Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес го потпиша колективниот договор за вработените во Министерството за јавна администрација, со што се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените и зајакнување на социјалниот дијалог во институцијата. Со Колективниот договор се предвидува зголемување на платите на административните службеници, кое ќе се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 ...
Весникот вчера цитира американски официјални лица, кои рекле дека Трамп моментно проценува колку тоа би било опасно за копнените трупи потребни за операцијата, пренесе ДПА. Трамп генерално е отворен за идејата, објави весникот бидејќи таквата воена операција би можела да помогне во постигнувањето на неговата централна зацртана цел - спречување Иран некогаш да произведе нуклеарно оружје. Сепак, тоа би била сложена и ризична мисија, која ...
Резервниот баталјон, кој се состои од стотици резервисти, кои служеле во ултраортодоксниот баталјон Неца Јехуда, ќе биде веднаш повлечен од Западниот Брег и префрлен на обука до понатамошно известување. „Баталјонот ќе помине низ процес насочен кон зајакнување на неговите професионални и етички темели“, соопшти армијата на „Телеграм“ денеска. Екипа на Си-ен-ен ги документирала последиците од нападот на израелските доселеници и ...
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, уште во четвртокот изјави дека Израелските одбранбени сили го ликвидирале Тангсири, „лицето директно одговорно за терористички операции со поставување мини и блокада на Ормуската Теснмина за поморски сообраќај“. Кац уште посочи дека нападот бил „порака“ до Иранската револуционерна гарда дека Израелските одбранбени сили ќе ги „следат и елиминират“ еден по еден. Според израелски официјални лица, ...
Џоли ги изненади присутните на модниот настан во кинеската метропола избирајќи малку посмел изглед на шминка во споредба со нејзиниот препознатлив, минималистички стил. Американската актерка имаше светлоцрвен кармин, како централен детаљ на нејзиниот изглед, а остатокот од шминката остана суптилен и елегантен. Тоа го надополнуваше свилениот бел фустан со набори, длабоко деколте и нагласени раменици, со што, се вели, глумицата го задржа ...
Бродот чека на истовар во пристаништето Мансас. САД дозволија рускиот танкер за нафта да се приближи до Куба, а на крајбрежната стража на САД не ѝ беше наредено да го пресретне бродот, иако има бродови во регионот способни за таква операција. Со ова се избегна можна директна конфронтација со Русија во близина на американскиот брег. Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „нема проблем“ со рускиот танкер за нафта крај брегот ...
Летот на „Ер Чајна“ беше пречекан од кинескиот амбасадор во Северна Кореја, Ванг Јаџун, и други дипломати, објавија кинеските државни медиуми. Патничкиот железнички сообраќај меѓу Кина и Северна Кореја беше обновен по паузата на 12 март. Воздушниот и железничкиот сообраќај на Кина со Северна Кореја беше суспендиран од 2020 година, почетокот на пандемијата на коронавирусот. Севернокорејската авиокомпанија „Ер Корјо“ ги обнови летовите меѓу ...
„Без разлика дали луѓето го сакаат Трамп или не, јас решив осум војни. Големи. Некои траеја 36 години, 32 години, 31 година, 28 години, 25 години. Некои сè уште не започнаа, како Индија и Пакистан. Осум авиони веќе беа соборени. И го решив тоа многу брзо, без нуклеарно оружје“, рече Трамп. „Не можам да се сетам на некој во историјата кој треба да ја добие Нобеловата награда повеќе од мене. Не сакам да се фалам, но никој друг не ги спречи ...
Властите тврдат дека тие биле „елементи на терористичката група лицемери“, а според активистите за човекови права, тие беа политички затвореници, држени во самица, подложени на тортура, а немаа пристап до адвокат. Народните муџахедини е формирана во 1981 година за соборување на режимот во Иран. Организацијата е многу контроверзна и во голема мера е отфрлена од опозициските личности и во и надвор од Иран. Во Иран од почетокот на војната ...
Предвидено е Ал Шара да се сретне и со германскиот канцелар Фридрих Мерц, со кој ќе разговара за враќање на сириските бегалци во татковината и за реконструкција на Сирија по долгогодишната граѓанска војна. - Наш интерес е да ја видиме Сирија обновена како стабилна и просперитетна нација, вклучително и со помош на многу, многу Сиријци, кои дојдоа тука во Германија и во Европа за време на граѓанската војна и најдоа засолниште тука - рече ...
На кардиналот вчера му беше забранет пристап и држење на миса по повод празникот Цветници. Според Нетанјаху, Пикабала, кој е поглавар на католичката црква во Светата земја, бил замолен да не влегува во црквата поради негова безбедност. Голем број западни држави реагираа откако на Пикабала не му беше дозволен влез во црквата. Кардиналот Пикабала и свештеникот Франческо Иелпо беа запрени пред Црквата Свети гроб вчера кога имаа намера да одржат ...
Министерството за образование и нака објави Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2026/2027 година, во кои на учениците од средното образование ќе им биде обезбедено сместување и исхрана. Според конкурсот на МОН, во 17 ученички домови (од кои пет се во Скопје) има речиси 2400 слободни места за сместување средношколци. Учениците што ќе се пријават на конкурсот треба да пополнат електронска ...
Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го прекина дисциплинскиот предмет против поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, бидејќи тој претходно поднел барање за престанок на функцијата. Во изјава за медиуми по седницата, претседателот на СЈОРМ, Башким ...
Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската вршителка на должноста амбасадор Данае Џолакија утринава е повикана од руското Министерство за надворешни работи, пренесува ДПА. Ова е втор британски дипломат оваа година што е протеран од Русија поради обвинувања за ...
Грамофончињата што се отвораат наутро и цвеќињата што испуштаат мирис во текот на ноќта изгледа како да знаат колку е часот. Научниците од корејскиот институт за напредни науки и технологии (КАИСТ) го откриле на молекуларно ниво механизмот на дејствување на „биолошкиот часовник“, усогласен со однесувањето на инсектите. Ваквото истражување, објавено во списанието „Д Плант сел“ („The Plant Cell“), нуди потенцијални примени на технологиите за ...
Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие ...
Според Би-Би-Си, Шон Дајч прифатил да седне на кормилото во екипата на Тотенхем, но побарал договор со важност од најмалку 18 месеци. Тотенхем е во криза, а сега клубот бара и тренер по отпуштањето на Игор Тудор. Би-Би-Си последователно објави дека Спарс имаат на нишан двајца кандидати. Во неделата вечерта беше објавено дека англискиот клуб го контактирал Роберто Де Зерби во обид да го ангажира веднаш, а во исто време, клубот разоварал и со ...
Соединетите Американски Држави ги предупредија своите граѓани синоќа веднаш да го напуштат Ирак поради зголемените безбедносни ризици, вклучително и можни напади од страна на Иран и проирански милитантни групи врз цели поврзани со САД, вклучувајќи ги и американските универзитети во Багдад и на други места во земјата. Според соопштението од Амбасадата на САД во Ирак, проиранските групи веќе извршиле многубројни напади врз американски граѓани ...
Советот на јавните обвинители на денешната седница едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска, која тврдеше дека врз нејзината самостојност имало надворешни влијанија и притисоци, особено поради нејзиното постапување во предмети против ВМРО-ДПМНЕ. Во иницијативата Ристоска навела дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и објави на ...
Британската министерка за финансии Рејчел Ривс ќе ги повика земјите од Групата Г-7 да го забрзаат процесот на премин кон употреба на чиста енергија, како мерка за одбрана на националните економии од шоковите предизвикани од растот на цените на нафтата и гасот. Според британското Министерство за финансии, Ривс ќе укаже дека растот на цените на енергенсите оди во прилог на Русија и оти намалувањето на зависноста од фосилни горива го ограничува ...
Некогашната ѕвезда на англиската фудбалска репрезентација, Џермејн Дефо, седнува на клупата на англискиот петтолигаш, Вокинг. Клубот синоќа го објави назначувањето на поранешниот напаѓач на „Гордиот Албион“ за нов главен тренер на клубот. Клубот е на 11-то место во 5-та лига на Англија. „Вокинг е историски клуб со огромен потенцијал и возбуден сум што сум дел од овој возбудлив проект. Едвај чекам да започнам“, изјавил Дефо. Дефо претходно ...
Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е ...
Според соопштението, дроновите биле пресретнати над Белгородската, Курската, Воронешката, Ростовската, Волгоградската, Пензенската, Уљановската и Самарската област, пренесе РИА Новости. Се наведува дека украински беспилотни летала биле соборени и над Краснодарскиот крај, како и над Азовското Море и Крим. Според соопштението, дроновите биле пресретнати над Белгородската, Курската, Воронешката, Ростовската, Волгоградската, Пензенската, ...
Возило-пресретнувач на МВР измери брзина од 178 километри на час на експресниот пат Штип–Радовиш. Возач од Радовиш бил санкциониран затоа што возел далеку над дозволените 110 км на час надвор од населено место, информираше Министерството за внатрешини работи. „Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди“, предупредуваат од МВР. Контролата се случила во 18:55 часот на ...
Еден човек почина во саботата откако падна од ложа на новореновираниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. Несреќата се случила непосредно пред меѓународниот натпревар меѓу Мексико и Португалија. Натпреварот служеше како тест за новиот стадион кој ќе се користи за отворањето на Светското првенство ова лето во Мексико, Канада и САД, а беше завршен само неколку часа пред да се одигра натпреварот. Властите соопштија дека мажот бил пијан. Тој ...
Обновениот конфликт во пограничната област на двете земји се случи во време кога во Пакистан се одржа состанок на делегации на регионални сили, на кој се разговараше за деескалација на војната во Иран и Блискиот Исток, со најава дека Исламабад може да биде домаќин на разговори меѓу САД и Иран како посредник. Пакистанските безбедносни претставници изјавија дека земјата реагира само на силното гранатирање од Авганистан и дека немало цивилни ...
Унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања ќе бидат тема на разговор на денешната средба што во Будимпешта ќе ја има премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Мицкоски, кој денеска заедно со владина делегација престојува во политичко-економска посета на Унгарија, по средбата со Орбан, ќе има обраќање на бизнис-форумот во Будимпешта со наслов Ден на ...
Доказ за тоа дека блискоста на Зоран Заев и Венко Филипче и ден денес се негува е новиот директор на фирмата „Сара Инженеринг ДОО Струмица“, која е блиска до семејството Заеви. Членот на новиот Централен одбор на СДСМ Стојан Коциров, кој воедно е и поранешен претседател на младите во Струмица на СДСМ, е нов директор на оваа струмичка фирма, тврди ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Станува збор за фирма со која до пред само некоја година управувал ...
Северноамериканската командата за воздушна одбрана (НОРАД) соопшти дека авионот бил пресретнат од ловци„ Ф-16“. Тие испукале сигнални ракети за да го привлечат вниманието на пилотот и да воспостават комуникација, по што леталото безбедно било изведено надвор од забранетиот воздушен простор. Во армиското сопштение не се посочува колку авиони биле вклучени во интервенцијата, ниту каков тип бил цивилниот авион. Просторот над имотот „Мар-а-Лаго“ ...
Започна судењето против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса. Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, познат по постапувањето во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Според наводите на Основно јавно обвинителство, обвинетиот подолг временски период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа, како што се наведува, била тепана, ...