Кога има барање од рaботниците и кога има високи стапки на инфлација, треба да се доносе политичка одлука за зголемување на минималната плата за да им се обезбеди достоинствен живот, порача потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска во интервју во „Тема на денот” на телевизија Сител. Тренчевска потенцираше дека ваквата интервенција, односно зголемувањето на минималната плата на 600 евра, за што СДСМ во Собранието поднесе ...

Конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ на германскиот канцелар Фридрих Мерц првпат по неколку месеци се изедначи со крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), покажува најновата анкета на институтот ИНСА. Според истражувањето спроведено за весникот „Билд“, доколку изборите се одржат оваа недела, по 26 проценти од гласачите би ја поддржале ЦДУ/ЦСУ и АфД. АфД со недели ја одржува оваа поддршка, додека ЦДУ/ЦСУ последен пат биле изедначени со ...

Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, најави дека ќе предложи „општ закон за амнестија“ кој би опфатил политички затвореници уапсени од 1999 година наваму, односно во периодот на владеењето на Уго Чавез и Николас Мадуро. Предлогот беше соопштен за време на церемонијата за отворање на новата судска година пред Врховниот суд, а законот веќе е подготвен за брзо гласање во Националното собрание. Со амнестијата би ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина претставува сериозен ризик за Унгарија, посочувајќи дека европските земји, за разлика од САД, решиле да ја поддржат војната и да ѝ обезбедат целосна помош на Украина. Орбан предупреди дека порано или подоцна може да дојде до испраќање војници во Украина, наведувајќи дека веќе постојат договори меѓу Франција и Велика Британија. Според него, доколку тоа се случи, војници би можеле ...

На 30.01.2026 година околу 16:00 часот, во СВР Скопје била пријавена несреќа со тешки последици во кругот на објект во изградба во Ѓорче Петров. Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал 51-годишниот Д.З. од Скопје, кој се наоѓал покрај оградата зад возилото. Тој бил удрен од возилото и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од полицијата ...

Државниот имунолошки институт „Роберт Кох“ соопшти дека речиси секој втор граѓанин на Германија ќе заболи од рак во текот на својот живот. Според податоците, кај 49% од мажите и 46% од жените се дијагностицира рак, додека секоја шеста жена и секој седми маж заболуваат пред 65-та година. Најчести се случаи на рак на простата, рак на дојка, рак на бели дробови и рак на дебело црево. Во 2023 година беа регистрирани околу половина милион нови ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на дневникот на МТВ посочи дека целта на системот ,,Безбеден град” е да спаси човечки живот. „Во изминатиот период имаше огромен број на забелешки затоа што во првичниот период немаше толеранцијата во рамки на опоменувањето на граѓаните и воведовме толеранција која што беше важечка во рамки на важечка легислатива од 6 км/ч кога управувате мотторно возило до 100, а над 100 тогаш ...

Преговарачот на Кремљ, Кирил Дмитриев, се врати во Соединетите Американски Држави во пресрет на новата рунда мировни разговори меѓу Украина и Русија, закажани за недела во Абу Даби. Кирил Дмитриев преговарачот на Кремљ, се врати во САД во пресрет на новиот круг на мировни разговори меѓу Украина и Русија закажани за утре во Абу Даби. „Повторно во Мајами“, напиша Дмитриев денеска на Инстаграм, завршувајќи ја објавата со емотикон гулаб како ...

Македонската ракометна репрезентација за пласман на Светското првенство 2027 во Германија во баражот од третата фаза ќе игра со победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка што се игра во март годинава. Кирил Лазаров повика на внимателност и сериозен пристап, без разлика кој ќе биде противник. – Треба да бидеме задоволни од извлекувањето. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на добар пат ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да изгради триумфална порта во Вашингтон висока 76 метри, што би била значително поголема од Меморијалот на Линколн и од Триумфалната порта во Париз, јави „Вашингтон пост“. Портата, наречена „Порта на независноста“, би се наоѓала блиску до Спомен-мостот над Потомак и е дел од поширокиот проект за ново Источно крило на Белата куќа со сала за бал. Предлогот предизвика реакции од архитектонската ...

Некои луѓе побрзо реагираат на стрес и фрустрација, а според астрологијата, одредени хороскопски знаци се посклони кон ненадејни промени во расположението и импулсивни реакции. Иако нивните емоции честопати брзо поминуваат, тие можат да делуваат нервозно или напнато за околните. Овен Овните се познати по брзите реакции и силниот темперамент. Кога нешто не оди по план, фрустрацијата лесно прераснува во лутина. Иако брзо се смируваат, ...

Најмалку 32 лица загинаа во серија израелски воздушни напади врз Појасот Газа, соопшти палестинската агенција за цивилна заштита. Во нападот врз полициската станица во округот Шеик Радван на северот на Газа загинале 14 лица, додека уште седум цивили биле убиени на југот во шатор за раселени лица. Палестинските власти ги оценија нападите како најтешки од стапувањето во сила на втората фаза на примирјето од октомври минатата година, ...

Вечерата треба да биде лесен и хранлив оброк кој ќе обезбеди протеини, влакна и важни витамини без да го оптовари дигестивниот систем пред спиење. Пет намирници нутриционистите ги препорачуваат за здрав и заситувачки вечерен оброк. Јајцата се богати со висококвалитетни протеини и хранливи материи како витамин Д, Б-витамини и холин. Можат да се варени, поширани или како омлет со зеленчук, обезбедувајќи чувство на ситост без тежина за варење. ...

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ЈП „Македонијапат“ информира дека врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, но во моментов не се пречка за сообраќајот и оти сите патни правци во државата се проодни. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги ...

Седумдесет и петгодишен маж беше пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, соопшти МВР. Според пријавата, неговиот роднина го нашол телото во куќата на братучедот. На местото на настанот извршен е увид од јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција. Телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта. Седумдесет и петгодишен маж беше пронајден починат во шахта за водовод во ...

Блокирани патници на жичница во Турција Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, близу Бурса, блокира 51 лице денеска околу 11 часот. Десетици патници останале заглавени во кабините неколку метри над земјата. На терен интервенирале 96 спасувачи, пожарникари и медицински екипи, а сите патници биле безбедно евакуирани. Надлежните започнаа истрага за дефектот на жичницата, која е отворена во 1963 година и обновена во 2015 година. ...

Европската ракометна федерација направи пропуст при извлекувањето на двојката во баражот за Светското првенство во Германија 2027, каде што македонскиот национален тим треба да се соочи со победникот од дуелот Украина – Словачка. Според правилата, прво се влече „топче“ од „шешир носители“, а потоа од „шешир неносители“, и двете се ставаат во сад, при што првото извадено топче треба да биде домаќин на првиот натпревар. Овој редослед не беше ...

Новинарката Љиридона Вејсели се жали на Апелациски суд на пресудата со која е казнета со 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, бидејќи во новински текст објавила име на судија од Основниот суд во Тетово. -Ова е срамен преседан. Бев казнета само затоа што при професионално и јавно известување го спомнав името и презимето на судијата Назиф Иљази, носител на јавна функција, кој донел одлука за пуштање лице од притвор. Ова не ...

Поради проблеми со електропреносната мрежа со Украина, Молдавија нема електрична енергија. Главниот град Кишињев остана без струја. Пречките во украинската мрежа довеле до пад на напонот на една од линиите што ја снабдуваат Молдавија. Градоначалникот на Кишињев, Јон Чебан, информираше дека поголемиот дел од населбите во престолнината се без напојување, а властите додадоа дека не работат ниту семафорите. Истовремено, во делови на Украина се ...

Додека во државата топ тема се протестите за повисоки плати, дел од функционерите од власта живеат во раскош и луксуз. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски објави фотографија каде е присутен на 50ти роденден на пратеникот Антонио Милошоски кој својата забава ја организирал во елитниот ресторан Панорамика. На социјални мрежи фотографијата е споделувана со бројни негативни и критички коментари. Не ви треба поголем минималец за 100евра ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, следната недела ќе го пополни анкетниот лист за имотната состојба и ќе ја плати казната, откако не го пријавил имотот во рокот предвиден од Антикорупциската комисија. Ѓорѓиевски признава грешка и објаснува дека бил презафатен со обврски. Законскиот рок за поднесување на анкетен лист е 30 дена од изборот, а тој е избран пред повеќе од два месеца. „Анкетниот лист бидејќи електронски се пополнува, ...

„Мораме сите заедно да соработуваме во рамки на Економско-социјалниот совет за да ги решаваме прашањата кои се во насока на подобрување на економијата и животниот стандард на сите граѓани“, кажа заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески на денешното гостување на емисијата „Стадион“ на радио Канал 77. – Ние како влада и министерство за економија и труд спроведување голем број на мерки и активности за подобрување на животниот ...

Зелената партија ДОМ предлага воведување на моделот „Зелен Урбан Трансфер” – стратешко решение кое овозможува дислокација на цементарницата без никакви трошоци за државниот буџет. Досегашните тврдења дека дислокацијата е „невозможна мисија” се должат на застарени економски модели. Светот веќе одамна ги трансформира тешките индустриски капацитети во нови, еколошки градски четврти преку самофинансирачки механизми. 1. Моделот: „Вредност на ...

Увозот на овци и кози од Северна Македонија е забранет, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. Забраната е поради потврдено присуство на сипаници кај овци и кози во регионот Липково. Во соопштението се наведува дека оваа мерка стапува на сила веднаш и ќе остане во сила до понатамошна проценка на ситуацијата од страна на надлежните меѓународни органи, како и од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Косово. Мерката важи за ...

о рамки на посетата на Загреб, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче и претседателот на СДП Хрватска, Синиша Хајдаш Дончиќ, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете партии. Со потпишувањето на Меморандумот, СДСМ и СДП Хрватска ја потврдуваат заедничката посветеност на вредностите и принципите на европската социјалдемократија, како и определбата за продлабочување на соработката меѓу прогресивните ...

Обединетите нации се соочуваат со финансиска криза, предупреди генералниот секретар Антонио Гутереш. Тој наведува дека организацијата може да остане без ликвидни средства веќе до средината на годината поради неплатени или задоцнети придонеси и ограничувачки буџетски правила. Гутереш истакнува дека недостигот на пари ја загрозува способноста на ОН да финансира основни операции, мировни мисии и хуманитарни програми. Тој ги повика државите ...

Силна експлозија го потресе јужниот ирански пристанишен град Бандар Абас денес во осумкатна станбена зграда. Делови од долните катови беа сериозно оштетени, а прозорците низ целата зграда беа скршени. Според организацијата за управување со кризи на Хормозган, 14 лица се повредени, а едно 4-годишно девојче го загуби животот. Причината за експлозијата се истражува, а некои извори споменуваат истекување на гас, додека други тврдат дека зградата ...

Дел од напуштена куќа со поставено градежно скеле се урна во центарот на Белград, неофицијално дознава Н1.рс. При уривањето се оштетени четири возила, а трамвајскиот сообраќај е привремено запрен во делот од градот каде се наоѓа и пазарот Бајлонија. Во објектот во моментот на уривањето се наоѓале двајца мажи кои успеале навреме да излезат. Тие биле видно вознемирени, но не се повредени. Засега нема официјални информации дали имало минувачи ...

Точно напладне, од пред Владата во Скопје започна протестниот марш против загадувањето, организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за УСЈЕ“. Под паролата „Профит за УСЈЕ, болест за народот“, граѓаните јавно го изразија своето незадоволство и загриженост за влијанието на цементарницата врз здравјето и квалитетот на животот. На протестот беа истакнати транспаренти со пораки како „На хартија бело, во дробови црно“, „Дишеме отров“, „Воздухот ...

Во раните утрински часови на 31 јануари 2026 година, во 03:22 часот, во СВР Скопје е пријавен инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, каде непознато лице фрлило две стаклени шишиња со запалива течност кон семејна куќа. Едното шише паднало во дворот, во близина на паркирано товарно возило, додека другото завршило на терасата од куќата и предизвикало пожар. Пожарот бил брзо изгаснат од членовите на семејството, а повредени лица нема. Се ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
80%
1029
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
7.72
62%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1024
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
86%
1031
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.35
84%
1031
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
74%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
6.17
68%
1026
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
75%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
85%
1033
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
73%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
87%
1029
Currency

61.6317

Currency

52.9878

Currency

71.2243

Currency

37.4562

Currency

38.9754

Currency

68.1641

Currency

7.66747

Currency

0.6772

Currency

0.33623

Currency

0.52442

Currency

1.2025

Currency

0.57308

Платина

68931.20

Кобалт

66.14

Калај

50.61

Иридиум

231355.22

Цинк

3.24

Паладиум

52052.06

Алуминиум

3.42

Рутениум

47358.05

Бакар

11.57

Сребро

2696.16

Родиум

374556.20

Злато

164352.04