Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, вечерва во „Бизнис 21“ на ТВ21 зборуваше и за реализација на коридорите 8 и 10, како и со најавената железничка пруга кон Бугарија и кон Грција. „Македонија нема повеќе време за чекање. Гледате со какво темпо се реализираат коридорите 8 и 10. Патувам јас секој ден, и автопатиштата турбо се работат. Исто така следна цел е реконструкција на хидросистемите во државата. Нашиот план е многу ...

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во емисијата Бизнис21 на ТВ21 изјави дека исплатата на социјалната помош се одвива редовно и навремено за најголемиот дел од корисниците. Тој појасни дека доцнење има само кај мал број случаи, каде што биле утврдени одредени, како што ги оцени, мали неправилности. „Преку годините никој не им правел проверка, дел од нив и во странство се работно ангажирани, а од тука плата земаат“, порача ...

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски смета дека нема ништо спорно во тоа што дел од средствата за одредени обврски се обезбедуваат преку прераспределба или ребаланс на буџетот. Тој објасни дека самите фондови во текот на годината вршат внатрешни прераспределби за мерките што ги презеле како обврска, по што повремено се јавува недостиг на средства што Владата и Министерството за финансии треба дополнително да ги обезбедат. „Тука ...

Заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски вечерва во емисијата „Бизнис21“ истакна дека информацијата за затворање на трезорот била од организационен аспект. Како што кажа, трезорот е отворен и ќе работи непречено до крајот на годината. „Трезорот, како составен дел од Министерството за финансии, си работи најнормално и ќе работи како и сите институции до 31 декември 2025 година. Информацијата беше од организационен аспект за да до 15 ...

Заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски денеска во емисијата Бизнис21 на ТВ21 порача дека најголемиот дел од институциите ја испочитувале обврската за доставување на налози кон трезорот. „Налозите и на 15-ти, и во другите денови ги добиваме, најголемиот дел си ја испочитуваа таа одлука од организационен аспект и ги доставија налозите, како што гледате непречено се одвива исплатата на сите тековни расходи кои што ги има од страна ...

И покрај јавните дилеми околу финансиската состојба на државната каса, од Министерството за финансии уверуваат дека сите законски обврски ќе бидат навремено подмирени до крајот на годината. Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски во емисијата Бизнис21 на ТВ21 изјави дека се обезбедени средства за исплата на платите, социјалните трансфери и регресот за годишен одмор (К-15) за вработените во јавната администрација. „Сѐ она за што ...

Премиерот Христијан Мицкоски одговори на реакциите од Грција за неговата изјава за употреба на името на државата истакна дека за него името Македонија е свето име и оти има слободно право на говор да си кажува како што мисли. „Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам, рече Мицкоски, на новинарско прашање по ...

Советот на родители на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово бара промена на наставниот план и програмата. Овие поплаки ги доставиле писмено до надлежните институции, молејќи да се земат предвид затоа што децата се пренатрупани и резултатите се слаби. „Имаме пренатрупаност со наставниот материјал, несовпаѓање со возраста на учениците и нивниот психофизички развој, што предизвикува стрес и пренатрупаност кај децата. Поставени се ...

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра. „Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто ...

Активистите на здружението на граѓани Зелен хуман град во непланирана расправија со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тема на недоразбирањето беше дали може или не да се забранат огномети во Скопје како мерка за намалување на загаденоста на воздухот. Екологистите велат дека може, а градоначалникот пак вели дека има заклучок, ама не може да забрани. И, така почна се: Ѓорѓиевски: Јас не можам да донесам ниту пак Советот не може да донесе одлука ...

Денеска фабриката „Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија со капацитет за вршење над 20 000 анализи годишно. Како што соопшти генералниот директор Живко Мукаетов, станува збор за инвестиција вредна 3,1 милион евра. Според Мукаетов, новата инвестиција значи многу за проширување на портфолиото на лекови што ќе овозможи „Алкалоид“ да биде уште поконкурентна, не само во регионот, туку и во светот. -Горди сме на новата ...

Дали ревизијата на Министерството за економија и труд ги руши тезите на Обвинителството за дел од обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои се базираат на непостапување?! Имено, ревизорите констатираа дека Законот за угостителска дејност не пропишува обврска за задолжителен надзор при издавање лиценци за угостителски објекти, ниту се бара доказ, туку лиценца се издава врз основа на приложената документација. „Законот не ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска и генералниот секретар на Црвениот крст, д-р Саит Саити, денеска на Плоштад „Македонија“ присуствуваа на показна вежба на децата од средното скопско училиште „Владо Тасевски“, во рамки на превентивната кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“. Кампањата се ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување, предвидено во член 279 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 18.12.2025 година. Од 20.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар) Моторен бензин ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.А. и Д.Х., во својство на сопственици и управители на правниот субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот Б.А. во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен ...

Скопската Клиника за гинекологија денеска соопшти дека обдукцијата на новороденчето покажала оти нема физички повреди на органите, а смртта настапила поради респираторна инсуфициенција предизвикана од респираторен стрес синдром и незрелост на белите дробови. Клиниката истакнува дека семејството е лично информирано за наодите од обдукцијата. Министерството за здравство формираше стручна комисија која ќе го истражи случајот и ќе утврди дали ...

Брзиот технолошки развој наметнува потреба за континуирана надградба на дигиталните компетенции на наставниците, за тие да можат квалитетно да ја реализираат наставата и да ги запознаваат учениците со современите трендови. За таа цел, Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и повеќе партнери особено во последнава година се фокусираат на организирање обуки за развој на дигиталните вештини на ...

Утврдени се нови програми за специјализација кои ќе го променат начинот на кој се формира медицинскиот кадар, информираше министерот за здравство Азир Алиу, посочувајќи дека повеќе од 15 години програмите за високо медицинско образование не биле ажурирани. Тој додаде дека целта е најпрво да се формира лекар со општа специјализација, а потоа да може да продолжи со субспецијализација во поконкретни области. -Суштината на новите програми е ...

Не можам и не сум ветил дека преку ноќ ќе направам чуда затоа што тоа е невозможно и неодговорно од политичар да го каже. Ова го изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во интервју за Клик Плус. Како што вели тој, многу проблеми се наследени од неговата претходничка, но чекор по чекор ќе ги решава еден по еден. Тој порача дека нема да се доведе во позиција некого да штити, особено ако тој го загрозува здравјето на граѓаните, ...

На денешната прес-конференција, министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претставници од Лекарската комора и медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип, ги претстави новите програми за специјализации, кои имаат за цел темелно да го обноват и модернизираат пристапот кон подготовка на медицинскиот кадар во земјата. „Политиките и мерките што ги иницираме секогаш ги дискутираме со стручната фела и со партнерски пристап ги воспоставуваме ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата за промоција на националната ИКТ Стратегија СМАРТ/МК 2030, нагласувајќи дека дигиталната трансформација се реализира преку конкретни, мерливи решенија што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните. „Дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите, без разлика на дигиталните вештини или ...

Вчера (18.12.2025), во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје. Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“. По целосно документирање на случајот, ...

Со заклучување на Избирачкиот список, Државната изборна комисија влезе во завршна фаза на подготовките за повторените избори за градоначалник во четири општини, кои ќе се одржат на 11 јануари 2026 година. Право на глас ќе имаат вкупно над 128 илјади граѓани во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Дел од избирачите се евидентирани во посебните списоци за гласање од странство и за лица кои се наоѓаат во притвор или затвор. ...

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18.12.2025 година и вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата од слобода се лишени 11 лица. ...

Имплантацијата на вештачки колк кај дете е една од најселективните и најкомплицирани хируршки одлуки во ортопедијата, особено кога станува збор за пациент во активен раст. Токму затоа случајот на 14-годишниот Михајло претставува пионерски чекор во македонската медицина – за првпат во земјава е изведена замена на колк кај дете на оваа возраст, интервенција што досега се сметала за крајна и исклучително ретка опција. Интервенцијата ја изведе ...

Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во поголем дел од денот ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и тивко со појава на магла. T=6°C. P=990hPa. U=70%. V=1m/s. До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ...

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата, на кој беше истакната нејзината клучна улога во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните на главниот град. Во своето обраќање, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека Интервентната полиција во изминатиот период се етаблирала како еден од носечките столбови на ...

Претседателот на Русија изјави дека украинските сили се повлекуваат на сите правци и дека иницијативата на фронтот сега ѝ припаѓа на руската армија. „Откако украинската војска беше протерана од територијата на Курската област, целата иницијатива на фронтот е во рацете на руската армија“, рече Путин на почетокот на годишната прес-конференција на која прашања му поставуваат новинари и граѓани, пренесува Спутник. Тој наведе дека заземањето на ...

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ – SMART/МК 2030, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека, според најновите резултати во GovTech Maturity Index (GTMI) 2025 на Светска банка, Македонија е препознаена како земја со високо ниво на зрелост во дигиталната трансформација на јавниот сектор. ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
56%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
6.17
57%
1032
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
5.01
75%
1033
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 1ᴼ
0.0
62%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
61%
1027
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1026
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
2.68
75%
1034
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.24
60%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Кобалт

66.14

Платина

68963.35

Рутениум

47358.05

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Калај

50.64

Родиум

372948.66

Бакар

11.73

Злато

166253.76

Паладиум

51794.85

Сребро

2711.59

Иридиум

231355.22