласува во извештајот за евалуација на експертите на Советот на Европа кои се занимаваат со прашањето за положбата на националните малцинства во земјите-членки. Во областа на образованието, ситуацијата останува непроменета: буњевачкиот, чешкиот, германскиот, македонскиот, ...

ФУЕН ја усвои резолуцијата на Македонците во Албанија – порака до Европа за заштита на малцинствата Резолуцијата поднесена од македонското друштво „Илинден“-Тирана беше едногласно усвоена на генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), одржано на 69-от конгрес во Болзано, Италија. Резолуцијата не е само декларативен акт – таа е официјален документ усвоен од најголемата европска организација за национални ...

Вметнувањето на Бугарите во македонскиот устав без реципрочно признавање на македонско малцинство во Бугарија, за што декларативно досега се залагала Македонија, би значело откажување од барањата за правата на Македонците во Бугарија. Ова е ставот на ОМО „Илинден“ за барањето од страна на Бугарија и ЕУ до Македонија за извршување уставни измени за да ги почне преговорите за членство во ЕУ Македонците во Бугарија уште еднаш би се ...

Партијата “Единствена горанска партија” денеска одржа седница на главниот одбор, каде што започнаа интензивните подготовки за предвремените парламентарни избори во Република Косово. На состанокот беа дефинирани клучните приоритети, стратешките цели и насоките што ќе обезбедат гласот на облста Гора да биде претставен силно, јасно и достоинствено. Партијата “Единствена горанска партија”останува доследна на својата мисија да ги заштити ...

Надзорниот совет на Народната банката на Албанија одлучи да даде прелиминарно одобрение за лиценцирање на банката „JET Bank“ (Фаза I), за вршење банкарски и финансиски активности во Република Албанија. ЈЕТ Банк има за цел да биде првата банка во Албанија што работи на целосно дигитален начин, комбинирајќи напредна технологија со едноставен, безбеден и модел ориентиран кон клиентите. Нејзината мисија е да воведе нов модел на финансиски ...

Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска потпиша Решение за изучување на македонски јазик и култура по модел Ц во најголемото подрачното основно училиште „Стрмец“, во градот Св. Недела. Ова го соопшти Желка Ненадиќ, претставничка од Управата за национални малцинства при Министерството за наука, образование и млади на манифестацијата „Македонскиот јазикот е нашиот идентитет“, проект поддржан и одобрен од страна на ...

Европската Унија и Канада синоќа постигнаа договор за учество на Отава во инструментот на ЕУ за инвестиции во одбраната Безбедносна акција за Европа (САФЕ), вреден 150 милијарди евра. Постигнувањето на договорот со заедничка изјава го поздравија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и канадскиот премиер Марк Керни, кои оценија дека тој се темели на заедничката посветеност на одбранбена соработка, како што е утврдено со ...

Поранешната потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, е меѓу уапсените во аферата со ЕЕАС и Колеџот на Европа, како и Стефано Санино, поранешен генерален секретар на ЕЕАС, сега директор на Генералниот директорат на Комисијата за Блискиот Исток, Северна Африка и Заливот, објави белгискиот весник Le Soir на својот портал. Федерика Могерини беше потпретседателка на ЕК и висока претставничка за надворешна политика и безбедност ...

Амбасадата на САД во Тирана објави овој понеделник дека вршителката на должноста заменик-шеф на мисијата, Кетрин Хамонд, минатиот месец доставила напредна опрема за мрежна безбедност на Националниот орган за сајбер безбедност. Овој потег доаѓа во време кога дигиталните закани брзо се зголемуваат, а сајбер одбраната се смета за суштински дел од националната и регионалната безбедност. „Минатиот месец, вршителката на должноста заменик-шеф на ...

Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности а поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, доставена е до сите албански и меѓународни институции, а заради запознавање и до македонските. Ова за mакедонски весник “Илинден” го потврди Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, додавајќи дека очекува албанските институции да преземат соодветни активности а посебно внимание да посветат и меѓународните институции. Со ...

Бројот на жртви во поплавите и лизгањата на земјиштето по монсунските дождови на индонезискиот остров Суматра се искачи на 303, соопшти денеска Агенцијата за ублажување на последиците од катастрофи во таа држава. Некои области на островот се речиси целосно блокирани поради оштетени патишта и прекинати комуникациски линии. Авионите за спасувачки операции доставуваат помош и залихи во тешко погодениот округ Централен Тапанули во покраината ...

Минатата година, за над 80 проценти од слободните работни места вбо Албанија, објавени од Националната агенција за вработување, се барало основно образование, објави албанското економско списание „Монитор“. Официјалните податоци, потврдуваат дека во периодот јануари-декември 2024 година, албанската Национална агенција за вработување објавила 61.624 слободни работни места, што е за еден процент повеќе отколку во истиот период од претходната ...

Од 7 април 1939 година до 29 ноември 1944 година, Албанија беше окупирана од фашистичка Италија, а по нејзината капитулација, есента 1943 година, Албанија беше окупирана од германските нацисти. На крајот на ноември 1944 година, по ослободувањето на Тирана на 17 ноември и главниот дел на Северна Албанија, градот Скадар и неговиот округ останале да бидат ослободени. Скадар бил последниот град во Албанија каде биле собрани околу 3000-4000 ...

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената политичка партија на Македонците во Албанија упати честитка до сите албански граѓани по повод 28 Ноември – Денот на независноста и 29 ноември – Денот на ослободувањето на Албанија. “За нас, како македонска заедница во Албанија и како политичка сила која го претставува нејзиниот глас, овие празници претставуваат можност повторно да ја потврдиме нашата заедничка верба во ...

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Кремљ во Москва заврши по речиси четири часа разговори, објавија руските медиуми. Путин и Орбан разговараа за ситуацијата во Украина и билатералните односи на средбата во Москва денес. Путин рече дека американскиот претседател Доналд Трамп предложил одржување разговори меѓу Русија и САД во Унгарија, објавија руските медиуми. „Тој веднаш рече: „Имаме добри ...

Денеска, 28 ноември, Денот на независноста на Република Албанија, Албанците ширум светот го одбележуваат датум кој во национална историја има длабоко симболично и државотворно значење. Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава. Знамето, како национален симбол, ...

Градењето доверба и социјална кохезија е од суштинско значење за мирен соживот, особено во општествата каде што малцинските групи долго време се маргинализирани. Албанија е земја со богата културна разновидност, а македонското малцинство е составен дел од оваа разновидност со векови, рече Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во обраќањето на вториот ден од Форумот за малцинствата при Обединетите ...

Фото: Васил Стерјовски Претставници на Македонците од Албанија и Бугарија учествуваат на Форумот за малцински прашања при Обединетите Нации во Женева, Швајцарија. Вчера, претседателот на единствената политичка партија на Македонците во Албанија Македонска алијанса за европска интеграција, м-р Васил Стерјовски и претседателот на единствената политичка партија на Македонците во Бугарија, ОМО “Илинден”-Пирин проф.д-р Стојко Стојков, заедно со ...

Специјалната парламентарна комисија за административно-територијална реформа се состана во Собранието. Ова е втор состанок на комисијата, бидејќи првата се одржа пред околу еден месец, но беше бојкотирана од Демократската партија. На состанокот присуствуваат и членови на опозицијата, заедно со копретседателот Лучијано Бочи, кој даде ироничен коментар за ситуацијата: „По неколку години, ќе се сретнеме повторно, за да ја реформираме реформата ...

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство и рурален развој на Албанија тесно соработуваат за зајакнување на капацитетот на земјата за ефикасно спроведување на европската мерка LEADER во рамките на инструментот за претпристапна помош за рурален развој (IPARD III). Преку насочена техничка помош, ФАО ги поддржува националните институции и локалните акциони групи (ЛАГ) во усвојувањето на ...

Пукањето врз припадници на Националната гарда е терористички напад, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Министерството за внатрешна безбедност вели дека напаѓачот пристигнал во САД од Авганистан во 2021 година, рече шефот на државата. „САД треба повторно да ги проверат сите странци кои влегле во САД од Авганистан за време на поранешниот претседател Џо Бајден“, нагласи Трамп. Претседателот рече дека наредил распоредување на уште ...

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, денеска во Женева учествуваше на Форумот за малцинствата при Обединетите нации, со која претседаваше Николас, специјален известувач на ОН за малцински прашања. Во Обединетите Нации, се слушна гласот на Македонците од Албанија со гордост и непоколебливост. За мене, го кажав тоа и пред учесниците, беше посебна чест да ...

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, денеска во Женева учествуваше на Форумот за малцинствата при Обединетите нации, со која претседаваше Николас, специјален известувач на ОН за малцински прашања. Во Обединетите Нации, се слушна гласот на Македонците од Албанија со гордост и непоколебливост. За мене, го кажав тоа и пред учесниците, беше посебна чест да ...

Границата што некогаш ги делеше семејствата стана место за состаноци, а тишината околу правата на малцинствата во Европа мора да се скрши. Ова беа силните пораки на 28-от Семинар на словенски малцинства во Европа (AGSM), одржан од 20 до 23 ноември 2025 година во прекуграничните градови-близнаци Горица (Италија) и Нова Горица (Словенија). Организиран од Федералната унија на европски националности (ФУЕН) во соработка со локалните словенечки ...

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на 28-тиот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН, што се одржa од 20 до 23 ноември 2025 година во Горица, Италија, најголемиот собир на словенските малцинства во Европа. На семинарот присуствува 33 различни малцинства од 11 земји од организации членки на работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) при ФУЕН од ...

Познатиот пејач на поп-музиката, Шпат Касапи, почина денеска рано наутро по срцев удар. Артистот не успеал да го преживее инфарктот, иако претходно немал други здравствени проблеми. Шпат Касапи беше едно од најомилените имиња на албанската музичка сцена. Роден на 1 мај 1985 година во Тетово, тој пораснал во семејство со музичка традиција, која силно влијаела врз неговото уметничко оформување. Кариерата ја започна на почетокот на 2000-тите и ...

Денес во свечената сала на Владата, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, го претстави предлог-текстот на новата „Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030“, како петгодишен план за развој на соработката со претставниците од дијаспората, иселениците и припадниците на македонското национално малцинство. „Денес не претставуваме само документ. Денес ја претставуваме нашата обврска, нашата ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
65%
1026
weather icon

Загреб

13ᴼ / 8ᴼ
2.06
57%
1025
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
61%
1026
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.58
72%
1027
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
0.78
64%
1026
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
1.79
66%
1025
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
62%
1025
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 8ᴼ
0.45
54%
1026
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
50%
1027
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Сребро

2648.90

Платина

67998.83

Бакар

11.75

Рутениум

45750.51

Родиум

368126.05

Паладиум

51794.85

Злато

163613.54

Иридиум

229769.28

Калај

50.04

Цинк

3.27

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.29